Белорусија

Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.355
Поени од реакции
6.041
Јас те охрабрив да дадеш пример за мешањата на Русија и на Кина во внатрешните работи на други држави, а ти нивното "мешање" го сведе на економски инвестиции и банкарски заеми.
Е па извини, ама и јас да сум во позиција да си направам добар бизнис во некоја држава, секако дека ќе ја искористам на начин на кој јас би го насобрал кајмакот, се додека законите во таа држава ми го дозволуваат тоа.
Прво направи го должник, па роб.... Го критикувате западот за ММФ и Светска банка, а од друга страна ги оправдувате истокот за истото..Заврши ти со твојата „непристрасност“..

Ако талибаните во Авганистан се економска инвестиција и банкарски заем тогаш блазе тебе, што да ти речам.. :) Или овие сега во Судан војнициве што ја преземаат НАСИЛНО власта под патронат на твојте идоли од Пекинг...И тие со банкарски гаранции апсат... Ама ти како непристрасен нема да ги осудиш, а јас како пристрасен ги осудувам и едното и другото :).....

Можеби на тебе лично не ти сметаат таквите анти-македонски велепредавнички договори, но еве на мене лично ми сметаат и верувај ми, ако некогаш патот ме однесе во САД - најверојатно на Свети Никад, доволно социјализам и пост-социјализам проголтав во овој живот - нема да ја пропуштам шансата да им кажам на американците дека имаат фашистичка влада која воведува санкции против луѓе со спротивни мислења на нејзините официјални надворешни политики. Потоа најверојатно ќе ме испратат на најблискиот аеродром за депортација откако истите тие санкции ќе стапат на сила и за мене лично, но верувај ми, нема ни за момент да зажалам поради таквото лично мислење и таквата лична определба од моја страна.
Јас мислам дека кога ќе те чујат да зборуваш за Македонија, секој од нив првото нешто што ќе стори е тоа да го извади телефонот и да побара кај се наоѓа Македонија, бидејќи само за Александар Македонски ќе имаат слушнато и тоа 20% од тие што ќе те слушнат тоа што го зборуваш...

Санкции? Кога ќе стапат на сила ок, дотогаш е се рекла казала, од миленко и инфомакс.

Тоа што како што сам си рече, си голтал социјализам и постсоцијализам, наместо да го исфрлиш како измет, ти си го зачувал во себе, дозволи да ти порасне, и во тебе се створил софткомунизам, тоа е работа со која сам треба да си се занимаваш како да го исфрлиш, бидејќи е штетно. Страно тело. Паразит.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.145
Поени од реакции
12.759
Прво направи го должник, па роб.... Го критикувате западот за ММФ и Светска банка, а од друга страна ги оправдувате истокот за истото..Заврши ти со твојата „непристрасност“..

Ако талибаните во Авганистан се економска инвестиција и банкарски заем тогаш блазе тебе, што да ти речам.. :) Или овие сега во Судан војнициве што ја преземаат НАСИЛНО власта под патронат на твојте идоли од Пекинг...И тие со банкарски гаранции апсат... Ама ти како непристрасен нема да ги осудиш, а јас како пристрасен ги осудувам и едното и другото :).....
За почеток потсети се прво себеси, а потоа и останатите членови и посетители на форумов кои се оригиналните инвеститори на талибанците, и што бидна со нивната инвестиција во Авганистан од 2001 до 2021 која ја напуштија така брзо и лесно, и зошто ја напуштија.

Ако веќе си толку пристрасен, прво направи попис на сите електрични уреди кои ги имаш по дома, па пиши колку од нив се произведени во Кина, чисто за да знаеме колку се држиш до твојата пристрасност.

Еве јас од моја страна не можам да негирам дека барем половина од сите електрични уреди во мојот дом се произведени во Кина и додека македонските трговски компании не ми понудат квалитетна алтернатива по прифатлива цена, најверојатно ќе продолжам да купувам кинески производи, иако сум свесен дека се создадени со работна сила која во некои случаи едвај може да се нарече евтина, бидејќи поприфатлив израз би бил робовска работна сила.

Но додека тоа не им смета на твоите западни идоли, а како што гледам не му смета ниту на остатокот од светот, тогаш не ми смета ниту на мене.

Ене ти ја Украина, кога тогашниот претседател Виктор Јанукович кон крајот на 2013 година најави дека ќе прифати заем од Русија наместо од ЕУ, му се случи шаренолик идиотизам, од кој како што може да се види, денес Украина е светска сила, исто како и северенфиромистан.

Но сигурно сега им е подобро на Украинците како робови на евробирократите во Брисел отколку на мечките од Москва, исто како што и на тебе сигурно ти е подобро со паметот тотално исклучен во правецот на здравиот ум и разум отколку со одржување на рамнотежа помеѓу реалноста и фантазијата.

Јас мислам дека кога ќе те чујат да зборуваш за Македонија, секој од нив првото нешто што ќе стори е тоа да го извади телефонот и да побара кај се наоѓа Македонија, бидејќи само за Александар Македонски ќе имаат слушнато и тоа 20% од тие што ќе те слушнат тоа што го зборуваш...

Санкции? Кога ќе стапат на сила ок, дотогаш е се рекла казала, од миленко и инфомакс.

Тоа што како што сам си рече, си голтал социјализам и постсоцијализам, наместо да го исфрлиш како измет, ти си го зачувал во себе, дозволи да ти порасне, и во тебе се створил софткомунизам, тоа е работа со која сам треба да си се занимаваш како да го исфрлиш, бидејќи е штетно. Страно тело. Паразит.
Додај ги и Дојче Веле во истиот кош со Миленко и Инфомакс, да не ти биде толку мала листата.

САД ќе ги става на црна листа сите кои се против Охридскиот и Преспанскиот договор

Софткомунизам е токму таа НЕКОЈА СИ демократија за која ти велиш дека не ти смета, бидејќи токму таков е владејачкиот режим кај твоите западни идоли. Не се секирај, осуден е на пропаст, исто како и секој социјалистички режим, и исто како и секој социјалистички режим, ќе се распадне одвнатре, а не со помош однадвор или со признавање на нелегални влади однадвор.

Разликата е во тоа што таквото страно тело, односно паразит, вообичаено не го напушта организмот додека не го изеде во целост одвнатре. Венецуела ти е одличен пример за тоа, а самиот факт дека социјалистичкиот режим во таа држава до денешен ден не пцовисал, говори дека додека таквиот паразит да ги изеде твоите западни идоли одвнатре, можеби ќе бидеш во толкава одмината старост што нема ни да помниш дека некогаш ти било кажано како ќе се распаднат.
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.355
Поени од реакции
6.041
За почеток потсети се прво себеси, а потоа и останатите членови и посетители на форумов кои се оригиналните инвеститори на талибанците, и што бидна со нивната инвестиција во Авганистан од 2001 до 2021 која ја напуштија така брзо и лесно, и зошто ја напуштија.
Битно е СЕГА КОЈ ГИ ФИНАНСИРА....Американците ги створија, ги финансираа и ги уништија. Твоите ги воскреснаа, за да му ги цицаат резервите на руда. Во што се различни? Во ништо.... Само што ти се плашиш да пишиш дека и твоите источни божества ти се посурова верзија на западот.
Ако веќе си толку пристрасен, прво направи попис на сите електрични уреди кои ги имаш по дома, па пиши колку од нив се произведени во Кина, чисто за да знаеме колку се држиш до твојата пристрасност.
Пристрасен? Јас пишувам контра сите, ти само контра западот, и ти ми викаш пристрасен? :) :) :) Народ чита бре...

Инаку, телевизорот и машината за миење садови ми е MADE IN JAPAN, телефонов ми е MADE IN USA, фрижидерот ми е MADE IN TURKEY....ВЦ шолјата ми е MADE IN CHINA....
Додај ги и Дојче Веле во истиот кош со Миленко и Инфомакс, да не ти биде толку мала листата.

САД ќе ги става на црна листа сите кои се против Охридскиот и Преспанскиот договор
Многу битен момент во овај наслов е зборот ЌЕ.. Тој збор од две букви менува многу...

Еве ти пример колку две букви може да сменат поим:

Петра дава часови по математика..

Петра дава на часови по математика.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
24 април 2008
Мислења
11.145
Поени од реакции
12.759
Битно е СЕГА КОЈ ГИ ФИНАНСИРА....Американците ги створија, ги финансираа и ги уништија. Твоите ги воскреснаа, за да му ги цицаат резервите на руда. Во што се различни? Во ништо.... Само што ти се плашиш да пишиш дека и твоите источни божества ти се посурова верзија на западот.
Моите се Македонците, а ако добро помнам, тие во Авганистан влегоа преку НАТО, па од тука според твојата логика, ако Македонците ги воскреснале талибанците, повторно парите водат кон Брисел-НАТО и кон Вашингтон-САД.

Извини, ама кога создаваш неконтролиран процес или неконтролирана супстанца, треба да размислиш барем два пати пред да започнеш со таквиот експеримент.

Ете ти ги Советите, експериментираа со недоволно безбедна нуклеарна електроцентрала во Чернобил, а последиците се чувствуваат до денешен ден. Но барем со Гајгер-Милеров мерач можеш да ја мериш опасноста доколку живееш во близина на радиоактивното жариште.

Од друга страна, твоите западни идоли кои ги создадоа и ги финансираа талибанците, и никогаш не ги уништија бидејќи никогаш немаа целосна контрола врз Авганистан, создадоа ѓубре од радикално исламистичко движење кое само се размножува токму по нивна заслуга.

Но за опасноста која доаѓа од таквото дувло на гнасотилаци, особено со овие шареноликиве идиоти кои на власт ги донесоа твоите западни идоли, а кои увезуваат имигранти на ангро од истото тоа дувло на гнасотилаци, и им пружаат засолниште, храна, облека, лекови и Бог знае уште какви други привилегии и бенефиции, притоа свесни за последиците од увезување на таков отпад, но тотално ги игнорираат истите, не постои мерач.

Пристрасен? Јас пишувам контра сите, ти само контра западот, и ти ми викаш пристрасен? :) :) :) Народ чита бре...

Инаку, телевизорот и машината за миење садови ми е MADE IN JAPAN, телефонов ми е MADE IN USA, фрижидерот ми е MADE IN TURKEY....ВЦ шолјата ми е MADE IN CHINA....
Пишуваш само против тие кои не ти чинат по твој личен мерак, самиот факт дека човек треба да ги истера десетици страници на темава за да издејствува осудување од твоја страна против бомбардирањата на цивилно население со осиромашен ураниум, секако без да ги именуваш сторителите на таквите злосторства против човештвото со конкретно име, говори дека си крајно пристрасен исклучиво и само во твоите лични погледи, а не во твојата наводна омраза кон злосторничките режими.

Кога сме кај твоите домашни уреди, прво отвори ги за да им ги видиш деловите, тоа што на надворешната налепница пишува Произведено во држава таа и таа, говори дека се составени во таа држава, но не и дека деловите се произведени во истата таа држава.

Ене ти ги Ван Хол повторно како пример, автобусите ги составуваат во Македонија, но не може истото да се каже и за потеклото на шасиите, моторите и механиката.

И тоа ти е само уште еден пример за тоа како функционира денешниот капитализам, и ако тоа не ти чини, повели избори се за подобар економски светски поредок.

Многу битен момент во овај наслов е зборот ЌЕ.. Тој збор од две букви менува многу...

Еве ти пример колку две букви може да сменат поим:

Петра дава часови по математика..

Петра дава на часови по математика.
Ти не даваш пример за зрело и свесно размислување - исто така е добар пример.

Официјалната политика на една држава запишана на хартија е` официјална политика на таа држава, и тука завршува приказната.

Ако за Нирнбершките закони мислиш дека се само безвредна хартија бидејќи само забрануваат интимни односи и брачни заедници помеѓу Евреи и не-Евреи, а Евреите и онака најчесто имаат интимни односи и се венчаат претежно со свои сонародници, што значи дека мнозинството Евреи во Нацистичка Германија нема да почувствуваат никакви последици од таквите закони, тогаш правиш фатална грешка ако очекуваш да го видиш Холокаустот со свои очи за да ти дојде паметот.

Кристално истото важи за официјалните политики на секоја држава.
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.355
Поени од реакции
6.041
Моите се Македонците, а ако добро помнам, тие во Авганистан влегоа преку НАТО, па од тука според твојата логика, ако Македонците ги воскреснале талибанците, повторно парите водат кон Брисел-НАТО и кон Вашингтон-САД.
Талибанците ги воскресна твојата љубимка Кина. Никој друг. Колку сакаш негирај, и пробувај со вртење по тавани како македонски политичар на незгодно прашање, да го оправдаш нивното однесување, тоа е твој проблем. Јас кај виде дека ги оправдувам оние што ги создадоа Талибаните? Ти си тој што триста приказни напиша тука за да го испериш додавањето зачин во авганистанската манџа од страна на твоите идеолошки татковци, но џабе е..
Пишуваш само против тие кои не ти чинат по твој личен мерак,
Веќе е смешно. Јас во своите постови го напаѓам и Западот и Истокот, а ти жолчно ги браниш источните земји и нивните политики, и ти ми велиш дека јас сум пишувал против само едни. :) Народ чита...
И тоа ти е само уште еден пример за тоа како функционира денешниот капитализам, и ако тоа не ти чини, повели избори се за подобар економски светски поредок.
Јупиии, значи и Кока Кола е Македонски производ..Ја полни Скопска Пивара, така да според твојот начин на дефинирање на нештата, значи, Кокаколата е Македонски производ. :) Тоа што западните земји ја користат ефтината работна рака на далечниот исток, не значи дека се нивни производите ...:) Ама ако, ете вака ти како зрел човек не знам како си промашил да не го знаеш ова....
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.145
Поени од реакции
12.759
Талибанците ги воскресна твојата љубимка Кина. Никој друг. Колку сакаш негирај, и пробувај со вртење по тавани како македонски политичар на незгодно прашање, да го оправдаш нивното однесување, тоа е твој проблем. Јас кај виде дека ги оправдувам оние што ги создадоа Талибаните? Ти си тој што триста приказни напиша тука за да го испериш додавањето зачин во авганистанската манџа од страна на твоите идеолошки татковци, но џабе е..

Веќе е смешно. Јас во своите постови го напаѓам и Западот и Истокот, а ти жолчно ги браниш источните земји и нивните политики, и ти ми велиш дека јас сум пишувал против само едни.
:)
Народ чита...

Јупиии, значи и Кока Кола е Македонски производ..Ја полни Скопска Пивара, така да според твојот начин на дефинирање на нештата, значи, Кокаколата е Македонски производ.
:)
Тоа што западните земји ја користат ефтината работна рака на далечниот исток, не значи дека се нивни производите ...
:)
Ама ако, ете вака ти како зрел човек не знам како си промашил да не го знаеш ова....
Бла бла бла, извини ако те фаќа досада одвреме навреме, па чувствуваш потреба да ја исфрлуваш тука на форумов, но јас не сум тука за да ги примам твоите оф-топик исфрлувања, туку само одвреме навреме да ги разобличам истите како лажни, крајно пристрасни и најважно од се - невистинити, под претпоставка дека навистина народ те чита.

Повели извади некои конкретни аргументи во врска со конкретната тема за политиката и вестите од Белорусија, а за Кина, талибанците, Кока кола, Пивара Скопје и останати, коментирај си во соодветни теми.
 
Последно уредено:

Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.355
Поени од реакции
6.041
Бла бла бла, извини ако те фаќа досада одвреме навреме, па чувствуваш потреба да ја исфрлуваш тука на форумов, но јас не сум тука за да ги примам твоите оф-топик исфрлувања, туку само одвреме навреме да ги разобличам истите како лажни, крајно пристрасни и најважно од се - невистинити, под претпоставка дека навистина народ те чита.

Повели извади некои конкретни аргументи во врска со конкретната тема за политиката и вестите од Белорусија, а за Кина, талибанците, Кока кола, Пивара Скопје и останати, коментирај си во соодветни теми.
Кочи Декстере :) , има живот и надвор од форумов, не му е работа на секој да биди 24/7 дежурен на форум, така да олабај малку..

вТоро, ти можиш да си кажиш мислење, контрааргументи и слично, а тоа дека нешто разобличуваш, верувај, тоа е само во твојата глава, само така си замислуваш, капа ти симнувам за самоувереноста.И жабата кога го видела коњот дека го потковаат, и таа ја кревала ногата, ама нејзе не ја потковале...

Аргументи дадов милион против бркатиот лудак, мислам дека секој здраворазумен човек Лукашенко во најмала рака треба да го смета за лудак. Дадов мислења против САД, Русија, Кина, Германија итн. за разлика од твоите кои се строго контра западот, истовремено хвалоспевајќи го Истокот.
 
Самиот факт дека ти реплицирам едвај еднаш дневно говори дека не се замарам со твоето дежурство на форумов.

Ако воопшто има народ кој те чита - што најверојатно е само во твојата глава, во последно време се` почесто го применуваш речникот на шареноликите идиоти - не треба нешто многу да се спомне за разобличување на твоите тролања.

Доволно е да се потенцира фактот дека редовно избегнуваш да даваш одговори на наједноставни прашања, и кога остануваш без аргументи се повторуваш себеси како расипана плоча. Тоа е повеќе од доволно за разобличување на твоите тролања.
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.355
Поени од реакции
6.041
Самиот факт дека ти реплицирам едвај еднаш дневно говори дека не се замарам со твоето дежурство на форумов.
Почнуваш да се однесуваш како Др.Џекил и Мр.Хајд. Прво ми велиш, кога ми било досадно сум пишувал, па ти вака како оние старите на Мапет Шоу на терасата, се чувствуваш должен да вратиш било што, тоа говори за фактот дека пробуваш да ме шеташ по тавани, а тоа нече мочи...
Ако воопшто има народ кој те чита - што најверојатно е само во твојата глава, во последно време се` почесто го применуваш речникот на шареноликите идиоти - не треба нешто многу да се спомне за разобличување на твоите тролања.
Ете ти ме читаш :) Јас си пишувам мое мислење, ако сака никој нека не ме чита. Како ги дефинираш ти тие мои мислења да ти кажам ми е гајле колку што ми е гајле кој и бил дедо на Џенифер Лопез.
Доволно е да се потенцира фактот дека редовно избегнуваш да даваш одговори на наједноставни прашања, и кога остануваш без аргументи се повторуваш себеси како расипана плоча. Тоа е повеќе од доволно за разобличување на твоите тролања.
Доволно е да се потенцира фактот, што јас упатувам критики кон Исток и кон Запад. А ти само кон Запад, а од друга страна,подмолно, се правиш некој неутралец, реалист, а всушност си тежок љубител на источните режимско софтомунистички држави, а притоа лепејќи ми етикети дека јас сум прозападен, за да го заташкаш очигледното твое хвалоспевање кон твоите тотеми од Исток....

Лепиш етикети дека не сум давал одговори, а на се ти имам одговорено. Е сега, одговорите ти се извинувам ако не ти се допаѓаат, ама извини, тие удбашки финти од типот кога полицаецот му вика на рандом човек т.е. одбрана невина жртва за злодело кое не го направил тој туку сосем друг, 30 пати признај, признај, и под притисок ќе признај се, па дури и убиството на Џон Кенеди, си го погрешил човекот. Да си го мениш менторот агентот Јачев Банко, и да си ги прошириш малку видиците...Заглавен си во 70тите години за време на Ранковиќ, сега е демократија, секој може да си го каже мислењето, и не мора да е исто како твоето. И не треба да се нервираш ако сите не мислат како тебе...

И ти кажав, олабај малку, не е само форумов во животот...

On Topic, денеска лудиот бркоња, забранил цел ден емитување на странски ТВ канали во Белорусија.

Ким Јонг Унеее, си доби политички близнак, и конечно некој се доближи до твојата забеганост...

180610-kctv-01-720x437.jpg
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.145
Поени од реакции
12.759
Почнуваш да се однесуваш како Др.Џекил и Мр.Хајд. Прво ми велиш, кога ми било досадно сум пишувал, па ти вака како оние старите на Мапет Шоу на терасата, се чувствуваш должен да вратиш било што, тоа говори за фактот дека пробуваш да ме шеташ по тавани, а тоа нече мочи...

Ете ти ме читаш :) Јас си пишувам мое мислење, ако сака никој нека не ме чита. Како ги дефинираш ти тие мои мислења да ти кажам ми е гајле колку што ми е гајле кој и бил дедо на Џенифер Лопез.

Доволно е да се потенцира фактот, што јас упатувам критики кон Исток и кон Запад. А ти само кон Запад, а од друга страна,подмолно, се правиш некој неутралец, реалист, а всушност си тежок љубител на источните режимско софтомунистички држави, а притоа лепејќи ми етикети дека јас сум прозападен, за да го заташкаш очигледното твое хвалоспевање кон твоите тотеми од Исток....

Лепиш етикети дека не сум давал одговори, а на се ти имам одговорено. Е сега, одговорите ти се извинувам ако не ти се допаѓаат, ама извини, тие удбашки финти од типот кога полицаецот му вика на рандом човек т.е. одбрана невина жртва за злодело кое не го направил тој туку сосем друг, 30 пати признај, признај, и под притисок ќе признај се, па дури и убиството на Џон Кенеди, си го погрешил човекот. Да си го мениш менторот агентот Јачев Банко, и да си ги прошириш малку видиците...Заглавен си во 70тите години за време на Ранковиќ, сега е демократија, секој може да си го каже мислењето, и не мора да е исто како твоето. И не треба да се нервираш ако сите не мислат како тебе...

И ти кажав, олабај малку, не е само форумов во животот...

On Topic, денеска лудиот бркоња, забранил цел ден емитување на странски ТВ канали во Белорусија.

Ким Јонг Унеее, си доби политички близнак, и конечно некој се доближи до твојата забеганост...

Прегледај го приврзокот 312482
Јас не се чувствувам воопшто должен да ти реплицирам, тоа го правам исклучиво за членовите и посетителите на форумот да не те сфатат сериозно, ма да мислам дека мојата улога во тој аспект станува се помала благодарејќи на твоите тролања, фала му на Бога.

Велиш дека ги осудуваш сите, а никако да ги осудиш со име и презиме. Еве на пример осуди го тазе погребаниот Колин Пауел, кој среде Организацијата на Обединетите Нации прикажуваше лажни докази за непостоечкото оружје за масовно уништување на Садам Хусеин, за да му послужат како лажни оправданија за американската инвазија и окупација на Ирак во 2003 година.

Па дури и истокот кој го осудуваш како да си бил таму, а појма немаш каков е вистинскиот живот таму, сепак го осудуваш во целина, без да издвоиш пример.

Ако Ким Јонг Ун може да се пофали со свој политички близнак, тој удбашки близнак би бил ти, со оглед на фактот дека постојано бегаш од одговори на наједноставни прашања, за потоа да ги испревртиш и сопствените и туѓите коментари секој пат кога ќе останеш без аргументи за да ги поткрепиш сопствените коментари.

Од поодамна не се држиш до темата, тераш исклучиво оф-топик дискусија и тоа претежно фокусирана на плукање по твоите неистомисленици, тоа е доволен материјал за да не те сфатат сериозно останатите членови и посетители на форумот, а моите реплики се само фус-нота на твоите тролања, како подвлекување дека ако не се` што имаш напишано, тогаш речиси се` што имаш напишано е тотално нерелевантно и неверодостојно.
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.355
Поени од реакции
6.041
Велиш дека ги осудуваш сите, а никако да ги осудиш со име и презиме. Еве на пример осуди го тазе погребаниот Колин Пауел, кој среде Организацијата на Обединетите Нации прикажуваше лажни докази за непостоечкото оружје за масовно уништување на Садам Хусеин, за да му послужат како лажни оправданија за американската инвазија и окупација на Ирак во 2003 година.
Го осудувам Колин Пауел кој среде Организацијата на Обединетите нации прикажуваше лажни докази за оружје за масовно уништување на Садам Хусеин, со цел неговата држава да изврши инвазија во Ирак. Дали сега си задоволен со одговорот, или да не сакаш случајно да ти спелувам зборче по зборче, да не имаш проблем со сфаќањето? Поексплицитно не можам да ти кажам иако и во минатите постови милион пати ги осудив злоделата на западните земји, но ти твојата пристрасност кон твојот бркат идол и тотем, светиот вожд на Белорусија сакаш да ја претставиш како `неутралност` од твоја страна лепејќи му етикети на друг дека бил прозападен, и спинувајќи полошо од Саше Паралитико, Неџат Јованович и Ниленко Меделковски..Тоа што западот си има свои злодела, не го менува фактот дека Лукашенко е тежок психопат и човек кој своите фрустрации си ги лечи врз сопствениот народ, апсејќи, вршејќи тортура и угнетувајќи го својот народ...Не сте учени вие демагозите дека постои некој што ги критикува сите и нема заземено страна, ама има време, животот е долг, ќе сфатиш некои работи...Не е касно...Ако сакаш можам да те научам, ама ќе кошта...

Јас не се чувствувам воопшто должен да ти реплицирам, тоа го правам исклучиво за членовите и посетителите на форумот да не те сфатат сериозно, ма да мислам дека мојата улога во тој аспект станува се помала благодарејќи на твоите тролања, фала му на Бога.
А што демек членовите и посетителите на форумот се малоумни и не можат сами да си размислат, па те чекаа тебе, оооо велики пророку Ајнштајне, да му објасниш, да ги просветлиш со твојата непристрасна пристрасност, бидејќи тие немаат мозок сами да си размислат и да си споредат факти, па фала му на Бог, што те имаме тебе волку паметен.

Па дури и истокот кој го осудуваш како да си бил таму, а појма немаш каков е вистинскиот живот таму, сепак го осудуваш во целина, без да издвоиш пример.
Извинете господине Ајнштајн, што ќе си дозволам да ви се обратам со ваков тон, но вие, ваша висост, треба да си го проверите видот. Триста конкретни примери имам напишано за високиот демократски капацитет на твојот бркат тотем и неговите политички близнаци, во кои очигледно спаѓате и вие, но упорно верглате како расипано фичо на минус 20, исто па исто, мислите дека 20 пати повторената реченица ќе ја промени лажната фикцијата во реалност. Тоа ве учеа во Кумровац, мене ми е јасно, но треба да се разбудите, таа школа за ваша жал а наша среќа, не важи повеќе, драг Алберте. Сега е друго време..

И втора работа, ако смеам да си дозволам, да ве прашам, сте биле во Ирак, па да знаете дека таму немаше оружје за масовно уништување?!(не палете се одма, харикирам) Значи, западот може да се осудува, ама за истокот да се осудува треба да се појди таму..Се извинувам уште еднаш, што на ваков начин ви се обраќам вам, велики уму на денешницата, но оваа твојата непристрасност базди повеќе од септичката јама во која се заглави Милан од Жикина Династија.... Па Борис Јелцин је био вечи неутралац од вама....

Од поодамна не се држиш до темата, тераш исклучиво оф-топик дискусија и тоа претежно фокусирана на плукање по твоите неистомисленици, тоа е доволен материјал за да не те сфатат сериозно останатите членови и посетители на форумот, а моите реплики се само фус-нота на твоите тролања, како подвлекување дека ако не се` што имаш напишано, тогаш речиси се` што имаш напишано е тотално нерелевантно и неверодостојно.
Алберт, како ќе ме сфатат, тебе ич да не ти чуе. Не си ти тој што треба да кажува, секој нека си оцени сам. Твоите реплики се само фус-маскота, бидејќи неможиш да поднесиш да имаш неистомисленик, учен си во Кумровац, и имаш роботски менталитет..Затоа Лукашенко ти е тотем.. Епа извини, ама јас дозволувам да ми се пере само облеката, а не главата. Пробај другиот пат нека не ти перат глава во Кумровац, нема да се нервираш.

On Topic
Психопатот, денеска преку своите подопашници, т.е. овојпат судии, осуди на 3.5 години, двајца учесници во протестите, поради тоа што пишувале за нив, и правеле репортажа за Виасна, центар за човекови права.

Се надевам дека господинот психопат го има гледано видеото од последните моменти на Гадафи...

Ќе изгрее сонце и за нашите браќа белоруси. Само трпение...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.145
Поени од реакции
12.759
Го осудувам Колин Пауел кој среде Организацијата на Обединетите нации прикажуваше лажни докази за оружје за масовно уништување на Садам Хусеин, со цел неговата држава да изврши инвазија во Ирак. Дали сега си задоволен со одговорот, или да не сакаш случајно да ти спелувам зборче по зборче, да не имаш проблем со сфаќањето? Поексплицитно не можам да ти кажам иако и во минатите постови милион пати ги осудив злоделата на западните земји, но ти твојата пристрасност кон твојот бркат идол и тотем, светиот вожд на Белорусија сакаш да ја претставиш како `неутралност` од твоја страна лепејќи му етикети на друг дека бил прозападен, и спинувајќи полошо од Саше Паралитико, Неџат Јованович и Ниленко Меделковски..Тоа што западот си има свои злодела, не го менува фактот дека Лукашенко е тежок психопат и човек кој своите фрустрации си ги лечи врз сопствениот народ, апсејќи, вршејќи тортура и угнетувајќи го својот народ...Не сте учени вие демагозите дека постои некој што ги критикува сите и нема заземено страна, ама има време, животот е долг, ќе сфатиш некои работи...Не е касно...Ако сакаш можам да те научам, ама ќе кошта...

А што демек членовите и посетителите на форумот се малоумни и не можат сами да си размислат, па те чекаа тебе, оооо велики пророку Ајнштајне, да му објасниш, да ги просветлиш со твојата непристрасна пристрасност, бидејќи тие немаат мозок сами да си размислат и да си споредат факти, па фала му на Бог, што те имаме тебе волку паметен.

Извинете господине Ајнштајн, што ќе си дозволам да ви се обратам со ваков тон, но вие, ваша висост, треба да си го проверите видот. Триста конкретни примери имам напишано за високиот демократски капацитет на твојот бркат тотем и неговите политички близнаци, во кои очигледно спаѓате и вие, но упорно верглате како расипано фичо на минус 20, исто па исто, мислите дека 20 пати повторената реченица ќе ја промени лажната фикцијата во реалност. Тоа ве учеа во Кумровац, мене ми е јасно, но треба да се разбудите, таа школа за ваша жал а наша среќа, не важи повеќе, драг Алберте. Сега е друго време..

И втора работа, ако смеам да си дозволам, да ве прашам, сте биле во Ирак, па да знаете дека таму немаше оружје за масовно уништување?!(не палете се одма, харикирам) Значи, западот може да се осудува, ама за истокот да се осудува треба да се појди таму..Се извинувам уште еднаш, што на ваков начин ви се обраќам вам, велики уму на денешницата, но оваа твојата непристрасност базди повеќе од септичката јама во која се заглави Милан од Жикина Династија.... Па Борис Јелцин је био вечи неутралац од вама....

Алберт, како ќе ме сфатат, тебе ич да не ти чуе. Не си ти тој што треба да кажува, секој нека си оцени сам. Твоите реплики се само фус-маскота, бидејќи неможиш да поднесиш да имаш неистомисленик, учен си во Кумровац, и имаш роботски менталитет..Затоа Лукашенко ти е тотем.. Епа извини, ама јас дозволувам да ми се пере само облеката, а не главата. Пробај другиот пат нека не ти перат глава во Кумровац, нема да се нервираш.

On Topic
Психопатот, денеска преку своите подопашници, т.е. овојпат судии, осуди на 3.5 години, двајца учесници во протестите, поради тоа што пишувале за нив, и правеле репортажа за Виасна, центар за човекови права.

Се надевам дека господинот психопат го има гледано видеото од последните моменти на Гадафи...

Ќе изгрее сонце и за нашите браќа белоруси. Само трпение...
Повеќе од очигледно е дека Александар Лукашенко е твојот тотем за тепање на досада. Ќе биде интересно откако ќе си замине од власт - прашањето не е дали, туку кога, па дури и за 100 (СТОТИНА) години од сега, сепак еден ден ќе си замине од власт - на кого ќе тепаш досада потоа.

Дај Боже Белорусите да ги изгрее Сонце, ама она убавото, кое сјае од слобода и е` исчистено од шареноликиот идиотизам, бидејќи ако им посакуваш на Белорусите да ги огрее сонцето на шареноликиот идиотизам кое ги гори Украина од 2014 година и Македонија од 2017 година, тогаш не им посакуваш ништо добро, а ако им посакуваш либиско сценарио, прво оди во Либија за да ги вкусиш на сопствена кожа плодовите од таквото сценарио, па ако се вратиш жив од таму, оди во Белорусија да им продаваш либиска магла на Белорусите, да видиме колку ќе успееш.
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.355
Поени од реакции
6.041
Повеќе од очигледно е дека Александар Лукашенко е твојот тотем за тепање на досада. Ќе биде интересно откако ќе си замине од власт - прашањето не е дали, туку кога, па дури и за 100 (СТОТИНА) години од сега, сепак еден ден ќе си замине од власт - на кого ќе тепаш досада потоа.
Mene takvite kako Lukashenko, mi se smrtni ideoloski neprijateli. Krvopii na sopstveniot narod..
Дај Боже Белорусите да ги изгрее Сонце, ама она убавото, кое сјае од слобода и е` исчистено од шареноликиот идиотизам, бидејќи ако им посакуваш на Белорусите да ги огрее сонцето на шареноликиот идиотизам кое ги гори Украина од 2014 година и Македонија од 2017 година, тогаш не им посакуваш ништо добро, а ако им посакуваш либиско сценарио, прво оди во Либија за да ги вкусиш на сопствена кожа плодовите од таквото сценарио, па ако се вратиш жив од таму, оди во Белорусија да им продаваш либиска магла на Белорусите, да видиме колку ќе успееш.
Konecno vo nesto da se soglasime. Ako sum Lukashenko da padni od vlast i da odgovara za zlostorstvata, ne znaci deka sum za sharenolika revolucija. Ne se soglasuvam ni so ednoto ni so drugoto....
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.130
Поени од реакции
9.567

Армија доктори и научници се спрема на сила да ја премине Полската граница.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
1.182
Русија и Белорусија се договорија да ја продлабочат интеграцијата во 28 области инад сето тоа ја усвоија новата воена доктрина за одбрана на сојузната држава.
Има многу луѓе по светот загрижени за судбината на Белорусија и белорускиот народ кои е просто неверојатно колку ја сакаат и се загрижени за Белорусија,а никогаш не биле и немаат ништо заедничко со белорускиот народ.
Такви загрижени луѓе пред се живеат на Западот со одредени испостави по сите земји.
Таквите светски загриженковци се тоолку добри што веројатно можат да се мерат со Медлин Олбрајт.
Белорусија е толку сакана што освен својата мајка(Русија) има уште една маќеа (Западот) која како и Папаелашкината маќеа многу ја сака.
Заради тоа за да се знае кој е мајка а кој маќеа се продлабочува односот меѓу Балорусија и нејзината мајка.
На секој човек на овој свет му посакувам најдобри можни односи со својата мајка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom