Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
Бев клинец кога започна циркузот... низ бледи слики се сеќавам на името на едно војниче по име Сашо Гешовски - една од првите македонски жртви на нешто што можело или неможело да биде избегнато - но сепак се случило.
Војна... дали се водела војна за територија, војна од најчистата омраза, верска војна, комбинација на сите останати или.... бесмислена војна? Читав малку и на форумов дека има одреден број на луѓе кои директно учевствувале во некои од најизвиканите битки во војните. Сеуште не сум сретнал податок за некој форумџија кој бил дел од војната во 2001-ва. Ако има таков, можеби ќе дознаеме нешто што не сме знаеле.
Сеуште сум прилично млад. И можеби никогаш нема да одам во војска. Не се ложам на снимки на Аркан, нити има жива сила која ќе ме натера да убијам недолжен човек, недај боже во битка или надвор од неа. Едноставно, ме интересира, кое е вашето мислење за се што се случувало на бурето барут- Балканот во последните 16-17 години...
Историјата ја пишуваат победниците, а кога нема победници - кој ќе стигне. Јутуб е полн со најразлични клипчиња, интернетот со милион муабети за темава, а во подрумот на дедо ми на некој испрашен и пожолтен весник можеби ќе најдам уште некој податок... Сега ве прашувам вас: Вуковар, Сребреница, Јасеновац...Тетово, Арачиново, Ваксинце... и така натака.
Темата може да биде болна и осетлива. Може да ве изреволтира, или да ви разбуди спомени кои не сакате да ги евоцирате.
Сепак, постои нешто на овие простори кое успеало да ја претвори "идилата" во хорор. Постои нешто кое успеало да посее само смрт. Сакам да го идентификуваме "нештото" и да се бориме против него - за она што било, никогаш да не се повтори.