еве што донесува утрешното издание на
ВЕЧЕР:
АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ
Спортска сала со името на Тоше
Спортската сала во ОУ "Живко Брајковски" во скопската населба Бутел ќе го носи името на македонската мегаѕвезда Тоше Проески. Таа е една од салите што се дел од проектот 35 спортски сали и се очекува да биде завршена на пролет. Со овој чин, Агенцијата за млади и спорт сака да му одаде почит на исклучителната личност со големо хумано срце во кое имаше место за сите.
- Со именувањето на спртската сала со неговото име, на Тоше му го даваме местото кое го заслужи во македонската историја, оставајќи им го на идните генерации во наследство споменот за него, вели Ивица Георгиевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.
Тој посочува дека Тоше покрај музиката, го сакаше и спортот.
"Беше страствен навивач на македонските репрезентации кои ги бодреше на многу натпревари. За тоа зборува и неговото последно музичко остварување - Македонија навива за вас - песната конкурент за македонска навивачка химна која беше промовирана завчерашниот фудбалски натпревар помеѓу репрезентативците на Македонија и Андора.
Скопскиот градоначалник Трифун Костовски предложи последниот хит на Тоше "Игри без граници" да биде заштитен бренд на сите настапи на Кометал во Лигата на шампионите и на настапите на Фудбалскиот клуб Работнички Кометал.