Можи се движиш на погрешни места, што би рекле се разминувате. Знаеш како е деца, жена, фамилија, нема секој време за ги мери улиците како тебе

.
Настрана мајтапот има исселување само разликата е што и имало исселување и ке има исселување. Ништо ново ништо чудно. Имам другари , роднини, пријатели што се исселувале од кога памтам за мене. Сега некој што си го става тоа многу на срце е друга работа,па глуми божем загриженост ,но генерално ништо ново уште помалце чудно. Еден нека се јави од форумот кој нема некој во странство што е заминат одпоодамна. Ете јас ќе почнам од мене. Од поблиски роднини имам Германија и тие се заминати некаде во 1960 години. Имам Австралија кој се заминати некаде 1980 години. За поддалечни што ни јас не ги ни знам освен по кажување мислам дека само на Антартикот немам. Ако почнам да набројувам пријатели, другари, познаници кои заминале кога сум бил јас дете списокот би бил така подолг. Во последно време само еден другар замина сега Австралија ( пред еден месец) но не од економски причини туку сосем нешто трето, а и веќе имаше австралиски пасош( таму беше роден или така нешто да не навлегувам во детали). Можам да речам дека тука бее добро нафатиран , свој бизнис, куќа, стан. Другите сите сме на број. Сите желба да заминат( таква била модата, ептен кул било да сакаш да заминиш) ама ете години поминаа, некој и бугарски пасоши имаат во џеб па ете тука се сите. И сите исто така имаат по некој некаде кој може да ги подприбери само ако стварно се накренат да заминат. А кога сме веќе кај тоа некој ако веќе толку решил да замини, ќе замини и жива сила нема да го спречи. Ама полесно е да се врти муабет претпоставувам.