БДП-то ни отиде во минус (-1,4%)

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
БДП-то треба да ви опадне и за 10% си го заслужувате сите во Македонија. Има многу кретени на кој им е гајле за БДП побитно им е да земаат субвенции и останати глупости. Па нека видаат сега што значи пад на економијата.
Субвенциите се најмал проблем. Ова не е од сеа, последните 5 години вештачки се пумпа БДП-то само за да се земе некој глас плус. Требаше на време да се остави и да се изменаџира состојбата, ама не, така се губат работни места, потребно е да се снаоѓаат фирмите на пазарот по нови услови, така паѓаат влади. И сега што биде, од еднаш оп поголем дел од секторите, шлап под вода. После Грците ни се криви :icon_lol:.
 
Според податоците од Државниот завод за статистика , Бруто домашниот производ во првиот квартал од 2012та падна за 1,4% во споредба со истиот период лани.

Најголем пад има во градежништвото со -9,8% , рударство и вадење камен , преработувачка индустрија со -9,6%.

Лошо ја започнуваме 2012та , иако според владините функсионери оваа година очекуваа раст од 4.5%

Ставрески: Македонскиот БДП во 2012 ќе се зголеми за 4,5 отсто

http://arhiva.vlada.mk/?q=node/6886

Ништо не оди според предвиденото , бингаши да беа , ќе погодеа нешто барем, а камо ли како луѓе кои се опколени од стручњаци.

Што мислите вие , ќе се остварат ли овие 4,5%.
Насловот треба да биде Македонскиот бдп во првиот квартал падна за 1,4% а не да стои наслов бдп ни отиде во минус за 1,4% тој наслов ништо не кажува ни кажува дали се работи за година или се работи за квартал ни ништо. Наслов не се знае да се напише а се експерти за дебати....
 
Насловот треба да биде Македонскиот бдп во првиот квартал падна за 1,4% а не да стои наслов бдп ни отиде во минус за 1,4% тој наслов ништо не кажува ни кажува дали се работи за година или се работи за квартал ни ништо. Наслов не се знае да се напише а се експерти за дебати....
Ајде лионче, моеш ти подобро од ова, не да се фаќаш за наслови...
 
Насловот треба да биде Македонскиот бдп во првиот квартал падна за 1,4% а не да стои наслов бдп ни отиде во минус за 1,4% тој наслов ништо не кажува ни кажува дали се работи за година или се работи за квартал ни ништо. Наслов не се знае да се напише а се експерти за дебати....
Ете гледате, за "господата" е битно како е напишан насловот, а не тоа што македонската економија е невидена мизерија.
 
Море Бранко е крив за се и точка ........... срам да му е ..... што му требало и БДП-то да го отерува во минус ....... (n)
 
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот
производ (БДП) за првото тримесечје од 2012 година изнесува - 1.4 %.
http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=31
 
Ајде лионче, моеш ти подобро од ова, не да се фаќаш за наслови...

И он ќе се фати за глава еден ден кога и на него џебот ќе почне да му станува се поплиток и поплиток ..
 
Насловот треба да биде Македонскиот бдп во првиот квартал падна за 1,4% а не да стои наслов бдп ни отиде во минус за 1,4% тој наслов ништо не кажува ни кажува дали се работи за година или се работи за квартал ни ништо. Наслов не се знае да се напише а се експерти за дебати....
Чекајте сега лион ќе ни каже за Светската Економска Криза ( која помина пред 2 години ) и како Бванко е крив.
Го прецени малку, али close enough. :D
 
Како прво Македонската економија имаше многу висок праг на раст на бдп во првите два квартали од 2011година кога во првата половина од годината растот на бдп изнесуваше околу 5%, стапката на раст во првиот квартал во 2011 беше околу 5% исто како и во вториот квартал околу 5%, и сега нашата економија требаше во првиот квартал ,оваа година да има стапки на раст од над 5% за да не нема пад на бдп во првиот квартал, а во услови кога европската должничка криза кулмининира а со тоа голем дел од економиите во еу се во рецесија или имаат падови на нивните бдп, се намлува нивната потреба за увоз со што дикрекнто се намалува нашиот извоз зошто над 60% од нашата економија извезува во Еу. И во такви услови неможете да очекувате дека ке направите стапки на раст од над 5%. Така да не треба само сувопарно да се гледаат бројките без да се разбира високиот праг од првиот и вториот квартал од 2011 година. Зошто стапката на раст на бдп на Македонија во првите два квартала во 2011 година со стапка на раст од околу 5% беа едни од највисоките стапку во европа па и на балканот. И не знам зошто дигате паника кога секој подобар економист знаеше дека заради високите стапки на раст во првата половина од 2011 година и неповолните состојби во еу денес , дека стапкирте на раст во првите два квартали во 2012 година ке бидат во минус за првиот квартал тоа се потврди а за вториот квартал или ке има благ минус или скромна позитива тоа е тоа. Да имавте познавања од економија немаше да ве изненади падот на бдп во првиот квартал, а ке знаевте и кои се причините за него.​
 
И после некој ќе ме дупи у мозок(преку медиумите) и ќе ми вика: ОСМЕЛИ СЕ - ОТВОРИ СОПСТВЕН БИЗНИС ....... :facepalm:
Прво ..било која влада да дојде на власт во Македонија, не може да направи ништо , ако продолжи да прави било што.
Малку е комплицирано да се свати..но најдоброто нешто, што било која влада во Македонија треба да го прави во однос на било што е: да не прави ништо.
Единствено нешто на што треба да внимава е спроведување на законите до најмала запирка, нормално, откако од нив ќе се исчистат сите глупости кои не буткаат во пропаст,а тоа да го прави објктивно, чесно и без никакви местенки и протекции..по ниедна основа.
Но реално гледано, тоа е многу тешко, практично невозможно.
Македонија не е суверена држава во која народот ги избира своите преставници, туку марионета во рацете на глобалистите, каде "избраните" ги спроведуваат нивните инструкции, ги пакуваат во најслатки можни обланди, една од нив е и ОСМЕЛИ СЕ - ОТВОРИ СОПСТВЕН БИЗНИС :) ,за што нормално се богато платени.
Со еден збор ...ни нема спас.....
 
Секоја можна лоша вест за државава е отворена само од еден член

Dardan-ia

:вонзем:

Што е Дарданиа крив за катастрофалната економска политика што ја води Владата? Или ај само убави вести ќе пишуваме за тоа како се е совршено во државава, како кризата не одминала, ние Маќедоња вие небитни позз. :cool:
4.5 % економски раст fuck yea!
 
... што било која влада во Македонија треба да го прави во однос на било што е: да не прави ништо......
Значи нашиве се специјализирани за вакви ситуации, само тоа болдираното умеат да го прават.
 
Како прво Македонската економија имаше многу висок праг на раст на бдп во првите два квартали од 2011година кога во првата половина од годината растот на бдп изнесуваше околу 5%, стапката на раст во првиот квартал во 2011 беше околу 5% исто како и во вториот квартал околу 5%, и сега нашата економија требаше во првиот квартал ,оваа година да има стапки на раст од над 5% за да не нема пад на бдп во првиот квартал, а во услови кога европската должничка криза кулмининира а со тоа голем дел од економиите во еу се во рецесија или имаат падови на нивните бдп, се намлува нивната потреба за увоз со што дикрекнто се намалува нашиот извоз зошто над 60% од нашата економија извезува во Еу. И во такви услови неможете да очекувате дека ке направите стапки на раст од над 5%. Така да не треба само сувопарно да се гледаат бројките без да се разбира високиот праг од првиот и вториот квартал од 2011 година. Зошто стапката на раст на бдп на Македонија во првите два квартала во 2011 година со стапка на раст од околу 5% беа едни од највисоките стапку во европа па и на балканот. И не знам зошто дигате паника кога секој подобар економист знаеше дека заради високите стапки на раст во првата половина од 2011 година и неповолните состојби во еу денес , дека стапкирте на раст во првите два квартали во 2012 година ке бидат во минус за првиот квартал тоа се потврди а за вториот квартал или ке има благ минус или скромна позитива тоа е тоа. Да имавте познавања од економија немаше да ве изненади падот на бдп во првиот квартал, а ке знаевте и кои се причините за него.
Го пишуваш ова, а пред и потоа ти го правиш истото... Немој така, те молам, не сме идиоти...

1. Ако 2011 бил 5%, колку бил 2010? (нели е ова сувопарно гледање на бројките?, нели треба да се стремиме кон напредок, не кон назадување и да ни кажуваш 2011 бил висок и сувопарно сме гледале)
2. Пишуваш дека во 2011 сме имале највисока стапка во европа и на балканот, класикачна владина изјава и класично лицемери, особено зашто ги гледаш сувопарно бројките бидејќи којзнае колку биле високи претходно бројките во другите земји а какви биле во Македонија...

Да имаше малку разбирање од економија, немаше да пишуваш како политичар, туку како економист...
 
Не бе каков пад на БДП-то, Бванко е куив, овоа е се негова политика, зар вие не знаете дека Бванко ја води државата у позадина...кои кретени ни ја водат државата еј...6 години БДП не успеаа да пресметаат...:facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom