БУГАРИЈА = ЕУ?

Статус
Затворена за нови мислења.

paradigm

The one&only
Член од
11 јуни 2007
Мислења
379
Поени од реакции
5
Незнаете бе ништо вие деца,само сте слушнали приказни по кафичите от некои по стари.Само што не ве грее вас това как било и што.Важното е сега какво е и е важно Македониja час по скоро да биде член на ЕУ и НАТО.Хората искат висок стандарт и добар живот,а не некакви книги за антички македони.
 
Член од
18 јануари 2008
Мислења
97
Поени од реакции
1
Незнам тогаш кој што планирал,само ова го знам дека вие бугарите бевте ѓупци ,Југославија беше за вас друга планета.
Па таа и сега е друга планета. Dead Zone ja викаме таа планета.

Македонија да станеше членка на ЕУ, ви гарантирам дека 100 пати по јаки ќе бевме од бугарчињјата,како на времето на Југославија за нив бевме американци.:pos2:
Не мешаj Југославија со Америка. Нема ништо заедничко. Америка си е Америка. Југославија личи повеке на Афганистан.

Bugarija i EU magare i voena muzika:pos2:
Невероватно ама факт.
 
F

FallenHypaspist

Гостин
Бугарија влезе во ЕУ...а тоа е знак дека не треба барем ние да одиме во ЕУ...

Та историски факт е дека Бугарија од секогаш е била на погрешната страна!!!
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Четврток, 02 јули 2009
Странските инвеститори ја напуштаат Бугарија

Турски и грчки текстилни компании се затвораат, британските и шпанските градежници ги замрзнаа проектите

СТАМБОЛИСКИ - За Гергана Гечева, отпуштена работничка од најголемата фабрика за хартија во земјата, лоцирана во нејзиниот град, која овој месец е затворена, состојбата е јасна: „Градов умира“, вели таа. „Промените треба да почнат од најгоре“. Оваа 48-годишна жена 30 години работеше во фабриката кога нејзиниот сопственик, компанијата „Монди“ со седиште во Јужна Африка, ја затвори затоа што глобалната рецесија ја намали побарувачката.

Фабриката беше отворена во 1957 година и обезбедуваше работа за секој трет човек во овој сиромашен град, со 12.000 жители во тракиската долина, на околу 120 км јужно од Софија. Иста неволја ги снајде и другите мали градови во Бугарија: странските компании се пакуваат и заминуваат од една од најновите, најсиромашните и најоддалечени точки на Европската унија, додека таа е пред парламентарни избори. „Никој не веруваше дека ќе дојде до ова“, вели Гечева, гледајќи кон напуштениот двор на фабриката во Стамболиски, во тишина, која е нарушена само од повременото пристигнување на возовите во станицата.

Во градот, кој во триесетите години на минатиот век се разви како центар за производство на храна, единствениот друг голем работодавач, фабриката за конзервирање од комунистичката ера, беше затворена минатата деценија. Луѓето во Стамболиски и економистите ја обвинуваат владата за неспособност поради фактот дека оваа балканска држава беше неподготвена за кризата, поради немањето високотехнолошко производство и се наоѓа во милост на брзорастечките производители и градежници. Тие наведуваат дека Бугарија е ранлива, бидејќи не ја искористи предноста од неодамнешниот економски бум и да ја подготви инфраструктурата или да се справи со корупцијата и криминалот.

Приливот на готовина од странство се преполови на 995 милиони евра во првите четири месеци од претходната година. Има мал прилив од кинески и од блискоисточни инвестиции, меѓутоа, економистите очекуваат директните странски инвестиции да се преполоват за околу 3-3,5 милијарди евра за цела година. Кризата не е толку болна како во Летонија или во Унгарија, меѓутоа, истражувањето спроведено на почетокот на јуни од страна на агенцијата НПОЦ, финансирана од државата, откри дека 38 проценти од Бугарите се плашат дека би можеле да го изгубат работното место во следните шест месеци, а повеќе од половина ги отфрлиле плановите за летни одмори или за реновирање на домовите.

Владата, предводена од социјалистите, според анкетата на јавното мислење, се движи кон пораз на изборите закажани за 5 јули, наведува дека стапката на невработеност моментно изнесува седум проценти и ќе остане на помалку од десет проценти. Уште наведува дека внимателната фискална политика и акумулацијата на 22,7 милијарди лева резерви во цврста валута, над 30 проценти од БДП, ќе ја амортизираат економијата. Меѓутоа, околу 5.000 луѓе секој месец остануваат без работа, а аналитичарите предупредуваат дека следната влада во Софија ризикува да побара заем од Меѓународниот монетарен фонд сличен на оној каков што побараа Романија, Унгарија, Летонија. „Сега нема ургентна потреба од пари... но, очигледно на макроекономско ниво некој го исклучи приливот“, вели Ларс Кристенсен, економист во Данске банк.

Бесот во однос на неуспесите на коалицијата, предводена од социјалистите, сега доминира во јавните дебати и на изборите, во голема мера, се очекува гласачите да и' ја дадат довербата на опозиционата партија ГЕРБ, предводена од градоначалникот на Софија, Бојко Борисов. Анкетите покажуваат дека 80 проценти од 7,6-милионското население на Бугарија сака промена на власта. „Луѓето се исплашени“, вели Соња Чаталова (46), која, исто така, работеше во фабриката за хартија. „Лути сме им на политичарите што им дозволивме да не' третираат на овој начин“. Компанијата врз чија работа се потпираше опстанокот на градот Стамболиски отпушти поголем дел од 500 вработени, но најави дека би можела повторно да почне со работа откако ќе се зголеми глобалната побарувачка и ќе се намали цената на дрвото.

И на други места се затвораат турски и грчки текстилни компании, британските и шпанските градежни компании ги замрзнаа проектите со недвижен имот, а фабриките за метал и за вештачко ѓубриво, што се во сопственост на странци, го намалија производството. „Агрополичим“, кој е во во сопственост на „УС ацид и фертилајзер“, производителот на челик „Стомана“, кој е дел од грчката групација „Сиденор“, и „Холцим Бугарија“, дел од швајцарскиот производител на цемент „Холцим“, сите ги намалија производството и бројот на вработени.

Економистите посочуваат дека свеж капитал би можел да дојде од Кина, трета по големина економија во светот, која е нетрпелива да ја збогати својата база на инвестиции, или, пак, од некои арапски држави. Кинескиот производител на автомобили „Грејт вол“ минатиот месец почна со изградба на фабрика за автомобили, додека, пак, други кинески инвеститори ја разгледуваат можноста за инвестирање во енергетски проекти, вклучувајќи ветерници и рафинерија за нафта. На почетокот од годинава инвестициониот фонд на владата на султанот од Оман купи малцински пакет акции во бугарската Корпоративно-комерцијална банка и наведе дека ја разгледува можноста за потенцијални инвестиции во туризмот и во енергетскиот сектор. Емирот од Катар два пати годинава ја посети Бугарија за да го разгледа потенцијалот во недвижен имот, туризмот и енергетиката. Ваквите проекти нудат надеж, но не се практичен амортизер.

Некои аналитичари посочуваат дека една третина од 150.000 луѓе, кои работат во текстилната индустрија, каде што се проценува дека годишниот обрт на капитал изнесува 2,5-3 милијарди евра, годинава ќе останат без работа, бидејќи инвеститорите бараат поевтина работна сила во места како Молдавија и Украина. Градежништвото, недвижниот имот и финансиските услуги, кои привлекоа најголем дел од шесте милијарди евра во годишни странски инвестиции во последниве четири години, моментно се во застој.

Дефицитот на тековната сметка на Бугарија останува опасно огромен на 22 проценти БДП, еден од најголемите во ЕУ, и годините минати во живеење на евтин кредит предизвикаа недостиг на готовина. Доколку Софија е принудена да ги исцрпи своите резерви во странска валута за да го покрие дефицитот, Бугарија на крај би можела да биде принудена да го напушти фиксирањето на својата валута, левот, во однос на еврото. Врзувањето од многумина се смета како гарант за економската стабилност.

Аналитичарите додаваат дека Софија мора да понуди реални ветувања за подобрувања во инфраструктурата и да покаже резултати во борбата против корупцијата, за да ја врати довербата на Брисел дека може ефикасно да користи 11 милијарди евра од фондовите на ЕУ и да ги привлече инвеститорите.

Меѓутоа, за луѓето во Стамболиски, разочарани и заморени по дведецениските болни пазарни реформи од паѓањето на комунизмот, исчезнаа надежите за каков и да е просперитет. „Навистина е лошо. Стапката на невработеност ќе се зголемува. Што ќе правиме? Ќе треба да крадеме, што друго“, вели Тодор Митрев (35), градежен работник и татко на две деца, кој веќе две години нема постојана работа. „Владата е таа што треба да се обвини“. (Ројтерс)

http://www.utrinski.com.mk/default.a...330F63EC24A8DA
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Бугарија влезе во ЕУ...а тоа е знак дека не треба барем ние да одиме во ЕУ...

Та историски факт е дека Бугарија од секогаш е била на погрешната страна!!!
Браво,само заради това не треба да сте во ЕУ.БГ враг новер 1.Това много личи на социалистическиот режим.Тогава имаше такви изкази - "Роналд Реjган е враг номер 1 на Тутраканска околиja!" или друго- "Секи готов буркан готова продукциja и секо jajце са трн во петата на капитализма!"
Дали твоите зборови не са много слични со тези погоре,които веке напишав?!
Малце смешни ставови имаш а?
колку да прочитате, а да не се отвора нова тема- затоа веста е тука
http://frognews.bg/news_13911/Istorik_iska_ministerski_post_gotov_e_da_go_narichat/
99% е сигурно дека истиот ке е министар без портфеjл и негови ресори(задачи) ке бидат бугарите надвор от БГ и културното наследство надворо от БГ.Ке се приеме новата влада во понеделник,па ке видиме.
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
99% е сигурно дека истиот ке е министар без портфеjл и негови ресори(задачи) ке бидат бугарите надвор от БГ и културното наследство надворо от БГ.Ке се приеме новата влада во понеделник,па ке видиме.
Аман жити мајкати какво е тоа надворешно културно богатство?
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Аман жити мајкати какво е тоа надворешно културно богатство?
Култура,традиции,заедници зад граница,jaзик,диалекти,споменици,гробишта,артефакти и уште и уште...
Това се е културно богатство.
Само бугарите надвор от БГ са около 3-4 милиона.Нормално е да има министерство и за нив.

Беше отворено досието на истиот от државна безбедност и се видja,дека Божо е бил готвен за агент во архивите и библиотеката на Ватикана.И е бил внедрен во Ватикана.
 
Член од
11 март 2009
Мислења
118
Поени од реакции
4
Факт е дека Романија и Бугарија не беа и сеуште не се подготвени за влез во ЕУ но ги пуштија бидејќи нивната геополитичка положба е многу поволна.Двете земји излегуваат на море, поранешни комунистички земји. САД и другарчињата се засилија во тие предели.
Исто така САД имаат и план за Македонија и тоа голем што не ме радува.
Очекувајте наскоро и насилно влегување во ЕУ и НАТО на Македонија по секоја цена од страна на САД.
Срцето на Балканот, така се нарекуваме и е сосема точно.
Но Американците не гледаат како срце, туку како центар на нивните телекомуникациско-разузнувачки операции.
Доказ: Амбасадата во Скопје која е најголемата амбасада во Европа а можеби и во светот.
Таа личи на се, само на амбсада не личи. Тоа е база на американците.
Од Македонија можат да го контролираат целиот Балкан што не и толку лошо(за нив).
Грција има многу силна лоби група во Конгресот и тоа е единствената причина што не влеговме во НАТО на Самитот во Букурешт како и чувствителноста на Гејците со името.
САД немаат многу нерви, Русија зајакнува економски и политички се стабилизира, како и Кина.
Мораат да го прошират влијанието.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Незнаете бе ништо вие деца,само сте слушнали приказни по кафичите от некои по стари.Само што не ве грее вас това как било и што.Важното е сега какво е и е важно Македониja час по скоро да биде член на ЕУ и НАТО.Хората искат висок стандарт и добар живот,а не некакви книги за антички македони.
кој сме слушале бе,лично гледав како идат блгари и препродава роба све за џабе,за две чрвени и не само бугари во дојран идеа пољаци и носеа едно електрични шпорети портабл......за да го помоинат одморот.......знам дека бевте победни.....но тоа се смени,ама не многу бев во бугарија по малите места јундула брзија.....велинград........а бе само софија ви е европска таму на другите места уште сте цигани за нас
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Skype од 1 октомври 2010 ги тргна Бугарија и Романија од пакетот„Неограничена Европа“ – за неограничена VoIP телефонија за Европа.
услугата овозможува неограничени бесплатни телефонски разговори со сите земји на континентот.
НО, зашто Бг и Ро не се веќе на списокот ???
Skype не даваат објаснување за причината поради, која двете држави-членки на ЕУ се исклучени од пакетот.

http://newtrend.bg/mobile/mobile-technology/kde-se-namira-blgariya-spored-skype
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
кој сме слушале бе,лично гледав како идат блгари и препродава роба све за џабе,за две чрвени и не само бугари во дојран идеа пољаци и носеа едно електрични шпорети портабл......за да го помоинат одморот.......знам дека бевте победни.....но тоа се смени,ама не многу бев во бугарија по малите места јундула брзија.....велинград........а бе само софија ви е европска таму на другите места уште сте цигани за нас
Никаква претстава немаш од Бугарија. Еве нешто од "циганскиот" Велинград:




 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom