Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
1. Сестри во акција
Историски гледано, архитектурата и политиката секогаш оделе “рака под рака”. Под терминот политика очекуваме да се подразбере некаков комплексен еквивалент на власта, државно уредување, системот, трасираниот начин на живот, општество во апаратура. Некој ќе рече дека архитектурата секогаш била во служба на власта и донекаде ќе е во право. Во овој дел ќе се задржиме на афирмативното прифаќање на овој исказ, кој влече корени уште од најраните форми на обид за доминација во просторот, најелементарните облици на канонизиран архитектонски израз со чија помош се нагласувал општествениот статус и доминацијата на една единка или група на луѓе над останатите “членови на малцинството”. Потсетете се на родовската организација, прошетајте со мислите до Египет, вратете го филмот до средновековието. Да, оној кој ја има доминантната позиција во опкружението, обично го нагласува тоа со желбата за доминација врз просторот при што мегаломанските апетити секогаш добивале можност симболично да се изразат преку архитектонскиот облик. Покрај градењето на вкусот или нивото на култура на жителите на одреден регион, архитектурата ја има таа задача да влијае свесно и симболично врз општеството односно врз најдиректната клетка на општествениот организам - човекот. Некогаш ова влијание се пренесувало преку скализиран, нагласен израз - а некогаш преку еден од најчестите медиуми денеска, фасадата на еден објект.
Архитектурата ја здобила довербата на општеството за да ги кристализира специфичните културни вредности на истото; а бивала искористена и од власта за да го утврди нејзиниот бедем, нејзината акрополна позиција во државата. Да земеме пример од нашата поблиска околина, поконкретно од одредени градови во кои континуирано низ годините се случувала концентрација на моќ, капитал и субјекти кои ја граделе политиката на поглобално ниво: го имаме Белград со својата “скупштина”, Софија со Палатата на правдата и Собранието, Будимпешта, Истанбул, Букурешт... Речиси во сите историски значајни центри, забележливо е присуството на оваа несомнено политизирана архитектура која де факто е приморана да и се додворува на владеачката гарнитура и идеи, која има една цел - нејзино постепено вгнездување во просторот, еден вид на невидлив приказ кој ќе го боде она трето око на таргет единката кон која е упатена пораката преку овој медиум. Кажано со едноставни зборови, градењето клучен објект со нечовекомерни димензии потсвесно најавува или наметнува минорна позиција која треба да ја завземе еден обичен човек према тој објект, односно она што објектот го претставува.
Едноставен пример: Романскиот Парламент е граден во периодот од 1983-89 година. Градбата на ова грандиозно здание, според Гинисовата книга на рекорди втор по големина административен обејкт во светот после американскиот Пентагон, беше во крајно лош економски период за Романија, а сепак зградата беше завршена за прилично брз временски период. Во тоа време на власт во Романија се наоѓаше Николае Чаушеску, диктаторот кој заврши неславно набрзо откако ја изгради својата палата. Некој би се запрашал, зошто Чаушеску инсистирал на изградбата на објект од вкупни 350 000 м2, во време на една голема финансиска криза во Романија? Одговорот е едноставен - токму преку едно вакво архитектонско здание, владетелот сакал да ја зацврсти својата позиција во потсвеста на секој романец еднакво цврсто како што се поставени темелите на оваа градба врз Букурешкото тло, градба која колку за информација има 84 метри висина над земјата и додатни 15 изградени метри под земјиното ниво. Иако не успеа да го доживее денот кога и јас дочекав да се восхитувам на неговото дело, Николае Чаушеску или подобро речено - архитектот на Романскиот Парламент ја постигна целта. Букурешт има зграда која доминира, која иницира пројавување на стравопочит -инаку особено значаен кога станува збор за законодавна, државна институција, стравопочит пренесен преку камената фасада во психата на луѓето, залиен со зборот Власт!
2. Пар(и)хитектура
Првиот историски осврт заврши; ајде да видиме што се случува денес во светот кој се поизразено си се врти по својата оска направена од хартии од вредност. Сосема логично е меѓу првите нешта што денес ни паѓаат на памет, кога ќе се спомне израз како модерна архитектура, да бидат парите. Зошто? Веќе е небулоза дека еден грандиозен објект се гради со малку пари. Големите корпорации ги ангажираат најдобрите архитекти да проектираат огромни, фантастични трговски центри или административни објекти во кои ќе се смесат седиштата на компании кои произведуваат паста за заби или виски. Објектите неретко имаат брилијантна форма, се измислуваат нови конструктивни системи, се остварува потполн интегритет на проектантската замислата со реализацијата...но сепак, иронијата која може да се насети во целиот тој гламурозен момент укажува на тоа дека и покрај тоа што формално се среќаваме со можеби највозбудливата архитектура која било кога постоела на планетата Земја, реално истата таа архитектура ја има најсмешната содржина која не може да премине преку тривијалниот праг на ограничените социјални или политички цели кои и се “зададени”. Да, се поставува прашањето за проблематичноста на самата природа на модерната архитектура, поради нејзината тесна врска со капиталистичкиот дух на општеството за чии потреби се создава истата. Што значи оваа архитектура? Каде ќе не одведе? Како влијае психолошки врз луѓето? Дали некогашниот систем на концентрирана моќ и тоталитарно владеење на единка како цар, крал или диктатор кој манифестирал еден вид на архитектура со одредена цел да придонесе за зацврстувањето на власта, денес е заменет со еден “модерен” диктат на секојдневното хабитирање во просторот на човекот со една единствена главна функција - потрошувачка машина? Каква ќе биде наредната стапка во еволуцијата на Хомо Сапиенс-от, и каква ќе е улогата на архитектурата во овој процес?
Повеќе на темата, нешто подоцна.