Атлантида

Дали постоела Атлантида?

  • Да

    Гласови: 157 82,6%
  • Не

    Гласови: 33 17,4%

  • Вкупно гласачи
    190
V

Vlad II Draculea

Гостин
Zevs напиша:
Во врска со Атлантида да ви кажам дека никој од вас нема појма што пишува. За подетално да се информирате причитајтеја книгата „Тајната Доктрина“ од Елена Блаватска па ке видите која всучност била Аелантида и која раса живеела таму и каде е сега.
Но накратко ке ви кажам дека Атлантида била уништена во војна со друга раса чиј преставник е сегашен господар на земјата и кој сите монотеистилки религии го нарекуваат „господ бог“.
Оди лечи се... не можеш од една книга да кажеш што си ја прочитл дека тоа е така.. женската има нелзино мислејне пишано... но не мора да значи дека е точно.. ако сакаш НАУЧНИ податоци за атлантида ти оставив линк во претходниот пост... иначе... Атлантида/БОГ.. ко јеховин сведок звучиш
 
Член од
15 декември 2005
Мислења
18
Поени од реакции
1
A KADE JA IMA TAA KNIGA, I KOLKU PARI E. A TAA PISATELKATA NASA LI E, I OD KADE I SE TIE INFORMACII ZA ATLANTIDA. JA SE INTERESIRAM ZA ATLANTIDA, AMA SVE STO SUM DOZNAL ZA NEA E OD FILMOVI, INTERNET I OD ,,MARTI MISTERIJA''- E TUKA IMA NEKOI TEORII KOI DRZAT MESTO, NESTO STO MOZEBI SE SLUCILO, ILI MOZEBI NE ?
IMAM I JA NEKOI SVOI TEORII, SAMO SI GI CUVAM ZA MENE :)
 
Член од
12 декември 2005
Мислења
32
Поени од реакции
3
Во досегашната дискусија за Алтлантида се зборува дека нема докази за постоење на Атлантида или дека е Мит. Па ме интересира од каде се знае за неа т.е. во кој извор (книга, папирус, ...) првпат се спомнува Атлантида? Само да е релевантен изворот, а не некоја СФ книга :).
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Првпат се спомнува во некоја драма на Платон мислам.. ја имам тука некаде по дома, да побарам па ќе видам точно. (=
 
Член од
12 декември 2005
Мислења
32
Поени од реакции
3
P.Overdrive напиша:
Првпат се спомнува во некоја драма на Платон мислам.. ја имам тука некаде по дома, да побарам па ќе видам точно. (=
Тоа е добро за почеток. Ај ако си во можност и ако ја имаш читано, постирај која точно драма е тоа и во кој контекст се спомнува Атлантида.
 
Член од
25 август 2005
Мислења
59
Поени од реакции
9
mnogu vistiniti slucuvanja od drevnosta se zachuvani vo forma na mit, koj podocna e i zapishan...primer e i biblijskiot potop, proteruvanjeto na evreite... taka da verojatno i mitot za atlantida moze da bide vkljuchen vo spisokot. spored mene ne e iskluceno mitot za atlantida i unistuvanjeto na ostrovot da go opisuva unistuvanjeto na ostrovot Krit vo XVI vek pred Hrista, posle erupcijata na vulkan na ostrov Terra(denes Santorini)
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Колку страници за Атлантида и останати мистерии прочитав во последниве неколку денови, не прочитал никој за месеци (=

Anyway, ќе пробам некако да ги склопам сите информации што ги имам во една статија, нешто како таа за Годината 2012, само подолга (и нема да биде пред Нова Година). Би сакал да знам дали некој би бил заинтересиран да го прочита тоа што ќе го напишам, колку да не седи за џабе?
 

moTaro

Буљаш
Член од
17 ноември 2005
Мислења
1.476
Поени од реакции
11
Калимеро напиша:
Ако биле интелегентни тогаш господ немал што да ги казнува.....веќе биле казнети.

Инаку Атлантида била континент (остров го рачунаат некои) и доколку отворите карта на светот можеби и ќе успеете да пронајдете каде би требало да се наоѓа под претпоставка да е точно дека порано земјата имало само еден континент кој подоцна се разделил на неколку.

Нема ниту еден единствен доказ дека Атлантида постоела.

За уништувањето на Атлантида некои сметаат дека тоа било природна катастрофа, а има и такви кои рачунаат дека таа е уништена од глупоста на нејзините технолошки развиени жители. Нешто како денес на земјава.
Некои сметаат дека тој континент, поточно жителите на тој континент поседувале машини, меѓу кои и летачки машини, нешто како нашиве авиони денес. некои сметаат дека им била позната и нуклеарната енергија и токму тука ја бараат причината за нејзината пропаст.
Ми се свиѓаше постов и затоа го искористив.
Според болдираните црвени реченици заклучувам.

И да има господ, тој е буљаш кој што не дозволува луѓето да се развиваат. Односно ако успеат да стигнат до одредено ниво на развиток ги спичкуе со некоја природна катастрофа!?

Кој може да бара од мене да верувам во такво чудовиште!

Малце е оф топик, али ме завлече уз муабет се преку*чив :)
 
Член од
15 декември 2005
Мислења
18
Поени од реакции
1
NA INTERNET CE NAJDETE POLNO INFORMACII ZA ATLANTIDA, SPORED EDNI DEKA SE NAOGALA KAJ KRIT, SPORED DRUGI DEKA BILA NEKADE VO ATLANTSKIOT OKEAN, KAJ SPANIJA-AZURITE ILI PAK KAJ BERMUDSKIOT TRIAGOLNIK, A SPORED EDEN SAJT PAK STO GO NAJDOV NA YAHOO TREBALO DA SE NAOGA NEGDE VO INDONEZIJA, PA PA SEGA ODETE VIDETE KAJ MOZE DA E :)
SPORED SITE INFORMACII EDNO E SIGURNO, BILE PONAPREDNI OD DRUGITE VO TOA VREME, A OD KADE POTEKNUVAAT, DALI BILE TUKASNI ILI PAK DOSLE OD NEKADE TAMU GORE, MOZE NIKAD NEMA DA DOZNAEME. MOZEBI NEKOJ NEKADE ZNAE AMA I DA ZNAE TESKO DEKA CE NI KAZE NA NAS OBICNITE LUDJE !!!
DENES IMA KOLKU TOLKU SOVREMENI SATELITI I TIE NAMESTO DA GI NASOCAT KON VSELENATA KOGA BI GI NASOCILE NAKAJ ZEMJAVA- AKO VISE NE GI NASOCILE :), MOZEBI BI OTKRILE NESTO POKONKRETNO ZA TOA KAJ BI MOZELE DA SE NAOGA ATLANTIDA, AKO POSTOELA- AKO VISE NE DOZNALE RAZBIRAS. AKO TIE BILE TOLKU NAPREDNI SIGURNO OVIE GOLEMIVE SILI CE SAKAAT DA DOJDAT DO TAA TEHNOLOGIJA, ILI PAK VISE JA NASLE PA SEGA NE SAKAAT DA JA DELAT SO DRUGITE. AJ MOZEBI ZA EDNO 100 DO 200 GOD. CE NI KAZAT :)

P.S. SORRY FOR THE CAPS LOCK, JEBI GA NAVIKA
 
Член од
24 јануари 2006
Мислења
1
Поени од реакции
0
I jas imam slusnato deka Atlantida se naogala nekade megu ostrovite vo Grcija i deka grcite ucele nekoi postapki od niv
 
V

Vlad II Draculea

Гостин
П.Овердрајв... Ај те молам дај податоците на купче, да не си нагаѓаат...
ај жити копиљо(госпо, чудовиштето на моТаро :))
 

3DS

Член од
19 јануари 2006
Мислења
52
Поени од реакции
0
Majestic напиша:
Во досегашната дискусија за Алтлантида се зборува дека нема докази за постоење на Атлантида или дека е Мит. Па ме интересира од каде се знае за неа т.е. во кој извор (книга, папирус, ...) првпат се спомнува Атлантида? Само да е релевантен изворот, а не некоја СФ книга :).

Vaka odese toa,se spomnuva za prv pat vo deloto na Platon a do PLaton doslo vaka: Solon golemiot atinjanin izmislil nekoi zakoni i radi niv se proslavil,pa potoa resil da odi vo prestolninata na civilizacijata togasna Egipet.Zboruval so svestenikot Sonshis i Solon go prasal dali znae i dali ima neso zapisano za Atlantida a toj mu odgovoril"Vie grcite ste kako mali deca,mislite deka postoi samo ovoj den .Nie imame zapisi stari 40000 god.vo koi se zapisani 3 kataklizmi(potopi),a Atlantida isceznala pred 9000 god.(razgovorot e voden okolu 600.god pne.) "
Ottuka Solon mu ja kazal prikaznata na svojot rodnina Dropides a ovoj na svoite potomci i taka stignala do Platon

p.s misli na den ama ne zemski tuku soncev(rotiranje na sonceto okolu nekoe ginovsko sonce da go narecam i koj spored nekoi presmetki trae okolu 2 miljardi god mislam
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Најпознати претстави за Атлантида потекнуваат од научната фантастика, а ги развиле десетина писатели од времето на Жил Верн. Во дваесет илјади милји под морето (1869), Верновиот јунак Пјер Аронакса на подводната прошетка го води капетан Немо, кој му покажува столбови како кај грчките храмови, опфатени со дебел слој алги. Местото да одвивање на дејството секако е дното на Атлантикот, традиционалното почивалиште на изгубениот континент.
Напишани се многу книги за цивилизацијата на Атлантида кои претендираат дека реконструкцијата ја извршиле на основа разни изформации од митологија, археологија и геологија. Општ став е дека Атлантида е потполно уништена во катастрофата со огромни размери пред 12000 години, во периодот во кој изумреле мамутите и во кој се завршил ледениот период. Се тврди дека таа е прамајка на сите цивилизации, при што древните култури на Египет, Месопотамија и Средна Америка се само нејзини никулци. Се смета дека нејзината цивилизација била на ниво на нашата или уште понапредна. Нејзините жители ги збришала некоја голема природна катастрофа - како што е удат на некој астероид или огромно поместување во Земјината кора - или се уништиле самите себе со експериментите.
Често се смета дека Атлантиѓаните се занимавале со технологија на возвишен начин. Користејќи ги мистичните својства на кристалот, тие, се плеткале со силите кои било најдобро да ги остават на мира, успевајќи да се збришат самите.

Платонова Атлантида

Повеќето луѓе сметаат дека Атлантида има врска со грчкиот мит и легендата, но тоа е само делумно точно. Извор на пиказната за Атлантида се наоѓа во светот на древна Грција, но строго зборувајќи не станува збор за мит или легенда како што се приказните за Јасон и Аргонаутите, за Тезеј и Минотаур или за Тројанската војна. Приказната за Атлантида е сосема поинаква, за неа пишал само еден човек, атинскиот философ Платон (427-347 г.п.н.е.). Останатите грчки автори подоцна расправале за Атлантида, но нивните идеи биле очигледен дериват.
Кога Платон ја опишал Атлантида, во два кратки дијалози, не се потпирал на вообичаената грчка традиција. Тврдел дека има посебен извор - својот далечен роднина, политичар и поет Солон (околу 615-535 г.п.н.е.). Солон многу патувал по Средоземјето, а едно од местата во кои отседнувал бил Египет. Како славен мудрец, Солон можел да разговара со свештениците на градот Саис во Египетската делта. Според Платон, Солон се распрашувал за „стари работи“, за оние кои се наоѓаат во нивните записи и свештениците му одговарале со неверојатна приказна.
Прво се смееле на Солоновите приказни за најстарите сеќавања за Грците, корејќи го: „Солоне, Солоне, тие твои Грци се мали деца.“ Свештениците се фалеле дека египетската историја е илјади години постара од тогашната грчка цивилизација: нивните институции основани се најмалку 8000 години пред тоа, а постоеле и сеќавања и на некои постари случки. Тврделе дека пред 9000 години (т.е. 9570 г.п.н.е.) веќе постоел голем град Атина на кој тогашните Грци едвај се сеќавале - ако воопшто се сеќавале - поради надојдените катастрофи.
Атлантида била остров кој лежел западно од Херакловите столбови (Гибралтар). Со нејзе владееле кралеви кои потекнувале од Посејдон, богот на морето. Главниот крал бил син на најстариот син на Посејдон, Атлас, кој му дал име и на островот и на Атлантскиот Океан во кој се наоѓал. Некогаш Атлантиѓаните по чистотата на срцето биле налик богови, но како што исчезнувала во нив боговската крв, на крајот станале расипани и лакоми. Веќе завладеале со големо царство кое се простирало до централна Италија во Европа и до границите на Египет во Африка, но одлучиле да го покорат и останатиот дел на Средоземјето. Меѓутоа, и покрај тоа што Атињаните биле напуштени од страна на сојузниците, успеале да ги победат.
Кога војната била при крај, боговите одржале собор и одлучиле да ги казнат Атлантиѓаните поради нивната гордост. „Се појавиле страшни земјотреси и големи поплави“, запишал Платон, „и за еден единствен ден и ноќ... островот Атлантида исчезна во морските длабочини.“ За време на истата катастрофа, атинската војска која сеуште војувала, земјата ја проголтала.
Платоновиот опис во делото Kritija вклучува и приказ на општественото уредување на Атлантида. Островот бил рај полн со сите природни извори: во изобилство питка вода, големи рудни богатства, бујна вегетација која раѓала се, од храна до мирис, и стада животни вклучувајќи и слонови. Она што недостасувало било донесено од прекуморските царства. Резултат од тоа бил „кралевите на Атлантида поседувале такво богатство какво што пред нив ниеден владетел немал и какво најверојатно никогаш нема ни да има.“
Секој крал поседувал свој кралски град, но во најголемиот град, престолнината на Атлантида, владееле Атласовите потомци. Овој град лично го основал Посејдон, копајќи низ концентрични канали заради заштита на градилиштето. Неговите наследници го разубавиле градот, копајќи голем подземен канал со кој ги поврзале кружните канали и ги споиле со морето. Преку каналот изградиле огромни мостови, а околу секој копнен прстен изградиле одбрамбени ѕидини, кои ги оковале со метал: надворешниот ѕид блескал во бронза, следниот во калај, а внатрешниот во orikalkum, непознат метал „кој блескал како пламен.“ Во надворешниот дел од градот се наоѓале: складови, касарни, тркачки терени, паркови и храмови, а на главниот остров комплекс палати кој претставувал земја на чудата. Главниот храм (посветен на Посејдон и неговата жена, нимфата Клит) бил обложен со сребро и украсен со топки од злато; неговиот покрив бил од слонова коска украсен со благородни метали. Бил и три пати поголем од Партенон во Атина. Внатре се наоѓале слики од првите кралеви и кралица на Атлантида и златна статуа на Посејдон, која скоро го допирала таванот, кој бил висок 100 метри. (За споредба, Кипот на слободата во Њу Јорк е висок нешто помалку од 46 метри, а почива на постоље со висина од 47 метри.)
Во Платоновиот приказ нема ништо што би асоцирало на сензационални појави присутни во некои популарни книги - нема ни трага од летечки машини, ласерски топови, ниту од свештеник со чудна психичка моќ, а нема ни нешто за тоа дека Атлантиѓаните се плеткале со опасни космички сили. Сеедно, многу од тоа што опишува Платон - големите технички постигнувања и нивото на материјалното богатство - сигурно во времето на пишување на дијалогот (околу 360-350 г.п.н.е.) се читало како научна фантастика. Египќаните тврделе дека нивната цивилизација е најстара во Средоземјето, така што Грците ги почитувале поради нивната древност. Сепак, се сметало дека Атлантида е постара и од Египет.
Платоновиот опис бил толку натегнат, што философот Аристотел (384-322 г.п.н.е.), неговиот ученик, едноставно го отфрлил како чиста измислица. Против ова го имаме постојаното Платоново тврдење, ставено во устата на Критиј, дека приказната е „дословно вистина.“ Критиј бил Платонов роднина, всушност негов чукундедо. Се претпоставува дека приказната за потеклоо е од далечниот предок Солон, за кој велат дека напишал еп за Атлантида пред својата смрт.
Платон напишал: дали е оваа приказна сосема измислена или зад нејзе се наоѓа некаква историска реалност?
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Атлантски континент?

Најдобар начин за проверка е да ги побараме остатоците од Атлантида таму каде Платон вели дека се наоѓаат. Доколку го сфатиме буквално, остатоци од цивилизацијата на Атлантида би морале да ги бараме на рабовите на Атлантскиот Океан, вклучувајќи ја и Америка, за која тој смета дека биле споени со Атлантска низа острови.
Ignacius Doneli (1832-1901), ексцентричен амерички политичар и писател, не` убедува дека постојат докази за Платоновото тврдење, за што пише во својата книга за Атлантида која е објавена 1882 година. Тој ја воскресна оваа тема од мртвилото кое траело уште од ренесансниот период. Успеал да открие многу сличности меѓу претколумбовските цивилизации на Стариот и Новиот свет, кои се движеле од конструкциите на пирамидите и мумифицирањето до сличности на митовите и симболите. Сметал дека Атлантида нуди објаснувања за овие врски. По негово мислење, целата древна цивилизација претставува едно „наследство“: „како што ’сите патишта водат во Рим’“, така „сите вкрстени линии на цивилизацијата водат во Атлантида.“
Меѓутоа, некои од неговите споредби се доста тенки: како тоа дека сликарската уметност „била позната на двете страни на Атлантикот“ не зборува апсолутно ништо. Ниту на човекот не му е потребен Атлантскиот континент за да објасни зошто Сонцето било обожувано и во Перу и во Египет. Некои други споредби се поинтригантни, како што е вештината на мумифицирање, иако методите во Јужна Америка и Египет биле сосема различни.
Што се однесува на пирамидите, нивната сличност практично е неизводлива. Египетските пирамиди се вистински со оглед на тоа дека се шилести на врвот. Оние во Централна Америка во суштина не се пирамиди бидејќи имаат рамен врв за на нив да се подигне храм во кој почитувачите би биле поблиску до небото. Градбата на египетските пирамиди почнала околу 2700 г.п.н.е. и траела во Египет и Судан до крај на римскиот период. Од друга страна, централноамеричките „пирамиди“ се практично модерни. Така големиот храм во Тенотихлан завршен дури 1487 г.н.е.
Ако малку се размисли за географијата, веднаш се приметува уште една голема слабост кога се во прашање пирамидите. Ако умешноста во градење пирамиди настанало во Атлантида, би можеле да очекуваме дека најраните примери се наоѓаат во западна Европа и северозападна Африка, каде воопшто нема пирамиди или слични градби. Најраните камени градби во Европа се големите гробници со одаи и други камени споменици сочинети од мегалит. Мегалитската цивилизација на праисториска Европа била, очигледно, култура врзана за Атлантик, а нејзиниот процут околу 4500 г.п.н.е. навистина претставува мистерија. Не е затоа изненадувачки што научниците се потпираат на мегалитите како потврда на своите тези, но проблемот е во тоа што од другата страна на Атлантикот не постои ништо што би можело да се мери со нив.
Дури и кога Платоновото датирање на Атлантида би го довеле во исто време рамно со градењето на мегалитите (4500 г.п.н.е.) или пирамидите (од 2700 г.п.н.е.) постоењето на овие споменици сами по себе не кажуваат ништо за Атлантскиот континент. Накусо, едноставно не постојат археолошки докази за таква трансатлантска врска. Цивилизацијата навистина да се ширела од некој центар во Атлантикот, тогаш барем би нашле слични грнчарски производи и орудија од двете страни на океанот. А нив ги нема.
Од геолошка гледна точка, случајот на изгубен континент стои подеднакво на разнишани нозе. До почетокот на 20 век многу геолози биле среќни што можат да ја поддржат идејата за големиот копнен мост кој постоел меѓу Европа и Северна Америка, за што делумно допринесла сличноста во праисториската флора и фауна од двете страни на Атлантикот. Иако го датирале неговото исчезнување стотина илјади години пред потонувањето на Платоновиот континент (околу 9600 г.п.н.е.), некои геолози сметале дека траел многу подолго и така допринесле за одржувањето на легендата за Атлантида. Такво мислење изразил истакнатиот француски геолог Луј де Леоне 1921 година. Сепак, веќе тогаш настанувала голема револуција во геолошката мисла која потполно ќе ја елиминира можноста за постоење вистинска Атлантида.
1915 година, германски метеоролог Алфред Вегнер ја објавил својата теорија за “раздвојување на континенти.“ Имено, тој приметил дека делови од континент, ако се исечат од карта, би можеле да се спојат како кај сложувалка. Заклучил дека сите континенти некогаш биле споени во цела копнена маса, која се поделила на повеќе делови кои потоа се одделиле еднен од друг. Во почетокот го исмејувале, но околу 1950 година неговата теорија почнала сериозно да се разгледува. Веќе во шеесеттите години теоријата за раздвојувањето на континентите (сега позната како теорија на тектонска плоча) била општоприфатена. Научниците откриле дека Земјината кора нема иста дебелина и состав како што се верувало до тогаш. На дното на океанот кората е дебела околу 4 милји. Копнената кора почива на овој и во просек има дебелина од 20 милји. Овие два вида кора се сосема различни - на пример, океанската кора не поседува слој на гранит под континентите.
Клучниот доказ во прилог на поместувањето на континентите претставува среден Атлантик, каде долгиот траг на подморските вулкани поминува по средината на океанот. Овај Средноатлантски гребен, како го викаат проучувачите на Атлантида, од Донелиј па натака, го гледаат како остатоци од Атлантида. Сега геолозите не го препознаваат овој нестабилен гребен како остатоци од некој стар континент, туку како многу помлад материјал, кој се формирал со ширење на магма низ пукнатините во Земјината кора. Како што се шири оваа магма од гребенот, таа ги разделува плочите на двете страни, се повеќе оддалечувајќи ја Америка од Европа/Африка. Оваа слика е потврдена со проучување на стариот магнетизам (палеомагнетизам) кој се наоѓа во стените од двете страни на Гребенот. Секои неколку милиони години се менуваат половите на Земјиното магнетно поле, магнетскиот север станува југ и обратно. Кога стоплените стени ќе се оладат, тие го задржуваат „обележјето“ на Земјиниот магнетизам од тоа време. Значајно е дека иста низа магнетски обележја се наоѓаат во стените од двете страни на Средноатлантскиот гребен. Ова е убедлив доказ за ширењето на морското дно, за раздвојувањето на континентите и за релативната маладост на дното на Атлантскиот Океан. Најпосле, ако теоријата на тектонската плоча е правилна, кога ќе го споиме америчкото и евтопското/афричкото копно како некогаш, тогаш во средината воопшто нема простор за некој друг континент.
Кога се ќе се собере, можноста дека некогаш постоел континент кој „настанал“ во Атлантикот, и кој можел да има напредна цивилизација за време на ледениот период, навистина е минимална. Најновите обиди Атлантида да се смести на Атарктик - подразбирајќи поместување во Земјината кора кое довело континент од умерена клима во замрзнати подрачја на Јужниот пол пред од прилика 10 000 години - еднакво се несигурни. Накусо, не постојат никакви докази дека Атлантида некогаш постоела како „изгубен континент“, освен во буквално и некритичко читање на Платон. Платон да не напишел за тој исчезнат континент, веројатно никогаш немаше да се роди таква идеја.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Ерупција на Тера

Промената во геолошките мислења во шеесеттите години ги оттргнале научниците од Атлантида како предмет на сериозно истражување. А самиот Платонов углед доживеа голем пад пред Втората светска војна. За жал, некои негови политички мислења ги прифатила Националистичката партија на Германија, а реакцијата на Западот, поради кое уште повеќе треба да се жали, била тоа Платон да се прогласи непријател на демократијата. Средината на 20 век бил конзервативен период во историјата на науката. Сите идеи кои мирисале на учење дека се геолошки црти за Земјината површина предизвикани од изненадни пореметувања биле отфрлувани. Платон ја изложил теоријата дека светот периодично изложен на катаклизми од вода и оган. Платоновите списи научниците почнале да ги игнорираат.
Во текот на 50-те и 60-те години, извесен број геолози и археолози пробале да најдат академски „достоен“ одговор на проблемот Атлантида. Сметајќи дека е просто неверојатно дека Платон е таков лажго, тие ја оживеале теоријата која прв ја промовирал К. Т. Фрост, млад класичар од Универзитетот во Белфаст, 1909 година. Во тоа време сер Артур Еванс ја откривал големата палата од бронзаниот период во градот Кносос, на островот Крит во Егејското Море, така да западниот свет горел од желба да чуе вест за тие откритија. Фрост во писмото до лондонскиот Тајмс прашал дали приказната за Атлантида е одек на големата минојска цивилизација која некогаш цветала на Крит. Од египетска перспектива овој остров бил далеку на запад, додека Платоновиот опис за ритуалното колење бикови од страна на кралевите на Атлантида би одговарал на истакнатата улога која биковите ја играле во минојската религија. Египетските надгробни цртежи кои прикажуваат посетители во минојска облека покажуваат дека Египќаните ја познавале оваа цивилизација, така да, според Фрост, нејзиниот настанок околу 1400 г.п.н.е. можел да ги наведена на впечаток дека „целото кралство потонало во море.“
На оваа интересна теза и недостасувала единствено голема катастрофа. Неа ја понудил грчкиот археолог Спиридон Маринатос 1939 година. Од своите ископувања во минојската вила во Амнисос на север на Крит, Маринатос заклучил дека минојската цивилизација ја уништила ерупција на островот во близина Тера (Санторини). Во Амнисос е најден сплав, додека Маринатос смета дека ѕидовите на вилата ги срушил огромен плимен бран, или цунами, кој е предизвикан од ерупцијата на вулкан. Бема никакви сомнежи дека Тера експлодирала во бронзениот период - минојски грнчарски предмети веќе биле откриени под вулканските остатоци на островот. До 1950 година Маринатос и понатаму ја развивал својата теза, докажувајќи по големината на кратерот по ерупцијата на Тера дека оваа експлозија била четири пати посилна од детално испитаната ерупција на Кракатуа 1883 година. Оваа експлозија ослободила од 100 до 150 мегатони енергија, што е за 60 до 90 илјади пати повеќе од експлозијата на првите нуклеарни бомби кои се тестирани во пустината Невада. Нема никакви сомнежи дека на островот Крит настанал вистински пекол кога Тера експлодирала во тоа далечно бронзено време.
Маринатос го прифатил Фростовото поистоветување на Атлантида со Крит и изнесол теза дека ерупцијата на Тера (ја датира во 1500 г.п.н.е.) ја поттикнала приказната за уништувањето на Атлантида. Кога почнал ископувања на Тера 1967 година, открил вистинска минојска Помпеја. Под дебелиот заштитен слој од вулкански пепел и стени открил минојски куќи од кои некои биле украсени со убаво обоени фрески и нечепната грнчарија.
Романтичниот изглед на овој некогаш напреден град, уништен од вулкан, инспирирал низа дела, а сите докажувале дека Тера била „вистинска“ Атлантида. Најистакнатиот научник кој ја застапувал оваа теза бил грчкиот геолог, професор Ангелос Галанопулос, давајќи детални објаснувања за тоа на кој начин Тера и минојската цивилизација ја поттикнале легендата за Атлантида. Неговиот клучен аргумент бил дека многу фактори во приказната се зголемени за десет пати со прераскажување. Галанопулос сметал дека Египќаните најверојатно му кажувале на Солон дека Атлантида потонала 900, а не 9 000 години пред неговото време. Тоа би значело дека станува збор за период околу 1 500 г. п. н .е., кога се смета дека Тера експлодирала. На ист начин Платон рекол дека големата рамница зад гладниот град на Атлантида имала површина од 3 000 со 2 000 стадии, така што Галанопулос ги свел овие бројки на 300 со 200 стадии, од прилика 34 со 23 милји - што би одговарало на големината на централната низина (Месара) на островот Крит. Што се однесува до самата метропола, Галанопулос ја одвоил од рамнината, докажувајќи дека големината која и ја дал Платон (не намалувајќи ја за 10 пати) од прилика би одговарала на големината на островот Тера пред ерупцијата.
Заговорниците на хипотезата за Тера продолжиле да прават низа споредби меѓу минојската цивилизација и цивилизацијата на Атлантида. Скоро се врзано за Тера можело да се вклопи во Платоновата приказна за Атлантида. Изгледало дека конечно бил пронајден рационален и научен одговор на овој проблем.
Сепак, може ли оваа привлечна минојска теорија за Атлантида да издржи сериозна проверка? Всушност, Платон ја опишал катастрофата како земјотрес и поплава, а Тера доживеала вулканска ерупција. И поголемиот број споредби на Атлантида со Крит/Тера се неубедливи. Така Платон, на пример, рекол дека одбрамбените ѕидини околу метрополата биле изградени од црвен, бел и црн камен. Нивната боја ја споредувале со бојата на вулканските стени кои можат да се најдат на Тера; меѓутоа, црвени, бели и црни стени можат да се најдат на десетина други места, вклучувајќи ги и оние кои немаат никаква врска со вулкани. Исто така рекол дека биковите кои кралевите на Атлантида ги жртвувале биле фаќани без употреба на метално оружје. Заговорниците на оваа теорија ги истакнуваат не само минојските игри со бикови, туку и убавиот сребрен пехар на кој е прикажано фаќање бикови со помош на мрежи. Но, култот кон биковите бил раширен по целото Средоземје барем 6 000 година п.н.е. и обичај бил сите жртвени животни да се фаќаат без употреба на метално оружје кое би можело да ги повреди - само совршени примероци можеле да се жртвуваат за боговите. Во Платоновата приказна нема нема ни напомена за игри во кои биковите скокаат, а што ископувањето на Крит јасно открило.
Кога станува збор за датирање и димензии, треба да се каже дека Египќаните навистина знаеле да претераат, но не со едноставното множење со факторот 10! Платон наведува дека Египќаните тврделе дека нивната цивилизација е основана 8 000 години пред Солон, а дека Атлантида е уништена 1 000 години пред тоа. Во тој случај би морале да прифатиме дека свештениците кои му се обраќале на Солон го датирале почетокот на египетската цивилизација во 1 400 година п.н.е. што би било навистина смешно. Подеднакво апсурдно е другото објаснување дека Солон погрешно ги разбрал цифрите кои му ги дале свештениците. Познато е дека Солон бил бродосопственик и дека со трговија ги финансирал своите прекуморски патувања.
Освен тоа, Грците биле убаво известени за древната критска цивилизација, чии одекнувања се наоѓаат во приказните за Минос, Тезеј, Минотаур во Лавиринтот. И Платон бил добар познавач на историјата, географијата и обичаите на Крит. Малку е веројатно дека Грците би ја дознале приказната за древен Крит од Египќаните, а уште помалку дека не би го препознале изворот кој се опишува.
Најпосле, тезата дека Тера има врска со Атлантида сосема паднала во вода кога во 80-те години е утврдено дека ерупцијата на Тера не ја уништила минојската цивилизација на Крит. Тера експлодирала околу 150 години пред уништувањето на Кносос и другите големи критски палати - како што, на пример, покажува откритието на наслагите од теранскиот пепел под рушевините на палатата кои исчезнале околу 1 500 г.п.н.е. Ерупцијата најверојатно и нанела штета на минојската цивилизација, но не е одговорна за нејзиното исчезнување. Посетителите облечени во минојска облека со кои Фрост ја почнал својата аргументација се појавувале на цртежите на египетските гробници и многу време по ерупцијата на Тера. Археолошките записи покажуваат дека трговијата меѓу Египет и Егеј нормално продолжила по ерупцијата. Не постои ништо што би укажало на тежок прекин на врските кои би ги навел Египќаните на помисла дека островот е западно од нив, кој бил нивни трговски партнер - „потонал“.
Накратко, минојската Атлантида - било да станува збор за Крит или Тера - навистина ништо не објаснува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom