Ауфвидерзен Македонијо!

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.500
Поени од реакции
22.955
забораваш неколку работи. До лани ние не се рамневме со регионот (и за долгови и за работа, плати и квалитет на живот) туку со најголемите економии. Ние сме најдобра економија во Европа, бевме лидери, овде луѓе се отепаа убедувајќи не дека Македонија била подобра за живеење дури и од Германија итн итн. Понатаму, за првпат цели 10 години не води најпатриотска влада, со мнозинство македонци од истата партија. Тоа -порано- ние сме везден биле окупирани, не сме имале држава. Турчинот не не сметал повеќе од алатка за работа...итн итн. И трето, порано воглавно се иселувале неписмени, сега бегаат квалификувани мајстори и високообразовани во кои "народот" вложува огромни средства. Во Македонија, македонска држава за само 1 година се иселиле (овде веројатно не влегуваат оние на 3 месеци кои работат на црно) 10.000.
Така да споредба со порано и инсинуација дека нам селидбата ни е во генот, паѓаат во вода.
Види секоја влада си фура пропаганда до тебе е да веруваш или не. Гледај CNN, RT или МТВ/Сител нема премногу разлика секој си ја кажува својата „вистина“. Сфаќам што сакаш да кажеш ама сигурно и ти сфаќаш што ти викам така да не го тупи за џабе.

Незнам зошто упорно пишуваш на теми за дијаспората кога очигледно и не ја познаваш баш добро ситуацијата на терен. Грешка си за тоа дека сега се иселеуваат квалификувани мајстори и високообразовани... Сега се иселува буквално кој стигне баш и затоа се приметува разлика.
Високообразовани (со виза) баш најмалку се иселуваат сега пошто таков кадар (со исклучок на ИТ и медицински кадар мада овој е слаб али има огромен недостаток па пак е баран) веќе не ни произведуваме како треба. Значи ако збориме реално последните 10 год највеќе се иселени во Италија (сега се 83К, пред 10 год немаше ни 10К) а таму работат углавно во градежништво и земјоделство со БУГАРСКИ ПАСОШИ. Слична ситуација е и во остатокот на европа. Во Канада, УСА, Австралија (единсвен исклучок е НЗ мада и таму се смени ситуацијата послдените 10тина години) има релативно малку иселено овие 10 год баш ради тоа што не исполнуваат услови. Во Австралија на пример овие 10 год дирекно од МКД се иселени помалку од 6000, повеќе има преселено од НЗ наши во АУС него од МКД во АУС.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.726
Поени од реакции
12.156
Види секоја влада си фура пропаганда до тебе е да веруваш или не. Гледај CNN, RT или МТВ/Сител нема премногу разлика секој си ја кажува својата „вистина“. Сфаќам што сакаш да кажеш ама сигурно и ти сфаќаш што ти викам така да не го тупи за џабе.

.
Пропаганда? Ги занемаруваш делата на дпмне (притоа трошејќи баснословни суми) со кои се истакнуваат како најпатриотска партија, обвинувајќи ги сите други дека се предавници, соросиди, странски служби итн итн. Прво пишуваш нешто на кое и на мали деца им е веќе дегутантно -ние од век сме се селеле. Дали треба да го прифатиме тоа како нешто генетски или да ги изедначиме условите во минатото и сегашноста за населението во овој дел до Македонија? Тоа ти е прва лоша споредба која ја пиша.
Грешка си за тоа дека сега се иселеуваат квалификувани мајстори и високообразовани... Сега се иселува буквално кој стигне баш и затоа се приметува разлика.
Втора, не помала, го изедначуваш воглавно неписменото население од минатото со она кое денеска се иселува. Доктори, механичари, квалификувани градежници, итн итн. не е битно што тие таму работат, може да дилат и дрога. Од овде излегуваат луѓе во кои е вложено, не луѓе кои не виделе ниту веце казанче.
Во Австралија на пример овие 10 год дирекно од МКД се иселени помалку од 6000, повеќе има преселено од НЗ наши во АУС него од МКД во АУС.
Астрелија одвај сега да е споредна дестинација, НЗ па ич, не знам зошто нив ги споменуваш. Без некоја конкретна информација, ова што го пишуваш останува само на прикаски. Јас дадов официјални информации. И тоа 10.300 лица кои барале азил, не оние кои се отселени по друг основ или работат на црно.
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.500
Поени од реакции
22.955
Пропаганда? Ги занемаруваш делата на дпмне (притоа трошејќи баснословни суми) со кои се истакнуваат како најпатриотска партија, обвинувајќи ги сите други дека се предавници, соросиди, странски служби итн итн. Прво пишуваш нешто на кое и на мали деца им е веќе дегутантно -ние од век сме се селеле. Дали треба да го прифатиме тоа како нешто генетски или да ги изедначиме условите во минатото и сегашноста за населението во овој дел до Македонија? Тоа ти е прва невистина која ја пиша. Втора, не помала, го изедначуваш воглавно неписменото население од минатото со она кое денеска се иселува. Доктори, механичари, квалификувани градежници, итн итн. не е битно што тие таму работат, може да дилат и дрога. Од овде излегуваат луѓе во кои е вложено, не луѓе кои не виделе ниту веце казанче. Астрелија одвај сега да е споредна дестинација, НЗ па ич, не знам зошто нив ги споменуваш. Без некоја конкретна информација, ова што го пишуваш останува само на прикаски. Јас дадов официјални информации. И тоа 10.300 лица кои барале азил, не оние кои се отселени по друг основ или работат на црно.

Точно од векови сме се селеле, што е тука грешно? Не, треба да го прифатиш како реалност дека живееш у вукојебина каде нема основни услови за живот и е далеку од она што остатокот на светот го има. Така е сега, така било и минатиот век и пред тоа. Кога во Америка облакодери ние сме правеле црешово топче алооо...

Такви излегуваат од 70тите натака. Пред тоа такви сме немале. Имавме 40 интелектуалци после втора светска. Од 70тите навака со ЈУ пасош се селат углавно со виза тие што можеле пред се добро едуциран кадар а во државите во кој требало луѓе се селеле тие што во ју не биле запослени. Незнам што не ти е јасно кога и тогаш се селеле на големо. Цела пелагонија ти е тогаш преселена во Австралија а пологот во Детроит.

Ги спомнувам затоа што со бугарски пасош таму неможеш да припариш, не е е предност. Ти треба виза - значи да си квалификуван, она што ти пробуваш да ми кажеш. Ако АУС не е актуелна незнам која држава е, освен швицарска и норвешка во аус каде каде подобро се заработува ама ок ајде ти знаеш повеќе.... Еве ти споредба на АУС со актуелната Италија па ти кажи каде порадо би, финтава е со БГ пасош можеш само во една од двете...

http://www.ifitweremyhome.com/compare/AU/IT

Официјалните информации се ОК. Сепак кажи ми ти мене дали знаеш некој високообразован кадар што се пријавил како азилант, пошто тоа се твојте официјални информации. Јас знам многу што отишле со БГ пасош ама како азиланти едино што знам се цигани, баш ко тие на сликата од твојте официјални информации. Имаше и за нив по весниците, со првиот бран што одеа со сиријците....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.726
Поени од реакции
12.156
Еве уште еден лош показател, се намалува активното население
АНАЛИЗА: Многу дипломци – малку работа!?

Да се потсетиме и на податоци од 2013 (кога зборевме за стотиците дисперзирани кои непотребно се отвараа). Сега и нов универзитет ќе се отвара :sick:
„Младите мозоци“ масовно ја напуштаат Македонија
Поради тоа што над 50 отсто од младите луѓе во земјава се невработени, тие се повеќе одлучуваат да мигрираат во развиените странски земји. Македонија веќе остана без четвртина од своето население, додека оваа тенденција може да се зголеми имајќи ги во предвид искажаните желби на младите студенти дека сакаат да ја напуштат државава по завршувањето на студиите. Владата го призна овој проблем со изготвувањето на нацрт стратегија за спречување на одливот на младите, но дали ќе успее да ја спречи оваа масовна појава?
Трендот на миграција на населението од Македонија во странство, предизвикан главно од економски причини, добива загрижувачки размери, а уште поалармантно е дека, според информации од релевантни институции и организации, голем број од граѓаните што мигрираат од државава се високообразовани млади луѓе. Тоа значи дека земјава останува без активното население и „умните глави“, кои немајќи можност да се изразат на професионален план во родното место, заминуваат во потрага по подобра иднина во Европа, САД и арапските држави. Оттаму, реалноста дека земјава е една од водечките по бројот на млади кои спаѓаат во категорија „невработени“ или „иселени“, на некој начин ја принуди и владата да изготви национална стратегија за враќање на заминатите образовани кадри, но и да ги спречи во изразената намера повеќе од половина моментални студенти да заминат на печалба по комплетирањето на образованието. Доколку тоа не даде конкретни резултати во насока на создавање на услови и амбиент за вработување на стручните и компетентните кадри во земјава, познавачите предупредуваат дека ќе биде доведена во прашање смислата за постоењето на Македонија, бидејќи државата ќе остане без значителен дел од своето активно население.

Што говорат бројките?
Во тој контекст, Светска банка неодамна објави извештај, чии податоци за вкупниот број на иселени лица силно одекнаа во земјава. Според извештајот, 447.000 македонски граѓани мигрирале во странство заклучно со 2010 година, што претставува над 20 отсто од населението, а доколку се има во обзир дека многу граѓани во странство работат на црно, се претпоставува дека безмалку една четвртина од вкупното население е надвор од земјава. Инаку, тоа ја рангира државава на 23-тото место во групата земји во светот со најмногу емигранти, во друштво со Газа, Гранада, Самоа…
Имено, според Националниот младински совет, процентот на млади кои во 2012 година емигрирале од земјава, постојано или привремено, е 16 отсто. Тоа отскокнува од светскиот процент од 10 отсто. Обединетите нации објавија податок дека во светот има над 200 милиони мигранти, а дури 60 отсто од младите живеат во земјите на развој.
Клучниот одговор зошто младите во голем број ја напуштаат Македонија, повеќе отколку што тоа го прават во другите држави, индиректно и посредно го даваат податоците на домашните институции и меѓународните организации. Во најновиот извештај на европската статистичка служба „Евростат“, објавен на почетокот на годинава, стои дека 304.000 млади се невработени, или скоро 54 отсто. Тоа ја става земјава на второто место веднаш зад Грција, која периодов се соочува со длабока финансиска криза.
Образовната структура на млади невработените луѓе, пак, ја даваат последните податоци од Државниот завод за статистика, кои покажуваат оти бројката на невработени висообразовани млади во земјава изнесува дури 45.768, додека во последното тримесечје од минатата година, споредено со истиот период во 2011-тата, се регистрирани нови 3.890 лица кои имаат универзитетска диплома, без работа. Сепак, најголем е бројот на млади невработени со средно образование, односно 123.000, по што следат оние со основно образование со речиси 77.000. Според податоците од Агенцијата за вработување, пак, минатата година биле регистрирани дури 764 невработени магистри и 17 невработени доктори на науки.
За разлика од Македонија, која е една од водечките држави според невработеноста на младите со над 50 отсто, стапката на невработеност на младите во Норвешка е 9,3 отсто, во Австрија 11,9, во САД 18,2 отсто… Што се однесува до регионот, во Словенија е 16,8 отсто, во Хрватска 36,8, во Црна Гора 40, во Романија 23,8, Бугарија 27,6, во Албанија 28,3 отсто
Дека постои тренд на иселување на Македонците, пред се на младите во последните десет години, на почетокот на годинава потврди и самата владата преку Министерството за образование и наука, откако изготви нацрт-национална стратегија. Целта на овој документ е да ги врати високообразованите Македонци од странство во земјава. Меѓутоа, и ги спречи одливот на мозоци во иднина, бидејќи дури три четвртини, поточно 85 отсто, од студентите во завршна студиска година се изјасниле дека сакаат да ја напуштат земјата.
Во тој контекст, меѓународниот проект „Хелтгрупер“ неодамна објави анкета на студентите од прва година на Медицинскиот факултет, при што резултатот бил дека половина од студентите по завршувањето на студиите би заминале да работат и живеат во странство. Поточно, на прашањето „Дали би сакале да останат во Македонија по завршување на студиите“, речиси половина, поточно 47,7 отсто од сите студенти изјавиле дека сакаат да се отселат. На второто прашање, пак, формулирано како „Доколку може да одберете, каде би сакале да работите по завршување на студиите“, загрижувачки 60.6 отсто изјавиле дека сакаат да се отселат.
Некомпетентните им го земаат местото на квалитетните кадри

Поради тоа што над 50 отсто од младите луѓе во земјава се невработени, луѓето до 25 години, најчесто со универзитетска диплома, но и останатото активно население со понизок степен на образование, се повеќе одлучува да мигрира во развиените странски земји. Тоа придонело до пред 3 години од земјава да се отсели една четвртина од вкупното население. Ако се знае дека повеќе од половина студенти најавуваат дека би заминале во странство по завршување на студиите, постои реална опасност оваа бројка дополнително да се зголемува.
„Стапката на невработеност на младите во Македонија е натпропорционално повисока од останатите земји во регионот и изнесува фрапантни 55,7 отсто, што се должи на високата стапка на невработеност на вкупното активно население која изнесува 32 отсто. Од нив најмногу на удар е младината, бидејќи нема доволно работни позиции за оние кои сега завршуваат со своето образование“, вели Гошев, кој смета дека оваа е само бројката на младите кои се евидентирани како невработени, а има и такви кои што не се пријавени и тука бројката може да расте.
Или партиска книшка или во странство
Голем број на високообразовани кадри денес го подигаат бруто-нациоионалниот производ во многу земји низ Европа и Америка, со знаења стекнати во Македонија. Како што информираат од агенцијата за вработување во странство „Коузон Корпорација“, преку нивните студентски work and travel и intership програми на годишно ниво заминуваат околу 3.500 млади, иако претежно младите заминуваат само на неколкумесечна привремена работа. За најатрактивни дестинации за мигрирање на младите ги наведуваат Германија, Италија, Австрија, Шведска, Америка, Канада и Австралија, а најголеми реални можности за вработување се нудат во ОАЕ односно во Катар и во Дубаи, додека не е за потценување бројката на млади кои емигрирале и работат за контингентите ви Ирак и Авганистан.

Според Марјан Забрчанец, извршен директор во Младинскиот образовен форум (МОФ) причина за големиот број на невработени висоокообразовани кадри е тоа што државата одлучила да го зголемува бројот на универзитети и со тоа да се мултиплицираат високообразовните институции кои нудат образование чиј квалитет според него и не е баш на некое завидно ниво.

„Во економските услови во кои живееме, на младите им остануваат две најчести опции. Да обезбедат партиска книшка и така да се надеваат на вработување во државна администрација или да ја напуштат државата. Одложувањето на проблемот се овозможува преку запишување на постдипломски студии, но за кратко. Тенденциите говорат дека младите побрзо ќе ја напуштат државата во потрага по подостоинствен живот, отколку да се „покоруваат“ на владејачките партии, со надеж дека ќе добијат работно место во државниот апарат. Дополнително, мислам дека за новите генерации државната администрација станува се помалку атрактивна, иако им се нуди како најголем работодавач“, рече Забрчанец.
Точно од векови сме се селеле, што е тука грешно?...
не е грешно, глупо е. Напишав погоре зошто, да не пишувам 5 пати ако не сакаш или не можеш да сфаќаш.
Сепак кажи ми ти мене дали знаеш некој високообразован кадар што се пријавил како азилант, пошто тоа се твојте официјални информации. Јас знам многу што отишле со БГ пасош ама како азиланти едино што знам се цигани, баш ко тие на сликата од твојте официјални информации. Имаше и за нив по весниците, со првиот бран што одеа со сиријците....
прочитај погоре, имаш истражувања и анализи какви луѓе си одат.
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.500
Поени од реакции
22.955
Глупо било... Ај сега.:pos: Ај кажи ти како ќе не задржиш или вратиш. Баш ме интересира еве ти како би постапил. Кажи ни како ти ќе задржиш некој што може да прави 10 пати повише пари и да живее безгрижен живот на друго место во вукојебина ко МКД.

Сега се такви луѓето, порано сме немале такви, тоа е тотално небитно незнам што не ти е јасно. Порано други кадри имало или немало, денес има вакви БЛАГОДАРЕНИЕ на државата. Е сега ако ти мислиш дека не треба да се инвестира во таков кадар него да ги држиме глупи па да не се селат ОК, тогаш да ја префрлиме дебатата на друга нишка ама вака џабе збориме.

Уште не ти е јасно дека државата не е должна да ти најде работа? Тоа умре со комунизмот бе другар. Денес секој сам се снаоѓа. Да катастрофа е, затоа си одат. Кога носат инвестиции тие не чинат, кога не носат пак не чини. Кажи пак еве ти како би постапил пошто гледам многу вака анализи читаш, кажи што мислиш дека е проблемот и не го тупи со партизација/администрација зашто реално таму е и онака пренатрупано, кажи како еве ти би донел пораст, вработувања итн...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.726
Поени од реакции
12.156
Глупо било... Ај сега.:pos: Ај кажи ти како ќе не задржиш или вратиш. Баш ме интересира еве ти како би постапил. Кажи ни како ти ќе задржиш некој што може да прави 10 пати повише пари и да живее безгрижен живот на друго место во вукојебина ко МКД....
нешто си грешка. Нигде не пробувам да вратам некого.
Сега се такви луѓето, порано сме немале такви, тоа е тотално небитно незнам што не ти е јасно. Порано други кадри имало или немало, денес има вакви БЛАГОДАРЕНИЕ на државата.
ај шом треба да дообјаснувам. Верско и национално угнетување и малтретирање сме трпеле неколку векови. А дека сме немале кадри...еден поголем бран иселувања за Австралија имаше 70тите. Поголемиот број од тие луѓе имаа ниско образование или беа блиску до нивото на неписменост. Со тоа не ги омаловажувам дека се глупи и неинтелигентни туку дека не биле образовани. А дека таков бил тогаш кадарот...мојот татко во 70тите веќе активно работеше лекар со факултет, така да...Сега (се гледа и од од податоците) поголемиот дел се високообразовани. Не гледам тука нешто нејасно.
Уште не ти е јасно дека државата не е должна да ти најде работа?
ниту тоа не го споменав. Само што државата треба да создаде услови (впрочем нешто започнале со Национална стратегија ама само на хартија) што се подразбира. И не само за работни места туку и за квалитет на живот воопшто. Ако последната деценија ние бевме лидери, овие податоци некако не одат во прилог на лидерството. Не знам и тука што беше нејасно.
кажи како еве ти би донел пораст, вработувања итн...
за вакви стратегии имаше и има платени и преплатени кадри во власта. Имаше и национални стратегии кои останаа на хартија.
Ама еве ти примери. Ако за заслуги во контрапротести (за крст, било што) се добива место во водовод, а не според вештините и знаењето, што понатаму. Ако поранешните апаши во приватизацијата сега се главни ликови, ако се редуцираат лекарите и не се вложува во нови болници и оддели. Ако ова се толерира (Агролозар Богданци), ако се дели земјиште и имот на овој начин, ако главни бизнисмени се партиите, ако ни се вакви инвестициите ...нема -како...него зошто и до кога.


Еве уште еден податок од факултетите од 2010
Според проценките од истражувањето на Проф. Др. Верица Јанеска од Економскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, повеќе од 15000 високообразовани кадри се надвор од државата. Процентуално тоа би изнесувало околу 15% од вкупниот број на високообразовани лица, што претставува доста висок процент. Од испитаните факултети, само на 1/3 од нив има започнато проекти и активности во врска со спречување на одливот на умови.
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.500
Поени од реакции
22.955
нешто си грешка. Нигде не пробувам да вратам некого.
ај шом треба да дообјаснувам. Верско и национално угнетување и малтретирање сме трпеле неколку векови. А дека сме немале кадри...еден поголем бран иселувања за Австралија имаше 70тите. Поголемиот број од тие луѓе имаа ниско образование или беа блиску до нивото на неписменост. Со тоа не ги омаловажувам дека се глупи и неинтелигентни туку дека не биле образовани. А дека таков бил тогаш кадарот...мојот татко во 70тите веќе активно работеше лекар со факултет, така да...Сега (се гледа и од од податоците) поголемиот дел се високообразовани. Не гледам тука нешто нејасно.ниту тоа не го споменав. Само што државата треба да создаде услови (впрочем нешто започнале со Национална стратегија ама само на хартија) што се подразбира. И не само за работни места туку и за квалитет на живот воопшто. Ако последната деценија ние бевме лидери, овие податоци некако не одат во прилог на лидерството. Не знам и тука што беше нејасно.
за вакви стратегии имаше и има платени и преплатени кадри во власта. Имаше и национални стратегии кои останаа на хартија.
Ама еве ти еден обичен пример. Ако за заслуги во контрапротести (за крст, било што) се добива место во водовод, а не според вештините и знаењето, што понатаму. Ако поранешните апаши во приватизацијата сега се главни бизнисмени, ско се редуцираат лекарите и не се вложува во нови болници и оддели, ако за да добие бизнис, парцела или приклучок, мора да плати дебел рушвет...итн итн... што понатаму. Ако ова се толерира (Агролозар Богданци и слични проблеми на фирмите мито, стечај, згаснување бизниси), ако се дели земјиште и имот на овој начин, ако главни бизнисмени се партиите, ако вака се постапува со безбедноста...нема -како...него зошто и до кога.

Ни можеш да вратиш ни можеш да задржиш, така да џабе дебатираме ако не си способен да одговориш како ќе задржиш било кого кога 1000км погоре во европа може да најде и амалска работа и подобро да живее него во мкд.

Кадри во 45 ти реков 40 интелектуалцни. Во 47 имало 900 студенти. Во споредба со денес многу помал процент бил школуван. Реално ако не си живеел во СК или евентуално БТ потешко било (да не кажам невозможно) да завршиш факс.

Сега најголем дел се со бг пасош од источна македонија. Еве и да е ко што викаш пак нема никаква врска тоа, факт е дека денес секој си оди од лекар до земјоделец зашто на запад 10 пати повеќе ќе заработи. Баш високообразованите што ги спомнуваш во голема мера одат иако голем дел од нив имаат и работа. Еве спомна татко ти е доктор, сигурно знаеш цел куп што се во Гер а имале работа во МКД... Швабите се селат во скандинавија се отвара простор за наши во гер... Кажи кој би останал во МКД за 500-600е кога таму со малку локално искуство би зимал 4-5000е. Пак ќе ти кажам нема врска струката, секој што може бега тоа е неминовно во денешно време кога полесно се стига до инфо и секој гледа да проживее.

Така е почнаа некој работи. Нешто направија нешто заебаа. Во споредба со другите овие бар направија некаква стратегија и пробаа да донесат инвестиции. Не ме сфаќај грешно не ги бранам, напротив мислам дека многу малку и многу грешки се направија. Мислам и дека не ги разбираат најдобро светските трендови и дека каснат за многу работи со години. Знам дека имале и добри совети низ годините кој ги игнорирале и да уопште не ми е сеедно што е така. Сепак треба и да сме реални.... Ние сме сиромашна држава со реално лоша местоположба и никаква инфрастуктура. Имаме лош кадар кој е и мрзлив и плус си се преценува. Згора на се тоа светската економска состојба овие 10 години и не баш сјајна. 2006-7 светската економија доживеа колапс од кој сеуште не се опоравени огромен дел од земјите поготово во европа. Прашање е колку можело и подобро.

За последниот параграф се слагам. Тоа е уште една причина зошто се сели народот не само од мкд него од цел балкан. Лоши сме...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.726
Поени од реакции
12.156
Ни можеш да вратиш ни можеш да задржиш, така да џабе дебатираме ако не си способен да одговориш како ќе задржиш било кого кога 1000км погоре во европа може да најде и амалска работа и подобро да живее него во мкд....
ти си утнал целосно она за што си ме цитирал пред неколку страни, во суштина не знам и што ти е целта на муабетот. За последен пат пошто на луѓе кои тешко сфаќаат или се обидуваат да пласираат други тези, вон цитираното, ми е досадно неколку страни да им објаснувам. Тоа дека од век нашите се иселувале so what муабетите се веќе дрндање напразно, булшит измислен од античкиве, откако се објавија податоците. А дека тие не ама овие направиле...ти е исто погрешна теза која се обидуваш да ја протнеш, а за што има други теми што се "направиле". Доволно ме убедуваш дека ова со младите, Македонија и образованите е номална ситуација.
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.500
Поени од реакции
22.955
ти си утнал целосно она за што си ме цитирал пред неколку страни, во суштина не знам и што ти е целта на муабетот. За последен пат пошто на луѓе кои тешко сфаќаат или се обидуваат да пласираат други тези, вон цитираното, ми е досадно неколку страни да им објаснувам. Тоа дека од век нашите се иселувале so what муабетите се веќе дрндање напразно, булшит измислен од античкиве, откако се објавија податоците. А дека тие не ама овие направиле...ти е исто погрешна теза која се обидуваш да ја протнеш, а за што има други теми што се "направиле". Доволно ме убедуваш дека ова со младите, Македонија и образованите е номална ситуација.
Ај прочитај си ја убаво првата реченица, како може јас да сум утнал кога веќе сум те цитирал? Поверојатно е ова второто дека не сфаќаш што била целта иако се ти е напишано уште во првата реченица на мојот пост кога те цитирав.

Поентата е многу едоставна само тебе не ти се свиѓа па ти е муабет измислен од античките и што ти не. Античките ли ги терале ти во 70тите да се селат или и филмот на Столе Попов е од нив пласиран?

Еве ти снимка од 1933 протестот за независна македонија во УСА.


Овие исто грујо да не ги терал?

Еве ти и од 20тите...


Торонто 1903та....


Народот се селел од балканот од памтивек. Не само ние, напротив она што ти кажав во првиот пост тоа било судбина на сите од таму. Има 10 милјони грци исселено. Последен нивен бран беше сега пред 2-3 години кога им го наметнаа штедењето. Цел куп млади (а они први заминуваат зашто најлесно губат работа дома и се физички спремни) се испреселија во европа и преку океанските земји...

Мене не требало античките да ми го објаснат ова јас сум надвор уште пред они да дојдат на власт. Може за тебе е ова новост, шокантно или што знам јас ама за повеќето не е. Затоа и ти реков не коментирај кога не ја разбираш проблематиката и реалноста и не ми давај „докази“ кој се пишувани да се користат за политички цели. Незнам каков доказ или шок е за тебе во првичната статија дека во МКД нема работа за одредени професии или дека финасиите се проблем или дека во њујорк е поинтересно него во МКД. Па во дијаспората имаш и бивши пратеници и судии и директори... Од голтар до владика ако имал прилика се одселил а ти ми кажуваш дека тоа биле булшит муабети :tapp: .

Не не те убедувам дека некој нешто направил, факт е дека никој не направил доволно за да го запри или намали интензитетот на преселба не само од МКД него од цел балкан ниту пак дека ќе направи. Ти објаснив и тоа како може,нас ни треба квантомски скок да го стигнеме светот а тоа може само со затварање и воспоставување режим кој ќе работи за доброто на државата и идни генерации на сметка на сегашните. Тоа нема шанси да помине кај сегашните, не во ова време кога секој може да види како се живее на друго место. Тоа што сега полесно може да се стигне надвор благодарение на БГ пасош (дефакто влез во европска унија) ти е доволен доказ дека и да има напредок еве да влеземе во ЕУ како држава пак луѓето ќе гледаат за себе, пак ако има на друго место подобри услови ќе одат. Светот се глобализира и ако неможеш да понудиш услови нема лутење ќе си одат и си одат.

И да сосема нормална ситуација е ова со младите и образованите. Тоа што предходните генерации немале можност (БГ пасош) не значи дека новите се овци што вечно ќе чекаат подобри времиња. Светот се смени ама дур некој уконта му пројде животот. Доктори одат во германија зашто тамошниот тренд е нивните да се селат во Скандинавија - нормално за ПОГОЛЕМА ПЛАТА. Тренд во Австралија е младите да работат во Лондон за ИНТЕРНАЦИОНАЛНО ИСКУСТВО И ПОГОЛЕМА ПЛАТА па имаме пола милјон во Лондон... Малку почуден тренд во последните неколку години беше да имаме американци на градилишта во АУС затоа што таму им умре градежната индустрија па во аус имаат одлична можност ДА ЗАРАБОТАТ. Незнам што ти очекуваш да седат дома и да чекаат 300е плата во администрација?
 
Последно уредено:
Член од
23 октомври 2015
Мислења
128
Поени од реакции
72
Точно од векови сме се селеле, што е тука грешно?
Овде би сакал да ве поправам и двајцата. Не сме се селеле од веков и не е точно.
Прво како прво тоа печалбарство постоело да, затоа што во некои села едноставно земјата не раѓала доволно за да се прехрани меѓутоа тие печалбвари се враќале и овде имале семејства. И мојот прадедо бил америка заработил пари и се вратил.
Друга работа која го негира селењето како нешто нормално од век и веков е следнава информација. За време на владеењето на Хитлер во Германија имало во подоцнежните години недостаток на работна сила, барале буквално се инжинери, слугинки, работници значи се. И тоа барале од земјите кои си ги рачунале како свои колонии меѓу кои била и тогашна Југославија. За среќа нашите предци на овие простори а и од другите колонии биле доволно паметни и на прсти се броеле тие што отишле Германија. А бројот на тие што станале партизани и се бореле за своја држава, за слобода бил далеку поголем.
Значи луѓето тогаш биле доволно свесни и имале доволнно верба во подобра иднина за да станат партизани, а не да му се покорат на некој имеријалист и да бидат колонија.

Она што денес се случува со селењата е потполен пропад на еден народ, смрт на еден нарот. Луѓе си одат со намера да не се вратат или во најдобар случај на ефтин одмор да дојдат да се кочоперат и тоа е се.
Ние сме мртов народ, колонија е комплимент за нас. А тоа е како резултат на политиките во последниве 25 години според некои, а според други од смртта на Тито па до денес.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.726
Поени од реакции
12.156
Е тоа де. Треба да се седне веројатно и прочита малку барем историја, во какви услови или неуслови живееле македонците, за да не трошиме напразно страници со т.н. ген на македонецот. Имало војни, прогони, етничко чистење, одземање имоти, пак војни.. итн. Сега веќе 25 години (исклучок 2001) тоа начелно го немаме.
Втора работа е што сме погодени и од белата чума. Ако во 1931 прирастот на 1000 жители бил 13-15, во 1950тите 23-25, крајот на 80тите 10-11, 2000та 6, 2012-2014 е 1.6-1.9. Нема потреба да преведам што значи од 6-7 деца, 2-3 да отидат гурбет, другите 3-4 да работат на земјата и да се размножуваат... и од 1-2 деца, сите да отидат. По етничка припадност веројатно податоците за македонците се уште полоши. Еве како одело природното движење.

И нешто за односот наталитет, иселени, иселени на црно па и пописот.

БЕЛА ЧУМА СЕ ЗАДАДЕ ИЛИ НЕШТО СОСЕМА ДРУГО?
Гоце Дуковски –
потпретседател на ГРОМ во Ѓорче Петров

Првиот дел од насловот наликува на една стара македонска народна песна во која се опишуваат маките на овие луѓениз векови , но како да станува збор за актуелните маки и прилики кај нас
Секојдневно сме бомбардирани од медиумите за сé помалиот број на новородени во нашата земја и во прилог на тоа течат владините кампањи за трето дете, за нови брачни заедници, за семејството и т.н. Ако се гледаат површно работите, тоа е сосема во ред и таквите кампањи пропагираат сосема нормални човекови вредности кои секој нормален човек би ги поддржал.
Но, со малку подлабока анализа на проблемот, ќе ја видиме и онаа друга страна која е многу мрачна и пострашна за тоа што во иднина ја очекува оваа земја.
Низ јавноста течат информации дека за последните десетина години оваа земја ја напуштиле помеѓу 230 и 250 илјади наши државјани и секако насетувате, тоа се исклучиво млади луѓе кои својата подобра иднина ја побарале во белиот свет.
Во оваа бројка не се вкалкулирани и оние што работат на црно во европските земји по принципот на туристи кои ја напуштаат државата во која што работат пред истекот на третиот месец. Претстојуваат неколку дена дома и пак, повторно, демек туристички, ја напуштаат нашата држава.

Но, овие податоци строго контролираните медиуми не ги соопштуваат да не падне магла врз розевите очила кои ние треба да ги носиме за да гледаме колку ни е убаво во нашата држава. Како ќе се објасни фактот дека во екот на преродбеничките реформи, младите луѓе ја напуштаат оваа држава и вадат билети во еден правец. Согласно на ова, нормално е да опаѓа бројот на новородени кога толку млади луѓе ја напуштиле земјата. Но, нема да ме зачуди и тоа во следниот период да излезе владина кампања која ќе промовира и луѓето во средни години да создаваат нови поколенија како што сега ги промовираа бесплатните ски – карти за пензионери.
Неоспорен е фактот дека младиот човек кај нас може да добие солидно вработување исклучиво ако е член на владејачката гарнитура и никако на друг начин. Затоа во вода паѓаат сите останати политички програми на останатите политички субјекти. Почнаа луѓето веќе да не веруваат во ништо и доколку има и некоја сосема коректна понуда од другата страна, за нејзе едноставно да не се размислува.
Ни еден политички субјект кај нас не може да освои повеќе од 300 илјади гласови доколку изборите се без притисоци и закани. Но кај нас се случува феноменот на создавање на нови гласачи кои се од редовите на државната и јавната администрација заедно со нивните семејства. Се проценува дека некаде околу 40 илјади луѓе се вработуваат помеѓу два изборни циклуса и тоа на државна сметка. Тоа е новата добитна комбинација со низок коефициент.

Зошто пропадна пописот?
Ако се навратиме на пописот ќе си споменеме дека во тоа време патриотите и од двете страни не дозволиле нивниот ентитет да доживее неправда во однос на другите. Така медиумите ја водеа водата за народот да верува на овие чудотворци од политичари.
Но времето покажува нешто друго, а тоа е дека коалиционите партнери тоа го договориле и добиле политички поени на кус рок.
Како ќе им објаснеа на своите ( секој од нив се обраќа исклучиво на жителите од својот ентитет иако се декларираат како граѓански партии) дека во нивно владеење толку се намалил бројот на жителите на оваа земја независно на која заедница припаѓаат. Затоа паметните млади луѓе, овие местенки почнаа да ги препознаваат и не сакаат да носат розеви очила. Во последно време дури има и ситуации кога државата ја напуштаат и сопружници кои се вработени во надеж за подобра иднина за нив и нивните деца.
Затоа не бела, туку нас и црна чума ќе не изеде ако не се сменат работите во најскоро време.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.500
Поени од реакции
22.955
@Antikrist @Lurtz да не ве цитирам одвоено...

1. Во УСА преселбата е започната уште 1880 и ова е според записите на Елис островот. Да не го тупам еве ви линк прочитајте си.
http://saintmaryohio.org/history.aspx
Меѓу 1903 и 1906 од 50 000 што отишле 20 000 останале. Толку од печалбарите, тоа се потоа во поголем број останувало.

Во Австралија е горе доле исто само генерација подоцна првите во поголем број дошле во 20тите а повеќето подоцна во 60тите. Дел останале дел се вратиле за поголем дел од тие што се вратиле подоцна пак да се иселеат во АУС. Знам повеќе луѓе овде што биле родени во АУС, нивните родители ги вратиле во МКД а притоа не ни зеле државјанство зашто биле лојални (уплашени) од режимот во Југославија.

За европа е тешко да се најдат подоби информации ама таму преселбите биле уште порано, тука зборам пред се Белград и Софија.

2. Тоа со Хитлер нема врска, во тој период во гер владеел хаос, хиперинфлација, рестрикции и што ти не. Се одело во УСА и Јужна Америка. Во тој период само во Аргентина завршиле 30 000 од кој денес нема веќе ни трага ни глас. Ете толку се вратиле.

3. Денес е многу полесно да се оди него порано. Народот е поинформиран, полесно е да се снајде. Си одат без желба да се вратат затоа знаат како ќе им биде на друго место а како им е дома. Плус денес дистанците се смалени. Ако порано било мисија од 3 месеци на брод да дојдеш во АУС денес се стига за 25 саати. Светот целосно е сменет и нема враќање. Тоа дали ќе опстанеме како народ е веќе сосема друг проблем. За такво нешто треба да сме сплотени а ние сме поделени на секаков можен начин.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.788
Поени од реакции
18.416
Нема да го спречи, ама ќе го намали. Овие 10 години еднаш и никогаш повеќе.
Кој ќе го намали? Овие?

Голема акција на Економскиот факултет во Скопје: Уапсен е професорот Шуклев, се трага по уште професори!

Овие уапсениве професори се претежно со партиска книшка на СДСМ. А дека се корумпирани, корумпирани се до даска. Можно е на еден од уапсениве професори асистент да му е и овој



кој ви е портпарол или економски експерт ил што ти ја знам. Така да полека со еуфоријата дека конечно правдата пристигнува и кај младите ќе се врати надежта во државата и тие ќе решат да останат тука. Тука можеш да останеш ти, кој што чекаш државна работа и нема да бидеш ништо бољи од дпмнеовците. Реалноста е дека од кур на кур иде државава. А да, членот на раководна позиција во МАНУ е Таки Фити најверојатно, не очекував вакво нешто барем од него.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
^ jas pa ne ocekuvav nisto porazlicno od toa MVRO da apsi samo kroumpirani profesori so kniski od SDSM.
jer site znaeme deka profesorite so kniski od MVRO se najcesnite profesori na UKIM.
okej den.
 
Член од
15 ноември 2014
Мислења
327
Поени од реакции
315
Интересно, дури сега ја гледам анкетава на факултети.мк , за само 1150-1650 евра повеќе од просечната плата Македонец би останал во државата.
Deneshniov nastan na Ekonomski , anketava i mak. studenti (pogolemiot del).
Ova denesnovo mozheshe slobodno da se sluchi i pred 10 ili 20 god., situacijata ne e nishto smeneta . Zoshto bash denes ne e teshko da se pogodi.
No, drugo mi e poentata, za mak. studenti, nivnite diplomi i namerite so mak. diplomi da pravat kariera vo civiliziraniot svet. Pa duri i sumi se vrtat, plata od 2000,-€, 5-10.000,- itn.

Posle ovoj nastan site koj polagale kaj deneshnive eksperti (za korupcija), da odat na Ekonomski i da gi vratat diplomite. Da ne spomnuvam pa M-r, D-r i ostanata tinja.
Ne deka i drugite fakulteti se podobri, tuku zhrepkata padna kaj Ekonomski.

Znam deka zvucham grubo, no toa samo Ve soochuvam so realnosta, koja site ja znaete a se pravite na 3 1/2, taka povekje Vi odgovara.
I ne postavuvajte prashanja od tipot, dali mi e priznaena diplomata vo Germanija, Avstralija ili neznam kade.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom