Се однопаку сфати. Ама се.
И ајде да речиме дека си во право и јас грешам. Ете да не навлегуваме во детали ке речиме дека се што напиша е така.
Некое решение ке напишиш, идеја некоја како да се оправи работата вака како економски поткован. Ова треба да се смени, она треба да се направи. За тоа што ти го напиша секој можи истото да го напиши. Немора ни средно да има. Заебаното е што понатаму, идеја , решение, начин. За кукање гледам сите ве бива.
И искрено каква врска има претседателот со економијата, зависи нешто од него? Веќе ако бараш виновник барај во парламентот и владата, а не во некој што нема никаква власт или скоро никаква.
Каква врска има претседателот со сето ова ?
Па тој излезе пред американската јавност со лага дека младите Македонци се повеќе одлучуваат да останат во родната татковина, наместо да заминуваат во странство во потрага по подобар живот.
Не е важна неговата функција, ниту неговата власт или моќ, туку важен е фактот дека мнозинството граѓани на Република Македонија го избрале него за да ги претставува, негува и брани интересите на граѓаните на Република Македонија, а не да излегува со лаги пред светот, за што ќе му се смејат не само на него, туку и на македонската држава и на македонската нација.
Не е прашање на власт или моќ, туку на кредибилитет и достоинство - работи за кои очигледно актуелната влада и актуелниот претседател на Република Македонија очигледно немаат ниту најосновни познавања.
А на твоето прашање што понатаму и како да се решат проблемите, мојот одговор е едноставен:
Уништувањето секогаш е брзо и лесно, за разлика од создавањето кое секогаш е тешко трае долго време.
Во текот на 1990-те години, се што беше создавано во Македонија од крајот на Втората Светска Војна, па се до отцепувањето на Македонија од Југославија во 1991 година, беше уништено во многу брз временски период.
На Македонија и е потребна економска и индустриска обнова, а не квази-патриотска и квази-националистичка пропаганда во облик на споменици, административни згради и преименувања на улици, булевари и мостови кои очајнички плачат за обновување.
Економска и индустриска обнова е многу тешко да се постигне со корумпирани политичари и во власта и во опозицијата, а уште потешко е да се постигне кога народните пари се фрлаат за секакви непотребни глупости.
За да се постигне економска и индустриска обнова не е потребна само промена на власта во Македонија, туку се потребни и промена на опозицијата и промена на економскиот и социјалниот модел кој се применува во оваа држава.
За почеток, треба да се укинат даноците и придонесите за примателите на најниска плата, бидејќи срамно е луѓето кои примаат мизерија од плата да мораат да плаќаат и данок и придонеси за таквата плата, без разлика дали таквите трошоци паѓаат врз работодавачите или врз работниците.
Понатаму, потребно е намалување или уште подобро, укинување на бројните казни кои се воведени за секакви ситни пропусти кои инспекциските служби ги откриваат во малите и во средните бизниси, кои ризикуваат да бидат истребени со истите тие високи казни и корумпираните инспектори.
Меѓу другото, потребно е и воведување на подготвителен период за новоотворените компании за да се прилагодат на законите и на правилата, па наместо веднаш да фрчат казни после првата инспекција, првите година дена, или уште подобро, првите 2 години, новоотворените компании да примаат само забелешки и предупредувања наместо казни, а ако ситуацијата е сериозно ризична, да се затвори компанијата додека не ги отстрани пропустите, но притоа да не плаќа казна за тоа доколку пропустите се појавиле во текот на првите година дена, или уште подобро, во првите 2 години.
Потребно е давање предност на македонските компании при јавните набавки наспроти странските компании. Тука држи вода твојата теорија дека и западот е лицемерен, па затоа и ние не мораме да бидеме нешто поарни.
Како што западот со народни пари ги спасуваше банките и големите компании од банкрот како што беа Џенерал Моторс и Крајслер после светската економска криза од 2008 година, така и македонската влада можеше да му го даде тендерот за новите градски автобуси на скопски Санос, со што ќе се отвореа нови работни места во Скопје, а парите од јавната набавка ќе останеа во Македонија, наместо да завршат во Украина и во Кина. И те молам не ги спомнувај градежните инвестиции, бидејќи не сите Македонци се градежници, а бројот на новоизградени станови од поодамна го надмина бројот на барани станови, а административните згради не носат ништо подобро со себеси, туку напротив - носат уште повеќе бирократија, уште повеќе партиски вработувања и уште повеќе корупција.
Ги има и ред други работи кои очајнички им се потребни, како на малите и средните фирми, така и на македонската економија, но се додека имаме ваква власт, но и ваква опозиција, ситуацијата воопшто нема да се подобри и нема да мрднеме од мртва точка.
А како капак на сето ова, претседателот на Република Македонија да излегува пред американската јавност со приказна дека младите Македонци се повеќе одлучуваат да останат во родната татковина, наместо да заминуваат во странство во потрага по подобар живот, е буквално плукање во лицата на стотиците илјадници Македонци кои секојдневно се соочуваат со вистински и сериозни проблеми, а не со прашањето која бајка да му ја продадат на западот.