Безусловна љубов

Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ај да ти појаснам. Јас сум ти дечко. Ја ебам другарка ти во слободно време, за разонода. Или, ги оставам смрдливите чорапи на твојата перница секој ден. Или, последните заеднички пари кои ни се за храна дома ги трошам во маалската биртија на пиво. Ти смета? Ќе ме сакаш и понатаму безусловно или ќе ми поставиш услов, или ќе ми раскинеш?

Фала ти што ме сакаш безусловно, ретки се таквите како тебе.
Ќе те сакам и понатаму ама нема да останам со тебе баш заради тоа што ти не ме сакаш мене... и после најверојатно ќе те преболам зашто ќе најдам некој друг кој нема да ја ебе другарка ми...и така :)))
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Ќе те сакам и понатаму ама нема да останам со тебе баш заради тоа што ти не ме сакаш мене...
Еее, ми седна у скут сега.
Сакај ме и понатаму, безусловно - се разбира.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Безусловна љубов не постои. Постојат само услови кои се дискутираат или не, кои се договараат или не и кои се почитуваат или не.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Еее, ми седна у скут сега.
Сакај ме и понатаму, безусловно - се разбира.

Како може некоиси глупави услови во врската да ги поистоветувате со љубовта?

Значи за да сакаш некого мора да си во врска со него? Така?

Можам да сакам некого кој е на крај на светот и какви услови да му поставувам нему?
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Како може некоиси глупави услови во врската да ги поистоветувате со љубовта?
Уште прашуваш како? Ти не би му поставила услов ако ја ебеш другарка ми нема да бидам со тебе?
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Уште прашуваш како? Ти не би му поставила услов ако ја ебеш другарка ми нема да бидам со тебе?
Ако ти мене не ме почитуваш како личност, како девојка, сопруга или што и да е тогаш не си ни најмалку вреден да ти поставувам услови, забрани и граници и да се замарам со тоа дали ќе ги исполниш или не.


Ако сакам да се сменам ќе се сменам од љубов.
Ако сака тој некој којшто е со мене да се смени пак ќе се смени од љубов.
Со сила убавина не бидува...Условите се безначајни и глупави ,барем за мене и нити ги поставувам а уште помалку сакам да ми бидат поставувани.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Уште прашуваш како? Ти не би му поставила услов ако ја ебеш другарка ми нема да бидам со тебе?
Ако е доволно паметен и ако ме сака,нема да има потреби за услови.
Ако има потреби за услови,тогаш не е за мене.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Видете сите колку сте контрадикторни.
Од една страна Крејзи ин лав вели дека треба тој да ја прифати таква каква што е, а и гледам другите се сложуваат отстрана.
Од друга страна Божицата не може да го прифати фактот што нејзиниот дечко (хипотетички кажано) е таков што ги остава чорапите на перница, т.е не може да го прифати таков каков што е.
Нема безусловна љубов. Факт е.
Љубовта и врската се компромис. Да, се прифаќате онакви какви што сте, ама нешто мора да се смени, мора да се постави некој услова за истава врска да опстои.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Не постои безусловна љубов.
Во секоја љубов партнерите имаат на некој начин услови и договараат компромис.
Не значи сега во крајна мера како услови да ги сметаме Не смееш да искочиш со другарите! Ќе ми даваш 50% од плата :) Нема повеќе гледање фудбал .... тоа се услови претерани.
Зборам за обични услови, пример со самото женење мажот очекува жената да чисти, готви, пегла, пере ... тоа се на некој начин услови колку и да звучи глупо дека се. Услов е дека сакаш да одите на вечер (a aко не и исполниш желба ваква на девојка одма ќе се наљути:)). Има секојдневно милион вакви ситуации кога партнерите склучуваат компромис.
Љубов безусловна може да постои само во некој љубовен роман и на филм. Реално за да постои една врска и еден брак потребно е разбирање и компромис.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
99
Ljubovta e vzaemnost...vasite primeri so varanje zena ...toa ne e ljubov ne e obostrana.

Bezuslovna ljubov ima e ideal i kratko trae

Primer za bezuslovna ljubov ima u filmot Baster so Fil Kolins koa pljacka banka bega u Rio ima u djep milijoni funti i se vraka kaj zena mu u Anglija i ide u zatvor... Ova e po vistinita slucka filmot snimen
 

bella

*HOT*
Член од
8 јуни 2008
Мислења
407
Поени од реакции
27
Според мене безусловна љубов е да го сакаш партнерот каков што е,да го прифатиш со сите негови доблести и мани,да го сакаш без разлика дали денес има,а утре нема пари да го сакаш и кога по цел ден се шета во пижами или кога ќе ви скрши некој ваш украс,да го сакаш и ако е трапав и ако е претрано внимателен,да го прифатиш каков што е,а не да се трудиш да го направиш поинаков!
А,тоа за компромис дали да јадеме пица или пита,тоа е друго,нема врска со безусловната љубов!Тоа е дел од врската кога треба да се договорат партнерите,без расправии,и со компромис!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom