Аудиокниги

Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Во последно време станав голем фан на аудио книги , затоа што постојано патувам ке изрежам на CD и ке ставам во колата , или пак кога трчам на кеј или се качувам на Водно најдов дека е подобра замена од музика . Најдов дека омилени гласовни артисти ми се Џејмс Марстерс (од Бафи , ако ја гледал некој таа серија ) и Стивен Фрај .

Не ми текнува какви се правилата овде за оставање линкови за симнување но ако сака некој ке оставам од каде да се симнат
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
Забранети се линкови за симнување, можеш само да постираш клипови од YouTube.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Стивен Фрај е цар за нарација ама ме заспива набрзина, ги користев кога се траскав по аеродроми и авиони.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
во слободно време (патот од дома до факс и назад) овој период го слушам Jim Rohn за мотивација. инаку имам навика кога не читам да слушам. Имам доста добри семинари ислушано за лидерство, атракција, меморија, хипноза, и слични ленти. Најдобар начин да го искористиш времето продуктивно инвестирајќи во себеси.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Аудио книги доѓаат у комбинација само кога станува збор за стручна литература( или со мотивациона со која искрено и многу не се дружиме), но дефинитивно не и за останатото. Сум пробал, но некако се губи од сржта на книгата и уште повеќе ми смета тоа што гласот ја обликува мојата имагинација.
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Ке може некој да ми препорача некој добри аудиокниги а воедно и да ми прати преку пп линкови за симинање за нив.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Стивен Фрај е цар за нарација ама ме заспива набрзина, ги користев кога се траскав по аеродроми и авиони.
Човекот ми е крај . Мелчет :) . Гледам почесто од него да најдам материјал за читање или пак за гледање . Штета што нема повеќе од него аудио книги . Сега симнував од него радио емисии што правел и не можев да престанам да се смеам .

Пред некој ден со една типка почнав да правам муабет за Стивен Фрај, и ми вика дека го обожавала . Ја прашувам што поточно , и она ми одговара , па нели имаше он емисија за коли ? Марш мори у пизду матер
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Човекот ми е крај . Мелчет :) . Гледам почесто од него да најдам материјал за читање или пак за гледање . Штета што нема повеќе од него аудио книги . Сега симнував од него радио емисии што правел и не можев да престанам да се смеам .

Пред некој ден со една типка почнав да правам муабет за Стивен Фрај, и ми вика дека го обожавала . Ја прашувам што поточно , и она ми одговара , па нели имаше он емисија за коли ? Марш мори у пизду матер
Јас Стивен го обожавав во A Bit of Fry and Laurie и популарната Blackadder, мисли ваљда за Top Gear другачка ти.


 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Одлична работа биле аудиокнигиве. Ги преслушав сите пет книги од Автостоперскиот водич низ галаксијата додека бев на одмор за само 4 дена, со тоа што ги слушав на мобилен и ги забрзував со апликација, од 60-100% побрзо од нормалното.
Јас никогаш не би можел да читам толку брзо, а вака се разбирам кога некој друг чита.

Стивен Фрај стварно добро звучи. Првата книга, тој беше нараторот, а останатите 4 друг тип и се осеќаше голема разлика.

Tiny Tim дај некој линк, ми треба нов материјал за слушање.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Имаше добар сајт. the audiobook bay од кај што можеше да се симнат еден куп добри работи ама еве неколку недели веќе не работи. Овде имаш убави колекции http://www.booksshouldbefree.com/ ама квалитетот варира од снимка до снимка. Имаш колекции собрано од сај-фај автори поделени на 5 дела што може лесно да се најдат по торент сајтови и тежат по 30 гига негде ама па затоа има работи од Бредбури до Асимов. Провери ја и Snow Crash на Neal Stephenson, таа е ти е добра сајберпанк книга и за читање и за слушање ако веќе ја симнуваш како аудио книга. Главниот лик инаку се вика Хиро Протагонист :) . А штом Автосперскиот водич низ галаскијата ти направил ќејф земи провери ги и книгите Дискворлд на Тери Прачет што се, повеќе се фантазија одколку сај фај ама има сличен хумор. Самиот дискворлд ти е огромна плоча земја на која живеат разни видови на луѓе, чудовишта и други видови на живот и неживот кои си имаат оформено свои градови-држави и сето тоа седи на грбот на четири слона кои што пак стојат на грбот на огромна желка која патува низ галаксијта во потрага по партнер со кој ке се пари и која доколку го најде се ке отиде у курац, no pun intended.
Јас ги купував книгите од една наша книжарница што е и си направив една убава колекција која сега засега сеуште не е комплетна ама кај и да е ке гледам да ја завршам. Ако ги земаш да ги читаш или слушаш како и да е, почни со книгите кои ги опфаќаат авантурите на ноќната стража(тие ми се омилени) или пак тие со Ринсвинд. Има и неколку мини серии снимено ама делуваат штуро во споредба со книгите, ама пак последната што е Going Postal ми се допаѓа, веројатно затоа што го има Џефри од Coupling a типот во се ми се допаѓа.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.833
Поени од реакции
34.083
Алоха... ај да ја разбудам темава малку.

Имаше некаде некоја тема за аудио наспроти печатени книги (сеедно дали на на хартија или на екран), така да нема да се осврнувам на тие моменти -кој медиум нуди подобро доживување. Само ќе кажам дека едноставно се работи за две различни доживувања и за мене, тие имаат различни намени (аудио книги ми се одлични за долги патувања, кога од читање се добива „морска болест„ или motion sickness).

Јас лично, во аудио формат преферирам по... лесно напишани книги, со поедноставен јазик и без премногу ретки зборови (кои на ебук ридер можам да ги проверам во тесаурус). Но една работа која за мене е исклучително важна, е квалитетот и стилот на нарацијата. Во таа смисла и осредна книга добро изведена од добар наратор, е подобра од одлична книга која е лошо прочитана од осреден/лош наратор. Перформансот, изведбата на нараторот е клучен фактор за квалитетот на аудиокнигата... можеби скоро колку и квалитетот на самото пишување од авторот.


Затоа сакав да почнеме да споделуваме мислења за добри наратори, и добро изведени/прочитани книги. Добредојден ќе биде и краток коментар за јазичниот стил употребен во делото (од аспект на леснотија за следење).

Еве ќе почнам јас.
Пред некој ден ја завршив Mr. Mercedes од Стивен Кинг. Не сум голем љубител на белетристиката на Кинг, освен The Dark Tower серијата. Но тоа што го прави Кинг комерцијален автор на дела за широка публика, истовремено го прави и добар автор за материјали за аудиокниги: неговите книги се лесни за следење во аудио формат. Значи може да се следат без премногу враќања наназад за повторно да се преслуша нешто неразбирливо за тие што англискиот јазик не го владеат 100% одлично (еве јас сметам дека добро стојам со англискиот, но повремено сретнувам зборови кои ми треба да ги проверам).

Така да секоја препорака за Mr. Mercedes. Семпл од книгата може да се преслуша на Audible: (а каде на друго место ако не таму? :))
http://www.audible.com/pd/Fiction/Mr-Mercedes-Audiobook/B00J8VK1WY
Аудио книгата ја има на торенти, проверете прво на Pirate Bay a ако некој има проблем со лоцирањето, нека ми пише приватна порака и ќе ми биде задоволство да му/и пратам директен линк за симнување. (y)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Пред некое време налетав на аудио издание на Амберските хроники од Роџер Зелазни, кои ми се омилени. Од ред причини претпочитам текст, ама преслушав неколку минути. Пријатно ме изненади тоа што чита токму авторот. Имам извесен сомнеж , бидејќи е починат повеќе од две децении (никогаш не сум видел снимка со него, интервју или сл. па не знам дали сигурно е тој), но веројатно и тогаш биле снимани аудио-изданија, на пример за лица со оштетен вид итн. Секогаш е подобро кога некој професионалец со одличен глас ќе заврши феноменална работа, но исто така, посебно доживување е кога самиот автор го чита делото. Има повеќе, ова подолу е првиот дел.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom