Убо испеа сега, дај не зезајте. Песната е тешка и ја испеа на свој начин, не се обиде да го копира Тоше. Сваќам кога некој ќе чуе како друг пее песна од Тоше, одма имате перцепција како Тоше ја извел и очекувате на исти начин другиот да ја изведе иако поседува различен вокал. Тонски Даниел не исфалшира, ја прилагоди песната на својот глас.
Кај нас ако се појави вокал што има боја на гласот слична на Тоше, одма секаде каде можат пишуваат дека го имитира Тоше, уште да земат да го запалат на клада (макар што, рака на срце, таквите и најчесто и го користат тоа да си лапнуваат поенчиња, али тоа е тоа), а ако не го имитира Тоше, ако нема таква боја на глас, одма во нивната глава не го бива и слично. Не ни треба да звучи како Тоше и мене тоа ми е најдраго од се. Најдраго ми е што пред нас го имаме Даниел, а не следниот Тоше.
Па уште паметам што се говореа за Тоше додека беше жив, а откако почина голем дел од тие што збореа, одеднаш почнаа да паѓаат у трансови, па сега секој што се обидува да направи нешто го саботираат.
Не за џабе и самиот Тоше си ја создаде песната “Цреша“, си знаеше човекот што пееше и зашто го пееше тоа. И денес да беше со нас, ќе беше прв што на Даниел што ќе му речеше Браво и ќе му дадеше поддршка.
Тоше е незаменлив, затоа што како него човек у Македонијава, па и општо во светот, ретко се раѓа. Човек кој не ја изгуби својата човечност и топлина, човек кој никогаш јавно не навредил некого, што ги поддржуваше сите и искрено посакуваше успех, за разлика од мнозинството Македонци кои одвај чекаат и се молат некој да не успее во животот.
Мене ми е драго што пред мене не го гледам новиот Тоше, зошто Тоше беше само еден, драго ми е што пред мене го гледам Даниел. Тој пее на свој начин, не сме навикнати ние на тоа, затоа и ни е чудно. Исто што утре (дај Боже) кога ќе има свои песни и некој друг се обиде да ја пее песната, ќе ни биде чудно, зошо сме навикнале гласот и пеењето на Даниел.