Македон91
Благородник
- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 2.134
- Поени од реакции
- 120
Во однос на религијата, мнозинството од Албанците во Албанија се или атеисти или нерелигиозни, можеби остаток од претходниот, тоталитаристички режим на Енвер Хоџа и неговиот комунистичко-диктаторски стил на владеење.
Додека мнозинството од религиозните Албанци се муслимани, околу 70%, а останатите 30% се христијани - православни (20%) и римокатолици (10%).
Навистина и јас забележав (два пати сум бил во Албанија, можеби недоволно) дека во самата Албанија религијата не игра некаква доминантна улога или е некаков стожерен фактор врз кој се заснова културниот живот на Албанците. Но ако се свртиме кон областите во Македонија населени со мнозинско албанско население (па и во Косово е иста ситуацијата), имаме огромен број на џамии и верски училишта, кои сепак укажуваат на поголемата религиозност на Албанците во Македонија.
Секако имаме џамии и од отоманскиот период, но има и огромен број на новоизградени, нешто што не е тренд во самата Албанија.
Се прашувам на што се должи ова, Албанците во Албанија да не и придаваат голема важност на религијата (посебно исламот) за разлика од Албанците во Македонија кои се според мене, длабоко религиозни (земено во целина).