Апчиња (Витамини)

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
17.612
Поени од реакции
16.750
Колку е штетно/корисно да се пијат и дали треба воопшто да се конзумираат дали вреди?

пример, Олеговит?
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
12.997
Поени од реакции
7.599
Не верувам дека е штетно да се пијат витамини. Пошто едино негатвно е да се предозираш и да имаш превитаминоза, што пак не е нешто премногу страшно.
A за вредење вреди дефинитивно.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.697
Поени од реакции
3.047
Колку е штетно/корисно да се пијат и дали треба воопшто да се конзумираат дали вреди?

пример, Олеговит?
Олиговит, не олеговит, вака испаѓа дека се на Олег.

Не верувам дека е штетно да се пијат витамини. Пошто едино негатвно е да се предозираш и да имаш превитаминоза, што пак не е нешто премногу страшно.
A за вредење вреди дефинитивно.
одомаќен термин е хипервитаминоза.

Која со мултивитамини многу тешко се постигнува, вишокот се исфрла низ уринарниот тракт, нешто низ ректумот, но хипервитаминоза ако пие по цела кутија дневно.
Полезни се, земја ја препорачаната доза, но внимавај да не комбинираш со други таблети или суплементи во исхраната кои би можеле да имаат витамини такуѓере.
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
не може да е штетно јас порано пиев едни таблетки слични на Центрум како ли се викаја биле поефтини инаку ист квалитет сеа пијам пивски квасец(зошто бил природен јас ги пијам 9 дневно а за спортисти можело и 15- 16 на ден) и витамин ц 500 мг.
 
Е

експерт

Гостин
Колку е штетно/корисно да се пијат и дали треба воопшто да се конзумираат дали вреди?
Не е штетно. Препорачувам да се пијат мултивитамини, помагаат.
Ама внимавај да нема витамин А, туку, бета каротен, зашто ако има витамин А во поголема количина, дејствува на ресорпцијата на фосфор и неговата концентрација и е еден од факторите за остеопороза во развиените земји.
Бета каротенот се претвора во вит А.

Која со мултивитамини многу тешко се постигнува, вишокот се исфрла низ уринарниот тракт, нешто низ ректумот, но хипервитаминоза ако пие по цела кутија дневно.
Полезни се, земја ја препорачаната доза, но внимавај да не комбинираш со други таблети или суплементи во исхраната кои би можеле да имаат витамини такуѓере.
Хипервитминоза може многу лесно да настане, баш со мултивитамини, и без да се пие по цело пакетче дневно.
Липосолубилните витамини (К, А, Д, Е) не се исфрлаат така лесно, тие се складираат во црниот дроб и може да настане хипервитаминоза.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
16.694
Поени од реакции
9.960
Во секој случај подобро е да се консумира овошје/растение отколку апчиња направени од тоа овошје/растение. Полесно е со апчиња, но другите материи кои ги содржи растението, а се корисни, не се внесуваат со апче (минерали, растителни влакна...).
Се врти по медиумите информација (морав да ја искористам тевама пошто има интересни својства за содржината на витаминот ц) за нов препарат Ацерола, направен врз база на истоимено растение (пре сум за консумација на плодот него на препарати од тој плод, но мислам дека кај нас ова не се увезува.
Ацеролата е растение карактеристично за Средна и Јужна Америка, Тексас и Флорида. Расте на места со потопла клима, претставува грмушесто или мало дрвенесто растение, кое цвета со бело-розови петтолисни цветови, а зрее во црешовидни светлоцрвени плодови со големина од 1-2 цм. Плодовите на ацерола (тропска цреша, Барбадос-цреша) се богати со овошен сок (до 80%)
„Ацеролата“ се смета за вистинска природна витаминска Ц-бомба, бидејќи содржи од 1 г до 4,5 г витамин Ц на 100 г свеж плод. Тоа е за 32 пати повеќе од плодот на портокалот, односно за 40 пати повеќе од плодот на лимонот.
 
Член од
5 јули 2009
Мислења
1.123
Поени од реакции
205
витамин C:smir:
 

bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
Не е штетно затоа се и витамински
 
Член од
23 август 2009
Мислења
111
Поени од реакции
6
Има некој користено млатичен млеч(не е витамин де ама додаток во исхрана:)) во капсули?Има резултати од користењето?Многу се фалени на интернет по некој други форуми(странски)ама сакам да прашам некој наш :)?
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.422
Поени од реакции
14.287
А+Ц+Е+Селен е добра комбинација за внес на витамини секојдневно?

И дали разликата во цената е само поради фармацевската компанија која ги произведува, зошто споредував иста количина има на витамини во грамови, а пример цените за пакување од 30 капсули се движат од 80 до 400 денари.

Искуство?
 
R

Roten 96

Гостин
Витамините се добри но колку шѕо се добри толку од друга страна се и штетни во големи количини :)
 

Annath

Полуактивен член.
Член од
11 јуни 2010
Мислења
338
Поени од реакции
41
Апчињата, сирупите, сето тоа е произведено на вештачки начин, и претставува еден вид на наркотици. Иако се витамини.
Природно си е природно, и здраво.
Пијам и јас апчиња, не негирам. Но се трудам што повеќе да ги одбегнувам, и да се ''лечам'' на природна база.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
17.612
Поени од реакции
16.750
Знам јас дека природното е подоборо се разбира. Со она "дали се штетни" целев на тоа заради хемискиот процес кој се користи при нивнaта обработка. Сепак поради начинот на живот кој не ни сервира, немаме доволно време нити опции да се храниме како што треба. Фармацијата се повеќе го завзема местото на уживањето во прекрасното овошје и зелечук. Од она што читав, дојдов до заклчок дека заради природата на начинот на создавање на овие суплементи треба да се зима двојна доза за да се задоволи потребата, бидејќи голем дел од нив телото неможе да го обработи и се исфрла. Така што ако пример, земете една таблета витамин ц од 500мг, всушност внесувате само 50/60% од неа, другиот дел телото го исфрла бидејќи витамините во концентрат не се еднакви со оние во природата нели. Што значи двојни дози за добар резултат. Доказ за ова е бојата на урината после користење на било каков вид на витамини во форма на таблети.

И да, немојте да ги купувате оние мултивитамини што ги има по пазарите, или продавниците по многу ниска цена. Купувајте само витамини од проверени брендови, па макар и да се двојно поскапи. Најдобро е да се зимаат посебни витамини, не мешани/мултивитамини дури и кога се работи за квалитетен производител.
 

NutriVita

Hranata kako lek
Член од
8 август 2010
Мислења
23
Поени од реакции
2
Витамините и минералите во свежата храна се наоѓаат во органска форма и како такви нашиот организам ги апсорбира комплетно. Во синтетичките витамини и минерали, тие не се наоѓаат во органска форма па затоа тие содрзат огромни количини витамини и минерали како би можеле да апсорбираме барем мал дел ако ги консумираме.

На пример ако свежата храна ја бработиме темички, тогасх витамините и минералите се апсорбираат само 20% од содржината во истата таа свежа храна пред да ја обработиме темички.

Е сега видете зошто не е паметно да надополнуваме минерали и витамини преку синтетички додатоци. Од додатоците во исхрана треба да се консумираат само они е кои не можат да се заменат или добијат со консуирање свежа храна. Пример за тоа е Колострумот, Алгите...и слични додатоци кои всушност се со посебна нутритивна вредност и има многу голема корист од нив ако ги консумираме, и тоа за имунитетот, крвната слика и слично.

Свежата храна е малку проблематична за користење бидејки нејзината клеткина структура е многу силна и клетките се обвиткани со целулозна мембрана, па не можеме целосно да ги апсорбираме хранливите материи со нормално џвакање на истата, но сепак постојат начини и за тоа како да се обработи а сепак целозно да се апсорбира.

Поздрав,
 
На врв Bottom