Така ми делуваше бе, монархо-комунист еден

Ок со ова се согласувам донекаде. Демократијата не е идеална и не треба да се идеализира и на некои места каде владее корупција, олигархија и стока од народ, можеби е подобро автократија или барем поавторитарно лидерство, но сега засега тоа е единствено политичко уредување кое дозволува најголем возможен број на учесници во политичкиот процес, дозволува да се критикува, реформира и закрпува политичкиот и економскиот систем, да се отстранува некадарна влада на мирен начин преку избори кои можат да бидат и предвремени, да се раздели власта и да можат кловновите да бидат судени и казнувани од независно судство, да се има независни медии со критички поглед кон сите кловнови и групи од кловнови, да се има слободни политички дебати од независни експерти... и за сето тоа е потребно демосот од кој произлегуваат кловновите да биде поморален, понезависен, пообединет, поинволвиран, помобилизиран... а сега наместо тоа на многу места владее апатија, идеологии, поларизираност, лаги, корупција и анархија/диктатура во пораѓај...
Сакам да кажам автократијата е дефолт и лесна, за демократија треба морална одговорност, активност, организираност, трезвеност...