За време на изминатиот викенд во градот под Шара се случија два крвави настана
Во пукотници во Тетово загинаа две лица, а тројца се потешко повредени
Тетово станува сў поопасно место за живеење
ГОЈКО ЕФТОСКИ
ТЕТОВО - Во изминатиот викенд Тетово го потресоа два крвави настана во кои животот го загубија две лица, еден Македонец и еден Албанец, а тројца се потешко повредени. Животот го загубија Метин Адили (21) и Ванчо Јосифовски (18) и двајцата од Тетово.
Првиот се случи во петокот вечерта, десетина минути пред 22 часот. Припадници на полицијата вршеле рутинска контрола на возила. На знакот да застане, возачот на патничкото возило ?опел кадет" со црвена боја, без регистарски таблички, ја зголемил брзината и го насочил автомобилот кон полицаецот, кој отскокнувајќи настрана успеал да се спаси од прегазување. Како што тврдат извори од МВР, во истиот момент од возилото било два пати стрелано во правец на полицијата, на што таа морала да возврати. Кога ?опелот" се нашол на ул. "Иво Рибар Лола", со уште поголема брзина се упатил кон Дреновец 2. Во тој момент повторно се слушнале пукотници. Возилото што го управувал Ирфан Нухиу (19), конечно, застанало на главниот пат кон Вратница што ја сече населбата Дреновец кај маалото Циглана. Од престрелките тешко бил ранет Метин Адили (21), кој подоцна им подлегнал на повредите, а на болничко лекување бил задржан Менсур Рамадани (21), кој задобил прострелни рани во пределот на слабината. Четвртиот патник бил Ибрахим Нухиу (21). Сите тие се од дивата населба Дреновец 2 во Тетово. На самото место бил извршен увид во кој, покрај полициска екипа, биле и претставници на ОБСЕ и на ?Килибарна лисица" на НАТО, кои заеднички работаат на утврдување на причините во врска со настанот. Во разговорот што го извршиле органите со Менсур Рамадани, тој признал дека бил еден од четворицата во групата што се наоѓала во возилото.
Вториот крвав настан се случи во саботата доцна попладне, нешто по 18 часот. На аголот на стариот Градски стадион група од 30 -ина млади, сите Македонци, додека играле кошарка на импровизираното игралиште, крај нив запрело возило "опел аскона", со бела боја, со швајцарски регистарски таблички . Одеднаш од возилото во правец на младите бил истрелан рафал од автоматско оружје. Неколку куршуми смртно го раниле Ванчо Јосифовски (18), ученик во Државното економско училиште ?8 Септември" во Тетово, Душко Билбиловски (29) бил погоден во карлицата, кој по укажаната помош во Медицинскиот центар во Тетово е упатен на натамошно лекување во една од клиниките во Скопје, а Небојша Стојановски (18) со потешка рана во пределот на вратот е задржан во болницата во Тетово.
По злосторството возилото со голема брзина се упатило во правец на дивата населба Дреновец 2. Набргу на местото на настанот се најдоа полициски екипи и возила на ОБСЕ и на ?Килибарна лисица". Наши соговорници, очевидци на крвавиот настан, немаа никакво објаснување за причините за злосторството. Некои сметаат дека никој немал посебни причини да стрела врз младите Македонци и дека, всушност, се работело за одмазда врз невини лица за претходното загинување на еден од четворицата Албанци во престрелката со полицијата. "И во најголемите воени дејства, кога овој простор беше еден од најсериозно загрозените делови на градот, младите од овој реон играа кошарка на истото место, но немаше последици по нивната безбедност. Злосторниците мора итно да се пронајдат и да се соочат со лицето на правдата", ни изјавија неколкумина жители од оваа населба со солзи во очите.
По овие два крвави настана атмосферата на несигурност како да го зафати целиот град. Улиците на Тетово останаа пусти. Тетовци се повлекоа во своите домови разочарани и обесхрабрени од она што веќе почнува да им се случува. Заедничка карактеристика на овие два настана е тоа што тие се случија на иста улица - булеварот "Благоја Тоска", на стотина метри оддалеченост. Тоа е просторот во близина на Градскиот стадион каде што за време на кризата постоеја два пункта на безбедносните сили на АРМ и на полицијата, а сега токму тука, на државно земјиште, бесправно се подигаат објекти со необични отвори кои повеќе наликуваат на пушкарници. Засега тоа никој не го спречува. Сопствениците, главно, се дојденци од Косово.
http://www.utrinskivesnik.com.mk/?pBroj=998&stID=4554&pR=2
Ajde sega da ve slusam ''gjauri'' za onie sto ne vikaat Albanci...Za drugite respect