Бебе магазин

Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Прееска видов реклама за "Бебе магазин" и ме натера да ја отворам темава.
Значи,во списанието има совети како да се грижиш за своето бебе,во лето,во есен,во зима...
Кое е вашето мислење за ваквите списанија?
Јас мислам дека се непотребни.
Нели секоја мајка ја водат мајчинските инстинктите и таа знае што е најдобро за нејзиното бебе?
Ок е неколку екстра совети,ама списанија за комплетна грижа на детете е премногу,боље добро обучувана бебиситерка отколку тоа.
 
noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Да де, нели, дур немало Бебе магазин, нашите мајки и баби мака мачеле... Дебилштина.:tapp:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Никој не рече дека се до издавањето на Бебе магазин не знаеле како да одгледуваат деца.

Постоењето на овој магазин ми е нешто сосем нормално. Малку поинакво ама сепак од голема помош за оние млади мајки. Никој не ги напаѓа повозрасните дека не знаат како да одгледуваат деца ама ете се покажа дека овој магазин има големо влијание кај нас.

Не го сметам за непотребен. Во него има многу совети кои вреди да ги прочиташ и примениш, покрај оние што веќе ги знаеш од твојата мајка или баба. Мене тоа ми изгледа како некој прирачник...точно дека има и книги ама ова испадна поефективно од нив. Сепак времињата се промениле и останува да одлучиме дали ќе го прифатиме тој тренд или не. Бебиситерка не би сакала да оставам да се грижи. Подобро да обрнам повеќе внимание на нешто што пишува во магазин за бебиња отколку да оставам некоја си xx личност да се грижи за нешто што е дел од мене.
 
Буковец

www.KETERING.com.mk
Член од
3 јули 2005
Мислења
996
Поени од реакции
15
Eве ви добар МК портал за бебиња, деца и се поврзано за нив.
Од играчки, градинки, бутици, колички, игротеки, совети педијатри гинеколози...а бе СЕ
КЛИК
 
Тањушка

pretty mama
Член од
17 јануари 2006
Мислења
365
Поени од реакции
29
Кому не му требаат, нека не ги купува. Никој со сила не не тера.

Јас како искусна млада мајка ви кажувам дека и покрај инстинктот кој вродено го имаме, сепак постои потреба од туѓо мислење (дали на стручњаци или на други мајки). А и никоја од нас не е сезнајко и не секоја мама има некоја поискусна жена во своја близина, па ваквите магазини добро доаѓаат. Јас не купував списанија, ама читав по интернетов и дознав многу работи кои некако инстинктот не ми ги кажа :smir:.
 
Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Се` што може да помогне во одгледување на дете и грижа за истото не е одвишно. Искрено, немам читано такви магазини (се надевам и нема во блиска иднина :pos:) ама не е на одмет да се знае нешто повеќе.

Убаво си кажаа членките над мене, кој сака нека чита-кој не-не.:)
 
Буковец

www.KETERING.com.mk
Член од
3 јули 2005
Мислења
996
Поени од реакции
15
Да де, нели, дур немало Бебе магазин, нашите мајки и баби мака мачеле... Дебилштина.:tapp:
Овој магазин, како и сите други магазини за трудници, бебиња, веб портали, само го олеснуваат секојдневието на мајката...па и на бебето.:wink:
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Dobri se bebe magazinite,ima interesni i poucni raboti:pipi:
 
Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
Никој не рече дека се до издавањето на Бебе магазин не знаеле како да одгледуваат деца.

Постоењето на овој магазин ми е нешто сосем нормално. Малку поинакво ама сепак од голема помош за оние млади мајки. Никој не ги напаѓа повозрасните дека не знаат како да одгледуваат деца ама ете се покажа дека овој магазин има големо влијание кај нас.

Не го сметам за непотребен. Во него има многу совети кои вреди да ги прочиташ и примениш, покрај оние што веќе ги знаеш од твојата мајка или баба. Мене тоа ми изгледа како некој прирачник...точно дека има и книги ама ова испадна поефективно од нив. Сепак времињата се промениле и останува да одлучиме дали ќе го прифатиме тој тренд или не. Бебиситерка не би сакала да оставам да се грижи. Подобро да обрнам повеќе внимание на нешто што пишува во магазин за бебиња отколку да оставам некоја си xx личност да се грижи за нешто што е дел од мене.

...petka imash za ova Kiki...nekoi raboti u zivotot doagaat ednashka i nikad ne se vrakaat poveke...shteta e da se propushti sekoj takov pominat moment so neshto za sto sekoj nomalen chovek se stremi vo zivotot...eve ti eden od mene od srce:back:
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Бебе магазин е нешто најдобро за сите новопечени мајки. Зошто? Затоа што од тие бабини деветини на сите им е дојдено преко ..... и само го тупат со тоа како они ги изгледале децата у 19/20 век. АЛО 21 век е, најгаден век до сега посебна работа се бебињата.
Маwечко едно прашање ако може. Кога си премногу болна неможеш да дишеш очите ти се затворени, седиш дома и се лечиш со чајчиња и само препишани апчиња? Или идеш на лекар прашуваш што како треба да пиеш можеби и инекции, така? Епа така е и со бебе магазинот, за да не се слушаат старите баби, а тоа се една од страна на мајката, една од страна на таткото и околните комшики 2-3 згради со по 2 влеза и 4-5 куќи, ќе си отиде мајката или некој друг ќе си купи бебе магазин и ќе си прочита и ќе знае НАЈДОБРО. Затоа што сепак факултетски образовани луѓе се во прашање, не шалабајзери шо „знаат„ се'
 
Ако нешто ме интересира за одглегување деца можам слободно да се консултирам со мајка ми,не ми требаат некој списанија да ме учат.
Ти тоа знаеш дека се факултетски образувани луѓе,а не шалабајзери.
И која поента ти имаше твоево прашање со одгледување на деца.
Кој идиот би седел дома ако е болен?Секако дека ќе отиде на лекар.
А ако ми треба помош за моето дете ќе прашам некој на кој повеќе му верувам.
Појасно сега?
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Ти тоа знаеш дека се факултетски образувани луѓе,а не шалабајзери.
Да знам дека се факултетски образовани луѓе....пишува:)

А ако ми треба помош за моето дете ќе прашам некој на кој повеќе му верувам.
Тоа би бил докторот:)
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Тоа би бил докторот:)
Во случај да е болно секако дека ќе го носам на лекар.:tapp:
Но не планирам да ме подучуваат за нега и одгледување на моето дете списанија:toe:
Значи,некој на кој му верувам=некој близок:helou:

П.С.Смири нерви,не стварај расправија од секоја тема.
Благодарам.
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Хм, се расправам? Мислам дека грешиш, немаш излез. Јас само одговорив на твоите прашања и толку:)

ОН ТОПИК
Дали ти Мањечко си слушнала за едни магазини мислам дека се на српски, стари се од времето на Тито? Сигурно не, нели. Епа прашај ја мајка ти од каде научила, дали од мајчинските инстикти или од списанијата.....
Бебе магазин е списание во кое пишуваат доктори по детска медицина, образовани луѓе ако ме сваќаш. Ние тука не сме компетентни да кажуваме дали треба да го има или да го нема магазинот, има луѓе кои што одобруваат продажба на нешто.
Плус сите тие совети во бебе магазин за младите мајки, прекрасна работа.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Хм, се расправам? Мислам дека грешиш, немаш излез. Јас само одговорив на твоите прашања и толку:)
Хм,да...нели се повторува тоа 2-3 дена,ништо ново.Детска ствар.
Излез од што?Безвредна дискусија?

ОН ТОПИК
Дали ти Мањечко си слушнала за едни магазини мислам дека се на српски, стари се од времето на Тито? Сигурно не, нели. Епа прашај ја мајка ти од каде научила, дали од мајчинските инстикти или од списанијата.....
Бебе магазин е списание во кое пишуваат доктори по детска медицина, образовани луѓе ако ме сваќаш. Ние тука не сме компетентни да кажуваме дали треба да го има или да го нема магазинот, има луѓе кои што одобруваат продажба на нешто.
Плус сите тие совети во бебе магазин за младите мајки, прекрасна работа.
На мајка ми не и биле потребни магазини,зашто ја имала баба ми,а во времето на баба ми имало такви списанија?
Ноуп.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom