Ајде и јас да го споделам моето лошо искуство со чевлите на Бата.
Пред неколку месеци купив чевли со Air System од Бата 5000 МКД. Скоро и да не ги носев, бидејќи дојде зимата. Прво што покажа беше кожата, почна да губи од сјајот иако ги чистев со убави бои за чевли.
Си викам не ги носев на снег, што се случува со чевлите, па и да сум ги носел на снег, за тоа се нели чевли, ама ќе отидам во ГТЦ кај стариот што чисти чевли, ќе ги светне и пак ќе бидат како нови
И така си седам јас еден ден на состанок, сум скрстил нозе така самоуверен и кога да погледнам во чевелот, ѓонот на пола. Го јадев срамот, но добро што никој од присутните не забележал или не ми кажаа.
Веднаш после состанок во продавницата на Бата во Соравија. Продавачката ми вика имаат шест месеци гаранција и ќе ги рекламираат. Само да донесам фискална сметка. Си викам супер, не се постари од шест месеци, ја имам кутијата дома, сигурно и фискалната.
Но дома кутијата без фискална. Кутијата со мене, директ во банка, вадам извештај за плаќањето, бидејќи платив со картица и си мислев дека не ми е потребна фискална сметка, имам доказ за плаќањето, на кутијата има етикета за кои чевли се работи, стои дека се купени од МК...
Продавачката во Бата пак ме одеба, без фискална нема рекламација. Јас и кажав дека имам доказ за плаќање и тие можат да си извадат копија од фискална. Таа ми рече дека е можно, сепак јас немам фискална сметка.
Побарав да зборувам со шефот, но тој по втор пат беше на слижбен пат во странство, но сепак ќе ме контактираат. Си викам јас, колку јака компанија, шефовите постојано се во странство, сигурно на некои семинари
После два дена добивам телефонски повик и пак истото. Без фискална нема рекламација.
Ми излезе месечно 1000 ден за да носам чевли од Бата.
Знаете, скоро цела фамилија купуваме во Бата, но веќе никој не купил, а нема ни да купи. После моите жалење кај колегите и тие ми кажаа лошо искуство со Бата.
Претходно купував од Geox. Можеби се малку поскапи но се многу поквалитетни. Сега пак сум префрлен пак на Geox.
Инаку, порано сум купувал чевли и од 2000 ден. Истите се многу поквалитетни од Бата и еве ги сосема здрави во подрум.
Не се лажете да купувате од Бата.