БОГОЧОВЕКOT-ОСНОВНА ВИСТИНА НА ПРАВОСЛАВИЕТО

Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Сите вистини во Православието произлегуваат од една вистина и се сведуваат на една вистина безгранична и вечна. Таа вистина е Богочовекот Христос. Ако до крај ја проживеете некоја вистина на Православието морате да пронајдете дека нејзиното срце е Богочовекот Христос. Сите вистини на Православието не се ништо друго туку разни варијанти на една вистина: Богочовекот Христос. Православието е Православие на Богочовекот. И ништо друго и никој друг. Оттука другото име на Православието е Богочовештво. Во него ништо не се случува по човекот и од човекот, туку доаѓа од Богочовекот и се случува по Богочовекот. А тоа значи дека основната, вечната вистина на животот и светот, човек може да ја доживее и запознае само преку Богочовекот, во Богочовекот. Уште нешто, целосната вистина за човекот, за целта и за смислата на неговото постоење, човекот ја препознава единствено преку Богочовекот. Без Него и надвор од Него нема вистински човек, бидејки човекот е вистински човек само преку Богочовекот и во Богочовекот. Надвор од Него човекот се претвора само во привидение, во плашило, во бесмислица. И наместо човек наоѓате остаток од човек, дел од човек, исечок од човек. Од тука е дека вистинското човештво е единствено само преку богочовештво. И нема друго под небото. Зошто Богочовекот е основна вистина на Православието? Затоа што ги реши сите прашања кои го мачат човечкиот дух, прашањата на животот и смртта, доброто и злото, небото и земјата, вистината и лагата, љубовта и омразата, правдата и неправдата. Со еден збор прашањето на човекот и Бога. Зошто Богочовекот е основна вистина на Православието? Затоа што со својот земен живот најочигледно покажа дека Тој е овоплотена, олицетворена вечна Вистина, вечна Правда, вечна Љубов, вечна Радост, вечна Сила: Севистина, Сеправда, Сељубов, Серадост, Сесила. Сето боженствено совршенство Тој го донесе од небото на земјата. И не само што го донесе, туку и не научи, и ни даде благодатни сили да ги претвораме во свој живот, во свои мисли, во свои чувства, во свои дела. Оттука е нашата призив да ги воплотиме во себеси и во светот околу себе.​

Погледнете го најдобриот меѓу најдобрите во човечкиот род. Во сето тоа Богочовекот е најдобро, најглавно и највечно. Бидејќи Тој е – светост на светителот, маченик на маченикот, праведност на праведникот, апостолство на апостолот, добрина да добриот, милосрдие на милостивиот, љубов на заљубените. Зошто Богочовекот е се и се во Православието? Затоа што Тој е Еден од Светата Троица, воплотен Син Божји, незаменлив и Бог, и како Утешител, и како Заштитник, и како Учител, и како Спасител. Измачен од земната трагедија, човекот единствено во Него семилостивиот Господ Исус Христос, Го наоѓа Бога кој може вистински да го осмисли страданието, Утешител кој може вистински да утеши во секоја неволја и тага, Заштитник кој може вистински да заштити од секакво зло, Спасител кој може вистински да спаси од смртта и гревот, Учител кој може вистински да научи за вечната Вистина и Правда.

Богочовекот е се и се во Православието, бидејки безмерно го возвеличи човекот, го издигна до Бога, го направи бог по благодат. А тоа го оствари непотценувајки го човекот на сметка на Бога, туку исполнувајки го човекот со сите божествени совршенства. Како никој друг Богочовекот го прослави човекот, дарувајќи му Живот вечен, Вистина вечна, Љубов вечна, Правда вечна, Радост вечна, Добро вечно, Блаженство вечно. И човекот со Богочовекот достигна божествена големина. Додека основната Вистина на Православието е Богочовекот дотолку секоја вистина на инославието е човекот, или делови од неговата личност: разум, душа, тело, вештаство. Никаде во инославието нема интегрален човек, туку целиот е разбиен на атоми и во делови. И тоа се за возвеличување на човекот. Но колкава e бесмислицата “Уметност поради Уметност” толкава е и бесмислицата “човек поради човек”. Тој пат води во кукавички пандемодиум, каде врховен идол е човекот. И никаде покукавички идол од тоа. Почетна вистина на Православието: човекот не е заради човекот, туку човекот е поради Бога. Или поточно заради Богочовекот. Затоа ние во името на човекот остануваме со Богочовекот. Во Него единствено може да се разбере човечкото битие, и во Него само може да се оправда човечкото постоење. Во таа вистина се стекнуваат сите вистини небески и земни, сите вредности во сите светови за кои човек може да размислува, сите радости и сите совршенства кои човек може да ги достигне.

Посредно и непосредно во Православието Богочовекот е се, а во Него и човекот, а во инославието е само гол човек. Во самата суштина Православието не е ништо друго туку чудесната Личност на Богочовекот Христос, продолжена во сите векови, продолжена како Црква. Православието има свој печат и свој знак по кој се распознава. Тоа е светлиот Лик на Богочовекот Исус. Сето тоа што не го содржи тој Лик не е Православно. Се што нема Богочовечка Вистина, Правда, Љубов , Вечност не е Православно. Секој што сака Богочовечкото Евангелие да го оствари во овој свет, со методите на овој свет, и со методите на царството на овој свет не е православно, туку е робување на третото ѓаволско искушение. Да се биде православен значи да се има секогаш Богочовекот во душата, да се живее со Него, да се мисли со Него, да се чувствува со Него. Со други зборови: да се биде православен значи да се биде христоносец и духоносец. Тоа човекот го постигнува кога во телото Христово –Црквата, со целото свое битие ќе се исполни со Богочовекот Христос од врвот до дното. Тогаш православниот човек е постојано распнат со молитвите помеѓу небото и земјата, како јаже кое го врзува врвот на небото со дното на земјата. И додека телото молитвено оди по тажниот земски мравјалник, со душата престојува горе каде Христос стои од десната страна на Бога, бидејки неговиот живот е сокриен со Христа во Бога. (Кол. З,1-3).
Богочовекот е осовина на сите светови: од атомски до херувимски. Ако се откине од него било што веднаш се чувствува ужас, мака и страдање. Се откина Луцифер и постана Сатана, се откинаа и ангелите и постанаа демони, се откина и човекот во многу работи и постана нечовек. И секоја работа што ќе се откине од Него се претвора во тага и хаос. А кога народот како целина ќе се одрече од Богочовекот, тогаш неговата историја се претвора во патување низ пеколот и неговите стравотии. Богочовекот не е само основна Вистина на Православието, туку и сила и семоќ на Православието, бидејки единствено Тој го спасува човекот од смртта, гревот, и ѓаволот. Тоа никогаш не можеше ниту некогаш ке може да го направи човекот, и тоа било кој човек , а ниту човештвото како целина. Секоја борба на човекот против смртта, гревот и ѓаволот завршува со пораз ако не е предводена од Богочовекот. Само со Богочовекот Христос, човекот ги совладува смртта, гревот и ѓаволот. Тука е смислата на човекот да се исполни со Богочовекот, во телото негово-Православната Црква, да се преобрази со Него преку благодатен подвиг, да стане моќен со Него со силата на Светиот Дух, да се обесмрти, да се обожи и да се обогочовечи. Тоа е смислата, вистинската смисла на целиот род човечки. Тоа е радоста, единствената радост на овој свет со безмерна тага и отровна горчина. Православието е Богочовечко Православие. И ние исповедајки го Богочовекот го исповедаме христоликиот човек, божественото потекло на човекот, божествената возвишеност на човекот, а со тоа и божествената вредност и неприкосновеност на човековата личност. Борабата за Богочовекот е борба за човекот. Не хуманистите, туку луѓето од православната богочовечка вера се борат за вистинскиот човек, човек со Божји лик и Христов лик.
 
Член од
1 февруари 2007
Мислења
408
Поени од реакции
15
drugar ne otvaraj vakvi te[ki temi na koj samo teolozi mozat da u;estvuvaat posto nasitebraka protestanti ne se pismeni za ovaa teologija pozz
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Чаир...пак истото...право на апсолутна вистина..вие писмените...ај да не ја расипувам темата...
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Temana e bas dobra, sega ak nekoj nema poznavanje togas caooooooooooo
 
Член од
14 февруари 2008
Мислења
81
Поени од реакции
5
ЕЛИ,ЕЛИ ЛЕМА СЕВАХТАНИ

"ГОСПОДЕ,ГОСПОДЕ,ЗОШТО МЕ ОСТАВИ!"

Ова се легендарните зборови кои Исус ги изговорил на Голготскиот крст.И тоа во моменти на разочараност и очај,едноставно се лути на Господа,зошто го оставил.

Кратко и јасно:-доволно убедлив цитат за да се свати дека Исус бил човек-пророк,а не некаков си Бог.Апостолот Павле изглеа направил каша-попара од Христијанството.

Христијани Исус е Божји Пратеник,а никако самиот Бог.Кога ќе се освестете?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Христос се лути на Господ?

„И му рече Господ на мојот Господ: седи од Мојата десна страна додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои...„.

Како може Господ да Му се лути на Господ?
Паааа..веќе сме освестени. Да не паѓаме сега пак во несвест.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
e gluposti, mislam deka ne e normalno za covek vernik da rasprava a takvi raboti.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Биди појасен: кон кого е насочен коментарот?
 
Член од
16 мај 2008
Мислења
21
Поени од реакции
0
Isus e sinot bozji ne e samiot Gospod.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Тоде, исус, миејќи ги нозете од Апостолите, им вели: „..право велите дека Јас Сум Господ и учител...„. па според тоа, Кој е Христос ако не Сам Бог?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Тоде, исус, миејќи ги нозете од Апостолите, им вели: „..право велите дека Јас Сум Господ и учител...„. па според тоа, Кој е Христос ако не Сам Бог?
Мики дај усклади се...
нели има и речено...татко зошто ме напушти...
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Не може да се усклади. Затоа е и верник. :smir:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Мики дај усклади се...
нели има и речено...татко зошто ме напушти...

Дај поданучи нешто од догмата за двојната Исусова природа (Божја и човечка истовремено) и самото ќе ти се каже.

Не може да се усклади. Затоа е и верник. :smir:
Ха-ха! Веќе сум „ускладен„, немам потреба од тековни „ускладувања„...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Дај поданучи нешто од догмата за двојната Исусова природа (Божја и човечка истовремено) и самото ќе ти се каже.



Ха-ха! Веќе сум „ускладен„, немам потреба од тековни „ускладувања„...
На некоја од темите расправавме за двојните личности:vozbud:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Прочитај подобро: двојните (и повеќеделните) личности се познати под тој израз во психопатолгијата а во православието тие двојни/тројни/„н„-ти личност се демоноопседнати личности (за жал). Овде не зборуваме за демноопседнаост, за двојност и тројнот, туку за двојна ПРИРИДА а не за дволичност.
Патем кажано, препрочитај го насловот од темата па коментирај според неа а не со испразни исмејувања и иронија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom