Атеизам - дефиниција

T

Tetro

Гостин
ateizam.... pa toa se nemoralni osobi koi sto potkleknuvaat na zivotot koi sto nemaat nikakovmoral i se zalazuvaat samite sebe deka Bog ne postoi....
Не знам во која религија си зачленет, ама не разбираш многу изгледа од светите книги. Имам читано нешто, ама не знам на памет да ти кажувам.


1. „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството. Не ќе имаш никакви други богови покрај Мене.

2. Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја. Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение, а покажувам милости на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди.

3. Не ќе го изговараш напразно името на Господа, твојот Бог, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној кој го зема напразно Неговото име.

4. Помни го саботниот ден, за да го осветуваш. Шест дена ќе работиш и ќе ги вршиш сите свои работи. А седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог. Тогаш никаква работа не ќе работиш: ни ти, ниту твојот син, ниту твојата ќерка, ни твојот слуга, ниту твојата слугинка, ниту твојот добиток, ниту странецот што е внатре во твоите порти. Зашто во шест денови Господ ги направи небото и земјата, морето и сè што е во нив, а на седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го освети саботниот ден.

5. Почитувај ги твојот татко и твојата мајка, за да ти се продолжат дните на земјата, која ти ја дава Господ, твојот Бог.


6. Не ќе убиваш!

7. Не ќе прељубодејствуваш!

8. Не ќе крадеш!

9. Не ќе сведочиш лажно против твојот ближен!

10. Не ќе го посакуваш домот на твојот ближен! Не ќе ги посакуваш: жената на твојот ближен, ни неговиот слуга, ниту неговата слугинка, ни неговиот вол, ниту неговото осле, ни што и да е што му припаѓа на твојот ближен!”
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.448
Поени од реакции
5.134
Најстрашни се луѓето што немаат страв од вечен пекол. Замисли што праат на земја. Хипотетички наравно. :pipi:
Ај едно прашање:
Што мислиш, зошто Бог допуштил Хитлер да го направи она што го направил? Зошто не го спречил?
Еве само неколку факти од животот на Хитлер:
Мајка му сакала да изврши абортус. Во тоа била предомислена од докторот.
Во Првата светска војна, во еден марш на десетилјаданата војска во која бил и Хитлер, налетале на противничката артилерија. Преживеале неколку десетина војници, меѓу кои и Хитлер. Или процентуално шансите за тоа се помали од 1%.
Исто, во Првата светска војна, неколку војници се наоѓале во ров, во импровизирано засолниште. Во еден момент Хитлер излегол од засолништето, а во другиот момент засолништето било уништено во експлозија. Сите војници внатре загинале, само Хитлер преживеал.
За време на некои бунтови или немири во дваесеттите (не знам точно кога), Хитлер заедно со своите соработници кога бегал налетал на патрола. Војниците од патролата пукајќи, ги убиле сите негови соработници, а само Хитлер преживеал, бил ранет во раката.
После од пробал да се самоубие, но бил спречен и бил фатен, па лежел затвор.
Исто така, постојат доста голем број обиди за атентат одкога станал лидер, но ги преживеал сите.

Што мислиш, Бог го чувал Хитлер?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
И ти си имаш некоја своја чудна логика! Како најде споредба помеѓу тоа што го посочив и комунизмот со петокраката и извртениот пентаграм? Убаво си кажа дека религијата и христијанството се тотално небитни, но како заклучи дека законот бил библијата? Па библијата Е религијата и христијанството! :toe: Зарем не си ја гледаш контрадикторноста?
Ако според тебе фактот што бог во овие религии е опишан како семоќен е единствениот аргумент за да мора да му се потчиниш, тогаш дали хипотетички ако одкриеш дека Сатаната е тој што е семоќен дали ќе му се потчиниш нему? Значи зборувам за хипотетичка ситуација, умираш, одиш во задгробниот живот и дознаваш дека се ова било тест и Сатаната е тој што е семоќен! Дали тогаш ќе кажеш дека тој што е семоќен има право да прави што сака?
Премногу површно ја сфаќаш верата. Ама тоа на страна, побитно е дека не сфаќаш што пишувам а сите термини ги изедначуваш како еднакви. Црква, религија, вера, библија е исто за тебе и тука ти е грешката.

Она за кое се фати, а јас го напишав, дека религијата и христијанството се небитно, значи дека било која религија е небитна. Она кое е битно е библијата која е законик за оние кои се нарекуваат себе си христијани ама можеш да ја следиш и ти без да се нарекуваш себе си христијанин. Тоа е книга за животот. Такви книги има повеќе, таков е Куранот. Такви се (претпоставувам, не знам детално) книгите за Буда, поговорките на Конфучие, итн итн... и тие можат да делуваат независно од клањањето пред ѕидот на плачот или фарбањето јајца за велгиден или бањањето во Инд.

Сега, за сатаната. Сатаната не може да биде врховна сила, зашто е произлезена од библијата на која и требал антагонист за да го докаже она кое има потреба да го докаже. Не постои Исус, како што не постои ни Луцифер во реалноста, искористени се само во приказната која ќе им помогне на простите широки народни маси да разберат дека ако грешат ќе бидат казнети... како сатаната што била казнета.
Не можеш да откриеш дека Бог е семоќен, мораш да прифатиш за општо добро. На тој начин, Бог навистина постои, бидејќи ти свесно ќе го прифатиш зашто со тоа ќе станеш подобар човек. Научен доказ ем не треба, ем и да го бараш, нема да го најдеш нели.
Задгробниот живот е уште една од приказните, на некој начин, back up plan. Ако не ве убедиме со ова јабукиве, да знаете, дека ако не живеете скромно на земјата, после смртта ќе патите, а нема човек кој не се плаши од смртта. Таква дискусија, во која ти ќе веруваш дека змијата стварно зборела и тоа ќе ти биде аргумент зашто верниците се луди, нема да водиме.

Ти братче ептен си забегал. Атеистите не се против христијанството. Научи го веќе еднаш тоа. Ние сме против религијата и верата воопшто. Дали се работело за христијанство, ислам, хиндуизам, будизам, јудаизам, сатанизам, комунизам....... сосем сеедно се е исто ср... ти се допаѓало тоа тебе или не, не можеш од верски аспект да ги поделиш на христијани и антихристијани. Има верници и неверници (атеисти)

За Атеистите нема темна и светла страна на црквата, само темна. Подобар човек не се станува со верба во бога, се станува со свест и разум, без разлика бил атеист или верник (која и да е верска припадност).
Обрни внимание на болдираното. Сори, ама таму нема да ме ставиш, не ми треба ни библија ни куран, ни талмуд ни... што и да е друго.
Сите верувања, нам ни се непотребни, дали тоа било христијанство, ислам, хиндуизам, будизам, јудаизам, сатанизам, комунизам.... сеедно
Абе пријател, премногу си нарцисоиден за да можам да водам било каква дебата со тебе. Зошто постојано ми даваш совети што треба јас да правам и сфатам? И чим не ви се потребни, со среќа во животот.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Абе пријател, премногу си нарцисоиден за да можам да водам било каква дебата со тебе. Зошто постојано ми даваш совети што треба јас да правам и сфатам? И чим не ви се потребни, со среќа во животот.
Со каков аршин мериш, со таков и ќе ти мерат.
Ти даде совети што треба секој атеист да прави, така да кој е нарцисоиден се гледа, не треба дискусија.
А тебе штом бог ти е потребен за да станеш човек, со среќа и тебе во животот.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Ај едно прашање:
Што мислиш, зошто Бог допуштил Хитлер да го направи она што го направил? Зошто не го спречил?
Еве само неколку факти од животот на Хитлер:
Мајка му сакала да изврши абортус. Во тоа била предомислена од докторот.
Во Првата светска војна, во еден марш на десетилјаданата војска во која бил и Хитлер, налетале на противничката артилерија. Преживеале неколку десетина војници, меѓу кои и Хитлер. Или процентуално шансите за тоа се помали од 1%.
Исто, во Првата светска војна, неколку војници се наоѓале во ров, во импровизирано засолниште. Во еден момент Хитлер излегол од засолништето, а во другиот момент засолништето било уништено во експлозија. Сите војници внатре загинале, само Хитлер преживеал.
За време на некои бунтови или немири во дваесеттите (не знам точно кога), Хитлер заедно со своите соработници кога бегал налетал на патрола. Војниците од патролата пукајќи, ги убиле сите негови соработници, а само Хитлер преживеал, бил ранет во раката.
После од пробал да се самоубие, но бил спречен и бил фатен, па лежел затвор.
Исто така, постојат доста голем број обиди за атентат одкога станал лидер, но ги преживеал сите.

Што мислиш, Бог го чувал Хитлер?
За да светот се поучува како не треба од неговите зли дела. За да денес Евреите не се тоа што биле порано.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
За да светот се поучува како не треба од неговите зли дела. За да денес Евреите не се тоа што биле порано.
Некаква басна но со real life body count?
Или сликовница ко оние со Трите прасиња само со малку изменета сценографија?


(не е конц логор)

Нешто како Езоп,Крилов или Ла Фонтен но со price tag од 60 милиони мртви?

Третиот рајх - 1933-45.
Израел - since 1948.

П.С. Истовремено и Сталин се шетал по светов...

П.П.С.



The church.
Always on the wrong side of humanity.

--- надополнето ---

Псалм: 9:5
Ги изобличи народите, ги истреби нечесните, им го избриша името, за вечни векови.

Како се извлекле од ова Пол Пот,Дража и Анте,Мао и Мусолини,Тед Банди и Андреј Чикатило?
Буш и Блер можеби...?
Локалниве политичари !?
Anyone !???

Амос: 2:9
Јас ги истребив пред нив Аморејците високи како кедар, силни како дабјето, Јас го уништив и плодот на нив и коренот под нив.

Не знам кои биле тие Аморејци,но мора да биле некаква есенција на злото.
Но зошто ги уништил нив кои ете биле високи како кедар (5-6 метра) силни како дабје, а не може ништо да стори околу политичариве?
Тоа значи дека

а) политичариве се добри и праведни.
б) посилни и повисоки се од Аморејците,како новоизграден споменик нешто,од мермер,гранит и бронза па така тешко ќе оди со требењето...
в) има некое симболично значење.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.448
Поени од реакции
5.134
За да светот се поучува како не треба од неговите зли дела. За да денес Евреите не се тоа што биле порано.
Интересен начин на дејствување имал Бог... со смрт на 60 милиона само за да им покажи пример како не треба да прават идните генерации?
Се прашувам каков ќе беше денес светот да не беше Втората светска војна...хм...
Можеби немаше да постои геноцидот врз Тутсите во Руанда... Или користењето напалм главно врз цивили... или пак користењето оружја со осиромашен ураниум... бел фосфор, касетни бомби... итн.
Како може такви примери да дава Бог?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.832
Поени од реакции
12.334
Кој е виновен, хмм... Болшевизмот, евреите, нацистите...тие се луѓе, не се богови
Always on the wrong side of humanity.
многумина застанувале на погрешната страна, црковни и световни лица. Најчесто од црквите католичката.
Ама и атеистиве у СССР правеле штети, кинезите на Мао, Хуа и други...
“Аурора” закотвен во Санкт Петербург меѓу главните водачи на Октомвриската револуција во тој град. Плотуните истрелани од тој брод го најавиле нападот на болшевиците врз зимскиот дворец на руската царска фамилија Романови, кои подоцна до еден биле убиени, а денес Руската православна црква ги има канонизирано за светители - новомаченици.
Во Тресонче неговиот помал брат, попот Апостол, бил запопен од егзархиски владика. Во 1913 година кога по Балканските војни на територијата на Вардарска Македонија се воспоставила српска окупаторска власт, Србите веднаш му наредиле (како и на сите други православни свештеници во Македонија поставени од бугарската егзархија) да служи богослужби на српски наместо на бугарски јазик, а споменувањето на кралското и духовното водство да биде во духот на српството, т.е. во литургиите да го споменува српскиот патријарх Варнава. Апостол тоа не можел да го прифати. Велел дека има еден Господ и дека тој пред него дал заклетва оти ќе го споменува бугарскиот врховен владика. Настапиле сурови денови на сослушувања и измачувања, а тој постојано одговарал: Јас сум дал заклетва пред Бога, а не пред Сатаната.
Српските џандари и него го убиле една ноќ кај месноста Ажиеска воденица кај село Лазарополе. Бил избоден со бајонети.
Романови


Only the Remains of 5 of the Romanov Family was Initially Found

Execution Took Place in This Cellar
<< Prev Soldiers kill off their victims with rifle butts and bayonets

Убиен руски свештеник Данаил Сисоев 21 ноември 2009
Познатиот руски православен свештеник и мисионер Данило Сисојев беше убиен од страна на непознат напаѓач во црквата Свети Тома во Москва, соопшти денеска портпаролот во канцеларијата на главниот обвинител Анатоли Багмет.

- Маскираниот вооружен маж упаднал синоќа во црквата, му пришол на Сисојев (34) и го прашал за името, а потоа пукал во него од пиштол со пригушувач, изјави Багмет.
Сисојев им подлегнал на повредите на пат до болница, а во нападот е повреден и диригентот на хорот во црквата.
Главната теорија, според Багмет, е дека мотивите се од злосторничка и религиска природа, но дека се истражуваат и другите можни мотиви.

Сисојев беше вклучен во мисионерски активности со кои младите луѓе се поттикнуваат да ја изберат православната црква, која, со оживување на религијата по распаѓањето на Советскиот сојуз, стана важна политичка сила, блиско поврзана со Кремљ.
Руските медиуми наведуваат дека свештеникот пред нападот примал закани преку електронска пошта.

Сисоев осум години проповедал меѓу муслиманите што било толкувано како крајно навредливо непочитување на исламската култура, начинот на живеење и религијата.
HISTORY
Mexican War (1810-1821)- 450,000
Civil War (1861-1865)- 50,000
Spanish American War (1898)- 26 (Spanish losses)
Philippine American War (1898-1902)- 200,000 (Philippine loss by disease/hunger)
World War II- USSR 19 million- Chinese 10 million- European Jews 6 million (Victims of occupation and mass murder.)
Korean War (1950-1953)- 5 American
Vietnam War (1964-1973)- South 289,000- North 298,000
Operation Desert Storm (1991)- 1,140 Iraq
War in Iraq- 50,000 to over 100,000 (under-reported)

From these numbers, it can be said that there is a connection between the animosity of the war and the results in civilian casualties. Of course it also depends on the situations and the countries. For example, the Japanese was at its peak of power and control in the east during WWII, resulting in the Chinese casualties.

WORLD WAR II
In World War II, the estimated total of civilian deaths was 47 million.
https://per4costsofwar.wikispaces.com/Civilian+Casualties
да не се потсетуваме на неславното човеково минато, не ни е баш за фалење.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Дали Хитлер бил верник? :)
Не бил. Значи - гори веќе во пеколот. Што се секирате вие па до толку:).
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
За да светот се поучува како не треба од неговите зли дела. За да денес Евреите не се тоа што биле порано.
Дали Хитлер бил верник? :)
Не бил. Значи - гори веќе во пеколот. Што се секирате вие па до толку:).

Хехехе шо е битно дали бил или не бил верник кога ти кажа дека тоа е Божјо дело и дека тој подучивал како да не праиме денес.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ама и атеистиве у СССР правеле штети, кинезите на Мао, Хуа и други...

да не се потсетуваме на неславното човеково минато, не ни е баш за фалење.
Тие „атеисти“ не беа атеисти туку верници.
комунист=верник
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Абе бесцелно е да се редат цифри, доволна е големата чума од 14-от век како последица на религијата ако веќе одиме по таа логика на споредби,за малку EXTINCTION EVENT, изумреле по најконзеративни процени 1/4 од светското население.Од 450 милиони луѓе на планетата во тоа време тоа доаѓа...хммм...многу...

Убаво е тоа што православната црква смета дека Романови се светци...

Бољшевичкиот атеистички советски режим,посебно во годините на Ленин и Сталин бил геноциден,манијакален и една од најцрните епизоди на планетава во 20-от век.И нивните колеги подоцнежни секако...во други земји.
Но човек не може а да не се запраша како таков режим добил почетна подршка од рајата православна и богобојазлива...како тоа изникнале милиони и милиони атеисти во една длабоко религиозна земја како Русија...за неколку месеци 1917-18...

Каков кредибилитет има црквата како институција?
Со кои дела и со кој морален интегритет располага?
Ете кај нас...против која неправда имаат дигнато глас?

а) нема неправди кај нас во изминативе 19 години.
б) не е работа на црквата да се меша во световни работи
в) молчењето е злато

--- надополнето ---

Дали Хитлер бил верник? :)
Не бил. Значи - гори веќе во пеколот. Што се секирате вие па до толку:).
Хитлер бил религиозен.
Стартувал како католички христијанин за потоа да се приклони кон некаква пан-германистичка окултна религија која била во мода во Рајхот.
Не бил православен но не се ни останатите 90-и нешто % од луѓето...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.832
Поени од реакции
12.334
Тие „атеисти“ не беа атеисти туку верници.
комунист=верник
Комунист = верник? :)
The People's Republic of China was established in 1949. Its government is officially atheist, which viewed religion as emblematic of feudalism and foreign colonialism. Religious belief or practice was banned because it was regarded as backward and superstitious by some of the communist leaders, from Vladimir Lenin to Mao Zedong, who had been critical of religious institutions. Houses of worship, including pagodas, temples, mosques, and churches, were converted into non-religious buildings for secular use during its early years. The Cultural Revolution led to a policy of elimination of religions; a massive number of places of worship were destroyed.
со црвените книшки в рака за време пауза за ручек...

Сепак добар обид за "приказ" на некои информации од минатото.

--- надополнето ---

Хитлер бил религиозен.
Стартувал како католички христијанин за потоа да се приклони кон некаква пан-германистичка окултна религија која била во мода во Рајхот.
Не бил православен но не се ни останатите 90-и нешто % од луѓето...
Кога еднаш спомнав дека најголем број од нобеловците и имињата на авторитетите кои ги откриле законите на физика, математика, хемија...во сите научни дисциплини...биле религиозни, ми беше одговорено дека такво било времето, сите морале да се религиозни...сега сепак и Хитлер бил религиозен :) Хитлер бил луд, користел...има една книга Копјето на Судбината каде е опишан животот на Хитлер од неговите сопартијци, соборци...шампион во користење на Библиски Реликвии во служба на темнината и злото.
Опишано е дека практикувал на некоја црна магија и мистични ритуали кои се сосем надвор од црковните...тоа не би го нарекол религиозност во контекст на она што го дискутираме :)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не не не не, злото НИКОГАШ НЕМА да биде концепт на Бог. Тој само дава избор.
I form the light, and create darkness: I make peace, and create evil: I the LORD do all these things. (Isaiah 45:7, KJV)
Shall a trumpet be blown in the city, and the people not be afraid? shall there be evil in a city, and the LORD hath not done it? (Amos 3:6, KJV)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom