Бесплатен превоз за пензионерите и во сабота

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Ги заборави политичарите...тие се најжилава врста, која ќе опстане и ако цел народ изумре (вклучувајќи ги тука и пензионерите, нормално):D
Политичарите се богови тие лебдат над облаците и не набљудуваат нас чедата нивни божји ........... затоа не ги ставај во рачун и нив ................. само бубашвабите и пензионерите ......... а ние останатите ќе го јадеме ку*от ........................... :D:LOL:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
При нуклеарен напад се би се уништило освен бубашвабите и пензионерите кои секако се отпорни на радијација ......... и да врне и да вее и да студи(-20ст.)и по снегови, мразови, дождови, магли... како и по тропски горештини од +40ст. пензионерите и пензионерките ни ѓаол не ги задржува дома во вторник и петок ........... и сабота ! :D
Слатко се смеам читајќи го твојот и други слични постови за бубашвабите и пензионерите кој се отпорни на радијација, снегови, мразови, дождови, магли и тропски горештини.
Еве го мојот поглед - што всушност се случува
ЈСП е перманетно во загуба и перманенто добива дотации од Градот. Тие дотации се огромни, За да го дотираат ЈСП и на друг начин, градските шерифи, одлучиле, наместо да даваат дотации, ќе платат средства наводно за превоз на пензионерите. Сметајќи дека на тој начин, покрај тоа што ќе ја постигнат целта - давање на дотации, ќе придобијат и гласови кои ќе им се најдат на следниве локални избори.
Каков е пак интересот на пензионерите да ја користат оваа повластица?
Парадоксално звучи, но пезионерите се еден релативно прилично ситуиран дел од популацијата. Дури и пензии од 8000 денари се повеќе од колку што многу вработени по дуќанчињата и кафичите заработуваат. Плус- сигурност, тие секој месец ќе ја добијат таа пензија, што за вреботените не е секогаш извесно.
Но има една работа што се занемарува - Многу е често, да пензионерите, многу често, парично ги помагаат своите невработени или слабо платени потомци. Тука е нивниот интерес, да заштедат за да ги помогнат своите деца.
Ете тоа е мојот поглед на суштината. И не е убаво да се пензионерите споредуваат со бубашвабите
Наместо, општинските шерифи, да го реорганизираат јавниот транспорт, за да тој биде поефтин и подобар за сите, тие го прават ова. Да видиме кој ќе понуди нешто друго на следниве локални избори
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, се сретна со двајцата претседатели Сојузите на здруженија на пензионери на Македонија и на Град Скопје, Драги Аргировски и Крсте Ангелов, по повод предлог-одлуката за бесплатен превоз за сите возрасни лица во саботите, во возилата на ЈСП - Скопје.
Градоначалникот Трајановски објасни и дека доколку биде усвоена точката за превоз на пензионерите во уште еден ден од седмицата, односно во сабота, од буџетот на Град Скопје, ќе бидат издвоени околу 10 милиони денари, средства коишто ќе бидат префрлени на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје.
Одлуката треба да биде усвоена во понеделник на 72-та седница на Советот на Град Скопје.
Градоначалникот Трајановски, истакна дека Градот Скопје во изминатите години има остварено одлична соработка со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје, и тоа преку заемно учество во реализација на разни програми и активности кои имаат за цел остварување поквалитетен живот на пензионерите.
„За нас најважниот проект што досега сме го реализирале е реновирањето на Рекреативниот центар Катланово и негово оспособување за пријатен престој на сите пензионери. Градот Скопје, веќе три години по ред дава финансиска поддршка за реновирање на овој објект од по 500 000,00 денари на годишно ниво. Досега е реновирано фоајето на одморалиштето, комплетно се обновени ходниците на двата ката, а од средствата од 2012 година, реновирани се бањите во собите на одморалиштето. Во дворот на објектот поставени се клупи и осветлување. Следува обновување на бетонските патеки околу Рекреативниот центар. Со потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Град Скопје и пензионерските Сојузи на .М и на Град Скопје, во 2009-та година, можам да кажам дека Градот Скопје презеде низа активности кои беа успешно реализирани, меѓу нив се и: Организиран групен превоз на пензионери на дестинации на подрачјето на Град Скопје и територијата на Република Македонија. За овој проект беа одвоени финансиски средства во износ од 300 илјади денари;Бесплатен превоз на возрасни лица, два дена во неделата - вторник и петок, за што од буџетот на Град Скопје беа одвоени 25 милиони денари; бесплатни слободни легитимации за јавниот градски превоз за инвалидските пензионери; поддршка во организациско јакнење на Сојузот на пензионери на Град Скопје и здруженијата кои се негови членки; поддршка на спортски манифестации како што е традиционалниот 13-то Ноемвриски шаховски турнир и многу други активности", рече градоначалникот Трајановски.

http://kajgana.com/besplatniot-avtobus-za-penzionerite-vo-sabota-kje-go-chini-skopje-10-milioni-denari
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Пензија од 8.000 денари е поголема од нечива плата на конобар? Не дупиш у здрав мозок?

Па што ако им дале бесплатно во сабота, гледам се скапавте од проблеми со пензионерите, туку премногу сте на 9гаг и такви сеирски страници.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213

Jas kako student imam primanja od 0denari taka da muabetov ne ti drzi bas voda
 
Член од
17 август 2012
Мислења
18
Поени од реакции
14
Jas kako student imam primanja od 0denari taka da muabetov ne ti drzi bas voda
Tе спречува некој да најдеш работа и да ги зголемиш твоите приходи? Сигурно ти како ~20 годишен имаш поголема вредност на пазарот од некој ~70 годишен.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Da me sprecuva fakultetot zatoa sto na tehnicki fakultet potocno masinski nema vonredno, non stop ima domasni i takvi raboti i nemoze da rabotis i da studiras
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Tе спречува некој да најдеш работа и да ги зголемиш твоите приходи? Сигурно ти како ~20 годишен имаш поголема вредност на пазарот од некој ~70 годишен.
со факултети има незапослени овој вика што те спречува да најдеш работа
 
Член од
17 август 2012
Мислења
18
Поени од реакции
14
Da me sprecuva fakultetot zatoa sto na tehnicki fakultet potocno masinski nema vonredno, non stop ima domasni i takvi raboti i nemoze da rabotis i da studiras
Во ред, меѓутоа кога ти си се запишувал на факултет, најверојатно си знаел дека тоа е еден вид инвестиција и си спремен во наредните 4 години приходите да ти бидат 0. Во спортивно најверојатно би нашол некоја работа.

со факултети има незапослени овој вика што те спречува да најдеш работа
Има, исто како што има луѓе кои имаат работа само со основно, средно итн. И никакво образование да нема, ако има идеа и вреди пак би заработувал.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.164
Поени од реакции
18.206
А пензионериве надвор од Скопје се колатерална штета, а?
Постојат села со 2 пати дневно превоз со автобус, сабајле и попладне колку да појдат до град и назад.Тие линии се најверојатно нерентабилни и возат доста пензионери.Зошто тие не се субвенционирани?
Исто и во МЖ нека добијат бесплатен превоз, пензионерите од селата со 2 воза дневно колку да појдат в град (исто единствен начин на превоз).

Пензионерите корисници на градски превоз во Битола, Куманово?

А ние помладиве ќе почекаме 35-40 години :)

Во ред, меѓутоа кога ти си се запишувал на факултет, најверојатно си знаел дека тоа е еден вид инвестиција и си спремен во наредните 4 години приходите да ти бидат 0. Во спортивно најверојатно би нашол некоја работа.
.
Па добро е тогаш од МОН да им помогнат на студентите барем со превозот, кога е веќе позната ситуацијата.
За вработувањето, студент ако е пријавен и легално вработен можно е само на пола работно време и во случај да е пријавен во редовен работен однос, ако е во државна квота автоматски би се префрлил во приватна поради некакви си приходи :cautious:

Пола работен однос = 4-7.000 ден. приход
Префрлување од државна во приватна = минимум 200 евра трошок плус

:гомце:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Во ред, меѓутоа кога ти си се запишувал на факултет, најверојатно си знаел дека тоа е еден вид инвестиција и си спремен во наредните 4 години приходите да ти бидат 0. Во спортивно најверојатно би нашол некоја работа.

Има, исто како што има луѓе кои имаат работа само со основно, средно итн. И никакво образование да нема, ако има идеа и вреди пак би заработувал.
Имаат да, партиски 95% од нив, другите 4% во фирма на мајка татко тетка, едниот процент ок, се снашле.
И ај да баталиме ова настрана, како со тоа ќе се решат сообраќајните проблеми во градов кога цел возен ред се изместува во вторник, петок па сега и сабота? Еве да речеме дечково ќе најде работа, ќе најдат работа сите студенти кои пишуваат на темава, ок.

Ќе го промени ли тоа фактот што автобусите каснат по 20 минути, кога во нормални денови стигаш на работа во 8.20, сеа стигаш 8.40, а и лотарија е да го фатиш бусот што си го фаќал често, зошто не знаеш дали ќе дојде во тој термин, или па ќе дојде, накрцкан, и чекај нов да дојде и ете ти каснење.

Немој да ме сфатиш погрешно, гледам локација с. Градешница, еве и Скај Дог што се буни знам дека е во Тетово и него му е гајле да речеме, ова му изгледа како во нормални земји, нема гужви, нема неред, ништо, па зашто да нема тогаш превоз за пензионерите, нели? Но во Скопје тие денови е ненормален хаос и треба да имаш челични нерви а богами и мускули да се справиш со масата од народ за да влезеш/излезеш од автобус.
 
Моментално и јас сум на студии во Скопје, го користам јавниот превоз секојдневно и знам која гужва(хаос) се случува во овие денови. За тоа се сложувам дека би требало да се најде некое решение, дали ќе бидат дупли линии, посебни автобуси итн, итн, меѓутоа не е решение да се критикуваат пензионерите и да им се лепат секакви квалификации... Пр. Како богатите, несвесни пензионери ги малтретираат сиромашните кутри студенти.
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Епа ај нека ви е со лесно, барем ќе има повеќе смешни случки по автобусите :D

Минатиот петок бев во Скопје, па толку старци на едно место(постројка) не сум видел цел живот!
Среќа кај нас нема вакви глупости, а и да сакаат неможе да има :)
 
filjandecko

Komandant benzini-HAVUZ
Член од
5 мај 2012
Мислења
343
Поени од реакции
404

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Вторник и Петок , се најубаите деноиви за во автобус , она што неможеш со партнерот да го постигнеш в кревет, ќе го постигнеш у автобус на ЈСП :))) А еве веќе и сабота ја вклучија исто така како гага возење за тие 60+ шо се , уфффф мераци !!!!! :))))
 
Kajgana Shop

На врв Bottom