Аудио лечење со делови од Куран од магии и болести

Дали сте се провериле?

  • да

    Гласови: 4 9,8%
  • не

    Гласови: 13 31,7%
  • несакам

    Гласови: 18 43,9%
  • страв ми е

    Гласови: 3 7,3%
  • ќе пробам

    Гласови: 3 7,3%

  • Вкупно гласачи
    41
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Да се слуша три последователни дена по два пати-навечер и насабајле, секој ден, по можност со слушалки и со затворени очи во просторија каде нема да бидете вознемирувани. Доколку се појават реакции од типот на главоболка, гушење, ненадеeн плач, нагон кон повраќање и слично, контактирајте не за понатамошни инструкции.
На следниот линк:

http://www.povikkonvistinata.org/islam/index.php?option=com_content&view=article&id=390:2011-11-18-01-07-44&catid=70:2011-10-10-11-23-02&Itemid=94

Kои се знаците на магија?
Знаците на опсихреност(обземеност со магија) се многубројни и се разликуваат од една до некоја друга врста на сихр или магија. Голем знак на опсихреност е кога човекот не може да учи Кур`ан, зошто му се преплетува јазикот или не може да извршува намаз зошто го зафаќаат грчеви, паѓа во несвест и сл.

Ваквите видови на сихр(магија) се опасни и потребно е да се бори против нив на секој можен начин или да се лекува. Исто така, еден од големите знаци на опсихреност е кога човекот кој ја сакал својата сопруга одеднаш – од негови непознати причини, ја замразува и почнува да чувствува одвратност спрема неа, спрема своето семејство или пак обратно, т.е. такво нешто да и се случува на сопругата. Има уште некои други големи знаци, али овие два се водечки помеѓу нив, зошто се како најчеста појава.

Други, помали знаци на опчинетост со сихр, може да бидат почести грди и страшни сонови, шкриптење со забите додека се спие, нагли чувства на одбојност спрема извршување на исламските прописи, изненадувачко чувство на одбојност или омраза спрема други особи и слично. Важно е да се напомене дека овие знаци во поголем дел од случаевите не се знак на опсихреност, туку се само како производ на гревот која дотичната особа го чинела, али и можат да бидат и знак на опсихреност.
Симптоми и знаци кои се појавуваат кај човекот во текот на учење на рукјата


При учење на шеријатска рукја над болен, ако се појават сите или некои од овие знаци знај дека џинот е присутен

1.Забрзано треперење или играње на очните капаци.
2.Врескање
3.Ставање на раката на очи
4.Земање на раката на оној што лечи и нејзино кревање во воздух
5.Длабоко земење вдишување на воздух, неколку пати

6.Посебна мирност, смиреност во тишина на телото (ова знаат да го приметат во главно поискусните исцелители)
7.Непрекинато и силно дување (како кога се задише после долго трчање)
8.Насочен поглед во една точка, зјапање во неа.
9.Неможност на зборување
10.Силно или послабо тресење на телото

11.Удирање на нозете (под глуждовите) една од друга
12.Плач, тивок или зголемен
13.Измена на гласот (од машки во женски или во погруб и сл)
14.Удирање и напад на оној што лечи-исцелува
15.Жестоко одбивање да се продолжи со рукјата (откако болниот прифатил во почетокот)

16.Кога рацете се удираат една со друга исто така и нозете.
17.Пцуење на исцелителот
18.Повторување на учењето на Куран по исцелителот (значи што и ќе учи исцелителот, болниот повторува по него, или учи заедно со него)
19.Хистерично смеење
20.Долго гледање во очите на исцелителот без најмало трепкање

итн..

Што е рукја?
Рукја( ар. ar-ruqya ) претставува учење на одредени ајети на особата која е опседната со џинните. Со учењето на тие одредени ајети џинните(невидливи суштества од оган) реагираат и почнуваат да испуштаат необични гласови, преку гласот на опсихрената особа.
Некогаш заболената особа ќе проговори со глас кој инаку, самата никогаш не го проговорела или на јазик кој никогаш не зборувала. Тоа е гласот на џиннот кој говори од особата. Кога џиннот ќе проговори му се учат и понатака ајетите и се бара од него да ја напушти дотичната особа, да прими ислам или ако не сака да излезе обично ќе биде убиен или со сила истеран. Овој пат нема за тие детали да зборуваме, само ќе напоменеме дека заболената особа , после проговорувањето на џиннот повеќе не чувствува што се случува со неа, ниту ги чувствува болките доколку биде удирана за време на лекувањето, а ни после лекувањето кога се `разбуди` од таквата состојба.

Дозволено е да се учи рукја на самиот себеси, а и да други учат над заболената особа. Али ,само доколку рукјата ја учи здрава особа, која би требало да биде колку – толку познавач на џиннскиот свет и нивните можни лаги, зошто тие се склони на лажење. Потоа, учачот на рукја мора да ги познава основните исламски прописи и да се придржува на истите. Особа која е склона на чинење гревови не треба да учи рукја на друг, зошто џиннот од опсихрената особа може да премине во таа особа. Истотака рукја не може да учи маж на туѓа жена без присуство на нејзиниот маж или махрем.
Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., кажувајќи за она што го видел на Mираџ - рекол: ,,...ми рече (Џибрил, покажувајќи на една голема група): ,, Ова е твојот уммет (Мухаммеде), а овие први седумдесет илјади ќе бидат први кои нема да имаат полагање на рачун, ниту ќе бидат со нешто казнети.” па прашав: ,,Зошто?” ,, Зошто не се жигосувале ( не биле со оган или со усиено железо раните не ги спалувале), ниту барале да им се учи рукја, не биле празоверни и цврсто се потпирале на Аллах с.в.т...” (Сахихул-Бухари: 6059, Сахихул- Муслим:321, Сунену-Тирмизи:2370)

Од овој хадис(предание) може да се заклучи дека не е пожелно да некој бара да му се учи рукја, али, ако на некој друг би му се учело нема никаква пречка, зошто Пратеникот с.а.в.с., учеше на други рукја, а не бараше нему да му се учи рукја.

И во случајот со жената црнкиња која барала од Пратеникот с.а.в.с., да го замоли Аллах џ.ш. да ја излечи од падавица(епилепсија) на што и рекол: ,, Повеќе сакаш Аллах џ.ш. да те излечи или сакаш Џеннет(рај)?” укажува на тоа дека оној кој се стрпи на таква и слична болест, награда ќе му биде Џеннет, така да не треба да се брза кај учачите со Кур`ан да се истеруваат џинните.

Многу важна работа е да се води сметка за фактот, дека секој човек има свој џинн, кој стално го прати и со него престојува, така да ако човекот нема вистински проблеми со џинните, не треба да ги “предизвикува” џиннот кој го прати зошто овој после него ќе го вознемирува.

Исто така, особата која еднаш била излекувана од сихр и чаролии, мора повеќе да посвети поголемо внимание на ибадетот(дела со кои е задоволен Аллах) и да уште повеќе пази на своите гревови.

ШТО Е УРОК ?

Урок е поглед на восхитување, помешан со завист на особата со покварена душа. (Фетхул-Бари, 10/200) Доколку ве гледа особа која е склона на завист, нејзината завист штето делува на оној кому е упатен погледот.Возвишениот Аллах џ.ш. на душите и телата им дал различити видови на моќ. На мнозина им подарил посебна телесна и духовна моќ. Урокот настанува по следниот редослед: Особата кој може да урочува прво со нешто се восхитува. И се допаѓа човекот, предмет или нешто друго. Потоа се јавува покварената душа, која при урочењето се служи со продорен поглед.Човекот може да се урочи и самиот себеси исто како што може други да урочува. Доколку човекот е восхитен со своето тело и изглед, ако не ги проучи довите за заштита. Затоа, гледајќи се во огледало треба да рече: ,, Аллахумме хассин хулики кема хасенете веџхи,” ( Аллаху мој, разубавими го мојот морал како што моето лице го направи убаво) , истотака треба да се рече: ,,Субханаллахи ахсенул-халикин”( нека е Славен најубавиот Создател). Се препорачува избегнување на претерано загледување во своето тело, долго стоење пред огледало, гледање на сполниот орган, зошто џинните тоа го сакаат и гледаат прилика како да му наштетат на човекот.Записите, талисманите и амајлиите се една од појавите кои строго се забранети и шкодат уште повеќе.
Дозволено е како што споменавме, да се бара од побожните и честити учени особи да некому се учи рукја, али подобро е тоа да се избегне и да се учи рукја самиот себеси, зошто тоа е и прилика да се покаже цврстината на тевеккулот (потпирањето врз Возвишениот Аллах џ..) а има и надеж да се биде од оние седумдесет илјади кои без никаква сметка и без никаква казна ќе влезат во Џеннет, вечното престојувалиште на правоверните.
Затоа, брате и сестро во нашата убава вера, ако ви треба такво лекување, лекувајте се сами себеси, и не заборавајте дека Возвишениот Аллах с.в.т, рекол: ,,И рече Господарот ваш, молите Ме (чинете ми дова) ќе ви одговорам (ќе ви ги услишам вашите молби). ( превод значење Гафир, 60) Доволно ќе ти биде да се сетиш на своите гревови, а никој не е безгрешен, па себеси да се кориш заради тоа, и од Аллах с.в.т. искрено побарај прошка, а никој во довата од самиот себе не би бил поискрен, зошто ти најдобро знаеш во каква состојба си. И , иако знаеш дека имаш многу гревови недавај да се разочараш, Аллах е Милослив па моли Го за прошка и труди се на секој начин да го поправиш својот однос према својот Господар.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
темата е мистерии ...религијата некогаш навлегува и под овие теми..таму е повеќе за дебатирање,
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
сличното може и овде да се направи..
--- надополнето: Nov 28, 2011 2:42 AM ---
Искрено ме нервира ова пеење не знам зошто.
многу зависи што конкретно тебе ти се случува од реакциите кои стојат во текстот, доколку се јавува главоболка и слично ќе треба да се следат упаствата...ќе морам да спијам, пишете ми до утре,се извинувам и имајте пријатна ноќ..
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
темата е мистерии ...религијата некогаш навлегува и под овие теми..таму е повеќе за дебатирање,
Зошто да биде мистерии? Што е мистериозно тука ?
Ова треба директ да оди во подфорум религија, бидејќи ова лечење е на религиозен начин. Нема што тука мистерија...
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
377
Поени од реакции
116
многу зависи што конкретно тебе ти се случува од реакциите кои стојат во текстот, доколку се јавува главоболка и слично ќе треба да се следат упаствата...ќе морам да спијам, пишете ми до утре,се извинувам и имајте пријатна ноќ..
Само ме прави нервозен без главоболки и се осеќам раздразнет.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Во ред, ако мислите така, не проблем, незнам дали знаете, но лечењето кај видовњаци е овде на ист подфорум, и ова е на сличен начин се врши но преку специфичен начин на одење кај специјализирани оџи за тоа...во поглед на тоа не би требало да правите верска тема..барем не поради неповрзаноста што ќе ја добиете
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Само ме прави нервозен без главоболки и се осеќам раздразнет.
ок, не би требало да биде проблем ако се направи терапијата која се предвидува, значи овде конкретно се однесува на магии кои се направени врз одреден човек.Тие се лечат со специфични стихови и се отстрануваат.Нервозата треба да видиш дали останува или преминува во нешто друго.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
377
Поени од реакции
116
ок, не би требало да биде проблем ако се направи терапијата која се предвидува, значи овде конкретно се однесува на магии кои се направени врз одреден човек.Тие се лечат со специфични стихови и се отстрануваат.Нервозата треба да видиш дали останува или преминува во нешто друго.
Доста чудно ми ја снемува па пак доаѓа и се така... За овие 20- тина минути 3-4 пати е вака.
--- надополнето: Nov 28, 2011 3:14 AM ---
Дали и овој нешто слично прави ?

 
T

Tetro

Гостин
@Бисерчо.

Си пишал дека музиката е мистериозна и дека "лечи", ама не си пишал од што лечи.
Ако веќе лечи, треба да лечи од некое заболување, ами живееме во време каде имаме напредна медицина за дијагностицирање на болести дури до вселенски технологии ...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Темава е едноставна и незнам од каде потреба да напнувате толку, како што има луѓе кои лечат во име на православните светци така еквивалентно има и луѓе кои лечат во моќта и името на Алах, задрѓете си ги разумот и трезвеноста и прифатете дека светот е составен од различни луѓе со различни убедувања кои нашле свои начини за решавање на проблемите.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Ова е исламски егзорцизам , и секако ова се вика начин на исправно лечење и е онака како го правел Пратеникот а.с. Наменет е за болни од магија. Како што пишува во текстот погоре има разни видови на болести,како што е урокот, болест со обземеност од демони и слично, но нејќам да постирам видеа на таа тема бидејќи мислам дека ова е доволно како запознавање. Има и поинакви врсти на лечење кои се наоѓаат исо кои луѓе се лечат, но сите тие се забранети бидејќи се вршат со помош на демони или на други врсти на помош која не е дозволена според монетеизмот во кој повикува исламот, како што напомена и апоколипто, со помош на светци или чудотворни свети предмети и слично, кое како окулт не е признаен и има елементи на паганизам со кој уште повеќе болната личност се заразува и се полни со негативна енергија односно, болеста ќе се врати после некое време и ќе се влоши..
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
секако дека има,кога веруваат луѓе во вонземјани,опседнати ќуќи,демони, зошто да не веруваат во егзорцизам кој настанува со моќта на Семоќниот? И да знаеш дека , да го знаат ова луѓето многу проблеми би исчезнале околу вас...потребно е само малку повеќе верба, нема потребна од негативни мисли кон нешто што не го познавате..поздрав и секое добро
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Исто е и во христијанството... ама ретко кој уклучил мозок да промисли. Него молба до Бисер да не ја носи темава накај религија (не им враќај на коментарите кои и онака ќе ги бришам) - нека остане онака - баш како за тука.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom