Арената „Филип Втори“ прогласена за најубав стадион на Балканот!

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Арената „Филип Втори“ прогласена за најубав стадион на Балканот! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

11
ФЕВ 2012
00:00


Националната арена „Филип Втори“ доби големо признание од најпрестижниот европски спортски магазин „Гуерин спортиво“, кој во својот избор на стоте најубави стадиони на светот, ја прогласи за најубав стадион на Балканот.


Популарниот „Градски“, според списанието, најубаво сјае во Југоисточна Европа, откако во изминатите три години доби комплетно нов лик и заличи на вистински репрезентативен фудбалски и спортски храм во земјава и во регионот. За своето архитектонско решение според магазинот, „Филип Втори“ е на 70. место на светската листа на најубави фудбалски објекти.
„Нема никаква врска со оригиналната верзија, особено сега, откако реновирањето и доградбата се завршени. Дури и во мали земји може да добиете луксуз. Во вечерните часови, кога ќе се запали, „Филип Втори“ е најзабележливо здание во Скопје“, пишува во објаснувањето на магазинот за нашата национална арена.
„Филип Втори“ во рангирањето остави дел од попознатите стадиони зад себе, како домовите на европските бивши шампиони, „Велодром“ (Олимпик Марсеј), „Жозе Алваладе“ (Бенфика) и белградска „Маракана“ (Црвена Звезда), потоа „Луј втори“ во Монте Карло, каде што традиционално се игра Суперкупот на Европа, како и најголемиот и најимпозантен светски стадион – во Пјонгјанг, кој има капацитет од 150.000 гледачи.
Два турски стадиони се најдоа на рангирањето – иако поголем дел од Турција е на друг континент, географски таа се смета за балканска држава. Но, со оглед дека и двата стадиони се сместени во азискиот дел од Турција, му даваат највисоко место на „Филип Втори“ во нашиот регион. Стадионот во Кајзери, „Кадир хас сити“ е на 38. место, а „Шукру Сарачоглу“ на Фенербахче е 49-ти. Изненадувачки е фактот што на рангирањето го нема сплитски „Пољуд“, домот на Хајдук, кој важеше за најубав југословенски стадион низ годините.


Арената Филип Втори моментно го реконструира теренот, со што ќе заврши втората фаза од комплетната реконструкција, која почна некаде пред крајот на 2007 година со изградбата на северната трибина. По спектаклот за 100-годишнината од фудбалот во Македонија против Шпанија на 12 август 2009 година, кога беше и пуштена во употреба северната трибина, започна изградбата на страничните трибини на Арената. Комплетниот лик на Арената беше заокружен и пуштен во употреба на Велигден 2011 година, а првиот меч се одигра пред преполни трибини на 4 јуни лани со мечот Македонија – Република Ирска во рамките од квалификациите за Евро 2012. Крајната трета фаза е осветлувањето на стадионот и застаклувањето однадвор, со што Филип Втори ќе го потврди признанието на Гуерин спортиво дека е еден од најубавите стадиони во Југоисточна Европа.
Италијанскиот магазин, кој на 4 јануари годинава прослави сто години постоење, нема некој посебен критериум за рангирањето на стадионите во својот избор, туку во објаснувањето стои дека секој стадион е рангиран според некој посебен критериум, и тоа: според спомените и историјата, архитектурата, привлечноста или според прифатливоста за удобноста од навивачите… На листата има и стадиони што веќе не постојат, односно се урнати, но носталгијата и емоциите од минатото се неповратни, па и затоа се нашле во рангирањето, пред сè како стариот Вембли, Олимпискиот стадион во Минхен…
Најубав светски стадион е лондонскиот „Вембли“, чија вредност беше над една милијарда евра, а во топ десетте се и Бомбоњера на Бока јуниорс, Ацтека во Мексико, стариот Вембли, Маракана во Рио де Жанеиро, стадионот на Далас Каубојс, Монументал во Буенос Аирес, Сан Сиро во Милано, Ноу Камп во Барселона и Алијанц Арена во Минхен.
Најубавите десет фудбалски храмови погледнете ги во фотогалеријата.


http://www.mkd.mk/12810/udarna-vest/arenata-filip-vtori-proglasena-za-najubav-stadion-na-balkanot/
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Браво, вложија 50 милиони и што добија? Признание?!
Голема работа, напротив откога се изгради целиот просечната посетеност на еден меч на македонија е 100 души, а пред да се изгради редовно имаше 10000+.
Така дали требаше да се вложува во стадион или во нешто друго, размислете...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Браво, вложија 50 милиони и што добија? Признание?!
Голема работа, напротив откога се изгради целиот просечната посетеност на еден меч на македонија е 100 души, а пред да се изгради редовно имаше 10000+.
Така дали требаше да се вложува во стадион или во нешто друго, размислете...
Ти озбилен си???
Вложени се до сега околу 10 милиони..
А и за посетеноста од 10к пред да се изгради??????
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Не знам по што е нашиов стадион рангиран пред Луј Втори во Монте Карло.Можеби по тоа што има најголема трансформација од обична ливада со трибини во нормален стадион.Или можеби по тоа што Сител ТВ има свои простории под трибините на стадионот.
 
B

BBlisto

Гостин
Стадионот е одличен, тоа никој не го оспорува...Прашањето е дали имавме потреба...Џабе ни е ваков стадион кога нема кој да игра и кога нема публика да го наполни...
 
P

PewDiePie

Гостин
Стадионот е одличен, тоа никој не го оспорува...Прашањето е дали имавме потреба...Џабе ни е ваков стадион кога нема кој да игра и кога нема публика да го наполни...
И ќе се избаци некој со ваков ретардиран став,и Борис Трајковски е добра сала така ? Не ни треба поголема зошто кој ќе игра кошаркарите,ракометарите ?? Oh wait.

:cautious:
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Стадионот е одличен, тоа никој не го оспорува...Прашањето е дали имавме потреба...Џабе ни е ваков стадион кога нема кој да игра и кога нема публика да го наполни...

Може да биде и за други настани-концерти,атлетика итн.
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.492
Признание и успех ќе биде кога Македонците првпат ќе излезат на Европско или Светско првенство.Џабе европски модерен стадион кога имате Замбиски фудбал и психопат од претседател на федерација
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: JfV
P

PewDiePie

Гостин
Не ја сфаќате темава јас мислам. Никој не рече дека фудбалерите знаат фудбал да играат,туку дека стадионот е најубав на балканот,што е факт со кој треба сите да се гордееме.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Како може да се прогласи за најубав кога уште не е завршен. Факт е дека се надгради и прошири капацитетот, но надворешниот изглед (фасадата) сеуште не е готова. Врз основа на кој критериум е најубав ? Ајде архитектите на форумот да објаснат малку.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Како може да се прогласи за најубав кога уште не е завршен. Факт е дека се надгради и прошири капацитетот, но надворешниот изглед (фасадата) сеуште не е готова. Врз основа на кој критериум е најубав ? Ајде архитектите на форумот да објаснат малку.
Брат ќути ,најубав е и точка.Лечи комплекси на друго место.Најјаки сме!!!:свиркам:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom