Бебето Бошко

Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Случајот за бебето Бошко го следам од самиот почеток, и мислам дека кај сите предизвика голем бран на емоции и солидарност . Операцијата која се спроведе изненадувачки излезе успешна . Ова се споредува дури и со чудо , што во еден момент ме наведува да помислам дека голем удел има и позитивната енергија на целиот македонски народ .
Јас му посакувам све најубаво на Бошко , многу здравје и срека во животот
Се случи чудо, малиот Бошко почна да ги движи нозете. Ова се случи само неколку дена по операцијата на рбетниот столб.
Лекарите на неврохирургија се изненадени, не очекуваа ваков пресврт и толку брз ефект по операцијата. Се надеваат дека Бошко нема да биде врзан за инвалидска количка и дека ќе се движи самиот кога ќе прооди.
„Се изненадивме колку беше тој ефект подобар и сега има поголеми шанси, тешко е да се прогнозира, меѓутоа гледајќи вака после операцијата можеби ќе може да се движи или со помош на некои други помагала. Се надевам дека нема да биде врзан за инвалидска количка“, изјави Александар Чапаровски, директор на Клиниката за неврохирургија.
Доколку се биде во ред, идната недела Бошко ќе биде префрлен во домот за доенчиња во Битола. Лекарите и понатаму ќе ја следат здравствената состојба на Бошко, за да се исклучи можноста од компликации.
Вработените на клиниката со тешко срце велат дека ќе им недостасува кога ќе си оди.
Во болничката соба, каде што е сместен Бошко, постојано пристигнуваат облека, пелени, млеко. За него се задолжени одделенската сестра Гордана Симонова и негувателката Николина Стојановска, но и сите други сестри од клиниката кои го хранат и пресоблекуваат.
И пациентите постојано се интересираат и му носат подароци.
„Некој ќе не сретне на ходник и ќе рече сестро дали е тоа Бошко, да, им велам, тоа е Бошко, еве пари да му купите памперси и се што треба и сме му отвориле каса, му собираме пари и со нив нешто ќе му купиме да се сеќава на персоналот“, рече Гордана Симоновска, одделенска сестра.
„Се снаоѓаме, го бањаме, го храниме, го негуваме“, вели Николина Стојановска, негувателка.
Бошко добро напредува и постојано бара млеко. Мирен е само кога ќе се најде во нечии раце.
„Се научи сите да го држат во раце и сега имаме проблем“, додаде Чапаровски.
Малиот херој, кој денеска полни еден месец, го чекаат уште битки до неговото потполно оздравување.
Лекарите се оптимисти, велат сме имале многу случаи со ваква дијагноза кои нормално функционираат понатаму. Се надеваат дека и Бошко ќе биде еден од нив.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Браво за сите хуманитарни луѓе кои му помагаат на Бошко како можат и браво за докторите кои успешно го оперирале.
Се разнежнив, конечно добра вест ...:pipi:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не ми се верува дека има бездушни луѓе како неговите што се откажале од него.
Браво за девојката од Британија што сака да го посвои и за сите што се грижат за Бошко. Неговите родители треба да се засрамат.
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Сонце,месец дена има ,а колку многу ги мрдаше нозете ко никогаш да немало операција.Многу ми е мило и знам дека се ќе биде во ред со ова бебенце,борец голем е.

И браво за сите хумани луѓе и сите вработени кои се грижеа за Бошко.
Нека му даде Господ здравје барем за наредните 100 години.
 
Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Браво за нашите хирурзи кои одлишно си ја завршија работата и му посакувам се најдобро на Бошко и неговата нова фамилија:smir:
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Браво , браво!
Бошко, срцуле:back:
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Браво за малиот борец, толку малечок а покажа воља за живот повеќе од многумина:vozbud:...нека пукнат двајцата т.н родители кои се откажаа од него, живеј си Бошко 150 годинки нека не ти кратат овие над мене.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Постојат луѓе, кои од одредени причини, им е ускратен благословот да создадат чедо, а се би дале да го имаат...А постојат и такви клетници кои совеста им е толкава што едноставно да се чудиш како тоа спијат навечер...Мене морници ме лазат.

Па добро, како може некој да створи нов живот, своја крв, и најладнокрвно да се откаже, да го отфрли...да не го интересира за неговата судбина...

Болест.

Бошко е силно мало човече. Благословена нека му е иднината, мило ми е што му се усреќи. Среќа да го прати и понатака.
 
Член од
28 јуни 2006
Мислења
65
Поени од реакции
1
Гледам дека два членови ги напаѓаат родителите на Бошко...
Немој да судите кога не ја знаете правата вистина. Судбината на Бошко и судбината на родителите е резултат на нестручноста или “нестручноста“ на нашите лекари. Немојте толку лесно да го голтате тоа што ке ви го сервира телевизијата,па нарочито А1 кој сака на туѓа мака да зголеми популарност.
Јас лично мислам дека треба сега државата да ги понуди и да им го врати детето назад кај своите родители .... И секој чест на тој што го оперира и му пожелувам добро здравје на Бошко...
 
Koму да го вратат?На тие чудовишта?Не е друже како а1 ни сервира на нас,туку како реално по ни една цена дете не се остава.
Не е тоа бостан па ако не ти успеал годинава,не е страшно,ке посадиш пиперки догодина.Се работи за невино човечко суштество.

И знаеш што?Мене воопшто не ме интересира целата приказна на родителите ,зошто стануваше збор за БОЛНО бебе и ако се така во животот ти изгледа тебе едноставно кога неможеш остави а кога некој друг ќе ти ги среди работите пак да си го бараш назад,навистина ми е жал.

Тие луѓе не заслужуват ни куче сега да им се даде да чуваат,а не пак бебето да им го вратат.

п.с Јас не судам ,само кажувам дека од такви суштества ми се одмилува човечкиот род.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Тие луѓе не заслужуват ни куче сега да им се даде да чуваат,а не пак бебето да им го вратат.
Море не куче што не заслужуваат,им ги жалам инсектите по дома што им талкаат,нема ништо асолно да најдат:)!
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Битно Бошко е прав борец!Се избори за својот живот,и алал да му е и на хирургот!Секоја чест!

За родителите... немам коментар.
 
Член од
28 јуни 2006
Мислења
65
Поени од реакции
1
Koму да го вратат?На тие чудовишта?Не е друже како а1 ни сервира на нас,туку како реално по ни една цена дете не се остава.
Не е тоа бостан па ако не ти успеал годинава,не е страшно,ке посадиш пиперки догодина.Се работи за невино човечко суштество.

И знаеш што?Мене воопшто не ме интересира целата приказна на родителите ,зошто стануваше збор за БОЛНО бебе и ако се така во животот ти изгледа тебе едноставно кога неможеш остави а кога некој друг ќе ти ги среди работите пак да си го бараш назад,навистина ми е жал.

Тие луѓе не заслужуват ни куче сега да им се даде да чуваат,а не пак бебето да им го вратат.

п.с Јас не судам ,само кажувам дека од такви суштества ми се одмилува човечкиот род.
Па за да судиш за некој треба да ја видиш и другата страна. Прво бебето незнам дали си запознает од што боледуваше? Тоа имаше вода во мозокот и проблеми со рбетниот мозок. Тие се видливи аноналии кај фетусот , кој за доктор Таше изгледа не беа видливи ( највероватно оти не му шарнаа на Таше троа отпоке) , второ потпишвањето за да не се изврши операција и откажувањето од старателство беше наметнато од страна на докторите во Битолската клиника. Јас лугето не ги знам лично во разговор со вработен во болницата овие работи ми ги кажаа. Инаку фамилијата на родителите и самите родители биле многу фини луѓе,се спремале за приновата се како што треба. Другар да не му си во кожата ролетните им се спуштени во дворот не изчегуваат луѓето.
И да завршам некој пат побезболно е да не ги гледаш страдањата на таквите дечиња,тие моменти се тешки,овде можиме колку сакаме да пишиме и да даваме суд но тешко на тие кој имаат такви маки....
 
Првин девојка сум за во иднина може ќе ти послужи родот:wink:.

Вака,јас не реков дека им е сеисто кога го гледаат син и на тв,ама неможам да сфатам под никаков притисок не би го направила тоа.Значи јас бев најмногу револтирана,кога таткото отиде и потпиша да не се оперира.Извини ама ако имам притисок што не ми одговара мене има кој да ме заштити нели?Можеа да излезат на тв да кажат.

Можеме до бесвест да се објаснуваме ама сепак јас ниту судам ниту ме интересира сега како живот ќе имаат тие,моето е тоа дека не смееа во ниеден случај да го остават тоа бебе на милост и не милост.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom