Велиш дека ги осудуваш сите, а никако да ги осудиш со име и презиме. Еве на пример осуди го тазе погребаниот Колин Пауел, кој среде Организацијата на Обединетите Нации прикажуваше лажни докази за непостоечкото оружје за масовно уништување на Садам Хусеин, за да му послужат како лажни оправданија за американската инвазија и окупација на Ирак во 2003 година.
Го осудувам Колин Пауел кој среде Организацијата на Обединетите нации прикажуваше лажни докази за оружје за масовно уништување на Садам Хусеин, со цел неговата држава да изврши инвазија во Ирак. Дали сега си задоволен со одговорот, или да не сакаш случајно да ти спелувам зборче по зборче, да не имаш проблем со сфаќањето? Поексплицитно не можам да ти кажам иако и во минатите постови милион пати ги осудив злоделата на западните земји, но ти твојата пристрасност кон твојот бркат идол и тотем, светиот вожд на Белорусија сакаш да ја претставиш како `неутралност` од твоја страна лепејќи му етикети на друг дека бил прозападен, и спинувајќи полошо од Саше Паралитико, Неџат Јованович и Ниленко Меделковски..Тоа што западот си има свои злодела, не го менува фактот дека Лукашенко е тежок психопат и човек кој своите фрустрации си ги лечи врз сопствениот народ, апсејќи, вршејќи тортура и угнетувајќи го својот народ...Не сте учени вие демагозите дека постои некој што ги критикува сите и нема заземено страна, ама има време, животот е долг, ќе сфатиш некои работи...Не е касно...Ако сакаш можам да те научам, ама ќе кошта...
Јас не се чувствувам воопшто должен да ти реплицирам, тоа го правам исклучиво за членовите и посетителите на форумот да не те сфатат сериозно, ма да мислам дека мојата улога во тој аспект станува се помала благодарејќи на твоите тролања, фала му на Бога.
А што демек членовите и посетителите на форумот се малоумни и не можат сами да си размислат, па те чекаа тебе, оооо велики пророку Ајнштајне, да му објасниш, да ги просветлиш со твојата непристрасна пристрасност, бидејќи тие немаат мозок сами да си размислат и да си споредат факти, па фала му на Бог, што те имаме тебе волку паметен.
Па дури и истокот кој го осудуваш како да си бил таму, а појма немаш каков е вистинскиот живот таму, сепак го осудуваш во целина, без да издвоиш пример.
Извинете господине Ајнштајн, што ќе си дозволам да ви се обратам со ваков тон, но вие, ваша висост, треба да си го проверите видот. Триста конкретни примери имам напишано за високиот демократски капацитет на твојот бркат тотем и неговите политички близнаци, во кои очигледно спаѓате и вие, но упорно верглате како расипано фичо на минус 20, исто па исто, мислите дека 20 пати повторената реченица ќе ја промени лажната фикцијата во реалност. Тоа ве учеа во Кумровац, мене ми е јасно, но треба да се разбудите, таа школа за ваша жал а наша среќа, не важи повеќе, драг Алберте. Сега е друго време..
И втора работа, ако смеам да си дозволам, да ве прашам, сте биле во Ирак, па да знаете дека таму немаше оружје за масовно уништување?!(не палете се одма, харикирам) Значи, западот може да се осудува, ама за истокот да се осудува треба да се појди таму..Се извинувам уште еднаш, што на ваков начин ви се обраќам вам, велики уму на денешницата, но оваа твојата непристрасност базди повеќе од септичката јама во која се заглави Милан од Жикина Династија.... Па Борис Јелцин је био вечи неутралац од вама....
Од поодамна не се држиш до темата, тераш исклучиво оф-топик дискусија и тоа претежно фокусирана на плукање по твоите неистомисленици, тоа е доволен материјал за да не те сфатат сериозно останатите членови и посетители на форумот, а моите реплики се само фус-нота на твоите тролања, како подвлекување дека ако не се` што имаш напишано, тогаш речиси се` што имаш напишано е тотално нерелевантно и неверодостојно.
Алберт, како ќе ме сфатат, тебе ич да не ти чуе. Не си ти тој што треба да кажува, секој нека си оцени сам. Твоите реплики се само фус-маскота, бидејќи неможиш да поднесиш да имаш неистомисленик, учен си во Кумровац, и имаш роботски менталитет..Затоа Лукашенко ти е тотем.. Епа извини, ама јас дозволувам да ми се пере само облеката, а не главата. Пробај другиот пат нека не ти перат глава во Кумровац, нема да се нервираш.
On Topic
Психопатот, денеска преку своите подопашници, т.е. овојпат судии, осуди на 3.5 години, двајца учесници во протестите, поради тоа што пишувале за нив, и правеле репортажа за Виасна, центар за човекови права.
Се надевам дека господинот психопат го има гледано видеото од последните моменти на Гадафи...
Ќе изгрее сонце и за нашите браќа белоруси. Само трпение...