Белорусија

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Изборите во Белорусија завршија и прелиминарните резултати покажуваат дека претседателот Александар Лукашенко ќе биде прогласен за победник со огромна предност. Тоа ќе биде негов шести мандат. Но, со судири на улиците и широко распространето неверување на официјалните бројки, блиската иднина на Белорусија е неизвесна.

За прв пат Александар Лукашенко доби вистински противник на претседателските избори. Поранешната учителка и преведувачка по англиски јазик, Светлана Циханускаја, ги енергизираше луѓето низ целата земја, влегувајќи во трката откако на нејзиниот сопруг Серхеј Цихануски му беше забрането да учествува на изборите и беше уапсен.

Првите знаци кои сугерираа дека изборите може да бидат лажирани дојдоа на 9 август кога Централната изборна комисија објави дека излезноста од предвременото гласање што започна на 4 август е околу 42 проценти, што е рекорд за претседателските избори во Белорусија.
Критичарите велат дека токму на предвременото гласање доаѓа до најголемото полнење на гласачките кутии, бидејќи многу од овие места за гласање не се под надзор и процесот е полесен за манипулирање.
Некои гласачки одбори во Минск известуваа за стапката на излезност од над 100 проценти.

Гласањето уследи во време кога односите меѓу Москва и Минск се заладени околу отпорот на Лукашенко за поблиска интеграција со Русија, вклучително и последната одлука во декември за отфрлање на планот за создавање поблиски врски.
Кремљ можеби не е задоволен од Лукашенко, но аналитичарите велат дека рускиот претседател Владимир Путин и неговата влада го претпочитаат него, а не опозицијата.

„Лукашенко има многу среќа. Од една страна, Русија не е задоволна од него, но многу добро знае дека секој по него ќе има многу поголеми шанси да обезбеди добри односи со ЕУ, НАТО и со Западот воопшто“, вели Максим Саморуков, од Московскиот центар Карнеги.
„Од друга страна, ЕУ не е задоволна од него, но таа е изгорена со Украина и сега не е желна да стори нешто за да го дестабилизира Лукашенко, затоа што може да предизвика несоодветна руска реакција до анексија. Оттука, Западот ќе продолжи со бавниот, несмасен ангажман“, вели Саморуков.

Според објавите на неколку изборни одбори низ Минск, евидентно е дека Свјатлана Циханускаја победува со повеќе од 70% од гласовите, додека официјалните резулати драстично се разликуваат.

Мое мислење е дека Лукашенко се соочува со почеток на крајот на неговото владеење и се после ова ќе биде малтретирање на граѓаните на Белорусија. Ваквиот начин на владеење на Лукашенко, со грубо лажирање на избори, апсења на неистомисленици и демонстрирање на цврста рака е застарен модел веќе виден во минатото и посебно во европски држави не е одржлив. Таквиот однос само ќе придонесе за поголема реакција и судири, и на крај државата ќе биде најголем губитник. Најпаметно би било да си ги скрати маките и ако и мисли добро на државата да си фати авионот за Русија да плати кај што треба да се плати за азилот, и да си ги троши парите и живее животот. Со тоа да ја остави Белорусија да се снаоѓа како што знае и да се демократизира.

Лукашенко е стара школа, тоа владеење во денешна ера е нефункционално. Сега успеваат такви како Орбан, не поминуваат веќе тие застарени методи низ европските држави.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.511
Поени од реакции
4.136

Извини поеќе му верувам на Брко отколку на твоиве ББЦ-ЦНН извори.
Им фалеа 2/3 гласои да го победат големиот Брко!

Твоето мислење дека Брко се “соочува“ со некаков крај е нормално по програмирање од страна на ЦНН-ББЦ-ЦРПЕЦ, ...
-зошто во ниту еден момент ни ги спомна Полска, Украина, Германија и другите стари ем познати демократии кои се дебело и длабоко навлезени во изборниот инжењеринг и обидот за преврат во белорусија????????????
-овие од Украина (продолжена рака на АлЦИАда сега така функционираат сите демократски безбедносни служби) дури и се фалат дека големите ГРУ ем ФСБ се пи*кин дим и дека не можат да спречат дури ни еден ваква очевидна операција????????

Како тоа помина Црпе во Северџистан а не може Брко да помине во Белорусија, аааа да овој Брко не разговара со пранкери и хистерични...
 
Еден куп небулози сеа истресе. Црпко па на нивото на ББЦ. Готово светска завера направи :pos:

Последно нешто што и треба на Германија да се меша во Белорусија и случувањата таму посебно после срањето во Украина и самиот факт дека Германија има интерес да гради добри односи со Русија. Трите држави не се ни приближно способни да прават некаков инженеринг во Белорусија во ситуација каде што Лукашенко го контролира теренот до најситните детали.

Фактот е дека таквото владеење со такви методи веќе не е можно посебно во Европа. Може некој период да тераш така, може 20 па и 30 години да оди тоа, ама народот нема вечно да трпи да е владеен на таков начин, да плаќа даноци да финансира власт која нема право да ја избере на избори. Тоа може да функционира во централна азија ама во земја која граничи со балтички земји и Полска, прашање е на време кога ќе пукне тиквата.

ГРУ и ФСБ спречувале ваква операција во Белорусија. :LOL:
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Најпаметно би било да си ги скрати маките и ако и мисли добро на државата да си фати авионот за Русија да плати кај што треба да се плати за азилот, и да си ги троши парите и живее животот. Со тоа да ја остави Белорусија да се снаоѓа како што знае и да се демократизира.
Не за Русија.
Веќе го фати авионот за Турција.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.187
Поени од реакции
19.264
Русија се уште ја нема честитано "победата" на Лукашенко. Најверојатно и они чекаат да видат што ќе се случи на крај. Можно е да падне ама типот е опортунист и паразит, таквите како него обично се извлекуваат на крај некако.
 
Му пратија формална честитка денес. Они не го обожаваат многу ама проценката е дека им е подобра опција од опозициски лидер.
И од тамошната опозиција би требало да се свесни дека стратешката соработка со Русија мора да продолжи и дека конфронтација со Русија нема да помине помеѓу граѓанството. А у Русија би требало од Украина да ја научи лекцијата дека сите тие радикални обиди и мешања само ќе ја бутнат Белорусија наспроти нив и ќе си ги расипат добрите односи.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.511
Поени од реакции
4.136
Еден куп небулози сеа истресе. Црпко па на нивото на ББЦ. Готово светска завера направи :pos:

Последно нешто што и треба на Германија да се меша во Белорусија и случувањата таму посебно после срањето во Украина и самиот факт дека Германија има интерес да гради добри односи со Русија. Трите држави не се ни приближно способни да прават некаков инженеринг во Белорусија во ситуација каде што Лукашенко го контролира теренот до најситните детали.

Фактот е дека таквото владеење со такви методи веќе не е можно посебно во Европа. Може некој период да тераш така, може 20 па и 30 години да оди тоа, ама народот нема вечно да трпи да е владеен на таков начин, да плаќа даноци да финансира власт која нема право да ја избере на избори. Тоа може да функционира во централна азија ама во земја која граничи со балтички земји и Полска, прашање е на време кога ќе пукне тиквата.

ГРУ и ФСБ спречувале ваква операција во Белорусија. :LOL:
тебе добро ти е?
на моево пренесено за тоа како се гордо спинуваат УК-службите “дури и се фалат дека големите ГРУ ем ФСБ се пи*кин дим“ ти ми импутираш дека сум рекол нешто што го рекле овие од Украина, дека овие се неспособни и им се потсмеваат! :pos:
Добро нека ти биде, само како да одговорам на вакво нешто?

Извини не знаев дека толку ќе те погоди спомнувањето на германија, еве ветувам нема повеќе да ја спомнувам ќе употребувам неутрален збор како ЕУропска, може?
Значи Брко е диктатор и креирал режим кој треба да се руши, затоа сите демонкрати и други слободни лубриканти обединете се во рушењето на режимот на Брко...
Така и во некогашна Македонија прво се креираше јавно мислење дека има режим кој треба да се руши и наместо режимот ја срушија Македонија која денес не постои веќе, на укажување дека се работи за идентично сценарио и веќе добро уигран шаблон и за во Белорусија ти се служиш со аргументи дека сето тоа е во главите на небањатите, добро тоа е, толку е, гаси нет.

П.С.
А да ги прашаш во Белорусија дали сакаат повеќе Брко да ги тетоши или да им се инсталира некој како наш Црпе, шо мислиш нема да биде лошо, за немирите и нивно организирање се говори веќе повеќе време дури и актерите и се е познато ама, тоа е...

за крај една пригодна графика и поздрав за сите демоНкрати и други слободарски сили, помирете се Брко повторно победи, има компир во изобилие..

биде спокојни се е под контрола.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.511
Поени од реакции
4.136
Русија се уште ја нема честитано "победата" на Лукашенко. Најверојатно и они чекаат да видат што ќе се случи на крај. Можно е да падне ама типот е опортунист и паразит, таквите како него обично се извлекуваат на крај некако.
важно е да се добие честитка од слободните земји а не од режимските

еве една,
Второј танкер с американској нефтьју длја Беларуси прибыл в порт Клајпеды
Second tanker delivers American oil for Belarus to Klaipeda port

"Today, a tanker with American oil of the White Eagle grade with a volume of 76 thousand tons arrived at the port of Klaipeda. Unloading will begin by evening,"

се додека тече демонкратска нафта нема зима за Брко, тооооооо Брко
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.919
Поени од реакции
11.593
Чудни се рускиве портали од типот на BBC, CNN, нема ништо во негова одбрана.

Повише за Либан пишуваат него ли за Белорусија.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
тебе добро ти е?
на моево пренесено за тоа како се гордо спинуваат УК-службите “дури и се фалат дека големите ГРУ ем ФСБ се пи*кин дим“ ти ми импутираш дека сум рекол нешто што го рекле овие од Украина, дека овие се неспособни и им се потсмеваат! :pos:
Добро нека ти биде, само како да одговорам на вакво нешто?

Извини не знаев дека толку ќе те погоди спомнувањето на германија, еве ветувам нема повеќе да ја спомнувам ќе употребувам неутрален збор како ЕУропска, може?
Значи Брко е диктатор и креирал режим кој треба да се руши, затоа сите демонкрати и други слободни лубриканти обединете се во рушењето на режимот на Брко...
Така и во некогашна Македонија прво се креираше јавно мислење дека има режим кој треба да се руши и наместо режимот ја срушија Македонија која денес не постои веќе, на укажување дека се работи за идентично сценарио и веќе добро уигран шаблон и за во Белорусија ти се служиш со аргументи дека сето тоа е во главите на небањатите, добро тоа е, толку е, гаси нет.

П.С.
А да ги прашаш во Белорусија дали сакаат повеќе Брко да ги тетоши или да им се инсталира некој како наш Црпе, шо мислиш нема да биде лошо, за немирите и нивно организирање се говори веќе повеќе време дури и актерите и се е познато ама, тоа е...

за крај една пригодна графика и поздрав за сите демоНкрати и други слободарски сили, помирете се Брко повторно победи, има компир во изобилие..

биде спокојни се е под контрола.
Дали си бил во Белорусија или си запознал некој тамошен?
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Рускиот метод на распостилање сателитски владетели лојални на нивната страна е многу наивен и подложен на антипропаганда. Русија имаше многу начини до сега да симулира демократии во екс-СССР државите, кои уште си ги рачуна за свои (освен прибалтичките, иако и во нив има сериозен интерес) и да не скренува на ваков глуп начин внимание кон светот. Тоа е системот „чизма“, кој е простачки и од кој си патат. Бараат луѓето слобода, па макар и привидна, дај им ја. Има други начини да се држи лојалноста, освен да се инвестира во еден идиот тиранин како овој, кој е очигледно дека е до коска корумпиран и дека кења у златна шоља. Истиот систем сакаат да го мултиплицираат и во Унгарија и Србија, претходно во Украина со Јанукович и секаде каде што имаат некаков интерес. Таа глупа политика им ги поеба сите сфери на влијанија, од распадот на Варшавскиот пакт, преку блиски исток и латинска Америка, па и на порти им затропаа со Украина и Грузија. Друго исто е многу дебилна, уцената со енергенсите на утепани држави со подпросечни економии - наместо да работат на нивно економско развивање што ќе предизвика нивна уште поголема зависност, тие предизвикуваат бескрајни војни од кои немаат никакво фајде. Не знам дали сам Путин ги тера идеиве или околу него се некои идиоти што уште живеат у 45-та.
За тоа колку е „убаво“, самиот факт што не објавуваа заболени од корона вирус, кој го има и на Tristan de Cunha, доволно кажува какви релевантни информации излегуваат од таму за убавиот живот.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Честитки до белорускиот народс за мирниот и празничен демократски избор на претседател!!!
Честитки до престседателот на Белорусија за новиот мандат кој му е доверен од својот народ и да го искористи оптимално за развој на својата земја.
Автоматски споено мислење:

Честитки до белорускиот народс за мирниот и празничен демократски избор на претседател!!!
Честитки до престседателот на Белорусија за новиот мандат кој му е доверен од својот народ и да го искористи оптимално за развој на својата земја.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.630
Поени од реакции
4.929
Белорусија... Некој будала го симулира, Путин, Ердоган, Шејк од Саад, Садам, Кастро и остала багра. Незнам како не му е страв да не заврши пред времено со јаже окулу врат... Ваљда сака да си го тера кеифот уште малку. За нас само фајде ако по некоја случајност се најдеме во Белорус да знаеме на кого му се клањаат. Додуше само викај Вив Ел президенте и завршена работа... немора да знаеш ни како се вика Бркот. Не битна работа... ни на крај на памет не ми е да се селам а најверојатно ни да ја постам оваа земја.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Рускиот метод на распостилање сателитски владетели лојални на нивната страна е многу наивен и подложен на антипропаганда. Русија имаше многу начини до сега да симулира демократии во екс-СССР државите, кои уште си ги рачуна за свои (освен прибалтичките, иако и во нив има сериозен интерес) и да не скренува на ваков глуп начин внимание кон светот. Тоа е системот „чизма“, кој е простачки и од кој си патат. Бараат луѓето слобода, па макар и привидна, дај им ја. Има други начини да се држи лојалноста, освен да се инвестира во еден идиот тиранин како овој, кој е очигледно дека е до коска корумпиран и дека кења у златна шоља. Истиот систем сакаат да го мултиплицираат и во Унгарија и Србија, претходно во Украина со Јанукович и секаде каде што имаат некаков интерес. Таа глупа политика им ги поеба сите сфери на влијанија, од распадот на Варшавскиот пакт, преку блиски исток и латинска Америка, па и на порти им затропаа со Украина и Грузија. Друго исто е многу дебилна, уцената со енергенсите на утепани држави со подпросечни економии - наместо да работат на нивно економско развивање што ќе предизвика нивна уште поголема зависност, тие предизвикуваат бескрајни војни од кои немаат никакво фајде. Не знам дали сам Путин ги тера идеиве или околу него се некои идиоти што уште живеат у 45-та.
За тоа колку е „убаво“, самиот факт што не објавуваа заболени од корона вирус, кој го има и на Tristan de Cunha, доволно кажува какви релевантни информации излегуваат од таму за убавиот живот.

Имаш нешто што не го спомна...во времето на СССР самата комунистичка идеологија која тој ја пропагираше им носеше огромни симпатии од сиромаштија и угнетени насекаде низ светот. Денес тоа го нема, место комунизам има путинизам и автократија со кој ретко кој сиромашен и обесправен може да се идентификува вистински.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom