D
Daedalus
Гостин
Јас сега ја слушам аудиокнигата „Sharp Ends“ од Аберкромби. Сите аудиокниги од серијалот на Аберкромби (First Law и другите три засебни) се фалени поради квалитетот на гласот, а ги чита Стивен Пејси. Оваа ја читаат и Аберкромби и Стивен Пејси.Пред некое време налетав на аудио издание на Амберските хроники од Роџер Зелазни, кои ми се омилени. Од ред причини претпочитам текст, ама преслушав неколку минути. Пријатно ме изненади тоа што чита токму авторот. Имам извесен сомнеж , бидејќи е починат повеќе од две децении (никогаш не сум видел снимка со него, интервју или сл. па не знам дали сигурно е тој), но веројатно и тогаш биле снимани аудио-изданија, на пример за лица со оштетен вид итн. Секогаш е подобро кога некој професионалец со одличен глас ќе заврши феноменална работа, но исто така, посебно доживување е кога самиот автор го чита делото. Има повеќе, ова подолу е првиот дел.
Дај и' шанса, па пиши импресии.