Безусловна љубов

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Според мене безусловна љубов е да го сакаш партнерот каков што е,да го прифатиш со сите негови доблести и мани,да го сакаш без разлика дали денес има,а утре нема пари да го сакаш и кога по цел ден се шета во пижами или кога ќе ви скрши некој ваш украс,да го сакаш и ако е трапав и ако е претрано внимателен,да го прифатиш каков што е,а не да се трудиш да го направиш поинаков!
А,тоа за компромис дали да јадеме пица или пита,тоа е друго,нема врска со безусловната љубов!Тоа е дел од врската кога треба да се договорат партнерите,без расправии,и со компромис!

Кога ти е дечко и кога се гледаш неколку саати во денот можеш да го сакаш безусловно (посоодветно е : нема да ти пречи) ако скрши некој предмет поради трапавост или да се легачи цел ден во пижами. Битно го сакаш и што се две-три работи скршени.
Ако живееш со него во било која форма (официјлен, неофицијален брак) неговата немарност и трапавост има на живци да ти иде со секој уништен предмет. Баш ќе ти биде гајле за возвишената безусловна љубов кога истата ќе почне да те мава по џеб секогаш кога несовршенството од партнер кого го сакаме безусловно ќе скрши или уништи нешто.
Или кога ти кога ко пеперутка ќе се растрчуваш по дома да средиш или направиш нешто, а он фино загнезден ќе си лежи цел ден во пижами.
По мене само мајчината љубов може да одолее на сите несовршенства.
 

bella

*HOT*
Член од
8 јуни 2008
Мислења
407
Поени од реакции
27
Кога ти е дечко и кога се гледаш неколку саати во денот можеш да го сакаш безусловно (посоодветно е : нема да ти пречи) ако скрши некој предмет поради трапавост или да се легачи цел ден во пижами. Битно го сакаш и што се две-три работи скршени.
Ако живееш со него во било која форма (официјлен, неофицијален брак) неговата немарност и трапавост има на живци да ти иде со секој уништен предмет. Баш ќе ти биде гајле за возвишената безусловна љубов кога истата ќе почне да те мава по џеб секогаш кога несовршенството од партнер кого го сакаме безусловно ќе скрши или уништи нешто.
Или кога ти кога ко пеперутка ќе се растрчуваш по дома да средиш или направиш нешто, а он фино загнезден ќе си лежи цел ден во пижами.
По мене само мајчината љубов може да одолее на сите несовршенства.
Тоа за трапавоста или пижамите го кажав хипотетички,не зборев дека е таков дечко ми!Но,јас навистина неми смета ништо посебно кај него,а не се гледаме 2-3ч на ден туку цел ден го минеме заедно,па и ноќ:wink:добро па си идам за спиење дома
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Тоа за трапавоста или пижамите го кажав хипотетички,не зборев дека е таков дечко ми!Но,јас навистина неми смета ништо посебно кај него,а не се гледаме 2-3ч на ден туку цел ден го минеме заедно,па и ноќ:wink:добро па си идам за спиење дома

Не мислев на твојот дечко ниту еден момент. :)
Општо зборував, а фино ми се погодија твоите примери затоа се надоврзав на тебе.
Освен овие има уште многу примери од заедничкото живеење преку кои ќе видиш дека колку и да се сметаш за толерантна личност некои нешта сметаат (посебно кога попречуват функционирање на нешатата) и не долго се толерираат.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Тоа за трапавоста или пижамите го кажав хипотетички,не зборев дека е таков дечко ми!Но,јас навистина неми смета ништо посебно кај него,а не се гледаме 2-3ч на ден туку цел ден го минеме заедно,па и ноќ:wink:добро па си идам за спиење дома
Сака да ти кажи дека кога би живееле заедно нема се така да ти изгледа розево, и дека ќе најдиш милион работи што те нервираат кај него, и немој да велиш не, затоа што нема совршена личност која не би те нервирала, а и да има, сигурно нема да биди по кројка на замисла, за твојот начин на совршеност.:wink:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
А,тоа за компромис дали да јадеме пица или пита,тоа е друго,нема врска со безусловната љубов!Тоа е дел од врската кога треба да се договорат партнерите,без расправии,и со компромис!
Тинејџери. Мислат дека компромисот е во пицата. Или, од која страна да бидеш кога одиш фатен за раце, дали од лева - или од десна.
 

Lavanda

Модератор
Член од
18 април 2008
Мислења
676
Поени од реакции
66
Тинејџери. Мислат дека компромисот е во пицата. Или, од која страна да бидеш кога одиш фатен за раце, дали од лева - или од десна.

Е баш така... како може без услови бе, никаде го нема тоа, ајде да видам некој нека ми докаже, и покаже дека ќе сака некој безусловно, и дека се ќе му биде рамно и нема да замерува и ќе го сака партнерот со сите негови попратни позитивни и негативни работи, ма немој, за тоа одма квичат и гитла... си бараат папучари да можат да тераат по свое и да не може некој да ги условува и они да бидат со својот збор последни.:smir: Сите сме егоисти прифатете го тоа, нема без услов, секад искача од негде по некој.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Сакам само три работи : љубов, почит и да ме прифати таква каква што сум.Ама нема услови.
Како нема услови? А љубов, почит и да те прифати каква што си не се услови? :) Тоа се БАШ услови, тие за кои што јас зборував, кои што е невозможно да ги игнорираш или прескокнеш.

Ако е доволно паметен и ако ме сака,нема да има потреби за услови.
Ако има потреби за услови,тогаш не е за мене.
И пак се контрираш, да е доволно паметен и да те сака повторно се услови.

Малце ги мешате поимите изгледа. Не е услов ако он ти каже: вечер ако не се видиме ќе ти раскинам. Океј, услов е, ама дебилен, и не зборев јас за таквите. :icon_lol: Зборев за поважните нешта, есенцијалните, што не можеш едноставно да ги игнорираш и да љубиш ти и понатаму без оглед на тоа дали он ќе ги исполни. На пример, да те сака, тоа е еден од најчестите услови. Да те третира како човечко суштество, да ти биде верен. Ваквите работи, прво се критериуми, а после, откако ќе ги пронајдеме кај некого прераснуваат во услови. Ако не исполнува некој од тие услови, нема да продолжиш да бидеш со него и да го сакаш и понатаму.

Освен ако не си гуска што му дозволува да ја ебаа како стигне, а не си. :)

Нема такво нешто како безусловна љубов меѓу двајца партнери. Дури ни онаа наводно вистинската, што ти Марија ја нарекуваш THE љубов, а јас не верувам дека постои, дури ни таа не би била безусловна. Зошто таквата љубов ни во теорија не постои. :)
Има милион надворешни фактори кои ја ограничуваат или условуваат.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
99
Ne e tocno ... postoi ama do sea Vie ne navedovte nieden primer za takva ljubov.

Sve idete u nekoi ekstremni primeri ako bide zol so tebe , ako te vara i slicno pa pobogu toa i ne e ljubav toa e da sakas nekoj bez fidbek...sto e mazohizam

Ama ima bezuslovna ljubov koga dvajca bas bas se sakaat i se prifakaat bas takvi kakvi se i super im e ... e sea do koga toa ke trae e vec filozofsko prasanje .

Nikoj nikoj ne primorue da go saka u mojov slucaj ete se poklopile kockite i ete ti voala bezuslovna ljubov ! :vozbud:
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Ama ima bezuslovna ljubov koga dvajca bas bas se sakaat i se prifakaat bas takvi kakvi se i super im e ... e sea do koga toa ke trae e vec filozofsko prasanje .
Па ако е безусловна љубов, ако ништо не им пречи и ништо не може да ги спречи да се сакаат, тогаш по таа ваша логика треба да трае вечно, не?:)
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
99
Pa obicno trae do neispolnuvanje na nekoj uslov :wink:

Ali ima be bezuslovna ljubov koja trae cel zivot i megu maz i zena pa ako covek ne se nada deka toa ke go strefi koj kurac ke ljubi koga znae u napred deka e se osudeno na propast... Ima be ja sum cital , ima ... ama e tolku retka isto ko da ja nema :smir:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Ne e tocno ... postoi ama do sea Vie ne navedovte nieden primer za takva ljubov.
Има примери. Безброј примери во љубовни романи и во филмовите, типични примери за безусловна љубов.
А реално постои безусловна љубов , но се краткотрајни. Затоа што потоа преминуваат во условни.


Тоа за трапавоста или пижамите го кажав хипотетички,не зборев дека е таков дечко ми!Но,јас навистина неми смета ништо посебно кај него,а не се гледаме 2-3ч на ден туку цел ден го минеме заедно,па и ноќ:wink:добро па си идам за спиење дома
Милион и еден човек да прашаш дали е исто во брак како во врската, веројано милион и еден ќе ти каже дека не е исто.
Љубовта во врската е идилична. Цело време сте си посветени еден на друг, откривате некои мани и се учите да живеете со нив, безгрижни сте и сл.
Али кога си во брак сте 24 саати заедно, тогаш откривате уште безброј мани кај партнерот, самостални сте, нема тука мама и тато да помогне како порано, не сте само вие двајца битните и вашата љубов треба да ја делите со други малечки личности. И не е така идилично и складно како во врската. Е тука веќе се јавуваат милион услови :)
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Па нели е едно исто тоа?
Да сакаш по секоја цена, без оглед на околностите-без услови од било каков вид.:toe:
Безусловна љубов е да сакаш некого иако не е перфектен ...да се заљубиш иако не си поднесувал, да можеш се да простиш и да уживаш во времето помината со саканата личност...
Според мене безусловна љубов е да го сакаш партнерот каков што е,да го прифатиш со сите негови доблести и мани,да го сакаш без разлика дали...

А,тоа за компромис дали да јадеме пица или пита,тоа е друго,нема врска со безусловната љубов!Тоа е дел од врската кога треба да се договорат партнерите,без расправии,и со компромис!
Безусловна љубов според мене е да сакаш некого чисто и искрено,без оглед на маните,без оглед на околностите,да даваш љубов - без разлика дали е возвратена или не.од такви работи - јас давам се од себе за да партнерот биде задоволен и да биде среќен и прилично пазам на моите постапки,зашто сакам да биде среќен.
Ама вие премногу буквално ги разбирате и "(без)условна", и "компромис".

Фикција, чиста. :) Не може јас да одам да се рекреирам кога, каде и со кој ми текне, а он да затвара очи и да ме гали и да ми кажува колку многу ме сака. Шо треба, да ме седне, да ми впери показалецот во фаца и да ми рече "немој да си ме изневерила, ти се деси ли, марш да не те гледам."? Тоа Е услов. Нормален услов, кој се подразбира, кога некого сакаш.

Друго, бидејќи во неколку поста и мајчината љубов беше спомената... Маж, кога ќе добие син/ќерка, во истиот момент, почнува да го/ја сака повеќе од се`. На поинаков начин од жената која го родила, најверојатно и повеќе. И тоа е така, зашто тој има избор. И секако дека детето ќе си го одбере, зашто му е крв, жена му не. (Не значи дека неа ќе ја шутне, само се обидувам да доловам.) А жена, кога ќе роди дете, нема повеќе избор. Истото станува центар на светот за неа, и тоа е тоа. Сепак, ни таа љубов не е безусловна. Џубре сум, huh? :icon_lol: Би требало да е, и единствена љубов која трае до гроба, и единствена која не се заслужува итн итн... Ама не е таква. Не заради особините и карактеристиките на личноста сами по себе. Туку заради она за што истите се одговорни (подоцна). Заради несоодветното однесување, кратко и јасно. Колку год звучело ненормално, пар дебилни постапки се доволни. Исто како и погоре, како што неверство (дебилната постапка), е доволно за да пукне.

Можеби, ама можеби... Љубовта е безусловна на самиот старт. Понатаму... Треба гаење. :) И и покрај тоа, не останува така убава. Едино на филм.

Т.е. кога ќе размислам, вака по описите во постовите погоре, можда и има бе. Ама некого да го сакам, и покрај тоа што ме пизди, од најбанални работи како, една или две лажички шеќер у кафето, до животни одлуки кои се однесуваат на егзистенцијата ни рецимо... Тоа веќе се граничи со нешто друго. И кај мене не се вика безусловна љубов, веч глупост. И да, љубовта, бара компромиси.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Ајде во еден пост да ви одговорам на сите, иако може ќе испадне долг и нема да го прочитате.:kesa:

Безусловна љубов, според мене, нема врска со поставување услови, туку значи да сакаш некого без оглед на околностите, по секоја цена, што и да се случи.
Таква љубов постои само помеѓу родител и дете (чак и тоа е под знак прашање), а не и меѓу партнери.
Не би се сложила во врска со тоа дека само родителот може да го сака своето дете без оглед на сите околности и без оглед што тоа дете може да му приреди. Има родители кои без причина си ги мразат децата, има родители кои со тек на време ги замразуваат поради тоа во што пораснале, а има и родители кои цел живот своите деца ги уценуваат за да им дадат тоа што им бараат. Колку често се случува да му каже родител на детето да учи за да му дава пари, да заврши со одличен успех за да оди на одмор, да не пуши и да биде најдобро од сите другарчиња за да го сака и сл? Често, нели?

За да сакаш некој безусловно, да се правиш слеп на глупостите што таа личност ги прави е малку или малку појше глупаво. Ако има некоја работа што ми смета, значи не е нешто големо или нешто што влијае на мојата љубов, ама ете ми смета и ако и кажам на љубената персона за тоа и ја замолам веќе да не го прави/збори/практикува тоа што ми смета, тоа е веќе некој вид на услов.
Ако сакаш некој кој ти прави глупости, значи дека тој не те сака и тоа од старт не е љубов. За таква "љубов" зборувате сите, па затоа ваљда не можете да ја замислите без услови, романтична, филмска и каква ли не.

Безусловна љубов според мене е да сакаш некого чисто и искрено,без оглед на маните,без оглед на околностите,да даваш љубов - без разлика дали е возвратена или не.
И тука би го кажала истото, а и би додала ... за да можеш да сакаш некого чисто и искрено, треба да го чувствуваш истото од другата страна.
Според мене има само еден услов. Тоа е условот за безусловна љубов кој бара да се има взаемна љубов, која понатаму нема да му дозволи на друг неважен услов да и засмета или да ја прекине. Всушност, нема да дозволи друг услов воопшто.

Вистинската љубов,онаа љубов,или ко што би рекла јас THE љубов е таа правата безусловна љубов.И може човек да ја доживее once in a lifetime,а може и никад да не ја најде.
Ако вистинската љубов е безусловна, а таквата е да се сака некој без оглед дали ја возвраќа истата, воопшто не е тешко да се најде. Секој може да сака некој кој не ја возвраќа љубовта. Еднаш во животот, а може ни тогаш, може да се најде само взаемна, безусловна и вистинска љубов.

Ај да ти појаснам. Јас сум ти дечко. Ја ебам другарка ти во слободно време, за разонода. Или, ги оставам смрдливите чорапи на твојата перница секој ден. Или, последните заеднички пари кои ни се за храна дома ги трошам во маалската биртија на пиво. Ти смета? Ќе ме сакаш и понатаму безусловно или ќе ми поставиш услов, или ќе ми раскинеш?

Фала ти што ме сакаш безусловно, ретки се таквите како тебе.
Ти ако си дечко на девојка која ја сакаш, нема да и ја ебеш другарка и, нема да имаш храброст да ја третираш како ѓубре со тоа што ќе и ги оставаш смрдливите чорапи на нејзината перница и нема последните заеднички пари, незаинтересирано да ги трошиш на пиво. Треба да те услови некоја девојка, за ти да не ги правиш овие работи? Или треба да имаш некоја за тебе принцеза, на која не само што не би и правел такви гадости, туку и од се` што знаеш дека сака, дупло поубаво би и правел?

Нема безусловна љубов. Факт е.
Љубовта и врската се компромис. Да, се прифаќате онакви какви што сте, ама нешто мора да се смени, мора да се постави некој услова за истава врска да опстои.
Компромис и услов не е исто. Башка, како тоа да се прифатиме какви што сме, ама сепак да се смениме? Или се прифаќаш или се менуваш, за да опстои само со услови, веќе никаквата врска.

Не постои безусловна љубов.
Во секоја љубов партнерите имаат на некој начин услови и договараат компромис.
Јас па никогаш не сум седнала со некој партнер да договарам каква ќе ни биде врската. И не дека сум зелена и ништо не сум преживеала. Сум живеела со човек со кого никогаш не сме си кажале кој што да прави, кој што да носи, кој колку да допринесува за врската и домот и сл. Кој како и кога можел му помагал и давал на другиот, без компромис, враќања, памтења и услови. Сепак, не се сите убави и вистински љубови само на филм.:smir:

Или кога ти кога ко пеперутка ќе се растрчуваш по дома да средиш или направиш нешто, а он фино загнезден ќе си лежи цел ден во пижами.
По мене само мајчината љубов може да одолее на сите несовршенства.
Ако веќе се има таков несмасен маж по дома, што треба да му се прави? Да се условува со развод, со неправење ручек, со земање на децата? Ако е таков, таков сме го земале и воопшто не личи на еден од мојата замисла т.е. за партнер кој ја сака својата сопруга и се грижи за неа и домот. И таквата ситуација е далеку од секаква љубов во домот, а уште подалеку од безусловна.
А исто е и со децата. Тие не лежат по цели денови во пижами, не кршат, не маваат по џеб? Тие сето тоа го прават дупло повеќе, па прашањето ми е, зошто тие не се отсакуваат и условуваат? Затоа што се сакаат, така како што не се сака сопругот. Е па тогаш, зошто тој брак?:toe:

Е баш така... како може без услови бе, никаде го нема тоа, ајде да видам некој нека ми докаже, и покаже дека ќе сака некој безусловно, и дека се ќе му биде рамно и нема да замерува и ќе го сака партнерот со сите негови попратни позитивни и негативни работи, ма немој, за тоа одма квичат и гитла...
Додека се нема таков човек, никој не може тоа да го тврди. Како што не можам јас да тврдам и докажам дека еден ден ќе се качам на авион. Страв ми е, не го барам, одбивам да го сторам тоа бидејќи не верувам дека ќе преживеам. Ама од кај да знам ... може ќе се убедам некако еден ден, ќе се качам и ќе дојдам тука на сите кои ми го тврделе спротивното да им потврдам дека патувањето со авион е најубавото нешто што ми се случило.:smir:

Па ако е безусловна љубов, ако ништо не им пречи и ништо не може да ги спречи да се сакаат, тогаш по таа ваша логика треба да трае вечно, не?:)
Па, да, логично е секако. Безусловната љубов според мојата дефиниција трае вечно.:back:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom