Јас не барам да биде средено како во апартман со пет ѕвезди.
Меѓутоа и да не биде како последен пат за тој апартман да е купено во време на Југославија.
Која е цената на твојот апартман ако не е тајна и колку соби има?
Јас како што кажав, ние сме двајца...така да и гарсоњера ми е доволна.
Еве прегледував повторно на AirBnB, и во центар, значи во зградата на Пелистер се издава еднособен стан со цена од 18 ЕУР од ноќевање.
https://www.airbnb.com.mt/rooms/30562363?adults=2&check_in=2019-06-26&check_out=2019-07-05&guests=1&location=Skopje, Macedonia FYROM
Плус ми кажуваш дека 170-180 ЕУР е многу ниска цена.
Па просечна цена за рентање на двособен стан на месечно ниво во Скопје се движи од 200-250. Јас за 10 дена давам 170-180 што сепак мислам дека е и повеќе од доволно за гарсоњера, или мал еднособен.
ЕДИТ - Имај во предвид дека на вкупната цена на AirBnB се додава и Service Charge и се наплаќа и 10-15 ЕУР за чистење.
Овој стан над Пелистер има одлична цена со оглед на локацијата, иако внатре не е нешто модерно наместен, но не е ни лош. Според мене си вреди за парите.
Јас мојот го рентам 25 евра за двајца, и 29 за тројца. За чистење немам ставено плаќање, не сеуште.
Не гледај просечна цена колку е за месечна кирија, у тој период за кој го бараш рачунај дека 90% од апартманите што се на добра локација и кои воедно се добро средени, ќе бидат букирани за цената која ја бараат.
Пример, јас му барам 25 за двајца, 25x15= 375 евра, ти даваш 170 како што си пишал, тоа е разлика од 200 евра.У најлош случај, место 15 дена колку што би седел ти, да ми се буккирани 10 дена, значи 5 дена помалку, пак би извадил 80 евра повеќе од тоа што нудиш.
За овој над Пелистер, не треба многу да се мислиш, зашто за брзо време се кладам дека ќе биде букиран за периодот за кој бараш. Локацијата е топ, цената ако ти ја даде за тој период е топ, така да реагирај брзо.
Скопје не е Виена, Парис, Лондон, ама во овие метрополи за стан на локација како овој кај Пелистер, со иста големина и исто уреден, тешко дека би бил под 100 евра за двајца. Да знаеш само какви шупи се издаваат во Милано и Парис за 70 евра, на гз човек да падне
Башка, ти нема зашто да го букираш преку Аирбнб и да плаќаш сервис, се договара лесно тоа со сопственикот преку порака, секако ќе го избегнеш тој дел да им плаќаш сервис на Аирбнб.
Сите апартмани од Скопје на Аирбнб, или 90%, ги имаш и на Букинг, пари не ти зимаат од картичка, си плаќаш на лице место, а газдата на апартманот им плаќа сервис на Букинг..
А, како што ти спомнав, без разлика, и да идеш преку Аирбнб, можеш комотно да си се договориш со газдата да ти го чува, и да му платиш кеш, и со тоа да го избегнеш сервисот на Аирбнб.