- Член од
- 8 јануари 2009
- Мислења
- 169
- Поени од реакции
- 8
Нормално дека имам, но не како пациент туку како професионалец.Имаш искуства со Варуминот? Ако немаш не би требало да тврдиш дека е измама. Брат ми го користеше со уште неколку други препарати и цитостатик. А спореди со животот кој лесно може да отиде, не е воопшто скап. Ништо не е скапо ако помогне. А и цитостатиците се милионски бизнис, луѓето и покрај нив завршуваат трагично, кој за тоа треба да одговара? Ова е најопака болест до сега, таман човек помисли дека е излечен, ете ја уште појака и погадна. Само ако не проба човек утре може да се кае што не пробал и отишол кај Бога.
Затоа прашувам дали имаш искуства со Варумин? Или сличен препарат.
Пријателу медицината е многу напред, колку и да изгледа невозможно.
Како што во економијата ако земеш кредит со камата 50% на годишно ниво е смешна работа така и во медицината ако лекуваш рак со прополис, лук, алое и уште 6 билки (го сочинуваат Вармумин).
Научните институти работат ден и ноќ и денес на пазарот не постои толку магичен лек како што е претставен Варуминот.
Клиничките резултати се најчесто од типот: Подобрена е седиментацијата, крвната слика, нивото на холестерол, нивото на она на ова.
А "експертските" оценки се: Варумин е добар препарат кој може да се применува кај пациенти болни од тумори, малигни болести, па ајде сега и мултиплекс склероза, па ајде и HPV :nesvest:...па се оди до нон сенс.
Овде се кажува абе може да го земаат и оние пациенти. Никаде до сега не е кажано како тоа дејствува, какви статистички проучувања се направени, каква контролна група е применета, како што научно треба да биде. А експертите не се експерти по знаење туку по вокација.
Не е скап?
Па во моментот кога јас се сретнав цената беше во МК пари околу 4000 ден. А за еден пациент "правилно" да се лекува треба да троши околу 30.000 ден. на месец. Можеби во МК е и поевтин.
Најсериозно тврдам дека ова е невиден криминал што се влечка од пред 10-тина години. И во цивилизираните земји ова проаѓа мнооогу многу тешко. Да се посега по човековото здравје, и тогаш кога тоа е најкревко, па да е во Кина господине по брза постапка се посегнува кон смртна осуда.
Затоа што додека пациентот е заблуден и лекуван со прополис и лук губи драгоцено време нелекувајќи се со она што треба.
Цитостатиците имаат неверојатен ефект кај болните од рак.
Но што е разликата помеѓу Варумин и цитостатиците?
Цитостатиците дејствуваат ВРЗ и НА РАКОТ, а Варумин дејствува на многу други работи НО НЕ И НА РАКОТ.
Ете тоа е.
Дејството коешто е било кај твојот брат е било единствено на прво место психолошко, и на второ евентуално подобрување на крвната слика и евентуално за многу мала степен имунитетот. Но, за подобрување на имунитетот еден раково болен пациент се праќа на спец. Имунолог и му се препишува терапија којашто е барем 1000 пати поуспешна од прополис и лук.