Јавноста потресена
Ексклузив, А1, Време и Крема лажат
Емисијата А1 Ексклузив која важи за исклучиво блиска со таблоидот Крема, во текот на вчерашниот ден во неколку наврати изнесоа еден куп лаги и невистини пред македонската публика. Таблоидот Крема, во денешниот број, во трач рубриката, објавија вест дека поп пејачката Каролина Гочева преживеала тешка сообраќајна незгода во која што како што се вели во текстот преживеала. Во текстот кој има се освен точни и проверени информации, новинарот со иницијали З.В. (кој исто така според информациите на Бекстејџ беше подолго време во уредничкио тим на А1 Eксклузив) на начин својствен само за себе, прераскажал случка која воопшто и не се случила – како што подоцна ќе изјави Гочева за Сител.
Врз основа на истите овие очигледно лажни информации, новинарите од А1 Ексклузив, вчера во емисијата го потврдија лажењето. Во нивното кратко обраќање, според нивните непотврдени информации, Каролина едвај преживеала. Џипот бил уништен, а пејачката поминала без никаква гребнатинка, но не им кревала телефон за да им даде изјава. И без да ја прашаат засегнатата страна, во овој случај наводно преживеаната пејачка, ја известија македонската јавност со потресни реклами целодневно на А1 телевизија, со реклама на половина страница на весникот Време (кој не е во нивна сопственост како и Крема, ама имаат блиска соработка!?).
Затоа пак, нашата екипа, новинарската етика и кодексот за новинарско однесување не натераа приказната да ја истераме до крај. Пред се затоа што по пласирањето на дезинформациите во јавноста, пејачката и незјината фамилија беа видно возбудени, а фановите огорчени од ваквиот тип на црно новинарство. Каролина ја добивме во живо во естрадниот магазин Бекстејџ. Жива и здрава објасни дека е на проба и дека информациите пласирани во А1 Ексклузив и Крема се лага. Притоа им се извини на роднините и пријателите за претрпениот стрес и страв и најави дека продолжува да работи на промоцијата на својот нов албум. Овде се поставува прашањето? Зошто естрадното новинарство смислува вакви црни сценарија? Во недостаток на истински приказни, решението не се бара во изнесување лаги и невистини. Новинарството не спие врз неофицијални информации. Особено ако водителот на истата емисија лажната информација ја најавува како ексклузивна која што се случила само пред два месеца!?!?
извор БЕКСТЕЈЏ