Се сеќавам дека бев на еден концерт на Архангел во Куршумли Ан, мислам дека беше 1996-та година. За мене беше (пред да отидам) разочарување што Мучо свиреше бас, затоа што првиот басист (да не гуглам за името сега - не му го знам името) имаше фантастични бас линии на скоро секоја песна од првите два албуми. Првиот го имам на плоча, а вториот се сеќавам излезе само како касета. Иако многу мудреци имаат кеиф да зборат како „наши групи и музичари не се ценеле овде“, за Архангел може да кажам дека имаа армија фанови уште од day 1. Концертот беше некој јунски топол ден, истури дожд, а дворот на Куршумли ан беше полн како око. Лудило од концерт, сум бил на многу во животот, тоа беше еден од подобрите.
Ристо од стално бил чуден, ама тоа што го видов понатаму од него ептен во крајност отиде. Да беше сега со Гино веројатно и јас ќе одев, а вака...