Ауфвидерзен Македонијо!

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.977
Поени од реакции
35.681
Во Македонија нема сонувачи од типот на go big or go home, од причина што ако одиш BIG непотготвен т.е без потребните конекции, ќе привлечиш непотребно паразитско внимание кое со тек на време ќе ти го изглода бизнисот што сам си ги изградил. Зарем не познаваш такви случаеви, на луѓе што почнале од нула, работеле на брод или во странство, собрале капитал да отворат нешто во Македонија за на крајот да бидат приморани да затворат од наездата на разно-разни инспектори, корумпирани политичари, рекетари, нечесни конкуренти, началници на полиција...
Дефинитивно. Не е ни чудо зошто докторите бегат во Германија. Како што кажа некој поназад 10тина страни , ќе си останат на 500 илјади администрација.

Ај можда на нашите внуци ќе им избегаат сите стериотипи и влажности од минатото од главата.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.795
Поени од реакции
21.217
Добро де, установивме дека јас мислам дека лаже, ти дека не. Јас те прашав што ќе добиеме ако лаже, зашто според мене лаже. Ај вака ќе го поставам...
Што мислиш ти дека ќе добиеме со ова негово „промовирање“? Извини, ама неможам без наводници да го пишам. Сигурна сум дека ми го сфаќаш прашањето, само го одбегнуваш, ама ај...

Јас не реков да се жали и да плаче таму дека ништо не чини. Туку да го избегне дипломатски тој дел, без да иде контра на вистината. Никој нема да не жали тоа сигурно, зашто многу Американци не ни знаат каде се наоѓа Македонија. Ама бар нема да не мислат за лажговци, или уште полошо, да мислат дека нашиот Претседател врска нема што се случува во државата.
И многу грешно си сфатил каква сум јас, ама не е битно.

И очигледно јас и ти ги гледаме сите работи многу спротивно. Ако ти мислиш дека Македонската природа не е ништо посебно, јас мислам дека е прекрасна, и фала богу не сум единствената. Незнам како тоа природата може да биде далеку под просекот. Тревата не е исто зелена како во Австрија? Или водопадите не ни се толку големи колку Нијагарините? Природа си е природа и е убава, без разлика дали се работи за планини, ливади, водопади или било што друго. Баш многу ме интересира што мислиш ти дека е убаво во Македонија и вреди да се посети, ако не природата? Политичарите?

Те пратам што збориш, ама како што реков, јас и ти спротивно гледаме на работите така да....
Сега ке ти кажам што е разликата и тоа баш за природата пошто ти е полесно така да гледаш на работите.
Јас како што кажав не сметам дека имаме нешто посебна природа. Нити нешто за што некој би се закренал 10000 км за да дојди да види, пошто според мене ако веќе ги правам тие 10000 км ке одам на друго место. Но тоа е работа на вкус.
Но ако некој ме праша што ке речам за нашата природа ке речам исто како и ти најверојатно. Сигурно нема да ја кудам и да речам абе ништо пуста пустелија, седиси кај што си не си ги арчи парите. Значи од моја гледна точка свесно ке го излажам и ке кажам како тука да е незнам рај на земјата се во интерес на промоција на мојата држава.
Ти што би направила да си на мое место и да имаш мое гледиште за природата на пример?
Сега ме сфати зошто јас застанувам позади излагањето на официјален претставник на државата и што е мојот мотив посебно кога се работи за промоција некаде надвор. Не дека се сложувам или не, не дека јас немам став или мое мислење во врска со тоа. Туку затоа што сметам дека во очите на некој однадвор треба да бидеме сложни и единствени и домашните проблеми да си ги решаваме сами дома, а не на секој однадвор да изиграваме 5 колона, божем тој за наше добро ке дојди и ке ни ја оправи работата. Сами ако не си ја поправиме, никој нема.
И најпосле исто сметам дека проблемот е од економска природа, но коренот е политички и таму треба да се бара решението. Или попросто кажано како нација сме неединствени и затоа сме подложни на разноразни глупости што ни ги сервираат белосветски добротвори. Затоа имаме карикатура од демократија и сите последици што доаѓаат со неа, вклучително и инвестициите или економијата.[DOUBLEPOST=1411939160][/DOUBLEPOST]
не е луд, си ја работи работата за која е платен. Кловнон у циркус не е бурлескен комедијант 24/7, туку само на сцена за каде што си е платен да биде бурлескен комедијант.
Прочитај погоре. На друга тема баш за знамето зборавме , па сега повлечи некоја паралела ако можиш. Во глобала е исто, само како што многу пати ти имам речено слабо разбираш некои работи, а тоа многу често ти се случува.[DOUBLEPOST=1411939523][/DOUBLEPOST]
Зашто секад се вадите на старите работи, у стилот тито е крив,бранко е крив,пусто турско 5 века
Да сите тие се криви за нешто не викам не... ама пробелмот е како да се намали иселувањето или што воопшто се превзема за да се намали без разлика дали дава резултати или не .Неможеш сега да си изнаоѓаш стари оправдување имам чичко што се иселил во Австралија и сега најнорамлно е и другите да се селат
Во случајот ти го браниш прецедателот на земјава кој истакнува дека МАЛДИТЕ НЕ ЗАМИНУВААТ ПОРАДИ НОВИТЕ РАБОТНИ МЕСТА :P
Ама што ти зборам јас кога сите знаеме дека си владино дете...
Е и јас тоа прашувам де. Цело време тоа прашувам.
И ако сум јас владино дете, тогаш тоа тебе те прави што?
Дете на опозицијата или ...
Јас во случајот ја бранам институцујата Претседател на Р. Македонија.
Види сите запнавте дека проблемот е економски. Да економски е но коренот е политички или попрецизно кажано како нација сме неединствени. Јас ке го бранев претседателот, премиерот, државата кој и да се тие се додека се избрани на легални избори. Ке го бранев пред сите странци и ке застанам позади нив и позади тоа што го зборуваат па макар тресел зелени. Не дека јас се согласувам со нивната политика или дека немам свое мислење и став, туку затоа што тие се легално избрани претставници на оваа држава. Значи зборувам за странци. Дома можеме да се караме и плукаме колку што сакаме, секако во духот на демократијата. Но према надвор сметам дека треба да бидиме сплотени и единствени.
Види никој нема дома да ти ги реши проблемите освен ние самите. Затоа јас изреагирав така како што изреагирав. Ке изреагирав слично кој и да беше претседател безразлика дали сум се сложувал со неговата политика или не кажана пред странци.
Ние можеме тука да смислуваме незнам какви економски мерки и решенија. Проблемот е како што реков политички.
Ајде не пратам толку статистики , некој друг тука е задолжен за тоа. Но колку што прочитав една Албанија имала многу повеќе странски инвестиции од нас. Таа стана и членка на НАТО и незнам таму што. Зошто е тоа така, зошто една соседна земја со број на жители отприлика колку нас со каде каде полош систем, демократија, корупција е понапред од нас.
Па пред еден месец или два таму полицијата водеше војна со мафијата за полињата со дрога. Хеликоптер им срушија. Укинаја и локални самоуправи и си ги прекроија по нивни терк и никому ништо. Пак се понаперд од нас, никој не ги критикува.
Каква врска има претседателот со сето ова ?

Па тој излезе пред американската јавност со лага дека младите Македонци се повеќе одлучуваат да останат во родната татковина, наместо да заминуваат во странство во потрага по подобар живот.

Не е важна неговата функција, ниту неговата власт или моќ, туку важен е фактот дека мнозинството граѓани на Република Македонија го избрале него за да ги претставува, негува и брани интересите на граѓаните на Република Македонија, а не да излегува со лаги пред светот, за што ќе му се смејат не само на него, туку и на македонската држава и на македонската нација.

Не е прашање на власт или моќ, туку на кредибилитет и достоинство - работи за кои очигледно актуелната влада и актуелниот претседател на Република Македонија очигледно немаат ниту најосновни познавања.

А на твоето прашање што понатаму и како да се решат проблемите, мојот одговор е едноставен:

Уништувањето секогаш е брзо и лесно, за разлика од создавањето кое секогаш е тешко трае долго време.

Во текот на 1990-те години, се што беше создавано во Македонија од крајот на Втората Светска Војна, па се до отцепувањето на Македонија од Југославија во 1991 година, беше уништено во многу брз временски период.

На Македонија и е потребна економска и индустриска обнова, а не квази-патриотска и квази-националистичка пропаганда во облик на споменици, административни згради и преименувања на улици, булевари и мостови кои очајнички плачат за обновување.

Економска и индустриска обнова е многу тешко да се постигне со корумпирани политичари и во власта и во опозицијата, а уште потешко е да се постигне кога народните пари се фрлаат за секакви непотребни глупости.

За да се постигне економска и индустриска обнова не е потребна само промена на власта во Македонија, туку се потребни и промена на опозицијата и промена на економскиот и социјалниот модел кој се применува во оваа држава.

За почеток, треба да се укинат даноците и придонесите за примателите на најниска плата, бидејќи срамно е луѓето кои примаат мизерија од плата да мораат да плаќаат и данок и придонеси за таквата плата, без разлика дали таквите трошоци паѓаат врз работодавачите или врз работниците.

Понатаму, потребно е намалување или уште подобро, укинување на бројните казни кои се воведени за секакви ситни пропусти кои инспекциските служби ги откриваат во малите и во средните бизниси, кои ризикуваат да бидат истребени со истите тие високи казни и корумпираните инспектори.

Меѓу другото, потребно е и воведување на подготвителен период за новоотворените компании за да се прилагодат на законите и на правилата, па наместо веднаш да фрчат казни после првата инспекција, првите година дена, или уште подобро, првите 2 години, новоотворените компании да примаат само забелешки и предупредувања наместо казни, а ако ситуацијата е сериозно ризична, да се затвори компанијата додека не ги отстрани пропустите, но притоа да не плаќа казна за тоа доколку пропустите се појавиле во текот на првите година дена, или уште подобро, во првите 2 години.

Потребно е давање предност на македонските компании при јавните набавки наспроти странските компании. Тука држи вода твојата теорија дека и западот е лицемерен, па затоа и ние не мораме да бидеме нешто поарни.

Како што западот со народни пари ги спасуваше банките и големите компании од банкрот како што беа Џенерал Моторс и Крајслер после светската економска криза од 2008 година, така и македонската влада можеше да му го даде тендерот за новите градски автобуси на скопски Санос, со што ќе се отвореа нови работни места во Скопје, а парите од јавната набавка ќе останеа во Македонија, наместо да завршат во Украина и во Кина. И те молам не ги спомнувај градежните инвестиции, бидејќи не сите Македонци се градежници, а бројот на новоизградени станови од поодамна го надмина бројот на барани станови, а административните згради не носат ништо подобро со себеси, туку напротив - носат уште повеќе бирократија, уште повеќе партиски вработувања и уште повеќе корупција.

Ги има и ред други работи кои очајнички им се потребни, како на малите и средните фирми, така и на македонската економија, но се додека имаме ваква власт, но и ваква опозиција, ситуацијата воопшто нема да се подобри и нема да мрднеме од мртва точка.

А како капак на сето ова, претседателот на Република Македонија да излегува пред американската јавност со приказна дека младите Македонци се повеќе одлучуваат да останат во родната татковина, наместо да заминуваат во странство во потрага по подобар живот, е буквално плукање во лицата на стотиците илјадници Македонци кои секојдневно се соочуваат со вистински и сериозни проблеми, а не со прашањето која бајка да му ја продадат на западот.
Незнам ти го спомна претходно како бил претседател од незнам кога и досега нема ништо направено.
Инаку можеме да се сложиме дека проблемот е од политичка природа ,а економиојата ни е ајде да речам колатерална штета. Какви сакаш економски решенија носи џабе ке биди, друго е маката.
 
Последно уредено:
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
мкд владе не ми филозофирај многу полиња со марихуана,функција прецедател и дрнде мрнде ... Нашиот прецедател кажал дека малдите остануват во државата зашто ја подобрувале еконмијата ... од кај го ископа тоа кај го најде тој податок...
ја претставувал земјата ово он ти реков ми рече... тој е лидер бе на држава, не е на митинг у валандово
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.795
Поени од реакции
21.217
мкд владе не ми филозофирај многу полиња со марихуана,функција прецедател и дрнде мрнде ... Нашиот прецедател кажал дека малдите остануват во државата зашто ја подобрувале еконмијата ... од кај го ископа тоа кај го најде тој податок...
ја претставувал земјата ово он ти реков ми рече... тој е лидер бе на држава, не е на митинг у валандово
И каква врска има тоа што ти мене ме прашуваш со тоа што јас го напишав. Ајде препрочитај уште еднаш ама без нервози, и ако пак ти дојди да ме прашаш истото прашање, не се мачи без потреба, пошто ако не сфати од постот што сакам да кажам никогаш нема ни да сфатиш.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
И каква врска има тоа што ти мене ме прашуваш со тоа што јас го напишав. Ајде препрочитај уште еднаш ама без нервози, и ако пак ти дојди да ме прашаш истото прашање, не се мачи без потреба, пошто ако не сфати од постот што сакам да кажам никогаш нема ни да сфатиш.
Абе кој те прашува тебе,гледам филозофираш нешто демек нешто имаш став ово оно ,ама не те бива... разбуди се
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.542
Поени од реакции
11.628
Незнам ти го спомна претходно како бил претседател од незнам кога и досега нема ништо направено.
Инаку можеме да се сложиме дека проблемот е од политичка природа ,а економиојата ни е ајде да речам колатерална штета. Какви сакаш економски решенија носи џабе ке биди, друго е маката.
Спомнав дека од кога актуелниот претседател на Република Македонија ја извршува својата функција од 2009 година па наваму, ситуацијата воопшто не е подобрена на економски и на социјален план, а како претседател кој извршува веќе втор претседателски мандат по ред, би требало да е свесен дека младите Македонци се повеќе и повеќе ја напуштаат Македонија во потрага по подобар живот во странство, па од тука по автоматизам би требал да биде свесен што говори пред американската и пред светската јавност.

Не е од вчера за да тропа глупости дека младите Македонци остануваат во родната татковина наместо да заминуваат во странство во потрага по подобар живот, веќе 6-та година по ред е претседател и би требало да е одлично запознаен со економската и социјалната состојба на државата и на нацијата.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.795
Поени од реакции
21.217
Абе кој те прашува тебе,гледам филозофираш нешто демек нешто имаш став ово оно ,ама не те бива... разбуди се
А тебе кој те есапи пак, фактор си некаков некаде. Дај кажи барем да знаеме со кој си имаме работа. Можи си голема фаца некаде.
За мене искрено си небитен, ни ти ни твојот став и мислење исто како што е мојот став за тебе небитен.
Така да ти можеби си разбуден ама некако уште сонлив си. Оди рашлакај се со вода, форум е ова. Ни твојот ни мојот став е небитен.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
А тебе кој те есапи пак, фактор си некаков некаде. Дај кажи барем да знаеме со кој си имаме работа. Можи си голема фаца некаде.
За мене искрено си небитен, ни ти ни твојот став и мислење исто како што е мојот став за тебе небитен.
Така да ти можеби си разбуден ама некако уште сонлив си. Оди рашлакај се со вода, форум е ова. Ни твојот ни мојот став е небитен.
абе ти немаш став каша попара направи
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.795
Поени од реакции
21.217
Спомнав дека од кога актуелниот претседател на Република Македонија ја извршува својата функција од 2009 година па наваму, ситуацијата воопшто не е подобрена на економски и на социјален план, а како претседател кој извршува веќе втор претседателски мандат по ред, би требало да е свесен дека младите Македонци се повеќе и повеќе ја напуштаат Македонија во потрага по подобар живот во странство, па од тука по автоматизам би требал да биде свесен што говори пред американската и пред светската јавност.

Не е од вчера за да тропа глупости дека младите Македонци остануваат во родната татковина наместо да заминуваат во странство во потрага по подобар живот, веќе 6-та година по ред е претседател и би требало да е одлично запознаен со економската и социјалната состојба на државата и на нацијата.
Не се разбираме. Тоа што кажал кажал. Завршена работа е тоа. Минато свршено време. Јас кажувам за потоа.
А дали бил во право или не се кажува на избори. Но ајде доста за тоа.
Претходно напиша и некој економски мерки со кои сметаш дека би се подобрила економската ситуација.
Така хронолошки од 1945 па досега ги набројуваш проблемите што колку толку се познати , завршена работа за која освен констатација дека било така и реално ништо неможеме да направиме.
После се осврнуваш на спомениците, булеварите или генерално за проектот Скопје 2014 како тотално непотребна работа( што јас искрено нема да се сложам со тебе од најмалце две причини, но тоа тука и не е толку битно).
После доаѓаш до заклучок дека нечини ни власта ни опозицијата, тие треба да се променат како што треба да се промени и социјалниот и економскиот модел. Или со други зборови треба се наново да се прави. Од нула. Не заприметив дали треба и населението да се смени пошто уште само тоа остана, се друго треба да се смени, а од друга страна баш од тоа население идат политичарите кои се како што рече корумпирани, квази патриоти и квази националисти. Од истото тоа население доаѓаат и судиите, и инспекторите и полицијаците, и медиумските работници и како некој погоре што напиша доаѓаат и луѓето кои мислат дека ако си на функција треба да крадиш како да е од бога дадено.
Потоа продожуваш со низа економски решенија и мерки само не кажа кој тоа треба да го реализира. Населението тука заклучивме дека дава по правило неквалитетен кадар за политичари кои како такви носат неквалитетни закони и прописи, башка се корумпирани и квазипатриоти и да не набројувам или генерално неквалитетно ја водат државата.
Значи или треба комплетно да се смени народот, тука во државата теренот темелно да си исчисти од се, да се срамни како тепсија, да се насели друго население и тие да почнат од ново или да се викнат други политичари од други држави за тие да управуваат со нас. Сега кое решение ти го фаќа повеќе окото? Нас да не нема и да се донеси друг народ на овие простори кои ке почнат на ново( ова се вика геноцид) или да донесеме странски политичари тие да ни ја водат државата( ова се вика окупација). Јас вака ги сфатив твоите економски мерки, поправиме ако грешам.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Јас одма би избегал но имам потпишано од тие патриотските договори, тие за струјата што се...
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.324
Поени од реакции
7.785
Ќе оди комшијава кај М. ни германски знае ни бутур, вика да го носел Штутгарт кај нашите таму :pos::pos::pos::pos::pos::pos:. Него го чекаат таму со раце раширени, има рок две недели да преспива кај него ако најди нешто арно, ако не Рејзо и назад :icon_lol:. Што и највероватно ќе биде :icon_lol:.
 
Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Значи на темава какви плачковци има тоа чудо, абе па да успееш и во државно да се вработиш е успех, и тоа е некава борба. Кој победува, Подобриот! Што одма цвикате тој има врски, тој работел у партија, што не се тие кој ќе се борите и таму, па ќе успеете. Што ги деградирате луѓето кои работат државно, тие од улица ли се собрани, а вие пошто сте паметни неможете место да си најдете во државава. Што не покажете дека сте попаметни, па влезете и успејте, станете директори, министри, пратеници, па да видам вие како ќе ја водите државата. Мое искрено мислење е дека многу зборите и не ви се работи, и се сакате да ви е сервирано, тоа важи само кога сте во Македонија, а надвор кога сте, е тогаш сте 'рмбачи прва класа, затоа сите се фалат од вас. И по 100 години, нема да се промените, како и за Илиденското востание, и тогаш имало македонцикои викале, абе убаво ни е и вака, кој ќе иде сеа по планини, ќе мрзне, ќе треба да се пука, да се убаива или да те убијат, ај да си седам домче и да си берам житото и да си плаќам арач, и силовање па и нее сапун тоа што еднаш ко ниеднаш. Тоа нас не убива, немате свест за идни генерации, немате свест да оставите и да создаете нешто, мислите само на сегашното време и на вас да ви е најубаво, а не мислите да му направите да му биде поубаво на вашето дете, тука е маката. Џабе ќе се фаќате за политички партии, и кој е крив, кога не поаѓате од иднивидуалното ти да бидеш државата и да бидеш пример за останатите, а не само си плачете дека тука нечини, ама тоа покажува за вас дека и за други работи сте такви.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.542
Поени од реакции
11.628
Не се разбираме. Тоа што кажал кажал. Завршена работа е тоа. Минато свршено време. Јас кажувам за потоа.
А дали бил во право или не се кажува на избори. Но ајде доста за тоа.
Претходно напиша и некој економски мерки со кои сметаш дека би се подобрила економската ситуација.
Така хронолошки од 1945 па досега ги набројуваш проблемите што колку толку се познати , завршена работа за која освен констатација дека било така и реално ништо неможеме да направиме.
После се осврнуваш на спомениците, булеварите или генерално за проектот Скопје 2014 како тотално непотребна работа( што јас искрено нема да се сложам со тебе од најмалце две причини, но тоа тука и не е толку битно).
После доаѓаш до заклучок дека нечини ни власта ни опозицијата, тие треба да се променат како што треба да се промени и социјалниот и економскиот модел. Или со други зборови треба се наново да се прави. Од нула. Не заприметив дали треба и населението да се смени пошто уште само тоа остана, се друго треба да се смени, а од друга страна баш од тоа население идат политичарите кои се како што рече корумпирани, квази патриоти и квази националисти. Од истото тоа население доаѓаат и судиите, и инспекторите и полицијаците, и медиумските работници и како некој погоре што напиша доаѓаат и луѓето кои мислат дека ако си на функција треба да крадиш како да е од бога дадено.
Потоа продожуваш со низа економски решенија и мерки само не кажа кој тоа треба да го реализира. Населението тука заклучивме дека дава по правило неквалитетен кадар за политичари кои како такви носат неквалитетни закони и прописи, башка се корумпирани и квазипатриоти и да не набројувам или генерално неквалитетно ја водат државата.
Значи или треба комплетно да се смени народот, тука во државата теренот темелно да си исчисти од се, да се срамни како тепсија, да се насели друго население и тие да почнат од ново или да се викнат други политичари од други држави за тие да управуваат со нас. Сега кое решение ти го фаќа повеќе окото? Нас да не нема и да се донеси друг народ на овие простори кои ке почнат на ново( ова се вика геноцид) или да донесеме странски политичари тие да ни ја водат државата( ова се вика окупација). Јас вака ги сфатив твоите економски мерки, поправиме ако грешам.
Ехехеее, таман работа.

Не постојат совршени држави и не постојат совршени нации.

Но дефинитивно има подобри луѓе во Македонија кои можат да формираат многу подобра власт од сегашната и многу подобра опозиција од сегашната.

Но дефинитивно ти и таквите како тебе не спаѓаат во таа група на подобри луѓе, бидејќи само мрчиш без ништо да потенцираш, бегаш од една тема во друга, баш како типичен политичар, што повеќе од доволно говори дека ти си пример за луѓе какви што не ни требаат ниту во власта, ниту во опозицијата.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.795
Поени од реакции
21.217
Ехехеее, таман работа.

Не постојат совршени држави и не постојат совршени нации.

Но дефинитивно има подобри луѓе во Македонија кои можат да формираат многу подобра власт од сегашната и многу подобра опозиција од сегашната.

Но дефинитивно ти и таквите како тебе не спаѓаат во таа група на подобри луѓе, бидејќи само мрчиш без ништо да потенцираш, бегаш од една тема во друга, баш како типичен политичар, што повеќе од доволно говори дека ти си пример за луѓе какви што не ни требаат ниту во власта, ниту во опозицијата.
Нешто си ги измешал брзините. Конкретно на оваа тема јас најмалце мрчам. Додуша ако под мрчење подразбираш дека треба да се сложам со повеќето тука кои единствен начин и излез гледаат во емиграција, на кои главна преокупација им е да споредуваат како е некаде таму и претежно да критикуваат како е тука без конкретно да кажат што и како да се направи за тоа да се промени освен како што кажав погоре да емигрираат, тогаш да најверојатно мрчам.
Инаку потенцирав јас каде е проблемот баш во твојата реплика. Те прашав ( додуша малце одоколу да не биди се џвакано) како ке го промениш табиетот на народот кој е учен чим е на функција да кради како да е од бога дадено. Политичарите, економистите и сите луѓе кои се тука на видна функција( дали државна или приватна) доаѓаат од народот, што значи менталитетот на народот( или на поголемиот дел од народот) е таков.
Исто ти напишав проблемот сега е економски но коренот на нашите проблеми е политички. Ти можиш да носиш какви сакаш економски мерки , тие што треба да ги применат нечинат, нити едните нити другите нити пак некои трети кога ке дојдат ако дојдат, затоа што сите тие идат од народот. Нема логика политичарите да не чинат, да се корумпирани и неспособни, ама народот да е супер. Па нас не ни ги донесе некој од надвор политичарите, сами си ги бираме од народот.
Ама добро чим си заклучил дека мрчам тогаш ок мрчам.
П.с никогаш сум немал политички амбиции така да не се секирај, јас сигурно нема да бидам на власт. Можиш мирно да спиеш.
 
Прво излезе во одбрана на лагата која ја изјави актуелниот претседател на Република Македонија пред американски студенти, според која младите Македонци се повеќе остануваат во родната татковина, наместо да заминуваат во странство во потрага по подобар живот. Ја бранеше неговата лага велејќи дека ни западот не е ништо поарен, па затоа и ние имаме право да бидеме лицемери.

Откако ги изгуби сите аргументи во одбрана на лагата на актуелниот претседател на Република Македонија, избега од дискусијата во друга дискусија на тема - како да се подобрат условите за живот во Македонија за младите да не заминуваат во странство во потрага по подобар живот. Јас ти дадов некои предлог решенија кои би требало барем минимално да го подобар животот на малите и средните македонски приватни фирми и општо на македонските работодавачи и на македонските работници.

Откако ги изгуби и тие аргументи со прашањето што понатаму, сега го браниш сопственото незнаење со аргументи од типот "народот е таков".

Постојано бегаш од една во друга дискусија, свесен дека ниту еден од аргументите кои ги потенцираш не ти држи ни малку вода, а тоа слободно може да се дефинира како мрчење.

Поточно, ти прво ги обвини останатите членови на форумов дека за жалење и за кукање секогаш се тука, но никогаш не ги има за да излезат со предлог решенија за подобар живот, но кога јас ти изнесов некои предлог решенија, се стиша одеднаш и играш на старата карта "народот е таков".

Да, ваквото бегање од една во друга дискусија со неиздржани аргументи слободно може да се дефинира како мрчење, а судејќи според твоите коментари на оваа тема на форумов, ти дефинитивно си мрчатор.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom