Го крева притисокот, и лутото, и какаото- На хартија треба да намалат, во реалност знаат да зголемат...поготово ако земеш поголема количина.
... па зборуваме за такви (нормални) количини, во поголема количина и од вода може да се умре иако е неопходна, ако се пие за кратко време, нели реков да се
зачести навиката тоа не значи поголеми количини? оти во поголеми количини пред да ни се покачи артеријалниот крвен притисок ќе не „отепа“ желудникот од преголема количина на љута пиперка (капсаицин алкалоид) и какао (танини)....
-
какао со своите флавоноидите му помага на телото да го намали стресниот хормон како чест кривец за хипертензија, се препорачува за замена на кафето(невромедијатор дофамин) се мисли за второто, трето или четвртото кафе....оти првото утринско кафе е препорачливо ем диуретски делува, освежувачки на нашиот психофизички утрински мамурлок!
-
љута пиперка ги шири крвните садови со што протокот на крвта е послободен, па оттука се намалуваат крвниот притисок и притисокот на ѕидовите на артериите и доколку сум во хотел на забава и во моментот чувствувам дека имам покачен притисок па ме боли глава и немам апче со мене нарачувам една љута пиперка и ефектот брзо се чувствува, за да не мавнам една црна чоколада богата со какао ... финта Г6
што мислиш зошто народот вели- јади љуто да не те стрефне инфаркт !