Еве уште еден лош показател, се намалува активното население
АНАЛИЗА: Многу дипломци – малку работа!?
Да се потсетиме и на податоци од 2013 (кога зборевме за стотиците дисперзирани кои непотребно се отвараа). Сега и нов универзитет ќе се отвара
„Младите мозоци“ масовно ја напуштаат Македонија
Поради тоа што
над 50 отсто од младите луѓе во земјава се невработени, тие се повеќе одлучуваат да мигрираат во развиените странски земји. Македонија веќе остана без четвртина од своето население, додека оваа тенденција може да се зголеми имајќи ги во предвид искажаните желби на младите студенти дека сакаат да ја напуштат државава по завршувањето на студиите.
Владата го призна овој проблем со изготвувањето на нацрт стратегија за спречување на одливот на младите, но дали ќе успее да ја спречи оваа масовна појава?
Трендот на миграција на населението од Македонија во странство, предизвикан главно од економски причини, добива загрижувачки размери, а уште поалармантно е дека, според информации од релевантни институции и организации,
голем број од граѓаните што мигрираат од државава се високообразовани млади луѓе. Тоа значи дека земјава останува без активното население и „умните глави“, кои немајќи можност да се изразат на професионален план во родното место, заминуваат во потрага по подобра иднина во Европа, САД и арапските држави.
Оттаму, реалноста дека земјава е една од водечките по бројот на млади кои спаѓаат во категорија „невработени“ или „иселени“, на некој начин ја принуди и владата да изготви национална стратегија за враќање на заминатите образовани кадри, но и да ги спречи во изразената намера повеќе од половина моментални студенти да заминат на печалба по комплетирањето на образованието. Доколку тоа не даде конкретни резултати во насока на создавање на услови и амбиент за вработување на стручните и компетентните кадри во земјава, познавачите предупредуваат дека ќе биде доведена во прашање смислата за постоењето на Македонија, бидејќи државата ќе остане без значителен дел од своето активно население.
Што говорат бројките?
Во тој контекст, Светска банка неодамна објави извештај, чии податоци за вкупниот број на иселени лица силно одекнаа во земјава. Според извештајот, 447.000 македонски граѓани мигрирале во странство заклучно со 2010 година, што претставува
над 20 отсто од населението, а доколку се има во обзир дека многу граѓани во странство работат на црно, се претпоставува дека безмалку една четвртина од вкупното население е надвор од земјава.
Инаку, тоа ја рангира државава на 23-тото место во групата земји во светот со најмногу емигранти, во друштво со Газа, Гранада, Самоа…
Имено,
според Националниот младински совет, процентот на млади кои во 2012 година емигрирале од земјава, постојано или привремено, е 16 отсто. Тоа отскокнува од светскиот процент од 10 отсто. Обединетите нации објавија податок дека во светот има над 200 милиони мигранти, а дури 60 отсто од младите живеат во земјите на развој.
Клучниот одговор зошто младите во голем број ја напуштаат Македонија, повеќе отколку што тоа го прават во другите држави, индиректно и посредно го даваат податоците на домашните институции и меѓународните организации. Во најновиот извештај на европската статистичка служба „Евростат“, објавен на почетокот на годинава, стои дека
304.000 млади се невработени, или скоро 54 отсто. Тоа ја става земјава на второто место веднаш зад Грција, која периодов се соочува со длабока финансиска криза.
Образовната структура на млади невработените луѓе, пак, ја даваат последните податоци од Државниот завод за статистика, кои покажуваат оти бројката на
невработени висообразовани млади во земјава изнесува дури 45.768, додека во последното тримесечје од минатата година, споредено со истиот период во 2011-тата, се регистрирани нови 3.890 лица кои имаат универзитетска диплома, без работа. Сепак, најголем е бројот на млади невработени
со средно образование, односно 123.000, по што следат оние со основно образование со речиси 77.000. Според податоците од Агенцијата за вработување, пак, минатата година биле регистрирани дури
764 невработени магистри и 17 невработени доктори на науки.
За разлика од Македонија, која е една од водечките држави според невработеноста на младите со над 50 отсто, стапката на невработеност на младите во Норвешка е 9,3 отсто, во Австрија 11,9, во САД 18,2 отсто…
Што се однесува до регионот, во Словенија е 16,8 отсто, во Хрватска 36,8, во Црна Гора 40, во Романија 23,8, Бугарија 27,6, во Албанија 28,3 отсто…
Дека постои тренд на иселување на Македонците, пред се на младите во последните десет години, на почетокот на годинава потврди и самата владата преку Министерството за образование и наука, откако изготви нацрт-национална стратегија. Целта на овој документ е да ги врати високообразованите Македонци од странство во земјава. Меѓутоа, и ги спречи одливот на мозоци во иднина, бидејќи дури три четвртини, поточно
85 отсто, од студентите во завршна студиска година се изјасниле дека сакаат да ја напуштат земјата.
Во тој контекст, меѓународниот проект „Хелтгрупер“ неодамна објави анкета на студентите од прва година на Медицинскиот факултет, при што резултатот бил дека половина од студентите по завршувањето на студиите би заминале да работат и живеат во странство. Поточно, на прашањето „Дали би сакале да останат во Македонија по завршување на студиите“, речиси половина, поточно 47,7 отсто од сите студенти изјавиле дека сакаат да се отселат. На второто прашање, пак, формулирано како „Доколку може да одберете, каде би сакале да работите по завршување на студиите“, загрижувачки 60.6 отсто изјавиле дека сакаат да се отселат.
Некомпетентните им го земаат местото на квалитетните кадри
Поради тоа што над 50 отсто од младите луѓе во земјава се невработени, луѓето до 25 години, најчесто со универзитетска диплома, но и останатото активно население со понизок степен на образование, се повеќе одлучува да мигрира во развиените странски земји. Тоа придонело до пред 3 години од земјава да се отсели една четвртина од вкупното население. Ако се знае дека повеќе од половина студенти најавуваат дека би заминале во странство по завршување на студиите, постои реална опасност оваа бројка дополнително да се зголемува.
„Стапката на невработеност на младите во Македонија е натпропорционално повисока од останатите земји во регионот и изнесува фрапантни 55,7 отсто, што се должи на високата стапка на невработеност на вкупното активно население која изнесува 32 отсто. Од нив најмногу на удар е младината, бидејќи нема доволно работни позиции за оние кои сега завршуваат со своето образование“, вели Гошев, кој смета дека оваа е само бројката на младите кои се евидентирани како невработени, а има и такви кои што не се пријавени и тука бројката може да расте.
Или партиска книшка или во странство
Голем број на високообразовани кадри денес го подигаат бруто-нациоионалниот производ во многу земји низ Европа и Америка, со знаења стекнати во Македонија. Како што информираат од агенцијата за вработување во странство „Коузон Корпорација“, преку нивните студентски work and travel и intership програми на годишно ниво заминуваат околу 3.500 млади, иако претежно младите заминуваат само на неколкумесечна привремена работа
. За најатрактивни дестинации за мигрирање на младите ги наведуваат Германија, Италија, Австрија, Шведска, Америка, Канада и Австралија, а најголеми реални можности за вработување се нудат во ОАЕ односно во Катар и во Дубаи, додека не е за потценување бројката на млади кои емигрирале и работат за контингентите ви Ирак и Авганистан.
Според Марјан Забрчанец, извршен директор во Младинскиот образовен форум (МОФ) причина за големиот број на невработени висоокообразовани кадри е тоа што државата одлучила да го зголемува бројот на универзитети и со тоа да се мултиплицираат високообразовните институции кои нудат образование чиј квалитет според него и не е баш на некое завидно ниво.
„Во економските услови во кои живееме,
на младите им остануваат две најчести опции. Да обезбедат
партиска книшка и така да се надеваат на вработување во државна администрација или да ја напуштат државата. Одложувањето на проблемот се овозможува преку запишување на постдипломски студии, но за кратко. Тенденциите говорат дека младите побрзо ќе ја напуштат државата во потрага по подостоинствен живот, отколку да се „покоруваат“ на владејачките партии, со надеж дека ќе добијат работно место во државниот апарат. Дополнително, мислам дека за новите генерации државната администрација станува се помалку атрактивна, иако им се нуди како најголем работодавач“, рече Забрчанец.
Точно од векови сме се селеле, што е тука грешно?...
не е грешно, глупо е. Напишав погоре зошто, да не пишувам 5 пати ако не сакаш или не можеш да сфаќаш.
Сепак кажи ми ти мене дали знаеш некој високообразован кадар што се пријавил како азилант, пошто тоа се твојте официјални информации. Јас знам многу што отишле со БГ пасош ама како азиланти едино што знам се цигани, баш ко тие на сликата од твојте официјални информации. Имаше и за нив по весниците, со првиот бран што одеа со сиријците....
прочитај погоре, имаш истражувања и анализи какви луѓе си одат.