Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Роџерс (73), кој меѓу останатото ги создаде седиштето на осигурителниот центар "Лојдс" во Лондон и "Терминалот 4" со боите на виножитото долг речиси километар и пол на аеродромот "Барахас" во Мадрид, ќе добие грант од 100 илјади долари за животно достигнување на церемонија што на 4 јуни ќе се одржи во бисерот на британската архитектура - "Банкетиг хаус" изградена во 1619 година од Иниго Џонс.
Кога ја соопшти веста за наградата Томас Прицкер, претседател на американската фондација "Хајат" изјави: "Роџерс е поборник за урбаниот живот и верува дека потенцијалот на градот може да биде катализатор за општествени промени". Претседателот на жирито "Прицкер" Лорд Палумбо го нарече Роџерс не само мајстор на големите урбани згради, туку и создавач на сопствен бренд во архитектонскиот експресионизам. Лорд Палумбо изјави дека високотехнолошкиот центар "Помпиду" што го создаде во соработка со Ренцо Пијано и беше завршена со 1977 година, ги револуционеризираше музеите, ги претвори од елитистички споменици во популарни места за дружење и културна размена.
Во едно интервју Роџерс изјави дека тој и Пијано создале нешто што јавноста го нарекла "палата за забава" недалеку од "Лувр" и катедралата Нотр-Дам, иако своевремено не биле свесни за тоа. Нивниот модернистички музеј од 92.900 квадратни метри го шокираше Париз со тоа што внатрешните структури на една зграда ги поставија надвор изложени на погледите од улицата - вклучувајќи и надворешни ескалатори сместени во проsирна цилиндрична цевка.
Извор: Ројтерс
----------------
Еве го и фамозниот Жорж Помпиду центар, проектиран од Рочард Роџерс и Ренцо Пијано-уште еден од новата генерација на мајстори на модерната архитектура. Научната расправа се водеше околу прашањето дали овој центар е дело на креативноста на 20-от век, или на недостатокот од неа. Кој и да е одговорот на прашањето, важи едно - овој центар е еден од симболите на Париз.