Бадник и останатите пагански обичаи

Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Обичајот на бадниковото гранче е препознатлив обичај на Србите и на Српската Православна Црква и на ниту една друга православна Црква и народ. Овој обичај е насилно воведен во нашите цркви после утврдената српска окупација на Вардарскиот дел од Македонија по завршетокот на Првата светска војна. Мене ми е разбирливо зошто овој обичај се задржал или се обновил во Скопје и на некои други места, односно во делот на Македонија каде што според последниот попис живеат околу 40.000 Срби, но не ми е јасно зошто истото се случува и во некои други делови од Македонија и зошто еден туѓ обичај од незнаење да прифаќаат Македонците? Дали е во прашање медиумската соблазна на народот или незнаење или среброљубие или сензација или пак некоја друга причина, Господ знае? Знам само дека е ова прашање на национален идентитет и знам дека со медиумското форсирање на ваквите обичаи се дефокусира јавноста од она што е битно, а тоа е исполнувањето на Божјите заповеди, исповедта на своите гревови и причестувањето со Телото и Крвта Христови. Очигледно, многу е полесно да се собираат гранки по шумаотколку да се чекори по тесниот евангелски пат. Бадниковите огнови се во потполна несогласност со Црковното Предание. Палењето оган, печењето колбаси и пиењето ракија се во апсолутна спротивност со Божиќниот пост. Свештенството, за почеток, не треба да дозволи овие појави да се случуваат во црковните дворови. Истото важи и за бадниковата семејна вечера, ако луѓето се откажат од светата Причест заради јадењето зејтин и риба.
Ставањето на паричка во лебот или питата за Бадник е исто така српски црковен обичај. Како и да е, ставањето на паричка во лебот на Бадник нема никаква основа ниту во теологијата ниту во преданието на Црквата. Македонски црковен обичај е паричката да се става во лебот или во питата или во колачот на 14 јануари – денот на свети Василиј Велики, попознат во народот уште како Василица или како Стара Нова Година. Кој сака да знае повеќе за ова нека прочита во житието на свети Василиј Велики, кое може да се најде на македонски во православниот календар на интернет-страницата на Македонската Православна Црква – www.mpc.org.mk.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.226
Поени од реакции
34.519
Зошто не го гледам ова напишано на страната на МПЦ?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Има, некаде е стутулено. Барем јас знам дека годинава имаат повик до народецот да не пали огној и да не прескака огној и да не грее ракии. Е сеа, линкот....не знам.

Ама, традиција е станато, интересно е, се оттргнуваат мислите на народецот од секојдневните искушенија и опредизвици за опстанок и спас на голиот живот итн.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
A be, ova ne e za nas, za Strumica e! :):):)!

Nejse, шегата на страна, ама има уште мал милион пагански обичаи кај нас, ако не фати паранојата на Гwујо и почнеме само по канони да живееме, ќе не закачи мрак каков што немало ни за време на турско, а ни во Европа за време на инквизицијата.

Нека, малку нека се порадува народ, доста е зачмаен постојано од немајкаде да изнајде малку храна за децата.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Еве Црквата почна да ги испоренува таквите пагански навики, и одма македонскиот безбожен, варварски народ се јави, наводно тоа било традиција и морало така да биде, а еден да праша тоа што го прават дали знае што значи ќе биде добро.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
испоренува
1. Објасни го овој немакедонски збор!



2. Не ми го дрви, не се палам на пишман богољупци и не смарај бидејќи јас не сум за ИСПОРЕНУВАЊЕ (што ли да ти значи тоа), туку сум за да не се меша црквата многу во работата на обичниот народ за да не ги потсети истиот тој народ што се случувало во македонската историја како традиција секогаш кога попојте отпојќе си земале за право!

3. Зошто тогаш црквата не дели леб и риби како што тоа го чинел Исус (беспари) и не пои гладне и страдне народ со вино?

4. Не се станува дебел крмак од пост и богољубие (како оние нашине попој) туку од ждрање прекумерно.

5. Пагански, непагански, востановена практика за оттргнување на злите мисли, дружба и веселба! Што би сакала црквата, а? Да се затвориме во сопствените сивила и богољубно да се молиме за ибавение од земскиве страдања додека од соседната соба се слуша задригнатиот глас на некој политичар како беспредметно лае, а детето ни гладува и плаче од немаштија и недружба? Бадник е ден за да се потсетат луѓето дека на тој ден се родил спасителот, кој треба да ги избави од страданијата преку саможртва и несебичност. На Бадник се дели она малку што се има за храна и пиење со соседите, се греат на огновите за да загреат коски замрзнати, се дружат комшии и патници намерници.

Се најде пишман попон да не учи на себеодрекнувања и тоа во име на бога, канонски да сме живееле.
Бреј. Прв нека почне тој, потоа.

А ако многу кенкаш, лично го знам Наума.

Не е лошо да се сака своето, ама своето од искона до сегашно модерно доба.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.226
Поени од реакции
34.519
Дискутирајте. Јас идам да палам огин и да пијам греана ракиичка :)
Колку и да се пагански, овие обичаи ги зближуваат луѓето и бар на момент ги оттргнуваат од секојдневните глупости.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кога повеќето од народецов би знаеле дека добар дел, да не речам, најголем дел од „обичаите„ се славење на силите на злото, тешко дека би ги практикувале тие „обичаи„. Преоѓањето преку оган, редовно практикувано на Бадник, е забрането од Творецот уште во Стариот Завет. Коледарската песна, знаете која, е тежок паганизам и апсурд за тој ден. Постои друга коледарска песна, која ретко кој ја знае-веќе е заборавена. Јадењето мрсна храна на Бадник, нема блага врска со Божикниот пост. А петардите на Бадник? Гласната музика? А „традиционалистите„ со сета сила ќе ги бранат своите навики, разбира се.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
1. Објасни го овој немакедонски збор!



2. Не ми го дрви, не се палам на пишман богољупци и не смарај бидејќи јас не сум за ИСПОРЕНУВАЊЕ (што ли да ти значи тоа), туку сум за да не се меша црквата многу во работата на обичниот народ за да не ги потсети истиот тој народ што се случувало во македонската историја како традиција секогаш кога попојте отпојќе си земале за право!

3. Зошто тогаш црквата не дели леб и риби како што тоа го чинел Исус (беспари) и не пои гладне и страдне народ со вино?

4. Не се станува дебел крмак од пост и богољубие (како оние нашине попој) туку од ждрање прекумерно.

5. Пагански, непагански, востановена практика за оттргнување на злите мисли, дружба и веселба! Што би сакала црквата, а? Да се затвориме во сопствените сивила и богољубно да се молиме за ибавение од земскиве страдања додека од соседната соба се слуша задригнатиот глас на некој политичар како беспредметно лае, а детето ни гладува и плаче од немаштија и недружба? Бадник е ден за да се потсетат луѓето дека на тој ден се родил спасителот, кој треба да ги избави од страданијата преку саможртва и несебичност. На Бадник се дели она малку што се има за храна и пиење со соседите, се греат на огновите за да загреат коски замрзнати, се дружат комшии и патници намерници.

Се најде пишман попон да не учи на себеодрекнувања и тоа во име на бога, канонски да сме живееле.
Бреј. Прв нека почне тој, потоа.

А ако многу кенкаш, лично го знам Наума.

Не е лошо да се сака своето, ама своето од искона до сегашно модерно доба.
Се извинувам испоренува-искоренува!
Црквата нема ништо со таквите обичаи, народот е тој што секогаш за такви работи се обраќа кон Црквата.
А дали некој е дебел е само личен проблем, и секој сам ќе си одговара за делата, па и дали постел или не.
Да, за време на пост со ракија и колбаси со такви работи ти си ги отргнуваш лошите мисли, ти се молам не трескај зелени!
А од таквите дружење после никој не се причестува бидејќи Причеста ја заменуваат со ракија и колбас.
Не Отец Наум и Архиепископот знај го лично, нема фајде од тоа кога се занимаваме со такви работи, зборуваме дека не сме српски настрпени и дека сме чисти македонци а се служиме со нивни обичаи, глупосттттт, ужассс
Владиката е Наум а не Наума, имај барем малку почит, ако сакш мислам
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Кога повеќето од народецов би знаеле дека добар дел, да не речам, најголем дел од „обичаите„ се славење на силите на злото, тешко дека би ги практикувале тие „обичаи„. Преоѓањето преку оган, редовно практикувано на Бадник, е забрането од Творецот уште во Стариот Завет. Коледарската песна, знаете која, е тежок паганизам и апсурд за тој ден. Постои друга коледарска песна, која ретко кој ја знае-веќе е заборавена. Јадењето мрсна храна на Бадник, нема блага врска со Божикниот пост. А петардите на Бадник? Гласната музика? А „традиционалистите„ со сета сила ќе ги бранат своите навики, разбира се.
Ах од вакви лажни моралисти (полно пати оправдуваше разни геноциди)... ој бе затвори се во ладна два на два метра ќелија и моли се колку ти душа сака... вечерва е време за журка:vozbud:

п.с. знаеш колку убаво ми легна на ова ладното греаната ракија и сланинката...
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
. Јадењето мрсна храна на Бадник, нема блага врска со Божикниот пост.

А пак Божикниот пост нема врска со христијанството, и така срекни и весели лугево си играле христови следбеници таканаречени христијани.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Ама, традиција е станато, интересно е, се оттргнуваат мислите на народецот од секојдневните искушенија и опредизвици за опстанок и спас на голиот живот итн.
во кичево никогаш не било тоа традиција, палење на оган, паричка такви работи традиција се на Стара Нова година
изгледа ние не сме биле посрбени...
 
A

ateist

Гостин
Ах од вакви лажни моралисти (полно пати оправдуваше разни геноциди)... ој бе затвори се во ладна два на два метра ќелија и моли се колку ти душа сака... вечерва е време за журка:vozbud:

п.с. знаеш колку убаво ми легна на ова ладното греаната ракија и сланинката...
vone..........ова не ти требаше.............

со две реченици ги опиша од глава до пета

па со паганите какви такви бар начисто ќе сме биле ........

од ова религиозниве .........пу пу подалеку................

светец до светец.....со исти ингеренции како и паганските богови

и плус ојачани со љута резерва ....свемогучи - свеоправдајучи бооооооггггг

пагани....бог-марс или кој и да е ..........бог на војната

а не овие ...си пишува Бог на Мирот= безконфликноста

фино лепо кога и од нив да побараат државите.....

одма ....."етееее Бооог бара војна...тоа му е волјата.........."

..........."ајмо да убијамо...за бог ...разбира се..."
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
Се во слава на Бога. Се збираме покрај огинот и се дружиме во чест на Големиот ден кој што доаѓа. Божик. Убаво и топло звучи. И најголемите студови не го прекинале овој обичај. Е,сега прашање е дали е српски празник. Не би се сложил. Го слават и останатите наши православци: Бугарите,Романците,Русите дел од Грците.... Ова го слушнав на нивните денешни вести(србските). Значи општ православен обичај. И мноштвото народ е во пост овие денови,само по некој поединец или мала група ќе го расипе тој посен амбиент на кој се служат:костени,ореви,бадеми лешници,кисела зелка, а и ракија(топла),вино...
Има и такви кои ќе се поднапијат повеќе и што,и да бил дома истото ќе го направел. Важна е причината за собирањето. Доаѓа Божик. Треба да се даде поголемо значење,па еднаш е Божик и не ја пропуштајте шансата за да излезете и кажите дека учествувавте во подготовките за тој величествен ден.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom