Pocnala raspravija so nekoj tvoj blizok i poleka pocnuva da se vzeshtuva rabotata... Drugata strana cvrsto e ubedena vo svoeto i ne saka ni da ve soslusha..... Sto pravite, begate dodeka ne se smirat strastite ili uporno prodolzuvate da se nadvikuvate?
Dali beganjeto go praktikuvate i koga od vas se bara objasnuvanje za situacija vo koja 100% ste vinoven za raspravijata?:smir:
Не сум човек што обожава да си ги испробува гласните жици во моменти на кавги,значи ако другата страна има потреба да урла за да си го задржи ставот по секоја цена,се повлекувам зошто е залудно што и да кажете во таков момент.Освен надвикување неможе да резултира со квалитетна дискусија односно кавга.
Бегам,за да се смират страстите и да со ладна глава се разговара за дадената ситуација.
Второто прашање е друг момент.Не практикувам бегање кога треба јас да објаснам дека сум крива.Значи имам доблест да признаам дека сум крива за нешто што знам дека навистина го имам направено а било погрешно.Во таков момент признавам и се повлекувам зошто сите наредни зборови ќе се вртат пак околу полнењето на егото на соговорникот,ќе очекува тоа постојано да го повторувам за да си олесни.
Во моменти кога сум крива а не сум свесна за тоа,седнувам и разговарам за да се дојде до конечното решение,секако ако тоа се прави на цивилизиран начин.
Значи бегам само во случаи кога со вшештените глави неможам да најдам заеднички јазик на комуникација,тогаш е залудно да седам и да се објаснувам.Се се сведува на урлање.