Атеизам - дефиниција

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Најстрашни се луѓето што немаат страв од вечен пекол. Замисли што праат на земја. Хипотетички наравно. :pipi:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Како од религиска гледна точка се објаснува ова?
Плаќање на гревовите на предците?
Лешинарот како инструмент небесен?



Хммм...а ова?
Мајките на кои им било кажано дека лекот Талидомид е супер и дека слободно можат да го користат за време на бременост.

Римјаните: 13:2 Затоа оној, кој и се противи на власта, и се противи на Божјата наредба; а кои и се противат, ќе ја примат својата осуда.
13:3 Зашто владетелите не се страв за добро дело, туку за зло. Сакаш ли пак да не се боиш од власта, прави добро, па ќе бидеш пофален од неа.




Слушајте ја власта и сите оние кои имаат авторитет над вас.
Во покорноста и скромноста и понизноста се крие среќата земска и рајот вечен! :tapp:

Сега имаме задолжително вакцинирање со ХПВ вакцина на 12 годишни девојчиња...

Дали православната црква (или било која,но кај нас таа има најмногу поклоници) го дигнала гласот против било која неправда во последниве 20 години?

Линк некаков...
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Тоа се однесуваше на прашањето на Фити...за тебе ова не важи.
Впрочем што се замарате, кога ќе дојде време да се селите од овој свет (се надевам што подоцна), сами ќе видите кај ви е крајна дестинација.
6 feet under, нема друга :toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.832
Поени од реакции
12.334
Како од религиска гледна точка се објаснува ова?
Плаќање на гревовите на предците?
Не знам за тоа, можеби, можеби не.
Сепак за вакцини, експерименти...сето тоа е од раката на човекот кому му е оставена слободна волја да си игра со добро/зло како сака...
Хммм...а ова?
Мајките на кои им било кажано дека лекот Талидомид е супер и дека слободно можат да го користат за време на бременост.
кажано од кого, од Бога директно или од злобни, расипани луѓе. Мислам дека од ова второто :)


Гледам овде други информации

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1022101014412&id=9&prilog=0&setIzdanie=22114
Балканот им верува на црквите


Последното истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за довербата во црквите и верските заедници, спроведено минатата година, покажува дека е забележан висок степен на доверба кај Македонците во МПЦ - 70 отсто, но и кај етничките Албанци во Исламската верска заедница - 77 отсто.



Не заборавиле да потенцираат ова :)
- Довербата во црквите и верските заедници е поголема кај граѓаните со пониско образование. МПЦ има доверба од 11 отсто меѓу етничките Албанци, а ИВЗ има доверба од 22 отсто меѓу етничките Македонци. Малобројните цркви и верски заедници, како што се католичката, методистичката и еврејската, имаат доверба од околу 21 отсто. Иако степенот на доверба многукратно го надминува бројот на членови на наведените цркви и верски заедници, сепак, големо мнозинство граѓани (од околу 79 отсто) искажуваат недоверба кон малобројните цркви и верски заедници, се вели во соопштението од анкетата на МЦМС.
Сите податоци, заклучува анкетата, може да укажуваат на верска нетолеранција, а тоа е поткрепено со тоа што 30 отсто од граѓаните не сакаат сосед од друго верско убедување.

Според истражувањето на институтот „Димитрие Чупоски“, објавено во февруари оваа година, армијата и верските објекти се институциите во кои македонските граѓаните имаат најголема доверба. Анкетата резултира со тоа дека во црквите и џамиите и АРМ веруваат по 10, 9 отсто од испитаниците на Институтот.

Валентина Божиновска, претседателката на комисијата за односи со верските заедници, смета дека традиционалното семејно искуство и тесната поврзаност со предците е главната причина на високиот процент на доверба во верските заедници кај Македонците.
Инаку граѓаните не сакаат ниту сосед од друго етничко потекло (освен ако не е холанѓанец, данец...)



 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Има друже извртено. Она кое ти го кажуваш е исто ко мојата споредба дека ти си комунист, само затоа што твојот симбол на твојата “религија“ има петокрака, безразлика што е наопаку.

Христијанството јасно кажува дека еден е Бог, дека не смее да се има друг Бог, законите на христијанството се единствени, не смее да се доведува воопшто во прашање нејзината исправност. Затоа, ако Господ рекол дека ќе умреш ако го земеш тоа јаболко, мораш да му веруваш. Ако не му веруваш, ако веруваш на некој друг, ќе бидеш казнет.

Она кое тебе, претпоставувам и на другите противници на христијанството, им пречи е фактот што се чувствуваат потчинети и ограничени. Апсолутно ве разбирам, но тоа само покажува колку вие не можете да се пронајдете себе си, зашто религијата во никој случај нема да ве спречи да ја изразите својата креативност ниту ќе ја убие вашата желба за учење, просветлување, истражување... бидејќи средновековната црква одамна не постои, а и онаа која постои е само сенка на она кое вистински треба да биде.

Секој атеист, исто како и верник, треба да научи да ја игнорира темната страна на црквата и нападите на притивниците на црквата доколку сака себе си да се види како подобар човек кој од ден на ден својот карактер и личност го надргадува. Дури, ако сакаме да го видиме тоа низ призмата на христијанството, Господ би бил задоволен кога би видел дека го правите тоа. Религијата и христијанството се тотално небитни, битно е почитувањето на законот, а тој по некоја случајност е библијата. Во неа ги има сите етички норми. Не ви се свиѓа христијанството, во ред е, го имате исламот и куранот. Почитувајте го него, немам проблем, ама немојте тероризмот на Осама=шпанската инквизија=грчките попови во втора светска војна да го поистоветувате со овие книги и вербата во Бог. Дури и сатанизмот ќе го прифатам како добра религија ако нејзините начела не се деструктивни и опасни за други живи суштества. Битно е да се има Бог и да се почитува.

Затоа, барањето правдина од Бог ти е неисправна, бидејќи тој е имагинарен, нереален, тој е раката на правдата која не се гледа... поистоветувањето на Адам и Ева со вистински личности кои некогаш живееле ти е непотребна, па дури и смешна ако веруваш во тоа... и барањето на објаснување за реченицата “Бог вели не јади од јаболкото“ ти е тинејџерско и неуко, зашто секој еден во животот сфаќа дека мора да почитува виша сила која има моќ над него, порано или подоцна
И ти си имаш некоја своја чудна логика! Како најде споредба помеѓу тоа што го посочив и комунизмот со петокраката и извртениот пентаграм? Убаво си кажа дека религијата и христијанството се тотално небитни, но како заклучи дека законот бил библијата? Па библијата Е религијата и христијанството! :toe: Зарем не си ја гледаш контрадикторноста?
Ако според тебе фактот што бог во овие религии е опишан како семоќен е единствениот аргумент за да мора да му се потчиниш, тогаш дали хипотетички ако одкриеш дека Сатаната е тој што е семоќен дали ќе му се потчиниш нему? Значи зборувам за хипотетичка ситуација, умираш, одиш во задгробниот живот и дознаваш дека се ова било тест и Сатаната е тој што е семоќен! Дали тогаш ќе кажеш дека тој што е семоќен има право да прави што сака?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Она кое тебе, претпоставувам и на другите противници на христијанството, им пречи е фактот што се чувствуваат потчинети и ограничени. Апсолутно ве разбирам, но тоа само покажува колку вие не можете да се пронајдете себе си, зашто религијата во никој случај нема да ве спречи да ја изразите својата креативност ниту ќе ја убие вашата желба за учење, просветлување, истражување... бидејќи средновековната црква одамна не постои, а и онаа која постои е само сенка на она кое вистински треба да биде.
Ти братче ептен си забегал. Атеистите не се против христијанството. Научи го веќе еднаш тоа. Ние сме против религијата и верата воопшто. Дали се работело за христијанство, ислам, хиндуизам, будизам, јудаизам, сатанизам, комунизам....... сосем сеедно се е исто ср... ти се допаѓало тоа тебе или не, не можеш од верски аспект да ги поделиш на христијани и антихристијани. Има верници и неверници (атеисти)

Секој атеист, исто како и верник, треба да научи да ја игнорира темната страна на црквата и нападите на притивниците на црквата доколку сака себе си да се види како подобар човек кој од ден на ден својот карактер и личност го надргадува. Дури, ако сакаме да го видиме тоа низ призмата на христијанството, Господ би бил задоволен кога би видел дека го правите тоа. Религијата и христијанството се тотално небитни, битно е почитувањето на законот, а тој по некоја случајност е библијата. Во неа ги има сите етички норми. Не ви се свиѓа христијанството, во ред е, го имате исламот и куранот. Почитувајте го него, немам проблем, ама немојте тероризмот на Осама=шпанската инквизија=грчките попови во втора светска војна да го поистоветувате со овие книги и вербата во Бог. Дури и сатанизмот ќе го прифатам како добра религија ако нејзините начела не се деструктивни и опасни за други живи суштества. Битно е да се има Бог и да се почитува.
За Атеистите нема темна и светла страна на црквата, само темна. Подобар човек не се станува со верба во бога, се станува со свест и разум, без разлика бил атеист или верник (која и да е верска припадност).
Обрни внимание на болдираното. Сори, ама таму нема да ме ставиш, не ми треба ни библија ни куран, ни талмуд ни... што и да е друго.
Сите верувања, нам ни се непотребни, дали тоа било христијанство, ислам, хиндуизам, будизам, јудаизам, сатанизам, комунизам.... сеедно
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Најстрашни се луѓето што немаат страв од вечен пекол. Замисли што праат на земја. Хипотетички наравно. :pipi:
Не! Најстрашни се луѓето кој ќе направат се и ќе се убедат во се, само да небидат казнети и мачени! Најстрашни се луѓето кој велат, јас важно си се спасив, останатите нека горат! Најстрашни се луѓето кој упорно тврдат дека е праведен и добар богот кој всушност е суров, безмилосен тиранин кој користи закани и уцени со вечно измачување за да ги натера луѓето да го обожаваат, почитуваат и сакаат!
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Тоа што читам Библија, за мене е големо достигнување и задоволство што ми носи спокој и мир:). Искрено ти посакувам и тебе да те допре Бог во срцето и да поверуваш. Во спротивно - нема шала, Бог е цар и ќе гориш во пеколот, сакал ти да верувш или не. Ова не е мое мислење - ова е факт кој е запишан во Библијата. Ако се плашиш од пеколот, Исус ти нуди спас да добиеш вечен живот. Да се спасиш од земните маки страдања и лицемерен грешен и никаков свет.
Мојот Бог вика дека Новинарите одат во пеколот.
Новинарке, од каде си толку сигурна дека баш твојот Бог е оној вистинскиот, покрај неколкуте десетици илјадници Богови измислени од страна на човештвото?
Твојот Бог не е ниту прва, ниту последна творба на човечката имагинација, зошто баш твојот е толку специјален? И зошто баш да верувам во Пекол и Рај баш онаков каков што твојот Бог кажува, има илјадници други верзии на истото.
И не, нема да прифатам клише одговор од типот на - "Јас сум си го почувствувала Господ многу пати, го чувствувам меѓу моите...... мисли, мх мх мх, шмк шмк шмк... "

Најстрашни се луѓето што немаат страв од вечен пекол. Замисли што праат на земја. Хипотетички наравно. :pipi:
Според мене, најстрашни се кретеноидните дебили кои мислат дека ако веруваат во Господ и Библијата дека се имуни на морални закони, па прават се и сешто, за следниот ден само да се покајат и да се помолат и да мислат дека сите гревови им се испрани, за следниот ден пак по старо.
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Најстрашни се луѓето што немаат страв од вечен пекол. Замисли што праат на земја. Хипотетички наравно. :pipi:
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_atheists

Накратко што прават (или правеле) на земја:
- Донираат милиони и милијарди евра на хуманитарни организации. Пример за таков "страшен" човек е Бил Гејтс (Мајкрософт).
- Ослободуваат, револуционираат нации. Како пример земи го Че Гевара.
- Го разложуваат постоењето на човекот на милијарди функции и делови, физички и хемиски, не го претставуваат како зависно суштество од фикцијата наречена Господ. Пример за научник, филантроп и свесен, разумен и паметен писател ти е Ричард Докинс, помеѓу другото и основач на непрофитни хуманитарни организации и организации кои промовираат критички, научен и фактички поглед кој постоењето на човекот и светот.

Чарлс Буковски, Џорџ Орвел - без коментар!

Чарли Чаплин, Марлин Дитрих, Вуди Ален, Џејмс Камерон, Кетрин Хепбурн, Роман Полански...

Ноам Чомски, Дејвид Хјум, Карл Маркс, Ниче.

Томас Едисон, Стивен Хокинг. И една купа други незаменливи, суштински луѓе кои го насочија светот кон каква-таква разумност и реалност.

И се дрзнуваат некои чија свест има "драјвери", технички кажано од пред 2000 и кусур години, кои се водат според бесмислена книга напишана од којзнае колку други луѓе со којзнае каква или воопшто постоечка свест, сеејќи страв во коски преку исфорсирани и измислени карактери како Сатана и Господ да противречат на разумот и фактите. ОМ(без G).
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Не! Најстрашни се луѓето кој ќе направат се и ќе се убедат во се, само да небидат казнети и мачени! Најстрашни се луѓето кој велат, јас важно си се спасив, останатите нека горат! Најстрашни се луѓето кој упорно тврдат дека е праведен и добар богот кој всушност е суров, безмилосен тиранин кој користи закани и уцени со вечно измачување за да ги натера луѓето да го обожаваат, почитуваат и сакаат!
Никој не сака да гориш во пеколот. Тоа е твој избор што може да го смениш веќе во следниот миг и да се покаеш. Ама твојата гордост и егоцентричност (не само твоја, туку сечија, дури и моја понекогаш) не ти дозволува да „си ја спуштиш цената“ предавајќи му го животот на креаторот. Бог проба со убаво кај таквите ко тебе, али не го бидна.

--- надополнето ---

Мојот Бог вика дека Новинарите одат во пеколот.
Новинарке, од каде си толку сигурна дека баш твојот Бог е оној вистинскиот, покрај неколкуте десетици илјадници Богови измислени од страна на човештвото?
Твојот Бог не е ниту прва, ниту последна творба на човечката имагинација, зошто баш твојот е толку специјален? И зошто баш да верувам во Пекол и Рај баш онаков каков што твојот Бог кажува, има илјадници други верзии на истото.
И не, нема да прифатам клише одговор од типот на - "Јас сум си го почувствувала Господ многу пати, го чувствувам меѓу моите...... мисли, мх мх мх, шмк шмк шмк... "



Според мене, најстрашни се кретеноидните дебили кои мислат дека ако веруваат во Господ и Библијата дека се имуни на морални закони, па прават се и сешто, за следниот ден само да се покајат и да се помолат и да мислат дека сите гревови им се испрани, за следниот ден пак по старо.
:pipi:Не се напињај, верата е пат до спасение. Дури и за новинарите.
Затоа што се објави во Библијата, затоа што ни` вети спасение ако се одлучиме да го следиме. Мојата релација со Бог не се темели на чувства, зашто тие се минливи. Се темели на факти запишани во Библијата.

Не знам зошто постои заблудата дека верниците се безгрешни а атеистите грешни. Вистината е дека сите до еден сме грешни, живееме во нашето тело кое по дефиниција сака да прави работи спротивни на Светиот Дух. На крајот на краиштата ништо не губиш. Ако не постои Бог си умиреш бе онака, кретеноидно, а ако го има - идеш у Рај. Преголем ризик е за мене да одам у вечен пекол само заради суета.
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Сериозно, кога слушам некој религиозен фанатик како да слушам шизофреник.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.832
Поени од реакции
12.334
Сериозно, кога слушам некој религиозен фанатик како да слушам шизофреник.
Сметаш дека Новинарка е религиозен Фанатик? Ако на тоа алудираш имаш погрешна претстава за неа...ниту во постовите
Не знам зошто постои заблудата дека верниците се безгрешни а атеистите грешни. Вистината е дека сите до еден сме грешни, живееме во нашето тело кое по дефиниција сака да прави работи спротивни на Светиот Дух.
нема нешто фанатично, зарем сите не грешиме...но секако твое право е така да мислиш.

Инаку и мене ми се како луѓе одбивни фанатиците од сите видови, вери и раси...не само религиозните... кои врз тела, навреди, злосторства стигнуваат до некоја своја цел
 
Член од
3 ноември 2008
Мислења
431
Поени од реакции
90
Прашање до Новинарка: Од каде си толку сигурна дека постои господ и сите глупости кои доаѓаат со него?
Да не го виде случајно?

Дај ми само еден доказ за да ме разубедиш дека постои нешто натприродно и ќе ти поверувам. Само ЕДЕН доказ.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Никој не сака да гориш во пеколот. Тоа е твој избор што може да го смениш веќе во следниот миг и да се покаеш. Ама твојата гордост и егоцентричност (не само твоја, туку сечија, дури и моја понекогаш) не ти дозволува да „си ја спуштиш цената“ предавајќи му го животот на креаторот. Бог проба со убаво кај таквите ко тебе, али не го бидна.
Креаторот е се само не тоа што вие го замислувате, библијата е една обична бајка и прикаска за мали деца!
Апсурдно е и глупо да се мисли дека почитта и љубовта може да се добијат со закани за мачење и страдање! Дали според тебе има логика некој да ти каже мораш да ме сакаш повеќе од своите деца, своите родители и блиски и да ме прифатиш, во спротивно ќе гориш во пеколот!:uvo:
Вистината е дека сите до еден сме грешни, живееме во нашето тело кое по дефиниција сака да прави работи спротивни на Светиот Дух.
Што има грешно во потребите кој ги има нашето тело? Најверојатно мислиш на сексуалните нагони! Што има грешно во нив? Дали повредуваш некого со тоа? Дали му ја ускратуваш слободната воља некому? Дали правиш штета?........:toe: ШТО?
 
Член од
28 февруари 2007
Мислења
65
Поени од реакции
11
ateizam.... pa toa se nemoralni osobi koi sto potkleknuvaat na zivotot koi sto nemaat nikakovmoral i se zalazuvaat samite sebe deka Bog ne postoi....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom