Бадник и останатите пагански обичаи

Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Се во слава на Бога. Се збираме покрај огинот и се дружиме во чест на Големиот ден кој што доаѓа. Божик. Убаво и топло звучи. И најголемите студови не го прекинале овој обичај. Е,сега прашање е дали е српски празник. Не би се сложил. Го слават и останатите наши православци: Бугарите,Романците,Русите дел од Грците.... Ова го слушнав на нивните денешни вести(србските). Значи општ православен обичај. И мноштвото народ е во пост овие денови,само по некој поединец или мала група ќе го расипе тој посен амбиент на кој се служат:костени,ореви,бадеми лешници,кисела зелка, а и ракија(топла),вино...
Има и такви кои ќе се поднапијат повеќе и што,и да бил дома истото ќе го направел. Важна е причината за собирањето. Доаѓа Божик. Треба да се даде поголемо значење,па еднаш е Божик и не ја пропуштајте шансата за да излезете и кажите дека учествувавте во подготовките за тој величествен ден.
па Православен празник нормално е сите православни земји да го слават, али палењето бадникови гранки и оган е српски обичај
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
Kolede ,Badnik-palewe ogan ne e cisto srpski obicaj tuku pravoslaven. Го слават и останатите наши православци: Бугарите,Романците,Русите дел од Грците.... Ова го слушнав на нивните денешни вести(србските). Значи општ православен обичај.
Србите Василица ја нарекуваат србска нова година што не е така. Таа е православна Црковна Нова година. И сега што треба,да не ја славиме и незе зашто тие по нивните зборови и називи изгледа е само нивна. Не.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
не мешај поими сега ити
а за останатот и владиката Наум кажа јавно на ТВ дека никаде во православните земји нема ставање пара во леб,бадникови гранчиња и палење огнови туку само во Србија и некои македонски градови што го примиле од србите тоа
ова го имаше на сите вести, а го има и на страната на МПЦ
 
moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Прославувањето на празникот наречен Божик започнало многу пред христијанската ера. Многу од обичаите поврзани со Божик се пренесени од Паганството. Старите Грци и Римјани одржувале празнувања во чест на Богот на виното Дионис или Бахус. Тие празници познати како Баханалии изобилувале со оргии и пијанство, па поради тоа Римскиот сенат во 186 год. п.н.е. ги забранил. Иако Баханалиите биле забранети народот елементите од тие празнувања тежнеел да ги пренесе на други празници кои се одржувале во истиот период од годината.

Кон крајот на Декември се прославувале и празници во чест на Богот Сатурн наречени Сатурналии. Сатурн кај Римјаните бил врховен бог на земјоделието. Запазете на кој начин се одржувале Сатурналиите: Целата работа престанувала, робовите биле изедначувани со господарите, се разменувале поклони, палени се свеќи и лампи за да се уплашат духовите на темнината, се одржувале гозби и пијанки. На Римска нова година куќите се украсувани со зеленило и светла и давани му се поклони на децата и сиромашните.

Од каде потекнува 25-ти декември како датум на обележување на Божик (Католички). Јулијанскиот календар објавен 46 год. го прогласува 25-ти Декември за ден на зимската краткодневица. Подоцна со ревизија на календарот е корегиран датумот на краткодневицата но празниците поврзани за тој датум останале. Времето на зимската краткодневица во сите пагански митологии е поврзувано со ритуали кои имале за цел да му се врати моќта на Сонцето и да се прослави неговата победа над силите на темнината. Во средината на зимата за паганските народи било многу важно одбележување на плодноста и повторното раѓање, затоа за декорација е користено зимзелено дрво а огновите се палени со цел да се растера темнината која во тој дел од годината е во пораст.

Древните Персиијци на 25-ти декември го славеле раѓањето на Богот на светлината Митра. Богот Митра е сметан за отелотворување на Сонцето. Во втората половина на 3-тиот век Митраизмот станал една од официјалните религии на Рим. Царот Константин бил приврзаник на Митраизмот се до неговото формално преобратување во Христијанството во 4-тиот век и под негово влијание главните празници од неговата стара религија се преместени и во Христијанството. Па така одбележувањето на Божик меѓу христијаните започнало дури во 4-тиот век.

Значи одбележувањето на Божик не е втемелено ниту од Исус, ниту од Апостолите, ниту од раните христијани туку започнало 300 год. подоцна како клон на паганските култови.

Дали библијата го смета Божик за еден од најважните Христијански празници?

Две од четирите евангелија воопшто не го споменуваат Христовото раѓање. Матеј и Лука го опишуваат тој настан но не даваат датум. Никаде во Библијата не пишува ништо за одбележување на Христовото раѓање.
 
jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
Овие обичаи се многу одамна познати кај нашиот народ, исто така и практикувани доста, па тешко ќе биде да се искоренат, сепак се дел од нашата Македонска традиција.
 
moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Овие обичаи се многу одамна познати кај нашиот народ, исто така и практикувани доста, па тешко ќе биде да се искоренат, сепак се дел од нашата Македонска традиција.
Се согласувам дека се дел од Македонската традиција како што велиш, но тоа не ги прави дел од никаква христијанска, православна или незнам каква традиција со потекло од јасли.
 
jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
Се согласувам дека се дел од Македонската традиција како што велиш, но тоа не ги прави дел од никаква христијанска, православна или незнам каква традиција со потекло од јасли.
Да де, ама е традиција на правосланите, мислам они започнале со овие обичаи ако не се лажам??? или ?
 
moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Да де, ама е традиција на правосланите, мислам они започнале со овие обичаи ако не се лажам??? или ?
Пријателче зарем толку ти беше комплициран постот погоре? :helou:
 
jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
Пријателче зарем толку ти беше комплициран постот погоре? :helou:
не, зашто не ми е јасно кој почнал, зашто само православните палат оган, за други немам слушнато:smir:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
не, зашто не ми е јасно кој почнал, зашто само православните палат оган, за други немам слушнато:smir:
а кои православни???

немам слушнато дека во русија или бугарија палат оган, нити кај нас во кичево не палиме оган за бадник
 
jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
а кои православни???

немам слушнато дека во русија или бугарија палат оган, нити кај нас во кичево не палиме оган за бадник
Па во Кичево за василица, не?
Епа традиција на некои православни луѓе во Македонија ок е сега?:pos2::smir:
Како да кажам веќе, ни јас не знам, само знам дека муслиманите и католиците и другиве религии не палат, него само православните така?
 
moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Формално прогласување на некој обичај за христијански, не го прави навистина христијански. Прилагодувањето на Божјите празници на оние во чест на паганските божества и измислување на обичаи за да би се замениле они кои Бог ги дал е прекршување на првата и втората од десетте Божји заповеди. Бог никогаш не им дозволил на луѓето да го слават на начин и време за кои тие самите сметаат дека се исправни. Во Библијата јасно е кажано; Немојте да му служите на Бога на начин како тоа го прават паганите.

ова од друг агол
 
ок, ок значи пак потекнува од христијани да речеме, кои мислеле дека така треба а не требало уствари, па си останало, онака на своју вољу и ризик јак да се тераат обичаиве. Мене искрено не ми смета ова со палењево оган зашто не го сметам за некопја лоша работа, спротивно - позитивна, мезе едно друго , муабети...
Е сеа ако е за пиење работава, демек се пијанчеле луѓево-срамота, ако е за тоа пола Македонија се пијанчи секој втор ден по кафичи и дискотеки па ништо, па сеа за еден ден било срамота!

А и во Библијата пишува многу работи кои ние не ги правиме ко што треба и нетреба, јас сум прекршила неколку од 10- те заповеди, а мислам дека не сум единствена, па затоа сме луѓе - грешници.
а и јасно ми е дека скоро секој човек, си го замислува и му служи на Бога на свој начин, така да не мислам дека некој ќе убедам на спротивно.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
А пак Божикниот пост нема врска со христијанството, и така срекни и весели лугево си играле христови следбеници таканаречени христијани.
Ако Божикниот пост нема врска со Христијанството тогаш со што има?

Kolede ,Badnik-palewe ogan ne e cisto srpski obicaj tuku pravoslaven. Го слават и останатите наши православци: Бугарите,Романците,Русите дел од Грците.... Ова го слушнав на нивните денешни вести(србските). Значи општ православен обичај.
Србите Василица ја нарекуваат србска нова година што не е така. Таа е православна Црковна Нова година. И сега што треба,да не ја славиме и незе зашто тие по нивните зборови и називи изгледа е само нивна. Не.
Освен во Македонија и во Србија никаде во православните земји нема такви обичаи.А дека Бугарите, Ромаците Русите прават такви пагански обичаи се сажеш.
Ако ја нарекуваат дека е нивна тогаш само они си ја слават како што е и случајот со повеќе светители, ако тоа е општо за Православието ке имашец накаква теолошка основа, а ваквите глупости не се спомнуваат никаде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom