Белорусија

Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Значи живо суштество само да си протестира мирно, а власта нека кради тендери, нека си го приватизираат целиот имот, нека стануваат монарси кои аздисани од власт не знаат што да прават повеќе. Ама битно е овај да не го нарушува јавниот ред и мир, да си напиши транспарент, и ко на к15 `сакаме да учиме, сакаме да учиме`.. Него нека го јаваат како магаре, и да му велат ќути гледај има и полошо..Ехх мој народе со таков ропски менталитет, затоа на ова дереџе сме, сите комшии дрндупка си играат со нас..

wow. Изгледа баајаги хорор гледаш, гледај намали, очигледно е дека лошо ти влијаат. Секој си има право да си протестира и да си го кажи мислењето, без тоа да му влијае врз: работа, живот, општествено-културно дејствување.. И општо, за искажување на мислење и слободен протест, да не бидиш товаран како стока во марица, и да те шетаат по зандани, заради што си носел транспарент „Долу Лукашенко“..
Ти за Мк пишуваш или за Белорусија?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.507
Поени од реакции
11.570

Се гледа дека појма немаш за Тиенанмен од 1989 година.

Утеха е фактот дека човекот учи додека е жив, а повторувањето (на историјата) е мајка на знаењето.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.609
Поени од реакции
26.118
Ок како прво никој не вели дека стандардот им е на ниво на Зимбабве. Како што реков, има повеќе начини да се измери социо-економска благосостојба во една земја, која во Белорусија не е најлошата, па и според многу показатели доста подобра од „демократската“ Украина. Инаку HDI мери само ова:

A long and healthy life: Life expectancy at birth
Education index: Mean years of schooling and Expected years of schooling
A decent standard of living: GNI per capita (PPP international dollars)
Не е само HDI индексот, тука покажавме уште 2 дополнителни студии кои го кажуваат квалитетот на живот во една држава.. Еве на пример, во сите тие сегменти е на бајаги повисоко ниво на пример од животот кај нас. Ајде ќе кажеш ние не сме репер, ама па ајде да ги споредиме со ЕУ државите Бугарија и Романија... Зборот ми е не е така бедно како што сака да се претстави.

Говориме за легална миграција, не бегалци. Едноставно Западна Европа е атрактивно место за поголем дел од светот. Рус териториите не баш, освен можеби за стан-земјите.
Многу лошо го поставуваш критериумот. Ако сакаш да кажеш дека економската сила може да се мери според потеклото на емиграцијата, тогаш да те прашам, дали знаеш воопшто колку Станци и ЧКЉ има во западните држави. А одговорот зошто се привлечни повеќе западните земји лежи во повеќе причини. Тоа доста сложена тематика, особено актуелна последниве години кога реки луѓе се упатуваат кон западна Европа. На долги стази, јас воопшто не би го оценил тој тренд позитивно за западните држави.

Така ми делуваше бе, монархо-комунист еден :) Ок со ова се согласувам донекаде. Демократијата не е идеална и не треба да се идеализира и на некои места каде владее корупција, олигархија и стока од народ, можеби е подобро автократија или барем поавторитарно лидерство, но сега засега тоа е единствено политичко уредување кое дозволува најголем возможен број на учесници во политичкиот процес, дозволува да се критикува, реформира и закрпува политичкиот и економскиот систем, да се отстранува некадарна влада на мирен начин преку избори кои можат да бидат и предвремени, да се раздели власта и да можат кловновите да бидат судени и казнувани од независно судство, да се има независни медии со критички поглед кон сите кловнови и групи од кловнови, да се има слободни политички дебати од независни експерти... и за сето тоа е потребно демосот од кој произлегуваат кловновите да биде поморален, понезависен, пообединет, поинволвиран, помобилизиран... а сега наместо тоа на многу места владее апатија, идеологии, поларизираност, лаги, корупција и анархија/диктатура во пораѓај...
Сакам да кажам автократијата е дефолт и лесна, за демократија треба морална одговорност, активност, организираност, трезвеност...
Многу површно гледаш на проблематиката. Кловнот на власт во демократијата, ретко некогаш е тој што ја држи власта. Туку е буквално само кловн или марионета во рацете на олигархијата. Во демократијата кловнот е буквално бизнис инвестиција на одредени структури на моќ. Гледај ја САД како пример, почнувајќи од фирмите за оружје и муниција, преку индустријалците чиј интерес е експлоатација на ресурси во други држави, па се до оние фирми кои грижат за логистиката на 800те воени бази на САД низ светот. Резултатот на тоа е серија крвави воени интервенции кои директно или индиректно доведоа до неколку милиони мртви само во новиот милениум.

Еве чисто како паралела, во Германија под Хитлер, животот на обичниот Германец бил одличен. Германија била една од најпосакуваните земји да одиш да работиш и заработиш. Германија била модерна, науката била напредна и многу се вложувало во неа и така натаму... Све тоа додека не почнале да плаќаат за ручекот што го имале...

Па така сега ајде кажи ми, дали граѓаните на САД, Франција, Британија и сл. би имале исто таков лагоден живот доколку не експлоатираат ресурси од земји за чија беда се тие одговорни? И дали тој систем што тие го практицираат тебе ти личи на праведен од таа гледна точка ?
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.639
Поени од реакции
5.317
Се гледа дека појма немаш за Тиенанмен од 1989 година.

Утеха е фактот дека човекот учи додека е жив, а повторувањето (на историјата) е мајка на знаењето.
Да? Колку знајш ти, ама со тие куршуми, момчак на друго место да пукаш. Знам дека не ти е по ќеф да се зборува за `убавите` дела на твоите љубимци од потомците на Цетунг Мао, но фактите се тие. Mасовен bloodbath над СВОЈОТ народ, бидејќи тој сакаше поинакво политичко уредување..

Ти за Мк пишуваш или за Белорусија?

Пак цвикаш?! Ако :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.507
Поени од реакции
11.570
Да? Колку знајш ти, ама со тие куршуми, момчак на друго место да пукаш. Знам дека не ти е по ќеф да се зборува за `убавите` дела на твоите љубимци од потомците на Цетунг Мао, но фактите се тие. Mасовен bloodbath над СВОЈОТ народ, бидејќи тој сакаше поинакво политичко уредување..

Пак цвикаш?! Ако :)
Гледаш дека немаш појма од историја, Денг Ксиаопинг кој на крајот го наследил Мао Це Тунг е негов наследник само на хартија.

Во пракса Денг бил жртва на Културната Револуција на Мао и единствена причина зошто бил вратен во владејачките структури на Кина е бидејќи останатите наследници на Мао починале, а на вождот му требал некој кој ќе му помогне да го расчисти хаосот оставен од Културната Револуција. По смртта на Мао во 1976 година, Денг имал полни раце работа не само за да ја консолидира својата власт во Кина, туку и за да ја застане Кина на здрави нозе, пред се` економски, а потоа и воено и политички.

Како резултат на не-маоистичките - па дури и речиси анти-маоистички - економски реформи на Денг Ксиаопинг, Кина денес е втора најголема индустриска и економска сила во светот, додека државите кои практикуваат шаренолик идиотизам си тапкаат во канализациски отпад.

Па сега ти повели жали ги жртвите на крвопролевањето, нивната жртва не е залудна, но нивната кауза се обидоа да ја реализираат на погрешно место и во погрешно време.

На Белорусија и` треба Тиенанмен од 1989 година, а не шаренолик идиотизам.

Прифатлив компромис би било менување на сегашната владејачка структура со белоруски Денг Ксиаопинг, па да им тргне и на Белорусите нешто кон подобро. Така и ти ќе си бидеш задоволен со менувањето на власта во Белорусија, а така и Белорусите ќе видат некаков економски бенефит од таквото менување на власта, а не само белоруската даскалка без даски во главата сместена во Литванија и нејзините газди.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Значи сега место Лукашенско им треба фактички нов цар(или генерален секретар на КПБ сеедно) за да ги вивне во височините. Добро бе бачевци, едно време беше интересно, ама вие сериозно сте забегале тотално од реалноста. Ете гледаме сите шаренолики земји се први во економски достигнувања, долгорочност на живот итн. да не нешто не ви штима теоријата? Фатил некој да фали ,,параметри,, во земја каде што минималната плата е 5.500 денари и 12.000 луѓе се затворени зашто протестирале против украдени избори.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.639
Поени од реакции
5.317
Гледаш дека немаш појма од историја, Денг Ксиаопинг кој на крајот го наследил Мао Це Тунг е негов наследник само на хартија.
Народот во Кина до ден денес е угнетуван од своите комунистички монарси (да ги наречам робовладетели, грдо и неубаво ќе звучи бидејќи се за нијанса помеки од брачед му Ким Џонг), со тоа мислев на наследниците на Мао, запри малку, олабај, не треба да ни држиш часој по историја.

Просечен Кинез вон Пекинг работи 12 часа за 3 тањири ориз, а ако сработи убаво му даваат еден гратис. А во Пекинг за 5 тањири...
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Народот во Кина до ден денес е угнетуван од своите комунистички монарси (да ги наречам робовладетели, грдо и неубаво ќе звучи бидејќи се за нијанса помеки од брачед му Ким Џонг), со тоа мислев на наследниците на Мао, запри малку, олабај, не треба да ни држиш часој по историја.

Просечен Кинез вон Пекинг работи 12 часа за 3 тањири ориз, а ако сработи убаво му даваат еден гратис. А во Пекинг за 5 тањири...
И тоа ако има среќа да биде Хан Кинез, ако е пример тибеќанец или ујгур обично завршува во логор ,,за реедукација" или е убиван. А обавезно прво оди во полициска станица го сликаат фино лепо, му го снимаат гласот и све останато за да можат да го пратат секое негово движење преку илјадниците фул ХД камери во неговиот град, кои се поставени во секое сокаче.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.507
Поени од реакции
11.570
Народот во Кина до ден денес е угнетуван од своите комунистички монарси (да ги наречам робовладетели, грдо и неубаво ќе звучи бидејќи се за нијанса помеки од брачед му Ким Џонг), со тоа мислев на наследниците на Мао, запри малку, олабај, не треба да ни држиш часој по историја.

Просечен Кинез вон Пекинг работи 12 часа за 3 тањири ориз, а ако сработи убаво му даваат еден гратис. А во Пекинг за 5 тањири...
А значи си разбрал нешто, е па повели и ти оти да црнчиш за 3 тањири ориз, да видиме колку ќе истраеш.

Токму овие факти кои ги спомна за Кина - а се чиста вистина - се главните причини зошто денес си во состојба да тропаш глупости на Интернет од дома, бидејќи во спротивно без Кинезот кој црнчи за 3 тањири ориз ќе можеш само да сонуваш за мобилен телефон, а уште помалку за домашен компјутер, а камо ли па за Интернет врска од дома.

Главната причина зошто швабите, Французите и останатите европски демократии кои се дават во мед и млеко, најмудро си молчат во поглед на Кина и си тераат бизнис со истите тие кинески комунистички монарси како што ти ги нарекуваш, е токму бидејќи се свесни дека на Кина и` го должат високиот животен стандард во кој уживаат, а кој е достапен за обичниот швабски или француски смртник.

Во спротивно, повели направи нови производствени линии за мобилни телефони, компјутерски компоненти, мрежна опрема во некоја држава членка на ЕУ со плати на ниво на ЕУ, со истата сегашна зависност од увоз на материјалите потребни за нивно составување, а кои претежно ги има - замисли - на далечниот исток, поконкретно во Кина и во Јапонија, па да видиме колку ќе ти трае производството и по кои цени ќе ги продаваш готовите производи.

Гледаш на светот само во црна или бела состојба бидејќи си ќорав да го забележиш сивилото кое владее насекаде.
 
Просечен кинез има поголема плата од просечен лепач на плакати кај нас! Инженер кинез има поголема плата од инженер во Мк, а за менаџери на поголеми компании да не правиме муабет! Споредбата ти е како меѓу мува и слон. Тоа со оризот, теши се само дека на некого таму му е бетер отколку што ни е на нас :facepalm:
А за кинески Хонг Конг и Кантон( Гуангжу,....) да не ти расправам, жива мизерија!
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.639
Поени од реакции
5.317
Гледаш на светот само во црна или бела состојба бидејќи си ќорав да го забележиш сивилото кое владее насекаде.
Никаде не те навредив, зошто се нервираш и почнуваш со вреѓање ?? Ај олабај малку, не се напрегај..

А значи си разбрал нешто, е па повели и ти оти да црнчиш за 3 тањири ориз, да видиме колку ќе истраеш.

Токму овие факти кои ги спомна за Кина - а се чиста вистина - се главните причини зошто денес си во состојба да тропаш глупости на Интернет од дома, бидејќи во спротивно без Кинезот кој црнчи за 3 тањири ориз ќе можеш само да сонуваш за мобилен телефон, а уште помалку за домашен компјутер, а камо ли па за Интернет врска од дома.

Главната причина зошто швабите, Французите и останатите европски демократии кои се дават во мед и млеко, најмудро си молчат во поглед на Кина и си тераат бизнис со истите тие кинески комунистички монарси како што ти ги нарекуваш, е токму бидејќи се свесни дека на Кина и` го должат високиот животен стандард во кој уживаат, а кој е достапен за обичниот швабски или француски смртник.

Во спротивно, повели направи нови производствени линии за мобилни телефони, компјутерски компоненти, мрежна опрема во некоја држава членка на ЕУ со плати на ниво на ЕУ, со истата сегашна зависност од увоз на материјалите потребни за нивно составување, а кои претежно ги има - замисли - на далечниот исток, поконкретно во Кина и во Јапонија, па да видиме колку ќе ти трае производството и по кои цени ќе ги продаваш готовите производи.

За разлика од тебе, јас немам проблем да ја признаам вистината поточно немам ќирии за отплата ;). Точно, Западот користи од тоа што Кинезите работат за еден тањир ориз. И кој е попаметен во случајов?! Кинезите или Западот? Погледни дневница во една најзабаталена ЕУ држава, погледни дневница во твоите братско идеолошки земји...Спореди го квалитетот на живеење еве на просечен Холанѓанец со просечен Белорусин а да не спомнувам Кинез.. Јас искрено сочувствувам со народот во Кина, Белорусија и слични такви монархистички држави, бидејќи сеуште е исплашен да си се бори за основните права, своите права. Учуткани и стопени, послушни...

Море излегувај 10000000 на улица, да му се тресат вилиците на вождојте ко ќе ве видат, и се фрлај по контејнери, а со се контејнери во зандана таму...Утре тој што ќе сака да ја преземи власта да се подмочнува ако згреши нешто....
Автоматски споено мислење:

Просечен кинез има поголема плата од просечен лепач на плакати кај нас! Инженер кинез има поголема плата од инженер во Мк, а за менаџери на поголеми компании да не правиме муабет! Споредбата ти е како меѓу мува и слон. Тоа со оризот, теши се само дека на некого таму му е бетер отколку што ни е на нас :facepalm:
А за кинески Хонг Конг и Кантон( Гуангжу,....) да не ти расправам, жива мизерија!
Ко прво јас не го споредив животот во Кина со Македонија, но еве повели пали патиките, пресели се во Гуангжу, и земи работи..Македонија ќе ја сонуваш 8 пати дневно..Не ми спомнувај инжинери, кога под 1% од работоспособното население во Кина се инжинери, сето друго е буфтачи и физикалци :(...

Дали Хонг Конг го спомена? Крај на муабетот...Не треба да ти докажувам, ништо, сам себе си се убио..
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.507
Поени од реакции
11.570
Никаде не те навредив, зошто се нервираш и почнуваш со вреѓање ?? Ај олабај малку, не се напрегај..

За разлика од тебе, јас немам проблем да ја признаам вистината поточно немам ќирии за отплата ;). Точно, Западот користи од тоа што Кинезите работат за еден тањир ориз. И кој е попаметен во случајов?! Кинезите или Западот? Погледни дневница во една најзабаталена ЕУ држава, погледни дневница во твоите братско идеолошки земји...Спореди го квалитетот на живеење еве на просечен Холанѓанец со просечен Белорусин а да не спомнувам Кинез.. Јас искрено сочувствувам со народот во Кина, Белорусија и слични такви монархистички држави, бидејќи сеуште е исплашен да си се бори за основните права, своите права. Учуткани и стопени, послушни...

Море излегувај 10000000 на улица, да му се тресат вилиците на вождојте ко ќе ве видат, и се фрлај по контејнери, а со се контејнери во зандана таму...Утре тој што ќе сака да ја преземи власта да се подмочнува ако згреши нешто....
Олабави ти со твоите хипстерски начини на размислување, ти имам спомнато во повеќе наврати дека државата произлегува од граѓаните, а не обратно.

Како последица на тоа што државата произлегува од граѓаните, Кина денес е втора најголема индустриска и економска сила во светот, а самиот факт дека САД и државите членки на ЕУ во последно време удираат со дрва и камења по кинеските компании, почнувајќи од Хуавеи, говори дека очигледно Кинезите направиле нешто паметно, а кое истовремено ги заболува богатите западњаци.

Проблемот во твојот начин на размислување е во тоа што размислуваш краткорочно од денес за утре.

Просечниот Холанѓанец се има помирено со зависноста од увоз бидејќи очигледно не планира да црнчи за 3 тањира ориз, но тоа си доаѓа со цена, а цената е увоз на евтина работна сила која ќе црнчи за тие 3 тањира ориз, што драстично ја менува демографската мапа на државата, а со тоа и политичката и културната мапа на државата.

Истовремерно кога ќе се случи наредната светска економска криза, просечниот Холанѓанец ќе се задолжува и ќе плаќа камати за да се спасуваат Гејлада и сличните држави на нејзе кои не произведуваат апсолутно ништо, и сето тоа за да одржуваат во живот некаква си илузија наречена ЕУ, наводно создадена за да решава проблеми, која кога се случуваат вистински кризи како светска пандемија на корона вирус единствено знае да молчи, ама затоа па кога се соочува со економска криза експресно им наметнува штедни мерки на држави кои не се во економска криза, само за да се задолжуваат и со позајмени пари да спасуваат други држави кои се дават во корупција, долгови и фискална неодговорност.

Кинезите од друга страна гледаат долгорочно во каква позиција ќе се најдат за 10 години од сега.

Доколку 3 тањира ориз за 12 часа црнчење е цехот кој треба да се плати во замена за економска доминација за 10 години од сега, Кинезот е подготвен да трпи, прво бидејќи нема да трпи до бескрај и второ бидејќи сепак трпи помалку отколку што трпел за време на владеењето на Мао Це Тунг.

Очигледно и Белорусите гледаат на долг рок во каква позиција ќе им биде државата за 5 или 10 години од сега, па затоа мнозинството граѓани на Белорусија не се занимаваат со шаренолик идиотизам и одбиваат да бидат корисни идиоти, бидејќи си ја имаат Украина веднаш до нив како пример за тоа што ги чека откако ќе се ослободат од вождот само бидејќи му ги протресле вилиците.
 
Значи црно му се пишува на САД, Германија, Холандија итн. Чекајте за 10 години Белорусите и Кинезите ќе го владеат светот Зошто бе....

Бтв Кинезот трпи 1000 години, ама ете уште 10 му останаа...Токку трпел, за уште 10...

Таа демографска мапа, премногу читаш инфомакс и слично страни..Се им е пресметано...Ич да не се секираш за нации што опстојувале илјадници години, знаат што прават...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom