Архитектонски факултет

Член од
12 јануари 2006
Мислења
374
Поени од реакции
9
Сакам да ми каже некој околу овој факултет,како е,што е,оти е??
Тоа тестовите што се прават за склоноста за студирање архитектура од што се состоат??

Фала на помошта
 
Член од
12 јуни 2011
Мислења
95
Поени од реакции
9
И мене ме интересира истото. Ве молам.
 
Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Дали некој знае кога се уписите за на овај факултет ?
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
48
Поени од реакции
30
Морам да одговорам на оваа тема....Гледам одамна е почната, уште од времето кога јас бев бруцош....
Работите некогаш и сега не се ни приближно исти, всушност, работите од моето време кога бев бруцош и сега не се исти, а од тогаш поминаа само 4 години. Морам да ви одговорам најискрено на оваа тема и затоа ќе започнам од самиот почеток.
Прво и основно, приемен, не е ни приближно сличен на оној од времето кога е отворена темава. Имало математика, сега нема математика, имаше само цртање и психо тест сега има нацртна. Се на се приемниот е плати па клати, односно оди на часови кај Бети, која и покрај се е една од најдобрите на факултетот, помини го Демо тестирањето и ке влезеш на факултет, ако не ке си седиш дома или ќе одиш на приватен, што и не е некоја лоша идеа со оглед на програмата за која подолу ќе ви раскажам.
Второ и многу важно за идните млади архитекти, почетокот. Ако не сте спремни за вистинско откажување од слободно време, ако немате исклучително добар дечко/девојка кои ќе ве разберат, како што имав јас, ако сакате да си ја жртвувате кичмата, очите и надворешниот изглед, ако не сте љубител на спиење ит.н. вие сте на вистинското место. Тоа е тоа што ќе го изгубите и добиете во жолтата зграда на Партизанска.
Трето и неизбежно кога сте веќе во играта, пари. Бидете спремни да си ги дадете сите ваши, или на вашите родители, тешко заработени парички токму на и за факултетот. Нема повеќе скапа козметика, нови патики, одмор од милион долари и слично, сега ќе ви биде нормално да купите скап тенкоминец, разни и безобразни гуми за бришење, мини во сите дебелини, германски хамер, дебеломинец што чини колку нови патики, па картони во сите бои, лепаци за да ги залепите, гипс и секакви дребулии од кои ќе направаите макета, па принтер А3 или подгответе си да им купите на Зоки и Наде од чорапара уште едно кученце за фармата самоједи кои што ја поседуваат, затоа што секој студент на Архитектура во своите студии троши пари за принтање отприлика колку што кошта еден самојед со педигре....сума сумарум околу 500 денари на ден, вклучувајќи ги и кафињата од афтомат и кифлите од верона, а ако некогаш ептен ве пукне глад преку пат ви е и Вили, е тогаш денот ќе ве чини малку повеќе. Така е тоа, наместо со мала убава чантичка имитација на Луи Витон ќе одите на факултет со куфер за прекуокеански лет или со количка за мешање малтер....
Четврто и многу тажно гледајќи ги своите другарчиња од останатите факултети, колоквиуми, испити и програма. Бидејќи вие за пет години ќе бидете магистри морате да си седите на факултет од - до. Благо речено од 8 до 8. Морате на сите предавања и вежби за да добиете потпис, морате на сите колквиуми исто за да добиете потпис, морате и да ги сработите сите програми, пак за да добиете потпис, а за оценка ќе си одите на испит ако не сте освоиле доволно бодови за оценка. Така да очекувајте да се убиете од работа и учење и пак да си останете со 6ка. Програмата е хорор, за три години треба да поминеш се што порано се разредувало во пет години. Јас не бев доволно храбра и по три години прекинав, од блиски извори дознав дека останатите две биле најголем хорор.
Тоа е тоа, ви се допаѓало или не. Може некој нема да се согласи со мене. Не е сега дека се каам, ама очекував повеќе и поинаку.
 
Член од
15 април 2008
Мислења
20
Поени од реакции
2
Значи не можев додржам а да не напишам некаков коментар на опширното објаснување на AngelOfArh..... Некои од работите се точни меѓутоа не ја гледам смислата на преувеличување на работите освен ако не ти е со некоја задна намера да малку се проретчи кадарот на архитекти во следните неколку генерации... :D
Јас сум дипломиран архитект кој се упиша на факултетот во 2003 година, а тоа значи:
1. упис по стара програма со стариот приемен испит (психо тест, цртање, математика и историја на уметност)
2. Студирање редовно 5 години, а не со опција 3+2 како што е сега
3. Изучување на програмите во нивните рани верзии (иако веќе ја имаше "новата" верзија autocad 2000, ние на скапаните компјутери на факс сеуште работевме во autocad14 и autocad16. Работата на крај на вежби ја снимавме на дискета на која асистентот Добре се потпушуваше секој термин
4. Цица беше во свој елемент....што значи дека пола генерација на крај на прв семестар губеа потпис, а уште пола од останатите губеа потпис на кај на втор семестар.
5. Мангароски бараше да се принта исклучиво во Баухаус и не те прашува за тоа дали ти имаш секогаш пари за тоа или не, а на крај се се сведува на тоа дека ако не правиш како што ти е кажано ке изгубиш потпис.
6. Во втора година кога се изучуваше предметот Стар век за секој период имаше цртеж кој требаше да се исцрта на хамер 50/70цм, да се обработи со рапитографи и да се обои со уљени бои или со графит (значи колку да добиете претстава,моите цртежи на пример беа: египетски храм со пилони, зигурат, храм во Персија и она најобемното према мое мислење-пресек низ Пантеон во Париз!)
7. Слушавме и полагавме нов век и современа кај Токарев а тоа значеше најпрво купување на неговите книги (нов век 2000ден + современа трите книги со попуст 5200ден), а потоа при полагање требаше да ја знаеме секоја запирка од истите тие книги....да не зборам дека сите слики мораше да се знаат, каде се градбите од кој се направени, кој период е итн.....истото важи и за уметноста....
8. Слушавме Општествени згради 1 и теорија кај Анета, меѓутоа не верзијата на Анета која новите генерации ја знаат, туку онаа огорчената Анета кај која се губат потписи!
9. Принтавме во чорапара, да, меѓутоа исто така кога чорапара не беше тоа што е денес, немаше баш каде да се принта, така што колку и да ги оговарате дека од наши пари им се купени кучињата и плотерите и се останато, застанете малку и замислете се како би ви било па ако ги немаше (значи зборам за време кога не постоеја ни ДНА ни Бокс-сегашно ЛТ978 или така нешто...) Ке трчавте тогаш низ градот и ке ги баравте Диги принт или некои слични и ке кукавте како нема нешто поблиску до факултетот....Да не почнам да зборам па дека сега чорапара имаат направено лична библиотека и кај нив ги има сите можни скрипти со кои можеш да си го покриеш целото студирање!!! Знаеш кое олеснување ке беше да го имавме тоа во "наше време"??
10. Да не зборам дека во периодот кога јас студирав тек се спроведуваше нет низ Скопје, значи немаше инсталација во секоја зграда така што не можеше баш така лесно да се комуницира со колеги и да им се прати на маил на Наде и Зоки она што треба да ти биде испринтано следниот ден.....беше период кога немаше толкава масовност на дигиралните апарати, и тогаш (бидејќи немаше како да останам без таа алатка при студирање на АФ) и јас купив дигитален апарат со 4.1 мегапиксели за неверојатни 19.000 денари!

За крај, зошто го пишувам сето ова? Зашто не можам да сварам таква огорченост како кај колешката која што го напишала постот погоре, затоа што како прво нема право да прави таква испревртена слика за еден солиден факултет, посебно не во времето во кое таа студирала....по нова програма и во мнооооогу полесни услови! И уште завршила само 3 години!?? Очигледно дека не си била ти за овој факултет кој со право го нарекуваат еден од потешките, меѓутоа баш заради тоа е и многу ценет и луѓето кои ке ја стекнат титулата ДИА се почитувани од јавноста. Како што кога ќе видиш е случајот со сите технички факултети....ако кукаш така за АФ, колку ли само ке го плукаше вака јавно за Градежен, за Машински или за Електро??? Реално градежниот факултет е далеку потежок од нашиот, ти го кажувам ова од прва рака (јас сум архитект, маж ми е градежник)....

За АФ треба да се знаат следните работи:
1.треба навистина да сакаш и да ја почитуваш архитектурата за да го запишеш овој факултет
2. треба да знаеш на што се запишуваш (не како што би кажала Цица: си се запишал зашто убаво ти звучело, зашто си имал добар шестар или зашто ти кажале дека ти е убаво накитена собата а тоа "автомтски" за тебе значи дека си надарен)
3. треба убаво и опстојно да се посветиш на студирањето и најважно е да имаш добар распоред на времето, да не заостануваш со обврски и само така ќе имаш време за се! (мене не ми беше ускратено излегувањето и шетањето воопшто, мегутоа треба понекогаш да си ги дефинираш и приоритетите)
4. да не се откажуваш, зашто дури и фактички ти да не се отпишеш , доколку во главата си се откажал од желбата за студирање на овој факултет нема никогаш да го завршиш....прва прилика ке најдеш некоја работа и ке се вработиш, а факултетот ке ти остане само како хоби.

И за крај, по новата програма кога ќе завршиш 3+2 не си автоматски МАГИСТЕР, зашто тоа Master of Architecture како звање кое го добиваш со тоа не е еквивалентно на магистирањето и на титулата магистер која се добива на другите факултети....тоа го знам затоа што неколку пати правев муабет со девојките од Студенстки прашања, со Бети од Деканат и со Продеканот за настава-Анета. Тоа е завршен втор циклус студии (кое е истото тоа и јас што го имам завршено....и тоа прашав дали е така, не тресам информации од ракав ако случајно мислите)...следен циклус студии се третиот циклус, а тоа се докторските студии кои сеуште не се воведени на АФ, бидејки немаат кворум, меѓутоа ке ми јават кога ке почнат бидејки во план ми е да ги упишам.....сакам да кажам дека кога се сака се се може и ништо не се постигнува со кукање и плукање и посебно деморализирање на евентуланите идни студенти кои ќе ти го прочитаат постот и ќе те гледаат како најголемата маченичка на овој свет....:confused:
 
Morav da ti odgovoram, i povtorno, mojot kompjuter ne poddrzuva makedonska podrska i ne mozam da pisubam kirilica iako bi sakala, koga pisuvam od doma pisuvam kirilicno.
Najprvo, ona sto go kaza ti Koleske e tocno, zapoznaena sum so vasata programa i veruvaj mi ne e ni priblizno isto kako sto si mislis. I jas polagav Priemen, koj mozebi ne bese tolku obemen kako vasiot no drzese do ona sto na vremeto se vikalo priemen i sreka vlegov vo drzavna kvota pomegu prvite 30, solidno bi rekla. Vo vrska so programite, i jas morav da rabotam na ArchiCad 9, studentska verzija i AutoCad 2004 vo sovremena 2007 godina koga postoese i podobri i pobrzi i pojaki programi, ama pusto Kosto Mangarovski ne znaese da ni gi pokaze, pa moravme da plakame dobri cifri pari za da gi naucime.So Cica se zapoznav i jas, i veruvaj mi poloziv bez maka, a imase i takvi koi moraa da pocekaat da zamine vo penzija za da dobijat potpis, jas fala bogu se zdobiv i so visokokotiracka 8ca kaj nea, za nekolku boda do 9ka. I jas zamalki da izgubev potpis zatoa sto mangarovki mi kaza "A koleske ne ste printale vo DNA, da ste printale tamu ke polozevte" ziva sreka imav vtora sansa inaku ke si preslusuvav. Star, sreden, nov, sovremena ucev i jas, od istite knigi i od milion drugi livcinja sto ni gi davase Kasapova, e da za moja nesreka ne crtavme, zatoa sto veruvam deka ke izvlecev daleku povisoka ocenka, blagodarenie na moeto obrazovanie, koe patem i mi odmogna so toa sto preslusuvav Matematika, no toa e druga prikazna. Da Matematikata, toj e edinstveniot predmet sto me iznamaci kvalitetno na fakultetot, pokraj sega veke Zavrsniot intermedijaren ispit koj mora da vnimavame, se pisuva Intermedijaren, ne intermedijalen, kako sto patem ni go kazuvaa na pocetokot. Se zapoznav i so Aneta, ogorcena e seuste veruvaj, prasaj gi kolegite od mojata generacija sto ke ti kazat kako se odnesuva koga moras da ja gledas celi 6 saati na novoformiraniot predmet koj ti ja zima celata energija na fakultetot, ima mnogu fency ime, Arhitektonsko Studio, mizi da ti baam, od mesanje gips, rezenje kartoncinja naednas se prerlas na proektiranje i uste ti se cudi doticnata profesorka kako toa imas dupki vo obrazovanieto. E moja sreka sto nemav maka so nejziniot predmet, sto za seminarska sum ja odbrala nejzinata omilena arhitektka, sto sum bila mosne elokventna, spored nejzinite kazuvanja pred poln amfiteatar, samo 15 minuti otkako im dade ubavo da razberat na dvajca kolegi kako toa pomesale pasaz so atrium. Za Nade i Zoki, veruj alal da im se site pari sto sme im gi ostavile, do denar si gi zasluzile. I kucinjata i tie kako sto si se iskulirani se edna idilicna slika rano posabajle koga brzas da isprintas, isto i za zavidnata biblioteka, fala bogu ne mora da ja trpam tetkana u biblioteka kako mi objasnuva deka sme bile bezobrazni i ne sme znaele da se odnesuvame so knigite pravilno. A za sredstvata, potrebnite rekviziti za na gorespomenatoto Studio, veruj i den denes ima kolegi koi ne mozat da si dozvolat da kupat ni eden obicen idiot od 5.000 den, a kamoli nesto poskapo, racunaj deka sigurno Zorica i Aneta ke ti najdat zabeleska na matnosta na slikite, na fokusot i slicno. I na kraj najbitno spored mene, moram da te razocaram, tvoeto vreme so ova vreme vo koe studiraat studentite na AF nema blage veze, vo tvoe vreme sigurni Tiho ne ti bese dekan i sigurno profesorite ne bea krvno skarani pa ako Korobar ti stavil 9ka Tiho nema sansi da ti stavi ni 7ca, ako menadzment kaj Zile si dobil 10ka Tiho ke te ubie so edno bedno 6ce i ete ti ja ocenata padnala na granica megu 9ka i 8ca, zatoa sto mu ostanan na Tiho aterot da go ima toj predmet zatoa sto samo on znae kako odi vo Opstina koga ke go odneses proektot i so se treba da sodrzi. Epa aj ti postara Koleske kazi mi vo koj proekt vo opstina si podnela detali na oluk, detali na ograda, detali na drenazen kanal i sl. Da zavrsiv samo 3 godini, dosta mi bese za moite da bankrotiraat, da plakam izmisleni trosoci, da dremam na fakultet cekajki da stignam na red da se konsultiram, da bidam eksperimentalno gluvce, veruvaj draga Koleske, tvojata programa i EKTS voopsto nemaat dopirni tocki, kamo jas da ne bev del od ovaa prva generacija EKTS. I da, ako sum se otkazala od zelbata za arhitektura veke ke se preorientirav vo dizajneri i pred vreme ke ja zavrsev ovaa bajka, naprotiv sega rabotam i sobiram pari da prodolzam, no ne ovde, ne dodea Tiho stoi na kormiloto na zoltata zgrada.
 
Член од
15 април 2008
Мислења
20
Поени од реакции
2
Ова што ми го пишуваш ми е премногу добро познато....меѓутоа ЕКТС е добра програма, можеби една од подобрите кои се случиле на овој факултет, бидејќи додека јас студирав АФ беше ставен во црната книга во Болоња како еден од единствените во светот кој не ја спроведува новата современа програма туку си тера по старо, онака како што се учело уште на почеток. Дедо ми е еден од првите генерации македонски архитекти-школувани во Македонија, на Архитектонско-градежниот факултет со српски професори, пратени во Македонија како под казна.... И во негово време и во мое време програмата не беше драстично сменета....тоа значеше:
-услов за упис во втора година--- само 2 испити останати од прва година
-услов за упис во 3та година----чиста прва и само 2 испити од втора година
Итн...мислам дека шаблонот е јасен. Не знам сега како е, ама дури и да е постого во однос на полагањето тоа е само за да не се завлечкуваат испити и студентите да упишуваат апсолвентски семестар со 30 испити за полагање позади нив. Сметам дека сега е олеснето на начин на кој колку-толку им е одземена онаа монархија која секој професор си ја владееше својата катедра :) можеби глупаво се изразив, ама мислам дека ме разбираш на што мислам....Професорите имаа премногу моќ во мое време, студентот премногу зависеше од нив и нивната милост и немилост....На пример на прашање на една моја колешка после испит на консултација кај Цица: Зошто професорке сум падната?; оваа мртва ладна и одговори: Па знаете колешке не можат сите да положат, мора некој и да падне....во случајот тоа сте Вие....?! И такви слични примери.

Јас го фатив Коробар како декан, ама Тихо како професор....ако Цица беше сито и решето во прва година, Тихо беше тоа во втора година. А тие такви "скарани кабинети" беа и кога јас бев студент-од една страна Анета, Тихо и сл. а од друга страна Корбар, Минас, Зорица, Хаџи-Пуља.... Беа и муабетите за сите скандали низ времето-Коробар со Ј.Сиљаноска; Бошковски со Мица; Доминика како бивша љубовница на Ж.Попоски, покојниот маж на Анета; Тамара и нејзиниот скандал кога предавала индустриски згради па избегала со некој во странство и оставила се тука, па овој ја откачил па се вратила и молела да ја вратат на работа; Саша Тасиќ бил интимен на некоја екскурзија со некоја студентка; Пепи моментално живее со негова доскорешна студентка....итн.....

Што се однесува за Меланија или онаа другата од библиотеката во право си, радо би да си го ископирам во чорапара она што ми треба отколку да ги слушам како ми попуваат, тргнувајки од личните комплекси, понашајки се како да работат во ЦИА а не во библиотеката на АФ..... :D

А за проектите со олуците, отвори проект на Факом или Адинг или Геинг или Гранит.... Опшивките спагаат под една посебна категорија и се присутни во секој проект. Без разлика дали има потреба од толку детален елаборат, зашто ние сме исто така махери за замачкување и правење на работите покомплицирани од колку што се....затоа да ти кажам стварно не знам дали во волкава мера има потреба од претставување на олуците во еден проект или попунуваат листови :/

За крај сакам да знаеш дека ниту те напаѓам со некоја своја констатација, ниту пак го деградирам времето и системот во кој ти или било кој друг има студирано. Секое време си носи свои олеснувања и свои потешкотии...јас на пример бев исто така во позиција да некој ми вика "сега на вас новите генерации колку ви е лесно бидете благодарни што не ви предава Прилепчански..." и сл коментари. И тоа ме повредуваше зашто не ми беше воопшто лесно студирањето. Ама тоа е....секое време си носи свои проблеми. А и свои доблести...на пример кога Крум Томовски предавал она што Токарев ми го предаваше мене, факултетот организирал неколку пати годишно екскурзии за да кога изучуваат одредена тема, веднаш видат светски примери за истата. А не како во мое време, Хаџиева не однесе во Солун и Истанбул и толку беа нашите стручни екскурзии. Кога требаше да се оди во Холандија, немаше доволно луѓе и тоа не се оствари.... Јас бев на апсолвентска, ама тоа не беше истото, кога некои полуписмени водичи ти кажуваат неточни информации за одредено место и кога, ако не се организираш сам, нема ни да те однесат да ги видиш Каза Мила или Паркот Гуелј во Барселона.....

Не те напаѓам воопшто, само и покрај се и покрај сите стресови кои ги доживеав за време на моето студирање, јас сепак би ја препорачала архитектурата како струка и овој факултет како дестинација. Зашто ако ништо друго, овој факултет ме направи она што сум денес.... можам да се носам со притисоци на работа,донесувам важни одлуки и знам да ги одбранам своите ставови, можам да се носам со одговорноста на водење објект со 100тина мајстори на истиот....На овој факултет ги имав најискрените другарства и најблиските луѓе и моментално ми се колегите од факултетот...имам прекрасни спомени и ако се врати времето да треба пак да изберам факултет кој би го студирала, без размислување ке кажам АРХИТЕКТУРА ! Те поздравувам и ти посакувам се најдобро понатаму во животот, во понатамошното усовршување и професионалната кариера. ;)
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
48
Поени од реакции
30
Mislam deka konecno se razbravme.... Ima uste nekoi raboti za koi ocigledno ne si imala moznost da gi uvidis no ete toa e sto e. Bi kazala vo odnos na zavisnosta profesor-student,veruvaj vo noviot sistem taa zavisnost e uste poistaknata, zatoa sto mozes da se okozis od odenje na casovi, vezbi i slicno i na kraj ne daj boze da se razboles i da ne mozes posledovatelno da odis tri pati na predavanje i vezbi izgore suv. Mislamd eka vo vase vreme ne bilo tolku mnogu rigorozno, mislam deka sete imale malku poveke vreme bidejki imalo i predavanja koi ne bile zadolzitelni i za koi moze da se rece ne ste ni znaele kako izgledaat, e kaj nas draga nemase taka, moras da sedis sekoj cas i ako resis da se razboluvas umiraj ili gubi potpis e rabotava, imav i jas edno iskustvo so Dominika koga me fatija bubrezite, kolabrirav i doticnata koga se razbudiv mi rece "Koleske ne glumete". Interesen e i faktot koj kazuva deka AF e interesno mestence polno so zadkulisni priakski, ima uste pointeresni i posexy prikaski sega ama ne e ni mesto ni vreme da gi raskazuvame. I da, ne velam ne, fakultetot e navistina mosne produktiven i vo sekoj slucaj vistinski izbor, no so malku podlabok dzeb, posilen grb i se razbira so mnogu poveke poznati roditeli, takva e sega situacijata. Bi se iznenadila kolku rabotite se izmeneti na loso otkako Kapetan Tiho upravuva so brodot.
 
Член од
2 април 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0
Дечки, знам дека доцнам малку бидејќи темата е отворена одамна. Сакав само да кажам дека јас сакам годинава да се запишам на факултетов, и отворив баш да видам дали и колку бурек се јаде за него. Искрено, ме демотивиравте многу :( . Иако јас верувам во себе и во моите квалитети навистина работите во факултетов ми изгледаат комплицирани. Морам да ви кажам дека баба ми и тетка ми завршија на овој факултет, а татко ми на Градежен и тогаш работите биле други знам, но навистина мислев дека се поправиле. Не сакав да се запишам заради нив, туку после сите филмови за инспектор, новинар и ред други работи, сфатив дека ова е навистина тоа што го сакам. Би ве замолила некој, било кој, да напише некој убав збор за студиите или барем да ме охрабри малку. :) :oops:
 
Член од
18 јуни 2012
Мислења
102
Поени од реакции
224
Јас имам едно прашање,дали на матура треба да земеме некои специфични предмети за полагање пр. Математика или не се битни ?:)
 
Член од
22 февруари 2014
Мислења
172
Поени од реакции
27
https://www.facebook.com/groups/635245866540824/?notif_t=group_added_to_group група за сите студенти на Архитектонски факултет, за размена на материјали, искуства, информации, прашања итн. Поканете ги и ваите колеги, за да има поголема функционалност на Архитектонски :)
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.702
Поени од реакции
21.210
некој да не знае како иде процедура со запишување ... припрема за приемен кој професор , број за контакт материјали и слично ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom