Ми беа омилен бенд во четврто одделение, заедно со Спајс Грлс, сестра ми ме навлече. Како успевав таква комбинација да одржавам, не знам.
Спајсиците, господи помилуј, ги надраснав, ама Архангел, заедно со Мизар и уште неколку ретки македонски бендови од времето, ми останаа омилени.
Превез, Војна, Харт кор, Сениште... Текстовите им се поезија, музиката храна за уши.