- Член од
- 8 мај 2013
- Мислења
- 11.927
- Поени од реакции
- 37.013
Изборите во Белорусија завршија и прелиминарните резултати покажуваат дека претседателот Александар Лукашенко ќе биде прогласен за победник со огромна предност. Тоа ќе биде негов шести мандат. Но, со судири на улиците и широко распространето неверување на официјалните бројки, блиската иднина на Белорусија е неизвесна.
За прв пат Александар Лукашенко доби вистински противник на претседателските избори. Поранешната учителка и преведувачка по англиски јазик, Светлана Циханускаја, ги енергизираше луѓето низ целата земја, влегувајќи во трката откако на нејзиниот сопруг Серхеј Цихануски му беше забрането да учествува на изборите и беше уапсен.
Првите знаци кои сугерираа дека изборите може да бидат лажирани дојдоа на 9 август кога Централната изборна комисија објави дека излезноста од предвременото гласање што започна на 4 август е околу 42 проценти, што е рекорд за претседателските избори во Белорусија.
Критичарите велат дека токму на предвременото гласање доаѓа до најголемото полнење на гласачките кутии, бидејќи многу од овие места за гласање не се под надзор и процесот е полесен за манипулирање.
Некои гласачки одбори во Минск известуваа за стапката на излезност од над 100 проценти.
Гласањето уследи во време кога односите меѓу Москва и Минск се заладени околу отпорот на Лукашенко за поблиска интеграција со Русија, вклучително и последната одлука во декември за отфрлање на планот за создавање поблиски врски.
Кремљ можеби не е задоволен од Лукашенко, но аналитичарите велат дека рускиот претседател Владимир Путин и неговата влада го претпочитаат него, а не опозицијата.
„Лукашенко има многу среќа. Од една страна, Русија не е задоволна од него, но многу добро знае дека секој по него ќе има многу поголеми шанси да обезбеди добри односи со ЕУ, НАТО и со Западот воопшто“, вели Максим Саморуков, од Московскиот центар Карнеги.
„Од друга страна, ЕУ не е задоволна од него, но таа е изгорена со Украина и сега не е желна да стори нешто за да го дестабилизира Лукашенко, затоа што може да предизвика несоодветна руска реакција до анексија. Оттука, Западот ќе продолжи со бавниот, несмасен ангажман“, вели Саморуков.
Според објавите на неколку изборни одбори низ Минск, евидентно е дека Свјатлана Циханускаја победува со повеќе од 70% од гласовите, додека официјалните резулати драстично се разликуваат.
Мое мислење е дека Лукашенко се соочува со почеток на крајот на неговото владеење и се после ова ќе биде малтретирање на граѓаните на Белорусија. Ваквиот начин на владеење на Лукашенко, со грубо лажирање на избори, апсења на неистомисленици и демонстрирање на цврста рака е застарен модел веќе виден во минатото и посебно во европски држави не е одржлив. Таквиот однос само ќе придонесе за поголема реакција и судири, и на крај државата ќе биде најголем губитник. Најпаметно би било да си ги скрати маките и ако и мисли добро на државата да си фати авионот за Русија да плати кај што треба да се плати за азилот, и да си ги троши парите и живее животот. Со тоа да ја остави Белорусија да се снаоѓа како што знае и да се демократизира.
Лукашенко е стара школа, тоа владеење во денешна ера е нефункционално. Сега успеваат такви како Орбан, не поминуваат веќе тие застарени методи низ европските држави.