БДП-то ни отиде во минус (-1,4%)

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Шител: За власта падот е очекуван. :pos: Пак кризава е крива, нели ви текнува таа криза што не одмина. :pos:
Ајде малку оптимизам, ќе компензираме следните 3 квартали за падов :tapp::ROFLMAO:
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Имам попаметни работи да го трошам времето отколку да дебатирам за оваа тема со неколку типови кој уште мама и тато ги ранат не направиле неккоја позначајна бизнис зделка или некој поголем успех во нивниот живот па своите фрустрации ги лечат на форуми , ги читав вашите коментари не вреди да им се посветува време и енергија во поголем дел под вашите коментари ја изразувате вашата економска неписменост, и вашето мешање на баби и жаби .........

Каков пацер и патетика си не е можно.
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Без разлика ќе речат економската криза е виновна правиме се што можиме и во регионот сме најдобри а дека Турција има над 10% раст секоја година за Кина да не зборувам. за нив како не влијае таа кризата, следам неколку години говорите на министрите и на премиерот и за се кризата ја обвинуваат, дај да ја видиме која е таа кризата како изгледа ние некогаш не сме биле во нормална ситуација па сега кризата, стварно е жалосно се задолжуваме секоја недела, обврските на државата каснат како никогаш порано. Во почетокот на осомостојувањето на државата кога имавме неколку милиони марки како девизни резерви се исплаќаа обврските навреме, ете сигурно овде има многу студенти, дали ги имаат дадео стипендиите НЕ, има и работодавачи дали им ги исплатиа повратокот од ДДВ...... и уште многу многу примери полека тониме меѓутоа благодарение на интелегентниот начин на водење на државата никој не може тоа да го осети и сме хипнотизирани од политиката на владата.
 
Член од
23 мај 2012
Мислења
21
Поени од реакции
28
БДП ќе расте само кога ќе има производство.
Што ќе произведуваме бе абдали кога 99% од нас имаме неписмени родители?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Како прво Македонската економија имаше многу висок праг на раст на бдп во првите два квартали од 2011година кога во првата половина од годината растот на бдп изнесуваше околу 5%, стапката на раст во првиот квартал во 2011 беше околу 5% исто како и во вториот квартал околу 5%, и сега нашата економија требаше во првиот квартал ,оваа година да има стапки на раст од над 5% за да не нема пад на бдп во првиот квартал, а во услови кога европската должничка криза кулмининира а со тоа голем дел од економиите во еу се во рецесија или имаат падови на нивните бдп, се намлува нивната потреба за увоз со што дикрекнто се намалува нашиот извоз зошто над 60% од нашата економија извезува во Еу. И во такви услови неможете да очекувате дека ке направите стапки на раст од над 5%.
Какви баксузи сме , во 2011та прв квартал сме имале 5% раст , а требало да имаме 2% ... за да во 2012та не паднеме во минус, и овие злобните како Дарданија да не критукуваат :)

Ама што се плашиш , во 2013та ќе бидеме пак во плус , пошто овој квартал сме во минус.

Значи ќе бидеме во стагнација ... една година во плус , друга во минус , плус-минус , плус-минус.
Кога ќе бидеме во плус , ќе речат : успешно се справуваме со кризата , презедовме 203 чекори , многу сме паметни.
Кога ќе бидеме во минус , ќе речат : кризата е виновна , гледајте и Германија страда.

Твоето оправдување е баш аматерско.

Ако ти иде економијата според предвиденото , нема врска што во еден квартал си имал раст од 5% , повторно следната година ќе имаш позитивен раст.

А кога не иде , џабе ти е се , од минус во поголем минус влегуваш.

Памтиш кога се фалеа дека успешно сме се справиле со светската криза ?
За после тоа целата вина да ја префрлиме на кризата.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Шител: За власта падот е очекуван. :pos: Пак кризава е крива, нели ви текнува таа криза што не одмина. :pos:
Абре каква црна криза ... криза ги дрма оние неспособнине од ЕУ и нас друг никој шо не има криза за Турција , Бразил ; Кина и уште многу други држави со економски раст ...
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Абре каква црна криза ... криза ги дрма оние неспособнине од ЕУ и нас друг никој шо не има криза за Турција , Бразил ; Кина и уште многу други држави со економски раст ...
Клучниот збор: неспособни :)
 
B

Black Guard

Гостин
cary напиша:
море ако објават на Шител може и до 10% да стасаме​
Па по нова методологија нека не ја вадат инфлацијата Латас слободно ќе каже и и 25%

Шител: За власта падот е очекуван. :pos: Пак кризава е крива, нели ви текнува таа криза што не одмина. :pos:

Единстрвена грешка на генетскиот инженеринг-ДНА од Болва со Човечки лик=политичар
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: `V`

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Делењето на субвенции на земјоделците ти е чиста лузерска политика .................. ОК нека се даваат субвенции, ама да има резултати, да има пораст на земјоделското производство, како и пораст на извозот на тие производи .......субвенциите претставуваат нешто како социјална помош за земјоделците, купување на социјален мир, пред некој ден разговарав со еден земјоделец од едно Скопско село и човеков јавно си кажува дека ако не биле субвенциите не ќе можел ни да си го прехрани семејството и вика ако ни ги намалат или скинат субвенциите, нема пак да ги гласаме ...... оваа влада е НајКомуњарската влада ......... во споредба со сите влади од 1991 па до ден денес .......... :tapp:
Јас кога ќе коментирам дека голема грешка се субвенциите сите застануваат против мене и ми викаат ти имаш нешто против владата против министерот против Груевски блабла..
Која е целта на субвенциите, чисто само поткуп на народот. Тие го намалуваат производството ( може тоа од статистиката да се види) а има и случаеви каде што земаат субвенции на празни ниви ( 30 % на празни ниви земаат) има и такви што земаат на корен посадено некое растение и од кога ќе земат 50.000 евра субвенции за посадената култура нормално дека нема да ја одгледуваат доволно му се тие пари е таква е кај нас реалноста само владата задоволна, земјоделците задоволни и тоа ти е тоа.
Факт е дека тој што ќе ги придобие земјоделците тој ќе формира влада.
 
Член од
29 мај 2012
Мислења
242
Поени од реакции
115
Брокер апсолутно се согласувам со тебе кога станува збор за субвенции.

Да ли системот за доделување на субвенции е лош или нешто друго не знам ама истите не даваат очекувани резултати.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Јас кога ќе коментирам дека голема грешка се субвенциите сите застануваат против мене и ми викаат ти имаш нешто против владата против министерот против Груевски блабла..
Која е целта на субвенциите, чисто само поткуп на народот. Тие го намалуваат производството ( може тоа од статистиката да се види) а има и случаеви каде што земаат субвенции на празни ниви ( 30 % на празни ниви земаат) има и такви што земаат на корен посадено некое растение и од кога ќе земат 50.000 евра субвенции за посадената култура нормално дека нема да ја одгледуваат доволно му се тие пари е таква е кај нас реалноста само владата задоволна, земјоделците задоволни и тоа ти е тоа.
Факт е дека тој што ќе ги придобие земјоделците тој ќе формира влада.
Вистина дека и покрај субвенциите , земјоделството не виде голем раст , дури и гледаме намалување на производството , не влегувам зошто е тоа така , пошто не знам.
Гледам намалување на добитокот итн.

За да на крај , гледам намалување на вработените земјоделци , од 118.000 , на 109.000.

Изгледа ни субвенциите не се доволни за еден дел.
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Вистина дека и покрај субвенциите , земјоделството не виде голем раст , дури и гледаме намалување на производството , не влегувам зошто е тоа така , пошто не знам.
Гледам намалување на добитокот итн.

За да на крај , гледам намалување на вработените земјоделци , од 118.000 , на 109.000.

Изгледа ни субвенциите не се доволни за еден дел.
Хахха и јас како цацко "абе тоа се прае ама на кој да му текне" со нивните фамозни 100 милиони фабрики нека субвенционираат микро производни компании како на пример мала фабрика за производство на сирење традиционално, или за некој специфични алхохолни пијалоци, или пак некои специфични цигари. Малите компании ем ќе ја вработат целата фамилија ем ќе мора да се зголемува производството ем конкуренцијата ќе придонеси за подобар квалитет на прехранбените производи ќе се намали увозот на такви видови на производи ем луѓето малку по малку ќе се прошируваат и ќе вработуваат уште свои соселани и граќани на РМ.
Е сега тоа е стратегија што некој треба да ја направи треба да се едуцираат селаните да им се даде пари и да им се даде одредени обврски кои ќе треба да ги почитуваат.
Нашата стратегија не треба да биде само суровинска база, не треба да произведуваме вино а тоа вино да го флашираат во Хрватска и да се фалат во Хрватска дека е нивно.
Пред некоја година во Хрватска пиев вино и имам обичај да ги анализирам етикетите на едно мало местенце пишуваше дека е Македонско вино флаширано во Хрватска меѓутоа нормално нема шанси да забележиш затоа што јасно е напишано на Хрватски со Хрватско знаме и слично.
 
Луѓе во Македонија кои имаат капацитет да бидат претприемачи се една шака луѓе.
Не повеќе од 5 илјади души.
Проблемот е како да дојдеш до овие луѓе, имаш ли ти идеја?
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Имам попаметни работи да го трошам времето отколку да дебатирам за оваа тема со неколку типови кој уште мама и тато ги ранат не направиле неккоја позначајна бизнис зделка или некој поголем успех во нивниот живот па своите фрустрации ги лечат на форуми , ги читав вашите коментари не вреди да им се посветува време и енергија во поголем дел под вашите коментари ја изразувате вашата економска неписменост, и вашето мешање на баби и жаби .........

Како што кажаа и погоре, патетика невидена си.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom