Некогаш Бугарија сакаше да е како Грција, сега само се надева дека ќе преживее
Некогаш Бугарија се надеваше дека ќе биде како Грција, сега само се надева дека ќе преживее, пишува британски "Економист" под наслов "Во бурен регион".
Според бугарскиот аналитичар Иван Крастев пред 20 години оптимистичките аналитичари во прогнозите изразуваа голема надеж дека Бугарија може да стане како Грција. Односно "умерено демократска, но умерено корумпирана". Сега, вели тој, тие се надеваат дека Грција може да биде како Бугарија - сиромашна, но финансиски дисциплинирана и без да создава главоболки за другите.
Засега Бугарија и’ одолеа на економската и еврокризата. Невработеноста е 12 проценти, што е половина од нивото во Грција и Србија. Се претпоставува дека повеќе од еден милион Бугари живеат и работат во странство, а најмногу во Шпанија и Грција.
Бруто домашниот производ на Бугарија се зголеми за скромни 1,7 проценти во 2011 година и се очекува да се забави оваа година. Неодамнешно истражување покажува дека цели 30 проценти од економијата е сива.
Крастев пишува дека Бугарите се несреќни. Истражување на институтот "Отворено општество" утврди дека над две третини од нив очекуваат економијата да остане иста или да се влоши во следните 12 месеци, а цели 56,7 проценти ситуацијата во земјата ја сметаат за “неподнослива".
Бугарија е најсиромашната земја во ЕУ. Просечните надоместоци се 3,50 евра на час, а просечните месечни плати се само 360 евра. Бидејќи 10 проценти од бугарскиот извоз оди за Грција, а грчките банки држат 40 проценти од сите кредити, едвај е изненадувачки дека Бугарите се нервираат. Она што особено ги загрижува, вели бизнисменот Васил Василев, е стравот од минатото, кое покажува дека она што се случи во Западна Европа "доаѓа тука по година-две."
Василев испраќа организирани групи работници во други земји од ЕУ, особено за сезонска работа. Тој се грижи дека политичкиот притисок врз компаниите да ги заменат неговите работници со локалните невработени може да влијае на неговиот бизнис и на тој начин и на бугарската економија.
Тој смета дека земјата има потреба од план за избегнување на прекумерната зависност од еврозоната.
Во една област пазарот веќе се менува. Кризата од 2008 година остави огромен број непродадени станови по брегот на Црно Море. Кога градежните компании банкротираа, многу од становите се најдоа во рацете на банките. Оттогаш ги купуваат Руси од средната класа, вели банкарката Цветелина Бориславова.
Многу Бугари, кои не ја сакаат Владата на Бојко Борисов, популистички премиер, се жалат од застојот во демократијата.
Аналитичарот пишува дека и состојбата во медиумите е загрижувачка. Главните весници се во сопственост на банките или моќните компании. Истражувачко новинарство речиси и да не постои. Рекламирањето од Владата и од државни претпријатија е голем извор на приходи за весниците и поради тоа автоцензурата е во мода, тврди издавачот Валери Ценков.
Но, бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов вели дека за него е иритирачки “постојаниот пад на квалитетот на новинарството". Тој не гледа врска со автоцензурата.
автор: Нетпрес
--- надополнето: 6 јули 2012 во 14:17 ---
Зарем можно ли е тоа членка на ЕУ да се бори за да преживее?
Јас па си мислев дека во ЕУ мед и млеко тече???