Значи не можев додржам а да не напишам некаков коментар на опширното објаснување на AngelOfArh..... Некои од работите се точни меѓутоа не ја гледам смислата на преувеличување на работите освен ако не ти е со некоја задна намера да малку се проретчи кадарот на архитекти во следните неколку генерации...
Јас сум дипломиран архитект кој се упиша на факултетот во 2003 година, а тоа значи:
1. упис по стара програма со стариот приемен испит (психо тест, цртање, математика и историја на уметност)
2. Студирање редовно 5 години, а не со опција 3+2 како што е сега
3. Изучување на програмите во нивните рани верзии (иако веќе ја имаше "новата" верзија autocad 2000, ние на скапаните компјутери на факс сеуште работевме во autocad14 и autocad16. Работата на крај на вежби ја снимавме на дискета на која асистентот Добре се потпушуваше секој термин
4. Цица беше во свој елемент....што значи дека пола генерација на крај на прв семестар губеа потпис, а уште пола од останатите губеа потпис на кај на втор семестар.
5. Мангароски бараше да се принта исклучиво во Баухаус и не те прашува за тоа дали ти имаш секогаш пари за тоа или не, а на крај се се сведува на тоа дека ако не правиш како што ти е кажано ке изгубиш потпис.
6. Во втора година кога се изучуваше предметот Стар век за секој период имаше цртеж кој требаше да се исцрта на хамер 50/70цм, да се обработи со рапитографи и да се обои со уљени бои или со графит (значи колку да добиете претстава,моите цртежи на пример беа: египетски храм со пилони, зигурат, храм во Персија и она најобемното према мое мислење-пресек низ Пантеон во Париз!)
7. Слушавме и полагавме нов век и современа кај Токарев а тоа значеше најпрво купување на неговите книги (нов век 2000ден + современа трите книги со попуст 5200ден), а потоа при полагање требаше да ја знаеме секоја запирка од истите тие книги....да не зборам дека сите слики мораше да се знаат, каде се градбите од кој се направени, кој период е итн.....истото важи и за уметноста....
8. Слушавме Општествени згради 1 и теорија кај Анета, меѓутоа не верзијата на Анета која новите генерации ја знаат, туку онаа огорчената Анета кај која се губат потписи!
9. Принтавме во чорапара, да, меѓутоа исто така кога чорапара не беше тоа што е денес, немаше баш каде да се принта, така што колку и да ги оговарате дека од наши пари им се купени кучињата и плотерите и се останато, застанете малку и замислете се како би ви било па ако ги немаше (значи зборам за време кога не постоеја ни ДНА ни Бокс-сегашно ЛТ978 или така нешто...) Ке трчавте тогаш низ градот и ке ги баравте Диги принт или некои слични и ке кукавте како нема нешто поблиску до факултетот....Да не почнам да зборам па дека сега чорапара имаат направено лична библиотека и кај нив ги има сите можни скрипти со кои можеш да си го покриеш целото студирање!!! Знаеш кое олеснување ке беше да го имавме тоа во "наше време"??
10. Да не зборам дека во периодот кога јас студирав тек се спроведуваше нет низ Скопје, значи немаше инсталација во секоја зграда така што не можеше баш така лесно да се комуницира со колеги и да им се прати на маил на Наде и Зоки она што треба да ти биде испринтано следниот ден.....беше период кога немаше толкава масовност на дигиралните апарати, и тогаш (бидејќи немаше како да останам без таа алатка при студирање на АФ) и јас купив дигитален апарат со 4.1 мегапиксели за неверојатни 19.000 денари!
За крај, зошто го пишувам сето ова? Зашто не можам да сварам таква огорченост како кај колешката која што го напишала постот погоре, затоа што како прво нема право да прави таква испревртена слика за еден солиден факултет, посебно не во времето во кое таа студирала....по нова програма и во мнооооогу полесни услови! И уште завршила само 3 години!?? Очигледно дека не си била ти за овој факултет кој со право го нарекуваат еден од потешките, меѓутоа баш заради тоа е и многу ценет и луѓето кои ке ја стекнат титулата ДИА се почитувани од јавноста. Како што кога ќе видиш е случајот со сите технички факултети....ако кукаш така за АФ, колку ли само ке го плукаше вака јавно за Градежен, за Машински или за Електро??? Реално градежниот факултет е далеку потежок од нашиот, ти го кажувам ова од прва рака (јас сум архитект, маж ми е градежник)....
За АФ треба да се знаат следните работи:
1.треба навистина да сакаш и да ја почитуваш архитектурата за да го запишеш овој факултет
2. треба да знаеш на што се запишуваш (не како што би кажала Цица: си се запишал зашто убаво ти звучело, зашто си имал добар шестар или зашто ти кажале дека ти е убаво накитена собата а тоа "автомтски" за тебе значи дека си надарен)
3. треба убаво и опстојно да се посветиш на студирањето и најважно е да имаш добар распоред на времето, да не заостануваш со обврски и само така ќе имаш време за се! (мене не ми беше ускратено излегувањето и шетањето воопшто, мегутоа треба понекогаш да си ги дефинираш и приоритетите)
4. да не се откажуваш, зашто дури и фактички ти да не се отпишеш , доколку во главата си се откажал од желбата за студирање на овој факултет нема никогаш да го завршиш....прва прилика ке најдеш некоја работа и ке се вработиш, а факултетот ке ти остане само како хоби.
И за крај, по новата програма кога ќе завршиш 3+2 не си автоматски МАГИСТЕР, зашто тоа Master of Architecture како звање кое го добиваш со тоа не е еквивалентно на магистирањето и на титулата магистер која се добива на другите факултети....тоа го знам затоа што неколку пати правев муабет со девојките од Студенстки прашања, со Бети од Деканат и со Продеканот за настава-Анета. Тоа е завршен втор циклус студии (кое е истото тоа и јас што го имам завршено....и тоа прашав дали е така, не тресам информации од ракав ако случајно мислите)...следен циклус студии се третиот циклус, а тоа се докторските студии кои сеуште не се воведени на АФ, бидејки немаат кворум, меѓутоа ке ми јават кога ке почнат бидејки во план ми е да ги упишам.....сакам да кажам дека кога се сака се се може и ништо не се постигнува со кукање и плукање и посебно деморализирање на евентуланите идни студенти кои ќе ти го прочитаат постот и ќе те гледаат како најголемата маченичка на овој свет....