Белгија - Македонија [26.03.2013 - 20:45] - ЌЕ ИМА НА МТВ!!!!

  • Креатор на темата Мартин^
  • Време на започнување

Кој ќе го добие натпреварот ?


  • Вкупно гласачи
    108
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
М

Мартин^

Гостин


Македонските фудбалери попладнево пристигнаа во Брисел пред возвратниот натпревар против Белгија во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство што во 2014 година ќе се одржи во Бразил.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, 40-члената делегација меѓу кои 21 репрезентативец со лет Скопје-Ајндховен допатуваа во холандскиот град од каде со автобус пристигнаа во белгиската и европска престолнина.
Нашиот национален тим е сместен во хотелот „Голден Тулип“ во близина на бриселскиот аеродром, каде веќе се сместија и се подготвуваат да го одржат првиот тренинг на терен во градчето Тубизе. Единствен проблем е што теренот на кој нашите репрезентативци е предвидено да тренираат е прекриен со снег, поради досега невидените ниски температури и снежни наноси во Кралството Белгија што не се забележани во последните неколку децении. Тоа му ја отежнува на работата на селекторот Чедомир Јаневски во подготовката за остварувањето на неговите тактички замисли.
Дополнителна главоболка создава и податокот дека утрешниот тренинг, што според правилата на ФИФА, нашиот национален тим треба да го одржи на националниот стадион „Рои Бодуин“, е откажан и подготовката на репрезентацијата треба да се одржи на друго место поради тоа што Белгијците, со дозвола на Светската фудбалска асоцијација, ќе го чуваат теренот за средбата во вторник.
Интересно е дека на утрешниот тренинг на Македонија е најавено и присуство на белгискиот престолонаследник, принцот Филип, кој ќе дојде да ги поздрави популарните „рисови“ и да им посака среќа за претстојнито дуел со Белгија.
Поради жолти картони, во Брисел не допатуваа Бобан Грнчаров и Мухамед Демири, додека по суспензијата за претстојниот дуел се враќаат Даниел Георгиевски и Никола Глигоров.
Белгискиот селектор Марк Вилмотс, пак, на денешната прес-конференција во Брисел потврди дека е незадоволен од играта на одбраната и средниот ред на петочниот меч, па најави промени во составот за претстојниот дуел. Во тој поглед е најавено враќање во првиот тим на капитенот Венсан Компани.
Првата пресметка со Белгијците, во петокот, ја добија популарните „црвените ѓаволи“ со 2:0. Вториот меч меѓу двете репрезентации е закажан за вторник на стадионот „Рои Бодуин“ (поранешен „Хејсел“) со почеток во 20:45 часот.
ИЗВОР: kurir.mk


ТАБЕЛА:
1. БЕЛГИЈА | 13 б. |
2. ХРВАТСКА |13 б. |
3. ВЕЛС | 6 б. |
4. СРБИЈА | 4 б. |
5. МАКЕДОНИЈА | 4 б. |
6. ШКОТСКА | 2 б. |

КАКОВ РЕЗУЛТАТ ОЧЕКУВАТЕ ?
 
Член од
2 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.782
Секако победа на македонија , автогол на вермален и пандев еден од пенал :P
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Сакам да тепаме, а и треба да тепаме. За второ место немаме шанси, реално но зошто да не секогаш е можно чудо.
Според мене реален резултат е 0:1 за нас желба ми е Ибраими да им го здрви.
 
G

Geezer

Гостин
Па Белгиците сигурно ќе играат лабаво, намерно да играат во бараж, не им е битна многу, ќе ни пуштат. Да не летаме... без две парчиња не заминуваме.
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Првите 2 или првите 3 репрезентации идат на светско? Иначе според играта што ја покажавме во петокот мислам дека нерешено е најреална опција(земајќи во предвид дека немавме среќа)
 
М

Мартин^

Гостин
Првите 2 или првите 3 репрезентации идат на светско? Иначе според играта што ја покажавме во петокот мислам дека нерешено е најреална опција(земајќи во предвид дека немавме среќа)
Првата репрезентација од групата директно оди на светско, додека второпласираната репрезентација ќе игра бараж.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Не за друго, дека ми е роденден сакам да победат во таа чест. Во спротивно не мора ни да се враќаат.
 
Член од
23 март 2013
Мислења
20
Поени од реакции
6
Ако си поминеме со нерешен резултат добро ќе биде.
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
865
Поени од реакции
600
Според мене немаме шанси,премногу сме слаби за нив,плус што имаме лузерски менталитет :)
 

Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
2-1 за Белгија.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Шо си правите филмови ..

На лето реп. има две утакмици дома против островјаните, на кои РЕЗУЛТАТСКИ може да се покажат и активно да се влезе во борбата за тоа трето место во групата, кое ќе донесе престиж и кураж за некои идни циклуси.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom