Апчиња (Витамини)

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.469
Некој суплемент да препорачате или билка за намалување на крвниот притисок колку и како да се користи и некој општо што е добар за срцето?
... ако не се знае причината за покачениот крвен притисок тогаш би рекле можеме да напрвиме почеста навика на користење Бадеми, храна богата со Калиум, Лук, Какао, Куркума, Лута пиперка, Хибискус чај !



Имелглог микс чај : мешавина од бела имела, лист, цвет и плод од глог, плод од шипка, корен од валеријана, маточина и коњски опаш, се препорачува за намалување на зголемениот крвен притисок, за намалување едеми, за смирување на состојби на вознемиреност кои предизвикуваат зголемување на крвниот притисок, за подобрување на работата на срцето, како резултат на регулирање на крвниот притисок, се препорачува да се пие неколку пати на ден, пред оброк !



Кратекор чај : мешавина од лист и цвет од глог, цвет од хибискус, маточина, плод од шипка и сладок анасон, се препорачува за намалување на зголемениот крвен притисок кај лица со лесна хипертензија, за подобрување на работата на срцето, поволно дејствува при состојби на раздразнетост кои резултираат со нарушување на срцевата работа, како тахикардија и други нарушувања, се пие неколку пати на ден, пред оброк !
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Не, не.

Лута пиперка никако, и какао никако. Хибискусот е закон, калиумот во големи количини е одличен сем ако индивидуата нема сериозен проблем со бубрези, во тој случај доаѓа до контра ефект. Анасонот е исто така продукт кој промовира создавање на завршни производи на гликација, кои честo се среќаваат кај пациенти со висок притисок - метаболички синдром, така да не го препорачувам, од друга страна за дигестија е фантастичен но додека не се дознае која е причината за високиот притисок подобро е да се избегнува.

@asdasd5645 Од зачини, куркума, цејлонски цимет, како и црно семе. Од суплементи - Еве најдобар микс за притисок.

Диета, сол = минимум, храна од животинско потекло (сем сардина) минимум или ич. Храна со висока количина на шеќери = минимум или ич....суво овошје, урми, мед, грозје, јаболки, компири, леб, се ова заборавете.
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Сигурен си дека солта не зголемува притисок?
Прекумерното конзумирање сол зголемува притисок.
Освен ако не јадеш глупости како чипсови, грицки и слично, солта од просечна исхрана дефинитивно не ти е причинителот за хипертензија.

Веднаш отидовте со 200 различни сугестии за пациентот а ниту го прашавте колкав е притисокот, кога е мерен, со што е мерен, колку години има, кој пол е, колку време трае ова...
Иако пациентот прашува за апчиња/билки, не му посочивте дека број еден е вежбањето.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Прекумерното конзумирање сол зголемува притисок.
Освен ако не јадеш глупости како чипсови, грицки и слично, солта од просечна исхрана дефинитивно не ти е причинителот за хипертензија.

Веднаш отидовте со 200 различни сугестии за пациентот а ниту го прашавте колкав е притисокот, кога е мерен, со што е мерен, колку години има, кој пол е, колку време трае ова...
Иако пациентот прашува за апчиња/билки, не му посочивте дека број еден е вежбањето.
Вежбањето не е број 1, храната е. Што значи прекумерно? дај ми цифра?

Сугестиите се генерални, и од лично исксутво. Сакаш ли на тебе да тестираме (пласебо тест исто така) да се увериш, или и тоа не е доволно?
 
Член од
28 јуни 2014
Мислења
721
Поени од реакции
694
Прашање за оние кои имаат порачувано од iHerb дали се плаќа царина и ДДВ?
Има ли например одредена сума која не смееш да ја надминеш ако не сакаш да плаќаш царина и ДДВ?
Претпоставувам дека ако се плаќа царина и ДДВ за витамини(апчиња) има една тарифа за козметика друга...да објасни некој од искуство ако може?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Прашање за оние кои имаат порачувано од iHerb дали се плаќа царина и ДДВ?
Има ли например одредена сума која не смееш да ја надминеш ако не сакаш да плаќаш царина и ДДВ?
Претпоставувам дека ако се плаќа царина и ДДВ за витамини(апчиња) има една тарифа за козметика друга...да објасни некој од искуство ако може?
Држи се околу 45$

Транспортот НЕ Е вметнат како сума на кутијата
 
Член од
24 јануари 2018
Мислења
8
Поени од реакции
6
Прашање за оние кои имаат порачувано од iHerb дали се плаќа царина и ДДВ?
Има ли например одредена сума која не смееш да ја надминеш ако не сакаш да плаќаш царина и ДДВ?
Претпоставувам дека ако се плаќа царина и ДДВ за витамини(апчиња) има една тарифа за козметика друга...да објасни некој од искуство ако може?
До 44 евра не би требало да имаш додатни давачки со било каква пратка од било каде...


Sent from my ONEPLUS A3000 using Tapatalk
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.456
Поени од реакции
2.011
Ок ли е комбово на витамини и минерали, ако не, препорачајте нешто подобро.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.469

Kajgana Shop

На врв Bottom